Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Научниците предупредуваат дека глобалното затоплување го менува ритамот на годишните времиња, што предизвикува птиците да се гнездат, хранат или селат во погрешно време. Птиците ширум САД усвоиле загрижувачко однесување кое, доколку продолжи, може да има сериозни последици за природата и човечкото општество. Истражувачите откриле дека многу видови ги напуштаат своите вообичаени миграциски обрасци, додека потоплите температури во нивните ...
Кога говориме за патувања, не мислиме на општопознатите туристички дестинации туку на оние скриените скапоцености кои пленат. Во Европа, но и на останатите континенти може да видиме цели градови или пак нивни делови кои сами по себе се посебна приказна. Со својата архитектура оставаат без здив. Постои ли нешто повесело од градовите кои ги слават живописните бои? Ваквите разиграни градови даваат совршена можност за фотографирање и го ...
Срцевите и мозочните удари ретко се случуваат ненадејно и без очигледни претходни знаци. Според обемна студија што опфатила здравствени податоци од повеќе од девет милиони возрасни лица во Јужна Кореја и САД, речиси секоја личност што доживеала сериозен кардиоваскуларен настан претходно имала барем еден од четирите клучни фактори на ризик, пишува „ScienceAlert“. Станува збор за висок крвен притисок, зголемен холестерол, високо ниво на шеќер ...
Холивудската ѕвезда Џулија Робертс се појавила на специјалната проекција од својот нов филм во Лос Анџелес во креација која многумина на прв поглед ја препознале. Баш како и пред три години, таа одлучила за оваа прилика да го носи впечатливиот фустан којшто го носела во 2022 година на црвениот тепих. Сепак, овојпат фустанот бил малку пократок, а нејзиниот избор на накит импозантен и тоа не само поради убавината на дизајнот туку и поради ...
Минатата недела, мал астероид прелета неверојатно блиску до Земјата, на растојание помало од орбитата на Меѓународната вселенска станица (ISS), што го прави второто најблиско прелетување некогаш забележано, пишува Science Alert. Поблиску од вселенската станица Астероидот, означен како 2025 TF, прелета над Антарктикот во средата, 1 октомври, на надморска височина од само 428 километри. Ова го стави во орбитата на Меѓународната вселенска ...
Американскиот истражувач Фред Рамсдел, еден од тројцата овогодишни добитници на Нобеловата награда за медицина, конечно бил известен за оваа награда, 12 часа по останатите добитници, бидејќи неговиот телефон бил во авионски режим за време на планинарењето и немал мрежна конекција. Тој за „Њујорк тајмс“ изјавил дека вчера бил во природа на северозападниот дел од САД, додека организаторите на Нобеловата награда, медиумите и пријателите залудно ...
Во популарната имагинација, ракот започнува со мутација во ДНК на нормална клетка. Таа мутација ѝ овозможува на клетката неконтролирано да се размножува, заобиколувајќи ги вообичаените проверки на телото. На крајот се формира тумор, а одделливите клетки се шират на други делови од телото. Но, во последните неколку години, научниците открија нешто изненадувачко – таканаречените „мутации на поттикнувачи на рак“ се чести и во здравото ткиво, ...
По долго размислување и евалуација, стручното жири го прогласи германскиот град Хајлброн за нова „Зелена престолнина на Европа“ за 2027 година. Без разлика колку пиеме од непријатни хартиени сламки или рециклирана пластична амбалажа, секогаш нѝ се чини дека тоа не е доволно. Вистинската промена мора да дојде на многу повисоко ниво – од цели градови посветени на одржливоста. За среќа, такви градови постојат, а Европските награди за зелени ...
Во нова студија, тим геолози и биолози од Универзитетот во Колорадо успеа да „оживее“ древни микроорганизми, од кои некои поминале до 40.000 години во мразот. Студијата покажа како функционира пермафростот, слој од замрзната земја, мраз и карпа што покрива речиси една четвртина од копното на северната хемисфера. Остатоци од растенија, животни и безброј микроорганизми останале заробени во таа замрзната „гробница“ со векови – сè додека ...
Брачен пар од Њу Орлеанс во својот двор открил околу 1.900 години стар римски надгробен споменик посветен на морнарот Секстус Конгениј Верус, што предизвика напори за негова репатријација во Италија. Антропологот од Универзитетот Тулејн, Даниела Санторо и нејзиниот сопруг, Арон Лоренц, ја пронашле мермерната плоча додека го чистеле дворот, пренесе „Гардијан“. Натписот на латински јазик укажувал дека станува збор за римска реликвија, по што ...
