
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



„Радио“ и „Неправилен ритам -Приказни од современата македонска музичка сцена “ се насловите на книгите што во рамките на програмата на „Охридско лето“ ги промовираше авторот, новинарот Љупчо Јолевски. Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, со своето учество на промоцијата во Предворјето на црквата „Света Софија“ ја споделија убавината на пишаниот збор, на македонската музика и на македонската култура воопшто. ...
Денеска надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против 57 годишно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик. Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина ...
Земјите-членки на ОН го одобрија првиот документ за борба против кибер-криминалот и покрај жестокото противење на бранителите на човековите права кои предупредија против глобалната алатка за надзор. По тригодишни преговори и конечно двонеделна сесија во Њујорк, „Конвенцијата на ОН против компјутерскиот криминал“ беше одобрена со консензус и треба да биде поднесена до Генералното собрание на светската организација за формално усвојување. Новата ...
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР е спасена повредена туристка од Чешка во „меѓупростор“ додека го гаснеа пожарот на Галичица/ Како што информираат од Центарот за управување со кризи во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, вчера е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската ...
Утрово 11 степени во Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Берово, 14 Попова Шапка, 15 Крива Паланка, Тетово, Битола, 16 Прилеп, Охрид, 17 Скопје-Петровец, Крушево, Претор, 18 Демир Капија, 19 Штип, Струмица, Велес, Виница, 20 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија. Во текот на ноќта времето беше ведро со мала локална облачност. Утрово во најголем дел од земјава е сончево, а во североисточните делови умерено до значително облачно. Дува слаб до ...
Центарот за управување со кризи информира дека вчера до 19.00 часот имаше вкупно 31 пожар на отворен простор, од коишто 15 активни, 5 под контрола и 11 изгаснати. Активните 15 пожари на отворен простор се во Општина Македонски Брод кај с.Тажево – с.Брезница – Јасен, Општина Демир Хисар и Охрид Илинска Планина, активен кај с.Брежани, Општина Охрид, под контрола на Општина Демир Хисар. Активни пожари имаше и во Студеничани, Кичево, Дебар, Охрид на ...
Македонија има најбрз интернет во регионот. Статистиката ја правел британски интернет портал. Кај нас веста предизвика чудење и воодушевување. Тоа што го прави човекот човек е способноста да се зачудува и воодушевува. И токму овие две се менуваат кога се има предвид информацијата дека ние сме во нешто најбрзи. Статистичкиот портал „Ландгеист“ деновиве објави дека Македонија има најбрз интернет во регионот. Со брзина на интернет конекциите од ...
Македонската теквондистка Милјана Рељиќ не успеа обезбеди пласман за полуфиналето на Олимписките игри во Париз, по попладневниот пораз денеска од либанката Летиција Аун од 0:2. Рељиќ загуби во првиот сет со 9-8, во вториот беше израмнето 6-6, но поради повеќе удари во глава, претставничката од Либан го доби и вториот сет, со што се пласираше во полуфиналето. Сепак, шансите за медал сè уште не се загубени, бидејќи доколку Аун победи во ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за ...
Педагошкиот факултет е една од првите универзитетски единици на УКЛО и еистовремено показател на историјата и одржувач на традицијата на учителствувањето во Битола и регионот.Од Академија, преку Факултет за Учители и Воспитувачи, денес Педагошкиот факултет нуди современи студиски програми , и перманетно стручно образование. Годинава на Педагошки има место за 230 бруцоши и на сите заинтересирани кандидати им се нудат бројни можности почнувајќи ...
Нема да има пролетен распуст, соопшти министерката за образование Весна Јаневска. Одлуката на претходниот министер за образование Јетон Шаќири се укинува од учебната 2024/2025 година. „Финалните анкети на родителите покажаа дека тие не сакаат, но и на повозрасните ученици, исто така, така што оваа година, пролетен распуст нема да има, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања. Таа посочи дека одлуката е донесена во интерес на децата и ...
