Мили дечиња, Мечо по повод новата школска година одлучи да ви подари бесплатни возења на сите кои ќе сакате да ги искористите. Бесплатни денови за возење со вашиот Мечо ќе бидат 11.09. и 25.09. Вака денеска објавуваат од ЈППЈЛП „Паркинзи“, по големиот интерес на првиот училишен ден кој во Битола започна со многу подароци од комуналните јавни претпријатија. Најголема турканица сепак беше околу „Мечо“-малото вовче коешто засега е единствена ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, денес извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та” – профил 1 од првата фаза. Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 1.397.934 денари, а проектот е прилагоден според состојбите на теренот за непречена реализација. При посетата беше извршен и увид на улицата „Даме Груев”, каде наскоро ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, денес извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та” – профил 1 од првата фаза. Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 1.397.934 денари, а проектот е прилагоден според состојбите на теренот за непречена реализација. При посетата беше извршен и увид на улицата „Даме Груев”, каде наскоро ...

Денеска од страна на полициаки слижбеници од СВР Битола одржан е работен состанок со претставници на ФФМ, Општина Битола, менаџер на градскиот стадион „Петар Милошевски“ како и претставници од Агенција за обезбедување на лица и имот и Територијалната противпожарна единица на Битола, а во врска со одигрување на претстојниот фудбалски натпревар, помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Италија во рамки на У-21, кој ќе се одигра на ден ...

Попладневно јавното претпријатие „Водовод“ Битола ја информира јавноста дека моментално се соочуваме со недостиг на вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување. „Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона. Апелираме до станарите од висококатниците да ...

Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7 септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук, кои едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни што овој култен музички состав ги создаде во ...

В четврток пред советниците во Советот на Општина Битола ќе се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Претходно беше на седница на Комисијата за финансии и буџет каде претставничката од одделението за буџетска координација, напомена дека се однесува за пред изгласување и вчитување на ребалансот, односно до 30 јуни. Над 41 процент била реализацијата. Потоа следуваше објаснување на ...

Во НУ „Народен Театар“ Битола, започнаа подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, “Пламенка” која ќе се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска. Претставата е во драматизација на драматургот на Битолскиот театар, Билјана Крајчевска. Во претставата играат актерите и актерките: Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Викторија Степановска, Марија ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Како што што во соопштението, министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. ...

Во трката за советничко место за идниот состав на Советот на Општина Битола до синоќа до полноќ кога заврши рокот за собирање потписи, во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола вкупно се собирале потписи за три независни советнички листи. Како што соопшти Државната изборна комисија потписи за независна советничка листа собирале Зоран Лазаровски-Паљо со пет потписи, потоа листата на Миле Трајковски исто така со 5 потписи и ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и партијата од која што е ВМРО ДПМНЕ и која му довери уште една кандидатура за уште еден мандат за градоначалник на Битола, започнаа да организираат средби со жителите од урбаните заедници. Вчера беа на средби во урбаните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Коле Канински“, „Борис Бастеро“ и „Александар Турунџев“. „Преку кампањата „Предложи идеја“, жителите имаат можност директно да ги изнесат своите предлози ...

Авганистан побараа меѓународна помош откако во силен земјотрес загинаа стотици луѓе и срамни со земја цели села. Најмалку 900 луѓе загинаа, а 3.000 беа повредени откако земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ги погоди градовите и селата во близина на границата со Пакистан во неделата, предизвикувајќи силни потреси во Кабул. Силните дождови, лизгањата на земјиштето и оштетените патишта им го отежнаа пристапот на екипите за ...

Од Општина Новаци информираат дека во Новаци продолжуваат со уредување и подобрување на уличната инфраструктура. Како што стои во информацијата, направена е темелна реконструкција на уште една улица, со што, како што вели градоначалникот Стевановски им обезбедуваат на жителите поквалитетни услови за живеење, поголема безбедност и убава слика на нивното населено место. „Секој ваков проект е дел од нашата заложба за современо и функционално урбано ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг, во пресрет на големата воена парада во кинескиот главен град, пренесе Би-Би-Си. Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот претседател Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на кинеските предлози, изјави рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Шангајската организација за ...

Општина Новаци организирано ги пречека новите првачиња, и посака среќна училишна година на сите ученици. Посакуваме успешен почеток на сите ученици, наставници и родители во нашата општина. Почетокот на учебната година секогаш носи нови предизвици, нови надежи и нови можности за учење и развој. Градоначалникот Стевче Стевановски ги посети сите класови во основното училиште „Славко Лумбарковски“. „Особено топло добредојде им упатуваме на ...

Денеска екипите на „Комуналец“ продолжија со санирање на штетите од невремето што ја зафати Битола во текот на викендот кое покрај другото оштети повеќе од 50 дрвја на територијата на општина Битола. Санацијата на штетите продолжува и во наредните денови – информираат денеска од ова јавно комунално претпријатие. Во саботата попладне силен ветер уриваше дрвја, имаше и дожд кој заедно со силните удари од ветер направија повеќе штети. Урнати ...

