Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Модната ревија на „Victoria’s Secret“ за 2025 година се одржа синоќа. На сцената продефилираа врвни модели како Адријана Лима, Ирина Шајк, Џиџи Хадид, Анок Џај и Паломa Елсесер, носејќи раскошна долна облека и, се разбира, ангелски крила. Покрај нив, на пистата се појавија и Кендис Свонпул, Барбара Палвин, Ешли Греам, Џоан Смолс, Бела Хадид, Јасмин Вајналдум, Алесандра Амбросио и многу други познати убавици. Додека модната писта беше ...
Направете плескавици од тиквички и ориз – лесни, сочни и брзи за подготовка. Совршени за здрав оброк за целото семејство. Сочни и лесни, овие плескавици се совршен избор за летни оброци или како здрава вечера. Комбинацијата од тиквички и ориз дава убава текстура, а зачините ја истакнуваат природната арома на зеленчукот. Подготовката е брза, а резултатот е вкусен и хранлив оброк за целото семејство. За да ги направите плескавиците покрцкави, ...
Загриженоста за големината на пенисот е еден од најдлабоките и најскриените стравови кај многу мажи. Според студија објавена во „Секшуал медисин“, речиси половина од мажите признаваат дека оваа грижа предизвикува сериозни проблеми со самодовербата и чувството на срам. Ваквата несигурност директно влијае на нивниот сексуален живот и вкупната самодоверба. Психолошкиот товар Истражувањето предводено од д-р ДеВит Марике од Универзитетот во ...
Ако сте расположени за есенски „city break“, Братислава секогаш е совршен избор за истражување на нови дестинации што сепак ни се релативно блиску. Најголемиот и главен град на Словачка е преполн со историски богатства и знаменитости што оставаат без здив. Со своето историско јадро на источниот брег од Дунав и модерниот дел на градот на запад, тука секој ќе најде нешто за себе. А кога веќе сте таму, задолжително посетете еден од ...
Амарaнтот, во народот познат како штир, шќир, руменика или лисичји опаш, е билка која сѐ повеќе добива на популарност меѓу приврзаниците на здравиот начин на живот. Ова безглутенско зрно се издвојува не само по својот богат нутритивен профил, туку и по многуте потенцијални здравствени придобивки. Што е тоа што го прави амарантот вредна билка за воведување во исхраната? Целосни протеини и изобилство на хранливи материи Амарантот е ...
Сензационалистичките тврдења дека Ајфеловата кула ќе биде срушена во 2026 година кружеа на социјалните мрежи по привременото затворање на атракцијата. Овој споменик висок 330 метри, кој стана една од најзначајните градби во светот, привлекува милиони посетители секоја година. Во 2023 година, тој оствари приход од 117,87 милиони евра. Тоа е еден од ретките француски споменици што не добива државни субвенции и вработува повеќе од 300 луѓе во ...
Овесните снегулки имаат многу придобивки, но бидете внимателни со инстант варијантите полни со шеќер. Овесните снегулки со причина спаѓаат во здрава храна, но експертите предупредуваат на инстант варијантите со вкусови. Овесната каша одамна има репутација на здрав појадок, но дали овесните снегулки се навистина толку чудотворни? Одговорот зависи од тоа каков вид овесна каша јадете. Кога зборуваме за обични, класични овесни снегулки, ...
Иван Наумовски е оперски пејач, професор и амбасадор на македонската музика - име кое одекнува низ концертните дворови на Виена, Грац и други европски метрополи. Тој денеска ни ја раскажува својата вистинска приказна - патот од безгрижното детство со топка, преку првата љубов кон музиката, до големите европски сцени. Детството – играта како прва сцена Секој уметник има корени што се вплетени со едноставноста на животот. За Иван Наумовски ...
Лорен Санчез и Џорџина Родригез го украле сето внимание во првиот ред од ревијата на модната куќа „Balenciaga“ каде ги истакнале своите блескави прстени. Двете дами седеле една покрај друга на настанот одржан во рамките на модната недела во Париз. Санчез (55), од неодамна госпоѓа Безос, на левата рака го носела својот огромен дијамантски прстен, дело на омиленaта дизајнерка на накит на познатите, Лорен Шварц. За оваа прилика избрала да носи ...
Последните години донесоа целосна промена во тоа како ги доживуваме спортот и технологијата. Гледањето натпревари, учеството во спортски настани и обложувањето денес изгледаат поразлично од кога било порано. Дигиталните алатки нудат нови начини за интеракција, анализа и следење – сѐ од мобилни апликации до онлајн платформи за обложување. Технологијата не само што ја олеснува секојдневната рутина, туку го отвора патот кон сосема нови искуства ...
