Американскиот кошаркар Кевин Дурент е нов играч на Хјустон, објави клубот од Тексас синоќа. Дурент (36) беше разменет во Хјустон од Феникс, каде што играше последните две години. Покрај овие два клуба, седум други тима учествуваа во најголемата размена во историјата на НБА. Феникс, Хјустон, Бруклин, Голден Стејт, Атланта, Лос Анџелес Лејкерс и Минесота разменија играчи. Како што беше објавено, Хјустон ги доби Дурент и Клинт Капела, Џејлен ...

Силно погоден од тоа што ненамерно го повреди Џамал Мусијала, голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума побара помош од психолог, објави денес „Еурофут“. Донарума падна врз Мусијала за време на четвртфиналниот натпревар од Светското клупско првенство во третата минута од судиското продолжение. Мусијала, сериозно повреден, со скршеница на ногата, мораше да го напушти натпреварот, а Донарума остана во солзи. Италијанскиот голман разменил неколку пораки ...

Масимилијано Алегри, кој се врати на позицијата тренер на Милан, го потврди доаѓањето на Лука Модриќ во клубот. На својата прва прес-конференција како тренер на „Росонерите“, Италијанецот не остави простор за сомнеж: „Го чекаме Лука Модриќ. Доаѓа во август. Станува збор за важен, извонреден играч.“ Лука Модриќ така би станал второто засилување на Милан во летниот трансфер период. Прво беше доведен и офанзивниот играч Самуеле Ричи, кој ...

Давиде Анчелоти ја доби својата прва самостојна работа во својата тренерска кариера три недели пред неговиот 36-ти роденден. Тој го презеде Ботафого, актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка. Анчелоти помладиот, познат по тоа што беше асистент на својот познат татко Карло во последните девет години, беше близок до Глазгов Ренџерс, но на крајот го презеде бразилскиот гигант наместо шкотскиот. Давиде Анчелоти му помагаше на својот татко во ...

Договорена е најголемата размена во историјата на НБА според бројот на вклучени тимови. Седум клубови учествуваа во огромната размена во која Кевин Дурант и Клинт Капела се преселуваат во Хјустон Рокетс. Покрај Рокетс, во размената се вклучени и Феникс Санс, Атланта Хокс, Бруклин Нетс, Голден Стејт Вориорс, Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс. Детален преглед на размената: Хјустон Рокетс: Кевин Дурант, Клинт Капела Феникс Санс: Џејлен ...

Во неделата, Никола Јокиќ уживаше во триумфот на неговиот коњ Арагорн на традиционалната трка во Србобран. Иако е ѕвезда на НБА лигата и еден од најдобрите кошаркари во светот, Јокиќ, на свој карактеристичен начин, дојде на трката без гламур и помпезност. Камерите на телевизијата Арена Спорт го фатија како се потпира на оградата, пие пиво, а потоа воодушевено ја слави победата на Арагорн. Победата му донесе парична награда во износ од 44.000 ...

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката. Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди ...

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов. Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец. Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна. Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека ...

Тотенхем би можел во следните денови да го договори најголемиот трансфер ова лето — ангажманот на поранешниот фудбалер на Ајакс, а сега член на Вест Хем, Мохамед Кудус. Ганскиот репрезентативец одигра две блескави сезони за „Чеканите“ и беше на радарот на неколку премиерлигашки клубови, но самиот Кудус сака само во Тотенхем. Според британските медиуми, Спарс веќе постигнале договор со крилниот напаѓач околу личните услови. Кудус е ...

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот. Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на ...

Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај. Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги. Осимен и Галатасарај постигнаа договор за условите, но турскиот клуб сега има уште еден проблем. ...

Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди. Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година. За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе заработи над 50 милиони фунти. Со Зубименди, Арсенал ја ...

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ. Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат. Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како ...

Тренерот на Џенова, Патрик Виеира, не го сака ветеранот Џејми Варди во својот тим. Иако италијанските медиуми објавија дека клубот и напаѓачот постигнале договор, Виера го стопиал трансферот. Според „Ла Република“, Варди бил блиску до преселба во Џенова откако неговиот договор со Лестер истече на крајот на јуни. И покрај ова, Виеира не бил убеден дека тоа е добра идеја поради што решил да го блокира трансферот. Медиумите наведуваат дека ...

Foto/ EPA Лионел Меси блеска на фудбалскиот терен и во 38. година од животот. Аргентинецот го предводеше Интер Мајами до победата во Монтреал (4:1). Меси постигна два гола, а последниот на натпреварот беше и најубавиот, според многумина, најубав во неговата кариера. Како кегли ги поминуваше противнилките играчи, пред да ја спроведе топката во мрежата на Монтреал. Lionel Messi 🤝 Novak Djokovic Defying the laws of physics at 38 years old. ...

Миле Свилар е официјално најдобриот голман на италијанската Серија А за сезоната 2024/2025. Но, и покрај ова, Рома сè уште не му понудила нов договор. Во Рим се уште размислуваат дали да му понудат нов договор, што на крајот може скапо да го чини клубот. Галатасарај, кој бара замена за долгогодишниот голман и капитен Фернандо Муслера, реши да ја искористи оваа неодлучност на челниците на римската „волчица“. Како што објави римската ...

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот. Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони. Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување. Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, ...

Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари. Се очекуваше легендарниот напаѓач, капитенот на португалската репрезентација и соиграч на Жота во националниот тим, да биде присутен, но тоа не се случи. Најверојатната верзија за неговото непојавување беше дека не сакал да привлече внимание кон себе и со тоа да ја изгуби смислата на тажното ...

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза. Најстрашниот момент од натпреварот ...

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2. Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија. Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на ...

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на ...

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест. „Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година. Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра). Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од ...

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме. ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна ...

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала. Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме. Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а ...

Диего Леон е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб. Станува збор за 18-годишен фудбалер кој пристигна во Манчестер јунајтед од тимот на Серо Портењо. Финансиските детали и времетраењето на договорот не се откриени, но британските медиуми објавуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ издвоил околу седум милиони фунти за овој трансфер. Леон одигра 33 натпревари за сениорскиот тим на Сера Портењо и постигна четири гола. Тој е член на ...

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен. Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш ...

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус. 25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент. Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил. Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари. Тој одигра 67 натпревари за канадската ...

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус. Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч. Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил. Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари. Одигра ...

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар. Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија. Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон. Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва). Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен ...

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона. Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции. Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат. Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
94%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.9
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.79
84%
1029
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
96%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Алуминиум

2.90

Калај

42.35

Рутениум

29192.88

Паладиум

52470.02

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Родиум

258009.74

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Цинк

3.03