
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Додека компаниите денес во главно се фалат со тоа што можат да направат сите нивни уреди и со бројните опции што ги имаат, производителите на "Light Phone" се фалат со сосема спротивното. Има толку многу работи кои "Light Phone 3" едноставно не може да ги направи, започнува видео најавата на третата генерација на овој уред кој носи сосема поинаков поглед на користењето на паметните телефони и гаџетите воопшто. Овој уред, како што е нагласено ...
Трговијата со кокаин, освен што има последици по луѓето, ја загрозува животната средина и го загрозува подрачјето населено со десетици птици преселници, покажа новата студија. Активностите на нарко-картелите покриваат две третини од областа со 67 видови птици преселници, кои се размножуваат во САД и Канада во текот на летото, а се во Централна Америка во зима, според студијата објавена во „Нејч састејнабилити“ (Nature Sustainability), пишува ...
Лебот е основна намирница во многу делови од светот, но не сите видови леб се подеднакво корисни за нашето здравје. Посебно лебот направен од рафинирано брашно може да предизвика воспаление во телото поради високиот гликемиски индекс, ниската содржина на влакна и присуството на адитиви и конзерванси. Овие фактори може да предизвикаат нагли скокови на шеќерот во крвта и проблеми со здравјето на цревата. Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува ...
Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објави видео за најмладиот бурек мајстор во Србија, 9-годишната Лена Кљајиќ од Обреновац, која почнала да прави печива кога имала само 5 години. Родителите на Лена се сопственици на локална пекара, а таа од мала почнала да поминува време со нив во кујната. Овој занает го научила од нејзиниот татко, а во видеото ги покажала своите вештини. „Ова е наша семејна традиција и тие по малку учат покрај мене“, вели ...
Прашањето за тренирање на вештачката интелигенција довело до расправа за тоа како самата вештачка интелигенција функционира. За бројни луѓе вештачката интелигенција сè уште е голема непознаница. Иако „AI“ алатките сè почесто се користат и презентираат како нешто што ќе го промени начинот на кој работиме и живееме, луѓето и натаму се скептични. Делумно бидејќи „AI“ е нешто што не можат да го видат и опипаат, а делумно бидејќи не знаат за што ...
Сардинија, остров кој се наоѓа среде Средоземното Море, е познат по своите магични плажи и драматични карпи кои го одземаат здивот. Привлекува многу туристи, но неодамна претставената нова туристичка понуда на Сардинија е хит меѓу љубителите на мирот, тишината и природата. Бесплатно сместување за помлади од 35 години Имено, група планинари и поранешни рудари сега на авантуристите им нудат бесплатно сместување долж рударската рута Санта ...
Проблемот со масовниот туризам е сè поизразен и потежок за локалното население. Особено се погодени медитеранските земји Шпанија, Грција, Италија, но градовите како Амстердам, како и други популарни туристички дестинации. Прашањето е зошто масовниот туризам му се заканува на локалното население, кога туристите оставаат пари? Зголемување на цените на недвижностите. Странците купуваат станови, апартмани и викендички, а инвеститорите купуваат ...
Малкумина размислуваат за придобивките на скушата за организмот, туку го ценат само нејзиниот вкус. Секоја храна има хемиски својства кои на одреден начин влијаат на телото, а еве како тоа изгледа кога се јаде риба. Хемискиот состав на скушата содржи многу протеини и масти, а повеќе ги има во рибите уловени во текот на зимата во посеверните региони. Вообичаената количина на маснотии е 13 грама, што е доволно за да се дефинира рибата како ...
Ниту еден дел од островската држава Кирибати не се издига повеќе од два метри над Тихиот Океан. Два атоли веќе исчезнаа под брановите и научниците предвидуваат дека областа би можела да биде ненаселена во следните неколку децении, раселувајќи стотици илјади луѓе, започнува вознемирувачката статија во британскиот Телеграф. Ова е сликата низ целиот свет, од Венеција, Холандија, Малдивите и Лондон, а светот со години постепено се соочува со таа ...
Ако сакате да го зголемите внесот на храна која е добра за вашиот мозок, овошјето е одлично место за почеток. Речиси не бара подготовка и ја задоволува вашата желба за слатко, со што е помала веројатноста да посегнете по нешто полно со додаден шеќер, што дефинитивно не е добро за здравјето на мозокот. Неврохирургот, д-р Бетси Гранч, тврди дека една од главните причини е тоа што овошјето е богато со антиоксиданти. „Овошјето богато со ...
