Фудбалерите на Црвена звезда, во седмиот меч го забележаа шесттиот пораз во Лигата на шампионите. Српскиот првак синоќа загуби од ПСВ со 2:3. Црвена звезда се само уништи прптив тимот од Ајндховен. Во првиот дел гостите изведоа три корнери и постигнаа три гола. Во вториот дел црвено-белите го поправија впечатокот, но не успеаја да го избегнат поразот. Прашање е во кој правец ќе одеше натпреварот доколку Шериф Ндиај во 14.минута, при резултат ...

Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А. Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира. Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол. Во јануари ...

Барселона ја совлада Бенфика со 4:5 во Лисабон, во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Каталонците двапати заостануваа два гола, но успеаја да се вратат и да ја забележат шестата победа. Вангелис Павлидис постигна хет-трик во првото полувреме, Роналд Араухо си постигна автогол, додека Роберт Левандовски и Рафиња постигнаа по два гола за Барселона, а петтиот гол е дело на Ерик Гарсија. Избраниците на тренерот Ханси Флик беа на работ на ...

Никола Јокиќ со уште еден трипл-дабл, 19. во сезоната, го предводеше Денвер до убедливата победата во Филаделфија 144:109. Најдобриот играч на Филаделфија, Џоел Ембид и оваа година, како и во претходните пет го пропушти натпреварот во Колорадо. Јокиќ на теренот мина 30 минути, а во последната четвртина не влезе во игра. Натпреварот го заврши со 27 поени (10/15 од поле, 2/3 од три, 5/5 од пенали), 13 скока, 10 асистенции, четири украдени топки, ...

Комичниот гол на Рафиња на натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите го обиколи светот. Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека „тоа би можел да биде најглупавиот гол во историјата на Лигата на шампионите“. Се играше 64. минута кога Бразилецот го постигна првиот од двата гола на „Ла Луж“, во триумфот на „блауграна“ од 5:4. Анатолиј Трубин при обидот да ја дегажира топката го погоди Рафиња во глава, а топката потоа заврши во мрежата. Сите ...

Фудбалерите на Ливерпул со победата против Лил го потврдија првото место по првата фаза во Лигата на шампионите. „Црвените“ единствени забележаа седум победи во исто толку натпревари. Ливерпул, на домашен терен забележаа победа од 2:1 против Лил, кој на „Енфилд“ пристигна како десеттопласира и со две победи во последните две кола. Ливерпул го контролираше темпото во текот на првото полувреме, а поведе во 34. минута кога Мохамед Салах одлично ...

Данска и Франција со убедливи победи го комплетираа првото коло на 29. Светското првенство во ракомет. Ракометарите на Данска, актуелни олимписки шампиони и трикратни светски шампиони, остварија нова убедлива победа пред своите гледачи во Хернинг. Данците ја совладаа Германија, инаку олимпски вице-шампион со 40:30 (24:18). Матијас Гидсел беше најдобар стрелец кај Данска со 10 гола, а го следеше Симон Питлик со осум. Јулијан Костер и Тимо ...

Комплетирани се првите натпревари од седмото коло од групната фаза. Барселона по нереален пресврт оствари спектакуларна победа во Лисабон против Бенфика. Каталонците губеа 1:3 и 2:4, на крајот славеа 5:4 со голот на Рафиња во 96.минута. Со пресврт победи и Атлетико и ја прекина серијата од 11 победи на Баер Леверкузен. „Јоргнаџите“ играа со фудбалер помалку од 25.минута. Баер постигна гол во судиското надополнување на времето во првиот дел. Во ...

Фудбалерите на Монако и Аталанта со победи го отворија седмото коло во Лигата на шампионите. Монако ја победи Астон Вила (1:0), додека Аталанта го декласира Штурм (5:0). Еден гол, постигнат во раната фаза го реши победникот во Монте карло. Вилфред Синго го совлада Емилијано Мартинез во осмата минута. До крајот на натпреварот Астон Вила го контролираше поседот, но Монако имаше подобри шанси. На крајот од овој натпревар двете екипи имаат по 13 ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар очекува да добие уште 65 милиони долари за раскин на договорот со Ал Хилал. Според водечкиот бразилски спортски медиум „Глобо Еспорте“, Нејмар има намера да го раскине договорот со саудискиот клуб и да добие отштета. И доколку договорот биде раскинат предвреме, Нејмар очекува дека ќе му бидат исплатени 65 милиони долари, сума што му следува како плата до крајот на договорот, до летото 2025 година. Нејмар оваа сезона ...

Во првиот натпревар од седмото коло во Лигата на Европа на УЕФА немаше победник во дуелот меѓу Галатасарај и Динамо Киев. Украинците го освоија првиот бод во групната фаза, натпреварот заврши 3.3. Домашните двапати имаа водство од два гола, но на крајот Украинците успеаја да освојат бод. Галатасарај поведе со 2:0 по нешто повеќе од 20 минути со головите на Дејвисон Санчез во шестата минута и Абдулкерим Бардакчи во 21. минута. Сепак, во ...