Во амандманската расправа за ребалансот на буџетот пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ побараа 30 милиони денари за решавање на проблемот со водоснабдувањето во селото Бистрица. „Со обезбедување на овие финансиски средства треба да се реше еден нивни долгогодишен проблем. Во последниве години жителите на ова место се соочуваат со сериозни предизвици со водоснабдувањето, кое што е штетно и по нивното ...
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека неколку беспилотни летала, за кои постои сомневање дека се лансирани од Либан, го погодиле северниот дел на Голанската висорамнина, а во нападот нема повредени. ИДФ тврди дека истрелала проектили-пресретнувачи на цели кои влегле во израелскиот воздушен простор, но се верува дека не биле соборени дронови, пишува Тајмс оф Израел. Ракетни сирени се огласиле во неколку градови на северот на земјата, во близина ...
Утрово 9 степени во Берово, 11 Лазарополе, 13 Крива Паланка, Маврови Анови, 14 Тетово, Битола, Попова Шапка, 15 Скопје-Петровец, 16 Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, Велес, 17 Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар, 18 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 19 Гевгелија. Во текот на ноќта ведро, а утрово е сончево и претежно тивко. Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има ...
Пред 19 дена на територијата на Општина Македонски Брод избувна голем шумски пожар кој што продолжи да се движи во насока на селата Тажево и Брезница. „Иако имаше итен пчетен брз удар од страна на локаните пожарникари од Македонски Брод, иако истиот ден дејствуваме со хеликоптери врз него, знаејќи дека ако ни избега од контрола, потоа контролата ќе биде тешко да се воспостави, сепак пожарот излезе од контрола и продолжи да се движи кон селата ...
Полициски хеликоптер учествуваше во гасењето и на пожарот на Илинска планина. Хеликоптер от од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина. Регионалниот Центар за управување со кризи-Битола, вчера информираше дека на Илинска планина на подрачјето на Општина Демир Хисар пожарот е активен, каде што гори сува трева на потегот од селата ...
Во амандманската расправа за ребалансот на буџетот пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ побараа 30 милиони денари за решавање на проблемот со водоснабдувањето во селото Бистрица. „Со обезбедување на овие финансиски средства треба да се реше еден нивни долгогодишен проблем. Во последниве години жителите на ова место се соочуваат со сериозни предизвици со водоснабдувањето, кое што е штетно и по нивното ...
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Владо Јовановски е годинешниот лауреат на наградата за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, што годинава за првпат се доделува во рамките на третото издание на Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“. Претседателката на Советот на фестивалот „Преку езерото“ Мими Ѓоргоска Илиевска посочи дека наградата се доделува во чест на доајенот ...
Од 26 до 30 август ќе се реализира првиот уписен рок за факултетите од универзитетот Св. Климент Охридски во Биотола.Покрај Конкурсот за додипломски, УКЛО ги објави и можностите за студирање на пост-дипломски и докторски студии. Годинава на додипломски студии има место за нови 2404 студенти и тоа 1.309 во државна ковта, а останатите 679 се наменети за кофинансирање и 416 се вонредни студенти. „Биди инженер, студирај на ТФБ“ е една од ...
Минатиот месец, Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) ги именуваше новите културни и природни имоти впишани на нејзината листа на светско наследство. Сега има 1.223 места на светско наследство ширум светот. Додатоците од 2024 година вклучуваат антички римски пат во Италија и песочни дини во Бразил. Комитетот за светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации на ...
Со доделување на големите повелби на Леотар заврши годинешното издание на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, БиХ. Големата повелба на Леотар му беше доделена на македонскиот актер Тони Наумовски за неговата минималистичка и емотивно моќна интерпретација на сложениот лик на Владимир во филмот „Лена и Владимир“, филм во режија на Игор Алексов. Награден беше и кинематограферот Душан Кардалевски за визуелно и колоритно ...
