Ова е крвотокот на градот, односно реката Драгор. Бујна вегетација од двете страни на речното корито. Кога ќе се чисти, прашавме денеска во битолска „Нискоградба“ која е задолжена за чистење на коритото. Директорот Зоран Талевски вели дека реката секое лето ја чистат, а тоа е така заради, како што вели нискиот водостој во речното корито и временските услови. За скоро се очекува механизацијата на „Нискогардба“ да слези во реката и да почне со ...

Дуото D’Reamers ја снимија “Поинаков свет”, која е нивна осма песна, а со неа се ближат до крајниот епилог за нивнот албум првенец, кој ќе биде составен од 10 песни. Снимена е во “GreenRoom Sound” студиото на Дамир Пух и Наташа Миха кои директно беа вклучени во самата продукција како и во вокално инстументалниот дел на самата песна. Текстот и мелодијата остануваат на Синиша Карафилоски, а вокалната изведба се препишува на Јордан Џејмс Ивановски. ...

Многу активности, промоции, презентации, претстави се дел од програмата посветена на Горан Стефановски што се реализира во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот. Во киното „Мис Стон“,беше изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играа учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, што се реализираше во текот на измината година. Предводени ...

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука денеска преку соопштение излезе со препораки. Во соопштението се вели основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се ...

Општината денеска соопшти дека започнуваат работните активности за корекција на недостатоците на асфалтот кои се појавија на кружниот тек кај „Ветеринарната станица“. Во соопштението се наведува дека како што најави и претходно градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, корекциите кои вклучуваат гребење на афалтот и преасфалтирање, ќе бидат извршени на трошок на изведувачот. Додека траат работните активности, сообраќајот на овој дел од ...

Планот за прекин на огнот во Газа претставен од американскиот претседател Џо Бајден не е во спротивност со воените цели на Израел, според израелски владин претставник, јави ДПА. „Израел нема да ја заврши војната пред да ги постигне сите свои воени цели: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа да не претставува закана за Израел во иднина“, рече денеска израелскиот претставник. ...

Планот за прекин на огнот во Газа претставен од американскиот претседател Џо Бајден не е во спротивност со воените цели на Израел, според израелски владин претставник, јави ДПА. „Израел нема да ја заврши војната пред да ги постигне сите свои воени цели: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа да не претставува закана за Израел во иднина“, рече денеска израелскиот претставник. ...

Како последица на топлото време и високите температури забележана е појава на змии во населени места. Змиите се честа појава, особено во летниот период од годината и може да бидат опасни по живот, но сепак се дел од природата и не е препорачливо да се убиваат. Од ЦУК сугестираат за превентивните мерки кои граѓаните можат да ги превземат при средба со змиите. Доколку се случи некој да е гризнат од ваквите влекачи пожелно е да се послужи со прва ...

Утрово 10 степени Лазарополе, 11 Берово, 13 Крива Паланка, Маврови Анови, 14 Охрид, Битола, Претор, Попова Шапка, 15 Тетово, Прилеп, 16 Скопје-Петровец, Куманово, Струмица, Демир Капија, 17 Крушево, Штип, Гевгелија, Велес, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 19 Кавадарци, Велес, 20 Дојран. Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност. Утрово повеќе облачност имаше во источните делови. Сончево и многу топло со мала ...

На последната седница на советот на Општина Битола расправа предизвика 16-тата точка, решение за разрешување на претседателот на управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ Битола. Причината за ова е неговото именување за в.д дирекрот на ЈП„Водовод“. Неспоивоста на функциите за Илиевски од СДСМ беше причина да се врати на едно друго време, кога нив им беше оспорена одлуката за разрешувања на членови во управни одбори и надзорни одбори, а што не ја ...

Водител, музичар, шоумен? Беше првото прашање за популарниот Жаре Бербер кој викендов приреди одлична забава во кафе барот „Рокси“ во Битола. Народот сака и ужива во забавите, така ни рече пред забавата, а атмоферата од потоа само го потврди тоа што го кажа тој. „Важно е како ќе ја пренесете песната, дали енергијата ќе стигне до публиката, тое е важно за добра забава. Нашата работа е пакет, не е само музика и други нешта се важни за ваквите ...

Со доделување на наградите за животно дело на актерите Мими Таневска-Србиновска и на Јордан Витанов, и со првата претстава во конкуренцијата, „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Годинава фестивалот се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ“. “Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал. ...

Од вкупно три што се прогласуваат за најдобри и наградени, студентите Ева Нешковска и Антонио Чоневски освоија две на натпреварот за ораторство во организација на Европското движење ЕММК, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел. Ги пронајдовме во студентското радио УКЛО ФМ, ја снимаа емисијата „Студентски парламент“. И двајцата се задоволни од својот успех, но и горди за факултетот и ...