Во 2023 година, Шарлот Гилмур почнала да зема нов лек како дел од терапијата против одредени ментални проблеми. Еден месец подоцна, добила инфекција на белите дробови и исип околу очите, за кој мислела дека е конјунктивитис. Дијагнозата била многу потешка. Дознала дека боледува од Стивенс-Џонсонов синдром, пореметување кое може да предизвика болни плускавци и лезии на кожата и мукозните мембрани, како и проблеми со очите. „Отсекогаш сум имала ...
Во кое време и да ја посетите Швајцарија, ќе имате што да видите. Од бројни езера, преку нерамни планини со добро уредени скијачки патеки, до романтични паркови, мали и живописни гратчиња, едноставно, земја која има сè. А што е најважно, земја која знае да ги користи своите адути, да се адаптира на секојдневието, да уновчи и негува. Друга одлична страна на оваа мала земја се добрите патишта, одлично поврзани со грст можности да се организира ...
Шпагети со лук и маслиново масло се популарно, класично, италијанско јадење кое се спрема „дур трепнеме“! Оваа паста се смета за една од најлесните, но и најповолните бидејќи за сосот се користат само неколку основни состојки кои ги има секоја кујна! Рецепт за „aglio e olio“ шпагети Потребно Шпагети 200 грама; 6 големи чешниња лук; Маслиново масло 50 мл; Магдонос 1 китка; Пармезан 100 грама; Зачини: сол ½ лажичка, бибер ½ лажичка, мелен ...
Психологот Лалита Суглани, автор на книгата „High-Functioning Anxiety: A 5-step Guide to Calming The Inner Panic and Thriving“, на Инстаграм открила дека постојат три знаци кои можат да бидат поврзани со анксиозноста, а кои многу луѓе не ги знаат. Првиот знак е хроничен замор кој го чувствуваме дури и по добро проспиена ноќ. Вториот е „криење зад фасада“. „Ако се преправате дека сè е во ред, но длабоко во себе чувствувате тага и длабока ...
Францускиот моден дизајнер Симон Порт Жакемус неодамна одржа спектакуларна модна ревија на италијанскиот остров Капри, обединувајќи бројни познати убавици. Во првиот ред на ревијата седела и познатата француска актерка и манекенка Летиција Каста, која долго време немавме можност да ја видиме во јавноста. Летиција Каста пленела со сексапил во едноставен, но многу провокативен фустан кој ја истакнал нејзината сензуалност и зрела женска убавина. ...
„Во добро и во зло“ се заветите кои ги даваат сите кои ќе застанат пред олтарот, но дека тоа навистина го мислат, докажа овој млад брачен пар кој се венчал откако на невестата ѝ бил дијагностициран канцер во поодминат стадиум. Нако Чанг (30) води борба со рак на дебелото црево од октомври 2023 година, кога ѝ бил откриен во третата фаза од развојот. По хируршките интервенции и низата хемотерапии, овој храбар пар од Лос Анџелес никогаш не се ...
Ден Бутнер со години ги проучувал местата во кои луѓето живеат најдолго, а една работа е заедничка за сите – присуството на вода. По 20 години интервјуирање на стогодишници и посета на „сините зони“, области во светот во кои луѓето живеат најдолго, Ден Бутнер научил нешто што не го очекувал. „Кога ги земате податоците за среќата низ светот и контролирате сè друго, ќе откриете дека луѓето кои живеат во близина на вода се посреќни од другите“, ...
Тиктокерка со речиси 50.000 следбеници на профилот @emsbudgettravel, каде што споделува совети за буџетски прифатливи патувања, ја посетила Босна и Херцеговина и ја прогласила за „најпотценетата европска земја“. За нејзината објава сега пишуваат и британските медиуми. „Мојата омилена земја во 2024 и една од најевтините и најпотценетите во Европа! Оваа година посетив 9 земји и оваа е мојата омилена, таа е скриен скапоцен камен“, порачала ...
По спектакуларниот концерт во Пула, Дуа Липа се упатила во Италија за да присуствува на ревијата на брендот „Jacquemus“, а каде што ги пленила погледите во син полупроѕирен фустан. Француската модна куќа ја прославила петнаесетгодишнината и отворањето на нов бутик на италијанското крајбрежје, а на ревијата присуствувале бројни познати дами. Една од нив била и Дуа, која пристигнала во светло син фустан од шифон кој се влечел по подот, а под ...
Светски познат адвокат за развод ги открива двете најчести причини зошто браковите се распаѓаат. Тој раскажал што, врз основа на неговата практика, сакаат жените, кои се желбите на мажите и како доаѓа до разидување во тоа. Адвокатот Џејмс Секстон од Њујорк, е познат правен експерт кој е автор на повеќе бестселери за развод, вклучително „If You’re In My Office, It’s Already Too Late: A Divorce Lawyer’s Guide to Staying Together“ и „How to Stay ...