„Македонија слободна“ е последната мисла и искажани зборови на македонскиот револиционер, борец за слободна, автономна, независна Македонија, Александар Турунџев на 30 август 1905 година, точно 120 години пред поставуавњето на неговиот споменик. Така говори усната историја од граѓаните сведоци и учесници во отпорот што Турунџев го организираше низ битолско и леринско со востаници кои ги обучувал и организирал непосредно пред одлуката на ...

Започна училишната година. Најрадосни првачињата, нивните родители, баби и дедовци и пријатели. Тера ТВ денеска беше во ЦООУ „Коле Канински“ . Драмски момент и значајна порака – распустот заврши, треба да се оди на училиште без да се задоцни. Првачињата во ОУ „Коле Канински“ денеска ја научија првата лекција од животот – на училиште мора да се биде навреме. Традиционално општинското училиште „Коле Канински“ на своите нови ученици им подготвува ...

На полноќ на 1 септември завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори, закажани за 19 октомври годинава. Заклучно со 31 август најголем интерес во Демир Хисар, а помал во Битола. Од Државната изборна комисија ја добивме информација на нашето прашање за тоа колку независни листи за градоначалници и за советите во општините од овој регион се поднесени, а прашавме за општините Битола, Демир Хисар, Ресен, Прилеп, ...

Многу позитивна енергија како што само ги нудат новите почетоци, а овојпат првпат во градот сите основни училишта со своите првоодделенци го одбележаа почетокот на учевната година. Сите подготвија свој настап и сите настапија, им се придружија и учесници на фестивалот Си-До, кловнот Заги , а низ целата манифестација насловена „Училишна приказна“ ги водеше актерот Николче Пројчевски. Првата честитка пристигна од градоначалниокот, Тони Коњановски. ...

Проблем со електричната енергија и во потпелистерските села, а од ЕВН велат дека силното невреме што во саботата го зафати битолскиот регион предизвика голем број штети на дистрибутивната мрежа, а отежнат е и пристапот до клучните локации поради паднати дрва. „Екипите на Електродистрибуција се уште непрекинато работат на остранување на дефекти на нисконапонска мрежа, а истовремено и на санација на среднонапонски вод. Во овие села снабдувањето е ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,36%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ...

Стотици луѓе загинаа во Авганистан во земјотрес со сила од 6,0 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот дел од земјата на 31 август. Според Геолошкиот завод на САД, Џалалабад беше епицентарот на земјотресот, пишува Радио Слободна Европа. „Според нашите најнови информации за синоќешниот земјотрес во провинциите Кунар и Нангархар загинаа 610 лица, 1.300 беа повредени, а голем број куќи беа уништени“. Во провинцијата Нангархар, 12 ...

Со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, синоќа беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под Ат Пазар во Битола. Како што соопштија од Општина Битола, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски заедно со потомци од семејството Турунџиеви, пред бројните битолчани, гости го открија споменикот на војводата на што претходеше ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во интервју за Радио Слободна Европа најавува законски измени за пониски банкарски провизии од 2026 година. Во однос на банките, и самите рековте дека имаат значителна ликвидност, а податоците покажуваат и раст на профит. Тоа е делумно и преку наплата провизии. Вие неодамна повикавте на правичен однос кон граѓаните, некои банки и ги намалија провизиите, но дали е тоа доволно? „Мислам дека пораката е ...

Општина Битола ја информира јавноста дека во врска со спомен – плочата посветена на Александар Турунџев се појавија јавни реакции поради визуелниот изглед на користениот фонт. Забелешките беа насочени кон тоа дека буквите изгледаат како да се напишани со туѓа ортографија. Сепак, стручната лингвистичка анализа покажува дека не станува збор за туѓа ортографија, туку за типографско решение во декоративен стил, каде одредени форми повеќе наликуваат ...

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти, пишува агенцијата МИА. Околу 20.000 производи ќе имаат нова пониска цена. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле приходи од над 4,5 милијарди динари или околу ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 18 л/м2 наврнаа во Охрид, Лазарополе, 16 Маврови Анови, 14 Попова Шапка, 10 Пожаране, 8 Куманово, Претор, 7 Крива Паланка, Крушево, 5 Скопје-Петровец, Пожар, 4 Прилеп, Виница, 3 Битола, Штип, Велес, Тополчани, Демир Капија, 2 Тетово, Берово, 1 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен западен ветер. ...

Добро организираниот еколошки јавен транспорт за многу современи градови е една од алатаките за справување со зголемениот степен аерозагаденост во зимските месеци. Тоа што некаде можеби е борба за позитивна оценка од Европската Унија, за граѓаните претставува позитивна и корисна политика. Државниот завод за статистика неелава објави дека е намален бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз кога се споредува со лани, но зголемен е ...

Министерот Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите. Тој истакна дека пред да биде предложен законот во Собранието, биле потрошени повеќе од шест до седум месеци на консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на противничките групи во Парламентот. „Мене ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
70%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.96
71%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
83%
1012
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
1.54
80%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1021
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
85%
1019
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
6.69
72%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1021
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829