Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Снегот во Пијанечко-малешевскиот регион донесе разнолика снежна покривка, со најмногу снег во Пехчево (до 10 см), а најмалку во Делчево (максимум 5 см). Во Берово, снежната покривка изнесува околу 7 см. На повисоките места, снегот е забележан на планините Голак, Кадиица и Малешевските планини, јавува МИА. Транспортните служби потврдуваат дека патните правци Делчево-Берово и Делчево-Граничен премин се проодни, но предупредуваат на потенцијални ...
Музичарот и композитор, Марко Виденовиќ, ја имаше концертната премиера насловена „Мевлем,“ која привлече голем број љубители на музиката и поезијата. Публиката уживаше во уникатната атмосфера и во прекрасно изведената музика, создадена специјално за овој настан. Виденовиќ, заедно со својот состав, ги изведе композициите кои сам ги компонирал, комбинирајќи ги со поетско читање, што остави силен впечаток на присутните. Песните кои тој ги ...
„Со интензивна градежна офанзива Битола го менува својот лик. Делата зборуваат за видливи промени со кои значајно се подобрува инфраструктурата и се овозможуваат подобри услови за живот на сите граѓани, се збогатува културно – туристичката понуда, а интересот за нови инвестиции го потврдува економското заживување на градот“, вели во своето видео обраќање градоначалникот на Битола, Тони Коњановски по повод 80 години од ослободувањето на Битола. ...
Утрово најстудено со -6 степени беше Берово, -5 Битола, -3 Струмица, -2 Демир Капија, Тетово, -1 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Штип, 0 Прилеп, Попова Шапка, 1 Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 2 Претор, Охрид, Крушево, 3 Велес, Виница. Во текот на ноќта од север и исток се прошири умерена променлива облачност, а утринава поголема облачност има од централните кон западните делови од земјата. Понекаде дува слаб претежно северозападен ...
Речиси 40 граѓански организации и синдикати од Валенсија ги повикаа граѓаните да протестираат против владата и претседателот на овој шпански регион Карлос Масон, откако само во оваа провинција во поплавите загинаа 215 лица. Организаторите на протестот повикаа на ненасилен протест и побараа од граѓаните демонстрациите да поминат во тишина, од почит кон жртвите, пренесува Паис. Според организаторите, целта на протестот е да се побара одговорност ...
„Доме сладок доме“ е најдомаќинскиот инстант лоз на Државна лотарија. Прилепчани ги играат лозовите на Државна лотарија. Нашето прашање беше токму за овој домаќински лоз. Речиси сите сакаат да му падне стан во Скопје, но велат нема да се иссела т од Прилеп. Една од соговорничките рече дека порано го играла, но сега редовно го игра лозот „Златна рипка“, а ако тој лоз му донесе среќа па на лозот „Доме сладок доме“ му падни стам, е тогаш ќе ја има ...
На прашањето дали тоа мнозинство во Советот на Општина Битола е опозиција, советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели: „Тоа мнозинство во моментот во Советот на Општина Битола е власт во Советот на Општина Битола, а опозиција е во делот на локалната самоуправа, бидејќи градоначалникот е од ВМРО ДПМНЕ и сите проекти кои што ќе се изгласаат тука во Советот, градоначалникот е должен да ги исполни, да ги реализира, како што се прави ...
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имаше девет пожари вкупно на отворен простор, од коишто еден се уште се води како активен, во Општина Крушево, а осум се целосно изгаснати, се вели во утринската информација. Пожарот започнал на 03.11.2024 година при што гори букова шума на м.в.,,Белушки ледини“ над с.Белушино (Општина Крушево), а на 08.11.2024 бил повторно се активирал. Горела букова шума и сува трева. Вчера ...
Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден, нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат, вели пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска. „Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%. Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските ...
Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките. „Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа ...
Утрово во 5:56 часот регистриран е земјотрес кај Ресен со јачина од 2,8 степени според рихтеровата скала. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од 12 километри. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 км југозападно од Скопје, во ...
Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението на јавното обвинителство. Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и ...
Утрово најстудено со -8 степени беше во Берово, -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, 2 Охрид, Виница, Попова Шапка, 5 Крушево. Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, тивко и студено. Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини има појава на слаба ...
Со светата Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“ православните верници во Битола започнаа со чествувањето на овој голем светител. За големината на неговиот култ во нашиот град зборува податокот дека на голем број семејства Св.Димитриј им е куќна слава и на уште поголем број наши сограѓани – именден. Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Архиепископот и митрополит Зворничко Тузлански г. ...
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес изврши увид на градежните активности на противпожарната зграда чија изградба влегува во финална фаза. „Територјалната противпожарна единица добива нов објект кои е во финална фаза на изградба, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2, со ова Битола добива нов објект кои градот го заслужува со оглед на тоа дека територијалната противпожарна единица ги опфаќа општините,Битола, ...