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог Буџет на Република Македонија за 2024 година. Со овој ребаланс се предвидуваат пари за покачени пензии, повисоки плати во повеќе институции. Средства за реализација на капитални проекти во општините, како и вработувања на 300 нови специјализанти во здравството како дел од проектот за вработување на 600 нови специјализанти, прифатени амандмани во износ од 350 милиони денари. Со дополнувањето ...
Министерството за здравство информираше дека министерот Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во неколку јавни здравствени установи. Од овој регион за в.д. директор на Психијатриска болница Демир Хисар именуван е Жан Лозановски, за Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево именуван е Благоја Китановски, а за Општата ...
Во текот на вчерашниот ден до 19:00 часот, имаше вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 14 активни, 3 се под контрола и 14 се изгаснати. АКТИВНИ ПОЖАРИ: 1. МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен (2Х Унгарија) (50 АРМ, 43 Унгарија, 5 ТППЕ) (борова шума); 2. ДЕМИР ХИСАР – ОХРИД: Илинска Планина, с.Витово, Базерник, с.Мали Илино и с.Брежани (2Х, 1 МВР и 1 Србија) (5 ТППЕ, 10 НШ, 10 ЕЛС) (ниска вегетација, нискостеблеста шума и ...
Владата на вчерашната седница ја разгледуваше информација за состојбите со пожарите во државата, при што беше истакнато дека од 13 пожари, два се целосно изгаснати, четири се активни, а другите се под контрола. Најголем проблем предизвикува пожарот во близина на село Брезница, каде теренот е тежок и непристапен. Во оваа насока беше нагласено дека пожарот кај Косел е под контрола, кај Пласница е изгаснат, изгаснат е и пожарот во делчевско, додека ...
Од 31-ви јули до 4-ти август Охрид беше европски центар на светската забава благодарение на четиридневниот фестивал Ohrid Calling. Гости не само од Македонија, но и од странските држави го посетија Охрид токму само за овој фестивал, а за добрата забава уште долго ќе се раскажува. Организаторите „Авалон продукција“ задоволни од годинешното издание. Оваа година за добрата забава беа задолжени: Афроџек, „Вини вичи“, маскираниот германски диџеј и ...
Сеуште најголем број на лица заболени од голема кашлица или pertussis се во Скопје, а последната информација од Институтот за јавно здравје говори дека бројот е во пораст. Во главниот град на сила се правила за однесување, прегледување и терапевтски протоколи според прогласената епидемија. Неделните податоци за крајот на јули покажуваат дека од 26 јули до 1 август во државава се пријавени 25 нови случаи на голема кашлица – во Скопје 13, во ...
Со ребалансот на буџетот кој треба да се најде на пленарна седница, откако заврши комисиската расправа, предвидени се пари и за општините, она што неколку пати премиерот Мицкоски го нагласи, но и како претседател на партијата пред и за време на изборната кампања. Министерката за финансии која на Илинден беше во Трново, ја прашавме за тоа колку пари ќе добие Општина Битола. Пресметката е по глава на жител. „Секоја општина добива по 50 евра по ...
По повод светскиот ден за борба против хепатитис, организацијата Хепар Центар и Центарот за јавно здравје од Битола денеска реализираа брзи тестираања за хепатитиц Б, хепатитис Ц, ХИВ и еластографија за хронични црнодробни заболувања. Од 28 јули, како Ден за борба против хепатитис, во државата се реализира национална за беплсатен и анонимен скрининг за сите типови хепатитис и хронични црнодробни заболувања. Организацијата Хепар Центар во ...
Прекрасно музичко патување кое прозвучи синоќа пред платото на Офицерски дом во Битола, во организација на КИЦ Битола, со подршка на Општина Битола и БИТ ФЕСТ беа Премиерно претставени нови и необјавени музички материјали. Во соопштението од општината се вели дека обединети под музичките бои на Македонија, дел од нив и тесно поврзани со Битола, десетина познати и истакнати македонски музичари приредија незаборавно музичко доживување. Проектот ,, ...