Уште еден драматичен натпревар, кој беше решен во последната секунда, вечерва се одигра во Групата 2. Откако Македонија со голот на Кузмановски во последната секунда избори реми 29:29 со Австрија, Холандија го победи Катар со 38:37. Холандија влезе во дуелот како фаворит, меѓутоа репрезентативците на Катар одиграа одличен натпревар, најчесто беа во предност, а „лалињата“ дури во вториот дел фатија приклучок. Последните две минути започнаа со ...

Foto/ facebook.com/rfmofficial Македонија во трилер завршница освои бод против Австрија (29:29) во првиот меч од Групата 2 на Светското првенство во ракомет. Драмата во Вараждин кулминираше во последните секунди. Австрија постигна гол на четири секунди до крајот за 28:29, а по тајм-аутот на Кирил Лазаров, Филип Кузмановски од 12-13 метри испрати „торпедо“ кон австрскиот гол и го постави конечниот резултат. Македонија ја предводеа Митев и ...

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија ремизираше со Австрија 29:29 (13:14), во првиот меч од новоформираната Група 2 на 29. Светско првенство во ракомет. Македонија од пораз ја спаси Кузмановски со гол во последната секунда. Слично како и во првиот меч што го одигра на турнирот, против Унгарија, Македонија пропушти шанса да победи, но за разлика од дуелот со Унгарија сега избраниците на Кирил Лазаров го освоија „послаткиот“ бод. Македонија ...

Андреас Гарсија, поранешен играч на Леванте, е новото засилување за Астон Вила. Шпанецот кој има 21 година игра на позицијата десен бек или десно крило. За првиот тим дебитираше во 2022 година и досега постигна четири гола на 46 натпревари. Според информациите на британските медиуми, Вила за трансферот издвои шест милиони фунти плус еден милион за бонуси. Гарсија е второто засилување за тимот од Бирмингем во зимскиот преоден рок. Пред него од ...

Карло Анчелоти на прес-конференција пред натпреварот на Реал Мадрид со Салцбург од Лигата на шампионите ги демантираше тврдењата на шпанските медиуми дека донел одлука да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната. Тој беше многу јасен во својот одговор на прашањето за овие написи што го обиколија светот во понеделникот. „Сакам да бидам јасен, датумот на моето заминување од овој клуб, тоа е нешто за кое нема да донесам одлука во текот на ...

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Десеткратниот освојувач на турнирот во Мелбурн за три часа и 37 минути го порази Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Ѓоковиќ ја забележа петтата победа во осмото соочување со Алкараз. Српскиот тенисер 12. пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Австралија опен. Го победи Алкараз и покрај тоа што го загуби првиот сет и што имаше проблем со левата нога, порди што бараше ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. По голема борба, најдобрата светска тенисерка ја елиминираше Анастасија Пављученкова во три сета (2:1). По еден час и 53 минути игра резултатот беше 6:2, 2:6, 6:3. Актуелната шампионка многу потешко од очекуваното успеа да се пласира во следната рунда, особено што мечот го отвори со доминантен прв сет во кој два пати и го одзеде сервисот на противничата. ...

Хрватскиот фудбалер Петар Сучиќ наскоро би можел да стане нов член на Интер. Според Фабрицио Романо, Сучиќ ги договорил личните услови со Интер, останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето. Се очекува зделката да биде комплетирана во овој преоден рок, но Сучиќ да остане во Загреб до крајот на сезоната како позајмен играч. Сучиќ е роден во Ливно, Босна и Херцеговина, но по настапот за младинската репрезентација на БиХ, ...

По пауза од еден месец се враќа Лигата на шампионите. Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло. Денешната програма ќе ја отворат натпреварите во Бергамо и Монте Карло, Аталанта и Штурм Грац, односно Монако и Астон Вила од 18:45 часот. Дербито на колото ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои се во директна борба за пласман во Топ 8, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Српскиот шампион Црвена ...

Панатинаикос има големи проблеми со повреди оваа сезона и тоа е причината што во моментов не е повисоко рангиран во табелата во Евролигата. Се чини дека најголем проблем е отсуството на првиот центар, можеби најдобриот во моментов во Евролигата, Матијас Лесор, а од синоќа, одреден период ќе паузира и неговата замена, Омер Јуртсевен. . Јуртсевен се повреди во дербито против Олимпијакос во грчкиот шампионат. Според информациите од клубот тој се ...