НОВА ПРОДАВНИЦА НА Comodita ВО БИТОЛА Денеска во „Блис мол“ се отвори најновиот продажен салон на „Комодита“ во Македонија. Големото отворање беше закажано за 13.00часот. Кога ги отворија вратите за сите свои потрошувачи, ТЕРА го регистрира моментот за историја на оваа реномирана балканска компанија. Отворањето на вториот продажен салон на Кoмодита хоум дојде со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. ...
На попладневото продолжение на седницата на Советот на Општина Битола се најдоа и измените на програмите во повеќе области. И тоа во делот на социјалната заштита, културата, спортот, економскиот развој, образованието, урбанистичките планови, таа за животна средина, потоа програмата за хумант третман и благосостојба на бездомните животни, за јавното осветлување, како и развојните планови на општината за 2024-2026 и 2025-2027 година. А како се ...
Кварталнот извештај како и во изминатите години има одлична реализација, вели советникот и координатот на ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски. Тој и ребалансот на буџетот, а и многу други точки денеска пред советниците. Вели свесни сме дека мнозинството нема да го поддржат дотолку повеќе што сега нема да имаат никакви импликации. Корлевски од СДСМ кажа дека на комисиските расправи претставници на општината кажале дека се повлекуваат средства оти немаат ...
Методија Куновски е новиот лидер на ОО на СДСМ Битола. Со решение на претседателот на партијата Венко Филипче деновиве е назначен за претседател, а доаѓа на местото на доскорешниот претседател Драган Крајовски. Денеска Куновски ја следеше седница на Советот, а во изјава за Тера кажа дека ќе работат на креирање на политики кои изворно се социјалдемократски. Пред да започне седницата имаше координативен состанок со советничката група на СДСМ и ...
Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 % минатата година ќе се сведе на 3,5 %, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и пред ...
Институтот за јавно здравје отвори Центар за откажување од пушењето, како дел од напорите да се намали високата употреба на никотински производи во земјата. На телефонската линија 078 285 873, која ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот, квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Со паролата: „Не пуши, откажи се“, Институтот ги повикува пушачите да преземат ...
Битола добива топлификациски систем кој е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW, рече тогашниот директор на Топлификација Горан Козаров, на настанот кој беше организиран по повод завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа низ градот. „Во приказните би рекле, поминавме преку седум планини и мориња, за да дојдеме до ...
Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Силното невреме што во четвртокот го погоди Кадакес, град во провинцијата Жирона во Каталонија, предизвика нова поплава, јавува МИА. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила. Дождот беше толку силен што создаде порој кој носеше се пред себе, а моќта на поројот најдобро се изразува со тоа што носеше ...
После Toyota и Volkswagen ,компанијата Nissan Motor Co. најави обемна реформа заради загубата во последното тримесечје. Генералниот директор Makoto Uchida , кој ја презеде функцијата во време на криза, најави нова стратегија која вклучува значително намалување на производниот капацитет и продажба на дел од сопственоста во Mitsubishi Motors, пишува Ројтерс. Uchida изјави: „Ние не можеме да го игнорираме фактот дека нашиот продажен план беше ...
Минималните температури утрово: -8 Берово, -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, -1 Куманово, Штип, Прилеп, 0 Крива Паланка, Маврови Анови, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор, 2 Охрид, Попова Шапка, 3 Виница, 4 Крушево. Времето во текот на ноќта и изутринава се задржа претежно ведро и тивко.Утрово е сончево со појава на слаба магла во дел од Скопската и Полошката котлина. Времето денеска ...
На маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски оствари, како што вели продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон. „Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“ вели ...
Денеска пред советниците е новиот ребаланс на буџетот за 2024 година. Прераспределбата на средствата, односно намалувањето или зголемувањето во одредени ставки е причина за овој ребаланс, а по промената на програмите во повеќе области. Деновиве на неколку комисии се зборуваше за измените на програмите и тоа во делот на социјалната заштита, културата, спортот, економскиот развој, образованието, урбанистичките планови, таа за животна средина, ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава. Во соопштението од министерството се вели дека до вчера до 15:00 часот, беа доделени над 80% од предвидените 6.182 ваучери. Од таму велат дека благодарение на внимателното планирање и целосната ...
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола е добитник на наградата „4ти Ноември“ за едногодишни достигнувања, како признание за значајните успеси во областа на науката и високото образование. За само 10 години постоење, ФИКТ стана факултет со најголем број на студенти во Битола. Ова признание е резултат на посветеноста на наставно-научниот кадар, којшто преку едукација и развој на високопрофесионален ИТ кадар значително ...
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денеска церемонијално го означи почетокот на изградба на нова комерцијална зграда во АРМ четврт 1. Се очекува зградата да биде готова во 2026 година, цената на становите и деловниот простор за триесетттина проценти пониско од сегашните и, ова е мал почеток на проектот на владата за изборно ветените проекти за поволно купување на имот од младите генерации. По 12 ...