Употребата на марихуана кај младите адолесценти може да доведе до разредување на церебралниот кортекс, област на мозокот клучна за когнитивните функции, покажа новото истражување. Во една студија објавена во „Journal of Neuroscience“, научниците открија дека ТХЦ (THC), активната состојка во канабисот, предизвикува промена во генската експресија што пак предизвикува намалување на бројот на дендрити, структури клучни за комуникација помеѓу ...

Употребата на забниот конец го подобрува оралното здравје. Дознајте колку често и кога треба да го користите. Чистењето на забите со конецот е дел од оралната хигиена, а неговата правилна употреба ја намалува можноста за појава на гингивитис. Забниот конец ги отстранува малите парчиња храна и наслаги, но многу луѓе се прашуваат колку често и кога треба да го користат. Одговорот на ова прашање го дадоа стоматолозите во во разговор за ...

Во октомври 2024 година се навршуваат 40 години од објавувањето на "The Terminator" (1984). Режисерот Џејмс Камерон направи класика која сè уште влијае на тоа како ги гледаме работите денес, на пример роботи, киборзи и вештачка интелигенција. Терминаторот од 1984 година го запали и го популаризира стравот од роботи, иако вештачката интелигенција во тоа време беше само идеја. Главниот негативец во филмот е суперинтелигентниот систем со вештачка ...

Терминот артритис се однесува на неколку воспалителни состојби кои ги зафаќаат зглобовите, од кои најчести се остеоартритис и ревматоиден артритис. Освен што можат да зафатат кој било зглоб, одредени видови артритис влијаат и на некои внатрешни органи, како и на очите. Терминот артритис се однесува на неколку воспалителни состојби кои ги зафаќаат зглобовите, од кои најчести се остеоартритис и ревматоиден артритис. Освен што можат да зафатат ...

Губењето на пристапот до вашата е-пошта на Gmail може да биде застрашувачко искуство, особено ако, како и многумина од нас, го користите за работа и забава. Google тврди дека има повеќе од 2,5 милијарди Gmail сметки, па не е изненадување што хакерите го таргетираат пристапот до тие сметки, без оглед на мотивот и крајната цел на нападот. Кога ќе се соочат со итен случај за безбедност на е-пошта, првата мисла на многу луѓе е да повикаат помош, ...

"Instagram" повторно предизвика контроверзии откако неговиот извршен директор Адам Мосери потврди дека платформата го намалува квалитетот на видеата за објавите кои не се доволно прегледани. За време на сесијата на "АМА" овој викенд, Мосери откри дека платформата дава приоритет на видеата кои привлекуваат повеќе прегледи, додека кај оние со помалку прегледи автоматски се намалува квалитетот. Практиката е наменета да заштеди ресурси, но ...

На 22 и 23 октомври, во организација на Axapta Masters и Axapta Learning Center се одржа третото издание на најголемата домашна конференција за Microsoft бизнис технологии, Digiton Conference. Под истото мото како минатогодишните изданија „The Future is Digital“, учесниците имаа можност да ги слушнат сите новости во областа на Microsoft бизнис технологиите презентирани од светски познати предавачи, меѓу кои и Microsoft MVP-а, Microsoft ...

"Nvidia" го симна од тронот "Apple" како највредна компанија во светот во петокот, по рекордниот пораст на акциите поттикнати од незаситената побарувачка за нејзиниет нови суперкомпјутерски "AI" чипови. Пазарната капитализација на "Nvidia" накратко достигна 3,53 трилиони долари, додека на "Apple" беше 3,52 трилиони долари, според податоците на "LSEG". Во јуни, "Nvidia" накратко стана највредната компанија во светот, пред да биде надмината од ...

Бананите не се само едни од најпопуларните, туку и едни од најздравите овошја. Покрај тоа што можат да се консумираат на различни начини и да се додаваат во разни десерти и пијалаци, бананите имаат и бројни здравствени придобивки кои можат значително да влијаат на здравјето на целокупниот човечки организам. Ја подобруваат дигестијата и го регулираат метаболизмот Редовното консумирање банани може позитивно да влијае врз дигестивниот систем, ...

Начинот на кој се справуваме со стресот варира од личност до личност. Некои луѓе се капат во топла када или седат во сауна, додека други вежбаат или земаат лекови. Сепак, стресот може да нè погоди во најнеочекуваните моменти кога нашите вообичаени методи не се погодни или достапни. Eксперт тврди дека постои еден природен трик кој можете да го направите во секое време и на секое место за веднаш да го намалите нивото на стрес. Риса Шепард, ...