„Како фирма гледаме секогаш да ги пратиме најновите светски трендови и да носиме што е можно повеќе новитети на нашиот пазарот. Бараме едноставни, модерни решенија кои се квалитетни и фунционални“, вели Дијана Бадаровска, Бренд Менаџер во Пирин Експорт. Во продолжение прочитајте го целото интервју: Што ве исполнува во оваа работa? Работејки како бренд менаџер во Пирин Експорт, покрај одлично завршените проекти и задоволните клиенти, најмногу ...
Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на Југославија, бил познат по својот исклучителен вкус и љубов кон добрата кујна, а особено сакал едно јадење. Еден од специјалитетите што особено го воодушевил Тито е „Караѓорѓева шницла“. Именуван по Караѓорѓе Петровиќ, овој специјалитет станал едно од најпопуларните јадења во поранешна Југославија. Караѓорѓевата шницла е вкусно јадење од месо полнето со кајмак, поховано и пржено до совршенство. ...
„Дали е можно да се искористат сите придобивки од вештачката интелигенција и во исто време да се контролираат можните ризици? Светот без регулација во областа на вештачката интелигенција претставува опасност која мора постојано да нè држи будни?“, изјавила Дорин Богдан-Мартин, генерален секретар на Меѓународната единица за телекомуникации, на светскиот самит во Женева. Таа предупредил дека мал број луѓе во моментов го контролираат развојот на ...
Станува збор, да бидеме конкретни, апликација за ТВ уреди, на која многумина од нас навикнаа, но мораме да признаеме дека е малку хаотична. Од компанијата „Netflix“, затоа, најавиле дека започнуваат со големи промени, велејќи дека ќе бидат најголеми во последната деценија. Еден од директорите, Пет Флеминг, рекол дека корисниците „работат очна гимнастика“ и дека тоа мора да се промени. „Сакавме сето тоа да го поедноставиме“, објаснил Флеминг, ...
Многу луѓе со текот на годините развиваат навики кои можеби не ни сфаќаат дека ги имаат. Сепак, една вообичаена навика може да предизвика губење на видот. Хирургот на „OCL Vision“, Марк Вилкинс, предупредува на честото триење на очите и тврди дека тоа може да ги оштети очите и да има страшни последици. „Сите сме виновни што повремено ги триеме очите, и додека рацете ви се чисти, што не е често, нема да наидете на никакви проблеми. Меѓутоа, ...
Во Лас Вегас, врз основа на гласовите на 1.080 рецензенти, готвачи, гастро-новинари, инфлуенсери и посетители на ресторани, беше одлучено кој е овогодинешниот победник на најдобриот ресторан во светот, пишува „Лос Анџелес тајмс“. На 22-то издание на годишното рангирање има ресторани од 26 територии, пет континенти и осум возбудливи нови ресторани. Церемонијата на прогласување на најдобрите ресторани во светот „50 најдобри ресторани во ...
Истражувањата покажале дека консумирањето на одредени видови храна и пијалаци може да му помогне на телото во елиминација на штетните материи. Секој во своето мени треба да ги вклучи овие три популарни зачини кои ги чистат белите дробови на пушачите, како ретко што. Лук Лукот е познат по многуте лековити и антибактериски својства. Често се нарекува природен антибиотик и средство за чистење на респираторниот тракт. Исто така, поседува ...
Летните темпратури веќе на големо пристигнаа, па затоа веќе со недели можеме да уживаме во вечерните излегувања на отворено. Придушени светла, разговори со драги луѓе, свеж воздух, смеа … звучи прекрасно, нели? Сè додека идилата не ја нарушат комарците и другите инсекти. Сепак, постои начин да се заштитите од споменатите „штетници“, и тоа на природен начин. Кора од портокал и лимета Според веб-страницата "Zivim", репеленто означува средство кое ...
Ако видите дека некоја позната личност твитува за криптовалути, застанете и запрашајте се дали објавата е вистинска. Оние кои не се доволно внимателни, би можеле да наседнат на измама на социјалните мрежи, а го вклучува поранешниот кечер Хулк Хоган. На "X" имено, кружела објава за наводна нова криптовалута "Hulk", која, како што изгледало, ја промовирал токму Хоган. Иако од неговиот профил било објавено за оваа криптовалута, тој набрзо на ...
Квалитетот на животот е важен показател што треба да се земе предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Но, што е точно квалитет на живот и како можеме да го процениме? Сè, од гастрономската понуда, до стапката на криминал, може да влијае на квалитетот на животот на жителите на градот, но новиот Глобален индекс на градови за 2024 година на компанијата „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) зема предвид шест важни индикатори: ...