Може да се пронајде речиси во секоја продавница, а цената и натаму е пристапна. Сепак, нутриционистите тврдат дека станува збор за една од највредните намирници за здравјето. Богата со протеини, омега 3 масни киселини и витамини кои го јакнат целиот организам. Станува збор за сардината, риба која често неправедно е запоставена. Многумина ја избегнуваат затоа што ја поврзуваат со евтина конзервирана храна, но експертите нагласуваат дека ...
Монт Еверест е највисокиот врв на светот, кој се наоѓа на надморска височина од 8.848 метри. Тој не претставува само предизвик за планинарите, туку е и симбол на величественоста на природата. Сместен во непалскиот округ Солукумбу, Монт Еверест е дел од импресивниот планински венец Хималаи, кој се протега низ повеќе земји. Неверојатна сцена Искусниот астронаут на НАСА и талентиран фотограф, Доналд Дон Петит, неодамна ги воодушеви корисниците ...
Славниот теоретски физичар и космолог, професор Стивен Хокинг (1942–2018), за време на својот живот повеќепати предупредувал на тоа што би можело да го доведе човештвото до работ на опстанок. На самитот „Tencent WE“ во 2017 година, Хокинг говорел за иднината и предупредил дека до 2600-та година планетата би можела да стане пренаселена, а потрошувачката на енергија толку голема што, како што пренесуваат медиумите, Земјата би „светела во ...
Палеонтолозите откриле една од најдолгите патеки со отпечатоци од диносауруси во каменолом во Оксфордшир, која се протега на 220 метри и овозможува увид во животот на диносаурусите пред 166 милиони години. Тим британски научници, снимен од Би-би-си, ги истражуваат отпечатоците од огромни четириножни сауроподи, веројатно цетиосаури, кои достигнувале должина до 18 метри. На локацијата биле пронајдени и помали отпечатоци од стапала на двоножен ...
Се појави нова и многу реална интернет закана – злонамерен софтвер кој може да открие кога корисниците гледаат порнографија и да го искористи тоа за уцена. Многумина веќе се сретнале со лажни е-пораки во кои измамници тврдат дека поседуваат нивни експлицитни снимки и бараат пари во замена за молчење. Досега тоа главно биле празни закани, но со појавата на новиот малициозен софтвер наречен „Stealerium“, таквото сценарио станува опасна ...
По десет години, „Windows 10“ е официјално изгасен. „Microsoft“ ја прекина поддршката, што значи дека корисниците повеќе нема да добиваат безбедносни надградби, нови функции или технички поправки. Иако компјутерите и понатаму ќе можат да работат, секој ден користење на овој систем го зголемува ризикот од вируси, хакерски напади и губење на податоци. Кога беше лансиран во 2015 година, Бил Гејтс и неговиот тим од „Microsoft“ тврдеа дека тоа ќе ...
Видеото кое го поставил корисникот на ТикТок профилот со име „@edgyonedge“, прикажува ред модерни станови во австралиската престолнина кои изгледаат како да лебдат во воздух без никакви видливи потпори под нив. Видеото добило повеќе од 615.000 прегледи. „Замислете дека живеете во еден од овие станови без потпора“, пишува во видеото. Сепак, архитектите велат дека тука нема магија. Сето тоа е резултат на внимателно планирани и проверени ...
Раното откривање на рак и навременото лекување играат клучна улога во борбата против оваа болест. Кога станува збор за нашата секојдневна исхрана, таа не може целосно да го спречи настанувањето на рак, но може да биде фактор што придонесува за развој на тумор во организмот. Исто така, кај лица кои веќе се заболени од рак, вистинската комбинација на намирници може позитивно да влијае на здравствената состојба на пациентот. Експертите ...
Многумина веруваат дека замената на засладените пијалаци со нивните „поздрави“ варијанти може да го намали ризикот од заболувања. Сепак, ново истражување покажува дека една навика која често се смета за безопасна може да има сериозни последици по здравјето на црниот дроб. Експертите предупредуваат дека она што го пиеме има поголемо влијание отколку што мислиме, особено кога станува збор за пијалаци со вештачки засладувачи. Студијата, ...
Многумина веруваат дека замената на засладените пијалаци со нивните „поздрави“ варијанти може да го намали ризикот од заболувања. Сепак, ново истражување покажува дека една навика која често се смета за безопасна може да има сериозни последици по здравјето на црниот дроб. Експертите предупредуваат дека она што го пиеме има поголемо влијание отколку што мислиме, особено кога станува збор за пијалаци со вештачки засладувачи. Студијата, ...