Мандарините се богати со витамини А, Б и Ц, растителни влакна и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат дигестијата и го намалуваат крвниот притисок. Мандарините не се само омилен зимски десерт, туку и вистинска ризница на витамини и минерали што позитивно влијаат на целокупното здравје на организмот. Ова сочно цитрусно овошје има малку калории, а изобилува со хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, ја ...
Брза и вкусна замена за ајвар – научете како да направите „лажен ајвар“ за само 30 минути. Совршен домашен намаз од печени пиперки кој ќе ви ги милува непцата. Ајварот е еден од најомилените намази на Балканот, но неговата подготовка често трае со часови. Доколку немате време да стоите долго време пред шпоретот, овој рецепт за брз ајвар ќе биде вистинско решение за вас. Состојки: - црвени пиперки (количина по желба); - масло за јадење; - ...
Прогласена за „најубаво девојче на светот“ на само шест години – еве како изгледа денес! Тилен Блонд стана светска сензација кога имала само шест години, благодарение на своите сини очи, долга руса коса и магичен поглед. Медиумите тогаш ја нарекоа „најубавото девојче на светот“. Со само четири години дебитирала на пистата за „Jean Paul Gaultier“, а веќе со девет години се појавила во едиторијалот на магазинот „Vogue Enfants“, што предизвика ...
За образованите млади во Швајцарија влезот на пазарот на труд станува сè потежок. Најдобар пример за тоа е приказната на Паскал М. (30), кој завршил биологија и екологија, а докторирал географија со највисока оценка. И покрај тоа, по повеќе од 160 испратени пријави, успеал да добие само една слабо платена пракса – и тоа надвор од областа во која посакува да работи. Според податоците на Федералниот завод за статистика, стапката на ...
Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми во светот и е поврзан со сериозни ризици за срцето и крвните садови. Иако е чест, и понатами е многу опасен – само во 2023 година бил примарна или придружна причина за повеќе од 600.000 смртни случаи. Експертите нагласуваат дека исхраната, физичката активност и лековите играат клучна улога во неговата контрола, а она што го јадеме, вклучително и ужините, може значително да ...
Шпанката Марија Брањас проживеала повеќе од еден век историја — две светски војни, Шпанската граѓанска војна и пандемиите на шпанскиот грип и ковид-19 — и речиси целиот живот останала бистра и витална. Три јогурта дневно можеби се клучот за долг и здрав живот — барем ако се суди според искуството на Марија Брањас Морера, најстарата личност на светот до нејзината смрт минатата година, во 118-та година од животот. Научниците кои ги проучувале ...
Александар Ванг, коосновач на „Scale AI“ и еден од најмладите милијардери од Сицилиумската долина, предупредил дека вештачката интелигенција за пет години ќе може да го напише сиот код којшто тој некогаш го направил. Оваа изјава предизвикала неверување во технолошкиот свет затоа што доаѓа од човекот којшто своето богатство го изградил на развојот на AI технологијата. Говорејќи во поткастот „TBPN“ со Џон Куган и Џорди Хејс, Ванг изјавил: ...
Како да ги препознаете симптомите на хипертензија? Многу од нив ги поврзуваме токму со високиот притисок, а ова се заблудите за симптомите на хипертензија. Симптомите на хипертензија, за кои погрешно се верува дека ги имаат луѓето кои ја имаат болеста со висок крвен притисок се главоболка, течење на крв од носот, нервоза, потење, нарушување на сонот, црвенило на лицето, наведува д-р Марија Нешовиќ, кардиолог. Главоболка Исто така постои и ...
Легендарниот „Nokia 3310“ стана еден од најпопуларните мобилни телефони на светот по неговото лансирање во 2000 година, а беше продаден во околу 126 милиони примероци пред да биде повлечен од пазарот во 2005 година. Иако брендот постои веќе 160 години, многумина и денес не знаат што всушност значи неговото име. Приказната за реката и куната Компанијата била основана во 1865 година од финскиот рудар Фредрик Идестам како фабрика за ...
Паровите кои остануваат заедно долги години, често делат слични обрасци на однесување кои нивната врска ја прават стабилна и исполнета. Наместо да очекуваат совршенство, тие учат како да се справуваат со разликите и да развијат навики кои ја јакнат меѓусебната почит, разбирање и поврзаност. Успешните бракови не зависат од среќата или случајноста, туку од доследната примена на секојдневните навики кои ја чуваат блискоста и довербата низ ...
