
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Во ликовната галерија од прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“, беше отворена изложбата на дела на уметникот од Србија, Среќко Здравковиќ. Делата се слики и цртежи и со оваа изложба Здравковиќ одбележува 50 години уметничко творештво. Уметникот беше годинешен учесник на меѓународната ликовна колонија Дрен 2024, што се одржа во Прилеп по 16-ти пат. Изложбата ја отвори Каролина Мицевска, лице за односи со јавност при Центарот нагласувајќи ...
Претпоследната вечер од музичкиот дел на „Охридско лето“измина во знакот на уметници од Србија, со концертот на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ, во придружба на пијанистката Наталија Мијаиловиќ во катедралната црква „Света Софија“. Публиката знае да награди кога ќе и биде приредено вонсериско уметничко доживување. Со овации и силни аплаузи во Охрид беше поздравен настапот на извонредните уметници од Србија. „Ми беше чест и ...
Под мотото „Македонистички гордорек“во Охрид беше свечено отворена 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на која учествуваат 65 македонисти од 17 земји. За музикиот дел на отварањето се погрижија уметниците проф.д-р Андријана Јаневска и проф. д-р Драган Даутовски. „Меѓународниот семинар при УКИМ е пред нови хоризонти развивајќи процеси на афирмација, на ...
Aкадемска извонредност, мултидисциплинарност, етичко однесување,инклузивност и одржливост и општествено влијание се петте принципи и вредности кои се практикуваат и за кои се учи на Fакултетот за туризам и угостителство во Oхрид. Основан во 1970 година, препознатлив по образованието во економија и бизнис, но и како основач на асоцијата за осигурување и ризик на Источна европа, факултетот за туризам и угостителстгво годинава на додопломски студии ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети Гимназијата „Јосип Броз – Тито”, каде ова лето се одвиваат интензивни работни активности, со цел подобрување на условите за учениците и вработените во училиштето, соопштија од Општина Битола. Работата во објектот започна по завршувањето на учебната година, со внатрешно реновирање на училиштето, а во текот на летото се работи на промена на сите врати, кои се стари повеќе од ...
Oд вечерва па во следните три дена жителите на Земјата ќе имаат можност да посведочат на природниот феномен сина супермесечина. Време кога Месечината е најблиску што може да Земјата. Деновиве , повеќе на јужната но и тука на северната хемисфера од планетата Земја човештвото сведочи на исклучително портокалова Месечина која го формира својот полн круг. Астрономите ја нарекуваат супермесечина. Според НАСА, супермесечината се случува кога полна ...
До 5 септември трае аплицирањето за остварување на правото за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот и начинот на аплицирање ги има на страната на Министерството за Образование и Наука ( МОН ). 140 денари дневно сеуште изнесува студентскиот оброк, што студентите за да може да го користат мора да исполнат одредени услови. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може ...
Одморот на советниците завршува и тие се враќаат на ангажманите во Советот на Општина Битола. Веќе е закажана следната седница за в понеделн на 26 август. Прва точка на дневниот ред е заклучок за констатирање на престанок на мандатот на советничката Ненси Лозанче од ВМРО ДПМНЕ, а на нејзино место доаѓа следната од листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Таа е од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Лозанче кога беше именувана за в.д. директорка на Клиничката ...
Денес во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Утре променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Во среда ќе има изолирана појава на пороен ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,50%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ...
Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, 15 Охрид, Куманово, Крушево, Дебар, 16 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, 17 Берово, 19 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија, Велес, Струмица. Во изминатите 24 часа до 08 часот најмногу дожд 38 л/м2 наврнаа во Демир Капија, 32 Куманово, 22 Гевгелија, 16 Лазарополе, 5 Маврови Анови, Дебар, Штип, 3 Прилеп, Крива ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека операцијата во руската област Курск има за цел „создавање тампон-зона“. Ова е првпат украинскиот претседател јасно да го посочи целта на нападите на руската територија, пренесува „Скај њуз“. Претходно, Зеленски изјави дека операцијата, започната на 6 август, има за цел да ги заштити заедниците во пограничниот регион Суми од постојано гранатирање. „Сега нашата примарна задача во одбранбените ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го определи најновиот дипломатски напор на Вашингтон за постигнување примирје во Газа како „можеби најдобрата, а можеби и последната можност“ за мир и ги повика сите страни да го доведат договорот до успешен крај. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го определи најновиот дипломатски напор на Вашингтон за постигнување примирје во Газа како „можеби најдобрата, а можеби и ...
Максимални 32 степена беа измерени денеска во Битола. Врнежи од дожд имаше во Лазарополе, Маврови Анови, Прилеп, Претор, Крушево и Охрид. Од пладне имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, кој подоцна се интензивираше и во повеќе места беше во форма на невреме со засилен ветер и локална појава на град. Поинтензивни процеси имаше во Куманово, Пробиштип, Кратово, како и во подрачјето помеѓу Штип и Свети Николе. ...
Почина академик Глигор Каневче, долгогодишен професор и поранешен декан на Техничкиот факултет Битола. Посмртните останки на академик Глигор Каневче ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид на 19 август 2024 година од 12:00 до 12:30 часот. Академик Глигор Каневче е роден 1946 г. во Охрид, каде завршил гиманазија. На Машинскиот факултет во Белград дипломирал во 1969 година. Докторирал на Технолошкиот факултет во Нови Сад во ...
