Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Јужна Кореја продолжи да се справува со силен снег денес, втор ден по ред, при што беа откажани десетици летови, суспендирани беа фериботските линии, а најмалку пет лица загинаа поради студот каде што падна обилниот снег. Иако условите почнаа да се подобруваат, снегот ја предизвика сериозната ситуација, јавува Ројтерс. Според агенцијата „Јонхап“, снегот што падна во Сеул беше третиот најтежок од кога започнале записите во 1907 година, ...
Минимални температури измерени утрово: -3 степени во Берово, -1 Тетово, Битола, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Велес, Струмица, 1 Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Охрид, Претор и 4 степени во Гевгелија, Крушево и Виница. Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност. Утрово е променливо облачно со сончеви периоди. Во Скопската Котлина има ...
Новиот избран претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО ја очекува седницата на советот за да започне реализацијата на неговата програма, но приритет му е добрата информираност на студентите за сите активности што се досега реализирани и ќе се реализираат. Животот на студентите од аспект на нивно организирање и заштитување на правата, борба за реализација на нивните интереси е работа на Универзитетското студентско собрание ...
Корисниците на времените гаражи на просторот меѓу Клиничка Болница и Болницата „Плодност“ и времените гаражи на просторот над улицата „Васко Карангелевски“ , зад зградите Ремо деновиве интензивно работат на расчистување на гаражите. Општина Битола со Одлука на Советот од 2022 година ги расчистува ваквите терени и ги подготвува за други архитектонски содржини. Таков е примерот со просторот на ул. „Коца Василева“, просторот зад зградите на ул. ...
Вечерва почнува Фестивалот на музика од светот, а за ова разговаравме со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски. Првиот настан од овој фестивал е „Волкот на љубовта“, поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски. Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски… Во вториот ...
„Ветување“ е дванаесеттата изложба на Маја Ралева Миладиновски, поставена во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изложбата се работи од 2016 година, со мали надополнувања во 2022 година. Таа вклучува 20 малформатни слики (10 x 10 см) и 15 дела на картон, распоредени на пет препарирани платна кои заедно формираат една голема композициска целина. Насловот „Ветување“ авторката го избрала како почит кон Јован Ристов ...
Drum Day, во Битола беше уникатен настан и Мастер клас, одржан на 23.11, кој ги обедини сите љубители на тапаните и ударните инструменти. Настанот имаше за цел да ја врати фокусираноста на традиционалната музика и ритмови кои често се занемаруваат во ерата на електронската музика. Во рамки на настанот, се одржа работилница која ги едуцираше учесниците за основите на народните ритами и техниките на изведба во живата музика. Една од клучните теми ...
Маноло Гименез, препознатливиот глас на легендарниот бенд Gipsy Kings, ќе одржи незаборавен концерт, на 30 ноември, во Центарот за култура. Настанот ќе биде исполнет со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други безвременски класици. По заминувањето од бендот, во декември, 2010 година, Маноло го формира својот проект ,,MANOLO Voice of Gipsy Kings”, со кој продолжува да ја негува и промовира музиката која го направи популарен, ...
„Нема да ги коментирам кадровските решенија, но СДСМ е далеку од реформа“, вели во интервју за Актуел на Тера пратеникот и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски. И од собраниската говорница имаше кажано дека претходните били лидери во ветено-нереализирано, почнато незавршено. „Ќе го повторам тоа што го кажав. Ние моментално во опозиција имаме шампиони во енергетика, шампиони во почнато незавршено. И тоа граѓаните го знаат и тоа се ...
Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. „Со една многу добро, внимателно подготвена анализа ќе излеземе за новогодишната кошничка за брзо време. Се надевам дека ќе имаме ...
Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, ...
Денес, во Офицерски дом Битола на иницијатива на Центарот за образовни и развојни иницијативи „ ИНОВА ЛАБ “ Битола во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола организираа тркалезна маса на тема „Улогата на заедницата во спречување и поддршка на жени жртви на семејно насилство – можности за вмрежување и локална акција“ на која свое учество имаше и Градоначалникот Тони Коњановски, информираат од Општината. На ...
Големиот Базар во Истанбул е едно од најпосетуваните места во најжестоката метропола на светот. Со повеќе од 4,000 продавници, тој е синоним за комерцијалниот живот во Турција. Големиот Базар, кој има повеќевековна историја, е една од најголемите туристички атракции на светот и е еден од најстариот шопинг центар во историјата. Сепак, има нов начин да се искуси оваа знаменитост – ексклузивни тури по покривот на базарот. Покривот, кој беше некогаш ...
Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска, јавува МИА. Засега нема извештаи за наводно прекршување на примирјето. Израел рече дека ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот. Прекинот на огнот бара првична двомесечна пауза во борбите и бара Хезболах да го прекине своето вооружено присуство во јужен Либан и израелските трупи да се вратат на нивната страна од границата. Илјадници дополнителни либански војници ...
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 27.11.2024 година во 12 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 132 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда 3.0 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според ...
Загрижувачко е нивото на неамбициозност и незаинтересираност на жените да учествуваат во политички живот на државата, истакна Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, која го изработи истражувањето на ОБСЕ „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Ова, како што кажа таа, пред се го препишуваме на стегите кои се присутни во нашето општество и ги обесхрабруваат жените да го преземат тој кариерен пат во нивниот ...