Не е невообичаено вашето лице, како и вашите раце, нозе или глуждови да се чувствуваат малку надуени откако ќе јадете премногу солена храна. Ова се случува затоа што кога консумирате многу сол, вашите крвни садови реагираат со апсорпција на повеќе течност за да го балансираат односот натриум и вода. Но, отокот може да се случи и поради други причини. Ако некогаш сте се погледнале во огледало и сте забележале дека вашето лице е надуено, тоа може ...

Сајбер-напад од озлогласената хакерска група Лазарус и нејзината подгрупа BlueNoroff откри нова ранливост во Google Chrome. Групата користеше експлоатација од нула ден за да преземе целосна контрола врз заразените системи. Тоа е последниот во долгата низа сајбер напади поддржани од Северна Кореја. Кампањата беше откриена кога Kaspersky Total Security откри нова верзија на малициозен софтвер Manuscrypt на компјутер во Русија. Manuscrypt, алатка ...

Услугата за пораки на "Google" додава подобрени алатки за откривање на спам. "Google" најави голем број безбедносни карактеристики кои доаѓаат на "Messages". Компанијата вели дека ажурирањето обезбедува подобрена анализа на лажни текстови. Засега, алатката ќе даде приоритет на измамите кои вклучуваат испорака на пакети и понуди за работа. Кога "Google Messages" ќе се посомнева за измама, ќе ја премести пораката во папката за спам или ќе издаде ...

Анализата ги открива 10-те најпродавани спортски видеоигри на сите времиња. Откако постојат видеоигрите, постојат и игри со спортска тематика и не е невообичаено насловите од овој тип да се најдат на листите за најпродавани. Сега аналитичарот Мет Пискатела ја откри листата на топ 10 најпродавани спортски видеоигри на сите времиња на американскиот пазар. Топ-10 листата ги вклучува следните спортски игри: 1 .NBA 2K21 2. EA Sports College ...

Во Помпеја е откриена мала куќа, на чијшто ѕид се пронајдени еротски фрески. Ова откритие докажува дека жителите на старо римскиот град, кој бил уништен како резултат на вулканска ерупција во 79 година од нашата ера, имале склоност кон сензуални уметнички дела. Новите ископувања открија ѕидна слика на сатир кој се весели со гола нимфа на креветот, како и слика на оскудно облечена Федра, која според грчката митологија е сопруга на херојот и ...

Сексот е добар за нашата благосостојба, но наоѓањето време и енергија за интимни моменти понекогаш може да падне на дното на листата со секојдневните задачи. Разделувањето на активностите на помали делови може да ви помогне да ја вратите енергијата за да уживате во спалната соба. Од минутите потребни за предигра до оптималното време и ден во неделата за страсни моменти, еве неколку совети за задоволство, пишува „Сан“. Заборавете на ...

Доколку сакате да ја посетите населбата „Fuggerei“, ќе треба да платите влезница, чијашто цена е дури четири пати повисока од изнајмувањето стан за цела година. Имено, во идиличната германска населба „Fuggerei“, цената за изнајмување стан не се сменила од 16 век и изнесува 88 центи годишно. „Fuggerei“ – најстарата социјална населба на светот Населбата од соништата се наоѓа во баварскиот град Аугсбург. Тој е и еден од најстарите градови во ...

Во 2014 година, на полуостровот Јамал во северозападен Сибир ненадејно се појави мистериозен кратер. Отпадоците што ја опкружуваат оваа дупка длабока 50 метри сугерираат дека таа е создадена со експлозивен процес. Оттогаш, научниците и локалните жители открија уште неколку кратери на полуостровот Јамал и блискиот Гидан, и беа дадени многу објаснувања, од удари на метеори до експлозии на природен гас. Сега една нова студија ја откри причината. ...

Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 33,5 милијарди долари по објавувањето на поволниот извештај на неговата компанија "Tesla" за третото тримесечје за 2023 година, кој го поттикна растот на акциите. Компанијата го објави својот најголем профит од летото 2023 година, а Маск изјави дека очекува раст на испораките на возилата на "Tesla" од 20 до 30 отсто во 2025 година, според њујоршки "Bloomberg". Богатството на Маск ...

Хирург кој работи во Шкотска развил начин на отстранување на тумор на мозокот со големина на јаболко преку веѓата на пациентот, што се верува дека е прва таква процедура во светот. Приспособена техника Неврохирургот Анастасиос Џамуриадис од "NHS Grampian Health Service" адаптираше постоечка лапароскопска техника за отстранување на тумори кои оставаат значително помалку лузни од конвенционалната краниотомија. Промената му овозможува на Џамурадис ...

Хакерските групи поврзани со режимите во Кина, Иран и Русија беа наведени како попречувачи во изборите ширум светот. "OpenAI" предупреди дека странските хакерски групи ги користат алатките за вештачка интелигенција "ChatGPT" и "Dall-E" во обид да ги попречат изборите. Во извештајот на 54 страници се посочува дека од почетокот на годината се откриени 20 кампањи ширум светот и дека се очекува оваа бројка да се зголеми со оглед на претседателските ...