На последната седница на Советот на Општина Битола на која беше квартaлниот извештај за реализацијата на буџетот во првиот квартал од оваа 2024 година, советничката од ВМРО ДПМНЕ, Марта Ѓоргиевска рече дека иако во овој период имавме изборен процес и некои работи беа ограничени, сепак процентот на реализација бил повисок за разлика од претходната година. Таа вели дека во Општина Битола континуирано се работи, па ги наброи сите активности кои се ...

Екипи на Центарот за јавно здравје од Битола од вчера започнаа со првата фаза од адултицидна теристичка дезинсекција против комарци, која ќе се изведува до 14 јуни. Средство со кое се прска е Аква К-Отрин, активна супстанца делтаметрин, информираат од Општина Битола. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до општина Битола. ...

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија проф. д-р Венко Филипче, вчера од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните. На вчерашните средби, проф. д-р Филипче, ја презентираше првата поголема ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Берлин, Сојузна Република Германија ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова ...

Македонската репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове (2-1). Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1-1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата ...

„Еден на Еден” од Могила го организира третиот меѓународен „Еден на Еден Куп“, на фудбалскиот стадион „Димко Сарванов Могилчето“, во периодот од 14 до 16 јуни. Спортската манифестација ќе биде вистински празник на фудбалот, со учество на 72 екипи и повеќе од 1.200 деца во различни возрасни категории. Со огромна амбиција и ентузијазам, учесниците од генерацијата од 2011 до 2016 година ќе се претстават на терените, на престижниот „Еден на Еден – ...

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки. Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Владата ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од тековните напори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа. Беа планирани и разговори со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Денеска Блинкен треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог. Блинкен претходно во Египет, каде што се сретна со претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси, рече дека само ...

Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од амандманите ...

Утрово во Битола беа измерени 16 степени, а најтопло беше во Претор со 19 степени. Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а само наместа имаше преодно мало до умерено наоблачување. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер од променлив правец. Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната ...

Со свечен концерт со лауреатите од минатогодишниот Пијанофест, се отвори годинешното 6.издание на меѓународниот натпревар “ПИЈАНОФЕСТ 2024”. Концертот се одржа во цвечената сала на КИЦ.Офицерскиот дом во Битола и на истиот музичката магија ја пренесоа: Јана Блажевска Соло Пеење ( Македонија) и Јурген Алиа Пијано ( Албанија). Пијанофест е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, а се реализираше под ...

Советникот од Левица, Горан Велевски одржа прес конференција во населбата “Недопирливи”, каде што рече дека пред само 14 месеци започна реконструкција на 10 улици каде што ќе се врши инсталација на водоводна, канализациона мрежа и нов коловоз од 2 км. „Кога ќе ги поделиме овие 14 месеци во денови, добиваме околу 400 работни денови или по 4 метри реконструкција во еден работен ден од двајца изведувачи и јавните претпријатија од општина Битола. ...

Викендов Општина Новаци организираше велосипедска тура од Новаци до рекреативниот парк на реката Коњарка. Учеснициците задоволни и со надеж дека ова ќе прерасне во традиција. Aктивност е поддржана од SWG (Постојана работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа), GIZ (Германска агенција за меѓународна соработка) и Општина Новаци, во рамките на програмата People to People (од луѓето за луѓето). Љубителите на надворешните ...

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко Свест продолжува со реализацијата на програмата за праведна транзизиција со цел вклучување на сите заинтересирани граѓани, институции, организации да бидат дел од овој долгорчен процес, кој што ќе значи транформација и понатамошен развој без јаглен, со користење на како што рече раководителот на програмата за енергија, иновативни и вистински решенија во енергетскиот праведен развој ...

Денеска во просториите на гимназијата „Јосип Броз Тито“ се одра завршниот настан од работата на ГИС секциите во Гимназијта и основното училиште „Тодор Ангелевски“. Настанот е завршниот дел на проект на регионалното географско друштво „Геосфера“ и претставува едукација на младите за користење на глобалниот информациски систем, а за заедницата нова лесно достапна база на податоци кои и ги нема на едно место. На настанот пристуствуваше и заменик ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,17%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ...

Дарио Ивановски е најдобар македонски атлетичар неколку години наназад, а својата добра форма ја потврди и на полумаратонот на Европското првенство кое се одржува во Италија. Ивановски истрча одлично во италијанската престолнина и постави нов национален рекорд на полумаратонската дистанца, откако делницата во Рим ја заврши за 1 час, 4 минути и една секунда. Ова е голем исчекор од страна на Дарио кој си ги урива сопствените рекорди од минтинг на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52