За оние кои сонуваат за висококвалитетен живот без високи цени, неодамна листата која ја составил „Finance Buzz“ истакнува 15 евтини градови ширум светот за „живот со најдобар квалитет“. На првото место се нашол Бари во Италија, а на листата се нашол и Сплит. Да го живеете најдобриот можен живот не бара голем буџет. Во реалноста, постојат многу неверојатни градови ширум светот каде може да уживате во високиот квалитет на живот за малку пари, ...
Славната Германка пристигнала во главниот град на Франција одлучна да фасцинира. И, успеала во тоа! На модната недела во Париз учествувале голем број ѕвезди, а една од најголемите годинава била Хајди Клум, популарната германска манекенка која во Градот на светлина пристигнала во друштво на својата ќерка Лени. Славната убавица го започнала својот престој во Париз со прошетка по пистата на ревијата „L’Оreal“, а потоа била гостинка во ...
Сардинија е еден од најубавите острови во светот, но прашањето е: каде се луѓето? Не зборуваме за туристи, кои ги има во изобилство, туку за локалното население. Населението на островот се намалило на 1,57 милиони од 1,64 милиони пред три децении, а половина од населението живее во двата најголеми града, додека помалите градови и села полека исчезнуваат, пишува Политико. Главниот проблем е демографскиот колапс. Со просек од само 0,91 дете по ...
Иако модерната медицина нуди ефикасни решенија, сè повеќе луѓе се свртуваат кон природата, барајќи поблаги и подолготрајни начини за смирување на желудникот и цревата. Уште од античко време, лековитите растенија и зачини се користеле во традиционалната медицина токму поради нивните корисни ефекти врз дигестивниот систем, а денес науката им дава легитимитет. Овие пет билки и зачини докажано помагаат во варењето на храната, не само врз основа ...
Иако за квалитетна и долготрајна врска е потребно многу повеќе од самиот сексуален однос, она што се случува во спалната соба сепак е клучен дел од партнерскиот однос. Меѓутоа, ново истражување открило дека една наизглед безопасна навика може трајно да ја наруши блискоста и задоволството во врската. Секс како средство за преговарање Во студијата објавена во списанието „MDPI“, научниците ги анализирале податоците од 675 лица кои се во врска ...
Децата кои растат во области со поголема економска нееднаквост имаат различна структура на мозокот од нивните врсници од рамноправни средини, покажува новото истражување. Со други зборови, јазот помеѓу богатите и сиромашните не се одразува само во банкарските сметки и статистиката, туку и во биологијата на младиот мозок, објави „Гардијан“. Студијата, објавена во списанието „Nature Mental Health“, е една од најобемните досега на оваа тема и ...
Стручњаците нагласуваат дека супите можат да имаат позитивно влијание врз здравјето на цревата и имунитетот. Правилно избраните состојки, како зеленчук богат со влакна, пробиотици или бујон од коски, ја прават супата не само заситна, туку и здрав избор. Без разлика дали станува збор за супа од домати, пилешка супа или некоја друга, нутриционистите често истакнуваат многу здравствени придобивки од нејзината консумација. „Есента е совршен ...
Египет завчера ја отвори гробницата на фараонот Аменхотеп III за посетители по повеќе од две децении реставрација. Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет изјави дека гробницата е дел од трофазен проект за реставрација предводен од јапонски експерти. Сликите на фараонот и неговата сопруга на ѕидовите од гробницата исто така биле реставрирани. Големата гробница на Аменхотеп, кој владеел со древен Египет помеѓу 1390 и ...
Поради големиот број туристи што го посетуваат Амстердам, куќите и јавните згради се претворени во сместувачки капацитети за изнајмување, тротоарите се едвај проодни, локалните продавници познати со децении се претворуваат во продавници за сувенири. Градот полека ја губи својата амстердамска атмосфера. Иако градската власт се борела со разни мерки против прекумерниот туризам (забрани изградба на нови хотели, зголеми дел од даноците …), тоа ...
Со доаѓањето на постудените денови, британска матична лекарка упати важен совет до граѓаните: сега е вистинското време да се зема витамин Д, кој игра клучна улога во зајакнувањето на телото и отпорноста на сезонските инфекции, како што се настинки и грип, пишува британски „Експрес“. Д-р Ширин, лекарка од Британскиот систем за јавно здравје (НХС), која често ги споделува своите совети на социјалната мрежа ТикТок, истакна дека повеќето луѓе не ...