За време на најновата експедиција на истражувачкиот брод „E/V Nautilus“, научниците во длабочините на Тихиот Океан, во близина на Куковите Острови, забележале необично суштество што веднаш го привлекло нивното внимание. Станува збор за ретка длабоководна риба од видот „Typhlonus nasus“, јагула од семејството „Ophidiidae“, позната по својот речиси безживотен изглед и недостиг на лице. Истражувачите, чија мисија имала за цел да ги истражи ...
Мозочниот удар, познат и како шлог, е акутна состојба која настанува како последица на прекин на дотокот на крв во мозокот, што доведува до оштетување на мозочните клетки и губење на мозочните функции. Може да биде предизвикан од исхемија (затнување на крвен сад) или крвавење (прскање на крвен сад). Симптомите се ненадејни и вклучуваат слабост или трнење на една страна од телото, проблем со говорот, видот, рамнотежата и силна главоболка. ...
„Вие сега сте медиумите“ – оваа позната мантра на Елон Маск често ја користи на својата платформа „X“, охрабрувајќи ги следбениците да ги заобиколат традиционалните медиуми и да се свртат кон она што тој го нарекува „граѓанско новинарство“. Маск уште во 2023 година во интервју за „BBC“ изјави: „Мислам дека медиумите се извор на дезинформации многу повеќе отколку што тие самите би сакале да признаат. Во многу случаи, обичниот граѓанин знае ...
Колагенот е витален протеин што се наоѓа во човечкото тело и тоа во изобилство. Незаменлив е за одржување на структурниот интегритет на различни ткива, вклучително и оние што се критични за кардиоваскуларното здравје. Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, особено вените, а со тоа игра клучна улога во спречувањето на васкуларните состојби како што се проширени вени и други предизвици со вените. Овие состојби не се само козметички предизвик ...
Црвената боја е една од најмоќните и најефектни, а додека многумина не се осудуваат да ја облечат, Летиција од Шпанија ја носи од глава до пети и изгледа спектакуларно. Шпанската кралица Летиција е позната како жена со исклучителен стил, која не се плаши да експериментира, но секогаш останува во рамките на врвната елеганција. Така било и на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје којшто го организирала Шпанската конфедерација ...
Габите се најпознати по тоа што ја враќаат мртвата органска материја во земјата, но научниците за материјали истражуваат дали еден ден можат да му помогнат и на човечкото тело да се опорави, и тоа во облик на посебни хидрогелови, пишува „Саенс алерт“ (Science alert). За да може хидрогелот да има примена во биомедицината, мора да има повеќеслојна структура слична на онаа што ја имаат нашата кожа, ‘рскавица и мускули. Додека некои инженери се ...
Група археолози и палеонтолози открија остатоци од праисториски слон на бреговите на Тибар, во местото Казал Лумброзо, западно предградие на Рим. Археолошките ископувања започнале во 2017 година, но биле прекинати поради пандемијата, а продолжиле во 2023 година, пишува РТС. Тим составен од истражувачи од Универзитетот Ла Сапиенца, Музејот на цивилизациите, Националниот совет за истражувања и Специјалната служба за надзор на Рим, пронашол ...
Добриот ноќен сон зависи од неколку фактори, а експертите за спиење откриле пет работи што треба да ги исфрлите од спалната соба за да имате мирен и квалитетен сон. Тимот од австралиската компанија за постелнина „Bed Threads“ изјави за „Дејли Мејл“ дека многумина од нас самите сме виновни за лошиот сон бидејќи чуваме работи што не треба да бидат во спалната соба и дека спалната соба треба да биде „засолниште“ од сите други соби во куќата. ...
Дали сте болни? Доколку не сте, веројатно познавате некој којшто е или барем некој којшто штотуку закрепнал. Кашлицата и настинката, се чини како моментално да се многу распространети, а „BBC“ истражил зошто се случува тоа. „Ова е нормално, сепак е есен“, вели професорот Џонатан Бол од училиштето по тропска медицина во Ливерпул за „BBC“. Тој објаснува дека комбинацијата на деца кои се враќаат во училиште, возрасни кои се враќаат на работа ...
Првата роботски асистирана телехируршка операција во регионот беше извршена денеска во Клиничкиот центар на Србија (КЦС), при што пациентот се наоѓал во болница во Белгија, а хирургот кој ја водел интервенцијата во Белград. Благодарение на телемедицината, пациент во Белгија со карцином на простата бил опериран од Белград од професорот Алекс Мотри, основач на „ORSI Academy“, светски познат центар за едукација во областа на минимално ...