Практиката е секој последен викенд во октомври часовникот да се поместува на зимско сметање на времето, а ова прашање е регулирано со Законот за пресметување на времето. Поместувањето на часовникот се случува двапати годишно, во март и во октомври. Губењето еден час попладневна светлина предизвикува или ја продлабочува депресијата кај ранливите лица. Секој што веќе е во депресија може да доживее влошување на симптомите поради ова. На почетокот ...

Во традиционалната кинеска медицина (TCM), емоциите и физичкото здравје се тесно поврзани. Според традиционалната кинеска медицина, емоциите се сведуваат на пет основни чувства, од кои секое е поврзано со соодветен елемент и орган во телото: * лутина со црниот дроб * страв со бубрезите * радост со срце * тага со белите дробови * грижа за слезината Црниот дроб, на пример, обезбедува непречен проток на енергија и крв низ телото. Го регулира и ...

"Apple" мора да го промени начинот на кој функционираат "iOS" и "App Store" за корисниците во Европската унија. Како дел од регулативата за Законот за дигитални пазари (DMA), "Apple" прави одредени промени во својот оперативен систем, а со "iOS 18.2", корисниците на "iPhone" и "iPad" во Европската унија ќе можат да ги избришат "App Store", "Safari" и други вградени "iOS" апликации. Веќе е можно да се избришат некои од оригиналните апликации на ...

Радио станица од Полска предизвика контроверзии откако ги отпушти сите свои новинари и го рестартираше емитувањето со најавувачи создадени од вештачка интелигенција. Станицата OFF во Краков соопшти дека тоа е „првиот експеримент“ во Полска со новинари кои се виртуелни ликови создадени од вештачка интелигенција. Радио станицата објави дека создала три „аватари“ дизајнирани да допрат до младите слушатели со програми за култура, уметност и ...

Сите луѓе имаат различни навики кога станува збор за варење и празнење на цревата. Некои одат во тоалет секој ден, додека други го прават тоа неколкупати неделно – и двете навики се нормални. Меѓутоа, гастроентеролозите истакнуваат дека постојат лоши навики поврзани со варењето кои треба да се избегнуваат заради оптимално здравје. Празнењето на цревата од три пати на ден до три пати неделно се смета за нормално. Клучот е доследноста – вели ...

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, и едниот од најбогатите луѓе во светот, разговараше со новинарите за компанијата и производите важни за нејзината иднина. Најголемиот новитет на актуелната генерација на „iPhone“ и новата верзија на оперативниот систем за нивните телефони е што конечно треба да добијат бројни опции базирани на вештачката интелигенција. „Apple“ претстави различни „AI“ опции но тие сè уште не се достапни за корисниците, а ...

Дури 44 од водечките светски климатолози ги повикаа лидерите на нордиските земји итно да се справат со она што сега се чини дека е неизбежниот колапс на атлантските струи, што ќе има разорно влијание врз климата. Во отвореното писмо објавено во понеделникот, климатологот Мајкл Ман од Универзитетот во Пенсилванија и други истакнати научници велат дека ризиците од слабеењето на циркулацијата на струјата во Атлантскиот океан во голема мера се ...

Иако многумина не можат да живеат без него, научниците почнуваат да сфаќаат дека ибупрофен можеби не е најдоброто решение во некои ситуации. Кога треба да му кажете не? Ако имате срцеви заболувања Додека ниските дози на аспирин можат да помогнат да се спречат срцеви напади, други лекови против болки од семејството на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), кои вклучуваат ибупрофен, се поврзани со поголеми шанси за срцев или мозочен удар. ...

Контроверзниот документарец на "HBO" го обвинува Питер Тод дека е креатор на Биткоин, што предизвика негирање, теории на заговор и обновена дебата за вистинскиот идентитет на мистериозниот Сатоши Накамото. Канадскиот програмер Питер Тод бил бесен кога дознал дека документарниот филм на "HBO" „Money Electric: The Bitcoin Mystery“ ќе тврди дека тој е Сатоши Накамото, мистериозниот креатор на Биткоинот. Очигледно ќе биде циркус, изјави Тод за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
83%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
69%
1008
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
85%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
34%
1008
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.79
48%
1006
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
90%
1012
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
4.12
40%
1009
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
61%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
61%
1010
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
8.75
43%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
8.23
73%
1007
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
65%
1008
Currency

61.535

Currency

53.0261

Currency

71.1017

Currency

34.0504

Currency

38.1249

Currency

65.5971

Currency

7.38523

Currency

0.65825

Currency

0.35734

Currency

0.52534

Currency

1.293

Currency

0.60748