Во одделни котлини утре претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 литри на метар квадратен). На планините ...
Декада по големиот пад на глобалната нуклеарна индустрија, сега се чини дека оваа технологија повторно добива на популарност. Пред 10 години, нуклеарната енергија изгледаше како да е на пат да исчезне. Грижите за безбедноста, високите трошоци и решавањето на проблемот со радиоактивниот отпад доведоа до забавување на растот на индустријата која некогаш беше сметана за револуционерен извор на евтина и обилна енергија, пишува BBC. Но, во последните ...
Денес се навршуваат 6 години од смртта на Горан Стефановски, еден од најголемите писатели и драматурзи во историјата на македонската литература. Роден на 27 април 1952 година во Битола, неговото име и дело се тесно поврзани со еволуцијата на театарот и литературата не само во Македонија, туку и во цела Европа. Неговиот живот беше посветен на создавање на дела кои се инспирација и предизвик за многу генерации читатели и уметници. Стефановски ја ...
Минимални измерени температури утрово: -4 степени во Берово, -3 Битола, -2 Струмица, Демир Капија, Тетово, -1 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, 1 Скопје-Зајчев Рид, 2 Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Маврови Анови, Охрид, Претор, Попова Шапка, 3 Виница и 4 степени во Крушево. Во текот на ноќта времето беше ведро, а во утринските часови во североисточниот дел од земјата и вдолж Повардарието има ниска облачност и ...
На 29 ноември, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура ќе се одржи втората вечер од „Фестивалот на музиката од светот“, посветена на богатството на балканската музика. Настанот ќе го предводи Камерниот оркестар на Битола, со специјални гости кои ветуваат незаборавна вечер. На сцената ќе настапат кларинетистот Благојче Трајковски, познат како еден од најдобрите во регионот, вокалистката Сузана Спасовска, која со својата интерпретација е ...
Се работи на изградбата на топлификационата мрежа кај поранешната стоковна куќа „Јавор“. Тука заради тоа паркингот на „Паркинзи“ е затворен, а обезбеден е премин за граѓаните заради фреквентноста на локацијата, за одење и заминување од градскиот пазар. Со полиција се регулира сообраќајот за да нема големи застои. Како што претходно информиравме, а ни објасни директорот на ЕСМ топлификација, Александар Мирчевски не се размисува за поставување на ...
Уште една вонредна седница на Советот на Општина Битола. По интонирањето на македонската химна се гласаше за оправданоста на барањето за вонреда седница. Вонредноста беше за дополнување на планот за работа на меѓуопштинскиот превоз на претпријатие „Пелалинк“ за оваа година. Се работи за автобуската линија број 12 од Шехерезада до Кременица и обратно, за превоз на ученици. Едногласно го усвоија дневниот ред. Советникот од СДСМ, Борче Корлевски ...
Акциите на американските и европските производители на автомобили паднаа драматично во вторникот, по објавата на избраниот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе значителни царини на стоки од Канада, Мексико и Кина, што предизвика загриженост за потенцијална глобална трговска војна. Автомобилскиот сектор беше најлошо перформирачки во Европа, со пад од 1,4% во споредба со падот од 0,3% на поширокиот индекс STOXX 600. Трамп објави на својата ...
Денеска светот го одбележува светскиот ден на одржлив транспорт. Во ерата на дискусии и глобална активност за зелена енергија, транспортот на стока и луѓе треба се повеќе да се ориентира кон обновливи извори. „Препознавајќи ја важната улога на безбедните, достапни, достапни и одржливи транспортни системи за сите во поддршката на одржливиот економски раст, подобрувањето на социјалната благосостојба на луѓето и зајакнувањето на меѓународната ...
Денес започна асфалтирањето на првиот дел од велосипедските патеки на улица “Партизанска”, кое ќе продолжи и во следните денови. Со реализацијата на овој проект Битола ќе добие велосипедски патеки во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата се изведува на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците. Реконструкцијата на постоечките тротоари на дел од ...
Кина има 3.7 милиони квадратни милји земја која чека да биде истражена. Но, се повеќе и повеќе млади кинески патници избираат да ја видат својата земја од небото, пишува CNN. Најновата од овие структури кои не се за слабокрвни е наречена Тианти (“Небесна скала”). Таа е долга 168 метри и се протега помеѓу два стрмни врвови на висина од 1.500 метри, според кинеските државни медиуми. Оваа атракција се наоѓа на планината Циѕинг во природниот парк ...
Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќата Рустемовски, Ружди, Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали. Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски. Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од ...
Денес, во салата на Советот на општина Битола , се одржа презентација на извештајот „Зелен катастар -Дел три“. Зелен катастар претставува современ систем за регистрирање, управување и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора во градовите.Тој претставува еден од најзначајните информации за урбаната средина, а тоа е создавање на т.н. лична карта на секое дрвенесто растение. Зелен катастар е стратешки документ, а Зелен катастар дел 3 ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија билатерална средба со Либурн Алиу, министерот за транспорт на Косово, информираат од Министерството за транспорт. Средбата се одржа во рамки на заедничката седница меѓу владите на Македонија и Косово. Во фокусот на средбата беше квалитетно поврзување меѓу двете земји со посебен ...