По повод 32-от роденден на Армијата на пригоден начин во Центарот за обука на вода во Охрид, во присуство на воениот и државен врв, се одржа централната свеченост со која се одбележа 18ти август-Денот на Армијата. Во рамки на свеченоста, покрај обраќањата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски, се изврши и примопредавање на должноста началник на генералштабот помеѓу генерал-потполковник Васко ...
Институтот за вулканологија на Руската академија на науките предупреди дека на полуостровот Камчатка во рок од 24 часа можен е нов земјотрес со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала. Руските државни медиуми јавуваат дека вулканот Шивелуч еруптирал по земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди источниот брег на Русија. Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град ...
Француската филмска легенда Ален Делон почина на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Како што пренесе АФП, тој починал во својот дом во Души, околу 150 километри јужно од Париз. „Почина мирно во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството. Ален Фабиен, Анушка, Ентони и (неговото куче) Лубо се многу тажни што објавуваат дека нивниот татко починал“, соопшти семејството на Делон. Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на ...
Во Центарот за обука на вода во Охрид, денеска во присуство на највисокиот воен и државен врв e централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 32 години од нејзиното формирање. Одбележување на 18 август – Денот на македонската Армија почна во петокот со традиционален свечен собир на вработените во Генералштабот и Министерството на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот, а со воени церемонии празникот се одбележа и ...
Утрово 13 степени во Лазарополе, 15 Берово, 16 Маврови Анови, 17 Битола, Попова Шапка, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, 19 Крушево, Прилеп, Струмица, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци Гевгелија, Куманово, Велес, 23 Демир Капија. 5 л/м2 наврна дожд во Лазарополе, 3 во Битола, 1 во Штип. Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен претежно јужен ветер. ...
Русија го подложи украинскиот главен град Киев на трет напад со балистички ракети овој месец, според прелиминарните податоци дека сите проектили биле уништени кога се приближиле до градот, соопшти воената администрација на украинската престолнина, цитирана украинските медиуми. -Ова е веќе трет балистички напад врз главниот град во август, со интервал од точно шест дена помеѓу секој напад, изјави на Телеграм, Серхи Попко, шеф на воената ...
Тортичката со бисквити натопени во кафе и вкусен крем околу можеби не потекнува од слаткарница, ниту кујна, туку од бордел. „Се обложувам дека барем еднаш во животот сте ја пробале слатката креација на Роберто Лингваноти. Зборувам за тирамису, ја започнува Мартина Монти својата истражувачка сторија за „Европски коресподент“. Лингваноти бил познат како „таткото на тирамису“ откако го развил стандардниот рецепт додека работел како готвач за ...
Вечерва има нестабилна облачност со грмежи и врнежи од дожд во делови од Пелагониската Котлина. Инаку денеска во Битола беа измерени максимални 37 степени. Времето до крајот на денот променливо облачно со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен ...
Рибите имаат голема улога во кинеската митологија, а насловната фотографија е од брегот на реката Кјантанг во Хангжу. Во трка со силите на водата луѓето собираат риби кои доаѓаат од најголемите длабочини. Но, прилогот е за плима и осека. Најчесто среќавана дефиниција за природниот гравитациски генериран феномен е дека Плимата и Осеката претставуваат подигнување и спуштање на нивоата на окените на Земјата поради дејствата на гравитациските сили ...
Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година. Предвидени беа три дена за рaсправа, но тоа не се случи. Уште првиот ден помина со 67 гласа „за“, „против“ беа 7 и немаше воздржани. Тоа помина и овој нов состав од пред некој месец, сега е на одмор. А зошто овој ребаланс беше важен, особено за пензионерите. Одговорот едноставен, да го реализира власта она што го вети, 5000 денари повисоки пензии од септември, односно по ново 2500 сега, ...
Во турскиот Парламент вчера изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако го спомна својот колега, Кан Аталај, кој е затворен поради обвиненија за финансирање на антивладини протести и кој подоцна беше избран за пратеник,и повика тој да биде примeн во парламентот. На видео снимката се гледаат пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) како трчаат да го нападнат пратеникот Ахмет Шик додека зборуваше, додека ...
Собранието на Македонија го донесе Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со кој се уредува финансирањето на единиците на локалната самоуправа. Со дополнувањето на законот се отвора патот за реализација на капиталните проекти финансирани од Владата, рече на совраниската седница, заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски. „Дополнителни изворите на финансирање на единиците на локалната самоуправа се средства ...
Утрово 13 степени во Берово, 15 Лазарополе, 16 Крива Паланка, Маврови Анови, 17 Битола, 18 Тетово, Охрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 19 Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Гевгелија, Куманово, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци. Врнежи од дожд имаше само во Берово и Крушево. Ведро во текот на ноќта, утрово е сончево со слаб променлив ветер. Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и ...
Економскиот факултет при универзитетот „Св.Климент Охридски“ е една од најстарите универзитетски единици. Повеќегодишната афирмација како високообразовна институција ја темели врз актуелните економски концепции застапени во наставните планови и програми, врз континуираната научноистражувачка и издавачка дејност и врз аплицираните научни проекти. исто така, факултетот остварува контакти и развива соработка со низа факултети и универзитети во и ...
По повеќе од десет години Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за дополнување на позитивната листа. На листата се најдоа антикоагуланси, лекови за болести на срце и крвни садови, против холестерол и лекови за третирање на деменција. Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно, по форма и јачина фактички позитивната ...