Околу полноќ, според очевидци, во центарот на Белград дошло до големи судири меѓу навивачите на Црвена звезда и ПСВ во пресрет на денешниот натпревар меѓу тие клубови од седмото коло од Лигата на шампионите. 21.01.2025🇷🇸 Delije attacked PSV before tomorrow match, click here for more videos: https://t.co/8cbCXoqUv6 pic.twitter.com/uufdvRaD3K — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 20, 2025 Граѓаните кои случајно се нашле во ...

Шпанската тенисерка Пола Бадоса се пласираше во своето прво Грен слем полуфинале во кариерата. Девојката родена во Њујорк ја елиминира третата носителка, Американката Коко Гоф со 7:5, 6:4. Бадоса (12. на ВТА листата), од самиот старт ја притисна својата ривалка, која се соочи со две брејк шанси во третиот гем, но успеа да се извлече од таа ситуација. Она што не и успеа во третиот, Бадоса го направи во 11. гем, направи брејк, а потоа и го освои ...

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Светскиот број два за три часа и 32 минути го победи Томи Пол со 3:1 (7:6 (1), 7:6 (0), 2:6, 6:1). Зверев го повтори својот најдобра резултат во Мелбурн, меѓу најдобрите четири се пласира минатата година и во 2020. Зверев, буквално му ја украде победата на Американецот Пол, кој во првите три сета беше подобриот играч на теренот, но немаше концентрација да ги ...

Неверојатниот пресврт на Њу Ореанс Пеликанс и резилот на Голден стејт Вориорс ги обележаа натпреварите во НБА лигата одиграни на денот на Мартин Лутер Кинг. Њу Орлеанс во продолжението ја победија Јута со 123:119, откако во регуларниот тек надоместија негатива од 25 поени. Блескаше Си Џеј Мекалум, кој постигна 45 поени, заедно со осум скока и четири асистенции. Го следеше Дежонте Мареј со 26 поени, 11 асистенции и девет скока, додека Треј ...

Фудбалерите на Челзи го совладаа Вулверхемптон со 3:1 во последниот натпревар од 22. коло на Премиер лигата. „Сините“ влегоа во мечот против „волците“ со серија од пет натпревари без победа во англиската Премиер лига. И гостите беа во слична форма, два последовни порази, од вечерва три, по што според англиските медиуми сериозно е загрозена позицијата на тренерот Витор Переира кој пред два месеци пристигна во клубот. Дефанзивецот Тосин ...

Според шпанските медиуми, Маркус Рашфорд наскоро би можел да стане нов играч на Барселона. Се работи за шестмесечна позајмица, додека останатите детали од договорот се уште не се познати, вклучително и дали Барселона ќе мора да го купи Англичанецот. Единствена пречка е буџетот на Каталонците, бидејќи тие ќе треба да направат простор за да можат да земат 50 отсто од платата на Рашфорд, која изнесува девет милиони евра. Англичанецот е свесен ...

Со спектакуларниот натпревар меѓу Шведска и Шпанија во Ф групата заврши првата фаза на 29. Светско првенство во ракомет. Шведска и Шпанија одиграа без победник 29:29, двете репрезентации во главната фаза носат по три бода, без бодови натпреварите во новоформираната група ќе стартува Чиле. Г групата ја освои Исланд, кој носи четири бода во втората фаза. Исланѓаните вечерва целосно ја надиграа Словенија и славеа со 23:18. Шведска и Шпанија го ...

Фото/ facebook.com/rfmofficial Македонија ја победи Гвинеја со 29:20 и се пласира во главната фаза на 29. Светско првенство во ракомет. Македонија во втората фаза носи еден бод, а во новоформираната група ќе игра против Австрија, Катар и Франција. Сепак, вчерашниот натпревар во Вараждин го одбележа хаос на трибините. Веројатно поттикнати од случувањата по дуелот со Холандија и фрлањето на предмети на теренот, организаторите сериозно го сменија ...

Луис Хамилтон е нов возач на Ферари од 1 јануари, а Британецот за прв пат, претпалднево се појави на новото работно место. Седумкратниот светски шампион во Формула 1 го најави своето доаѓање во Маранело како почеток на нова ера. „Има неколку денови кои знаете дека ќе ги паметите засекогаш, а денес, мојот прв како возач на Ферари, е еден од тие денови. Имав доволно среќа да постигнам работи во мојата кариера за кои никогаш не мислев дека се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
37%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
62%
1025
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1024
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
52%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.4
51%
1021
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.0
90%
1025
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.12
38%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
36%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
76%
1020
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.89
52%
1025
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
83%
1016
Currency

61.525

Currency

53.8663

Currency

73.0232

Currency

35.0966

Currency

39.3139

Currency

65.5041

Currency

7.49982

Currency

0.68154

Currency

0.37263

Currency

0.52484

Currency

1.37073

Currency

0.62808

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15222.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.51

Сребро

1174.68

Злато

106845.06

Бакар

9.80

Паладиум

34626.35

Платина

38771.98

Родиум

188081.87

Цинк

2.63