И ова е слика од Битола. Глетка која секако не приличи на конзулски град, но која е реалност. Откако вчера слична слика снимивме во населбите Карпош и Кланица, по емитувањето на прилогот на ТВ Тера веднаш реагираа граѓани. Алармираа за еколошката состојба во населбата Довлеџик. По ова нашата екипа веднаш излезе на терен и еве што затекнавме: Сметот повторно надвор од контејнерите. Иако контејнерите ни оддалеку не беа преполни, повеќе ѓубре има ...

Две ќерки имам и двете ми заминаа во сранство. Вака една битолчанка ја раскажува својата семејна приказна која денес е веќе секојдневние за многу битолски семејства. Сите или имаат некој од семејството кој им заминал во странство или познаваат некој таков во своето опкружување. „Двете ќерки си заминаа од тука. Едната е замината во Сиднеј 9 години, таму магистрира и сега работи. Другата сега ќе заминува за Нов Зеланд. Овде нема просперитет.“-вели ...

Проектите кои се реализираат во општина Могила се помногубројни, а изборниот процес не ги запира ниту за момент. Градоначалникот Драганчо Саботковски и покрај изборниот процес, врши увид во работите. „Се наоѓаме на излезот од Српци на крајот од трасата Српци-Беранци. Моментално се работи главниот пат во село Српци, она што го имаа потреба жителите. Приоритетот беше да се доасфалтира остатокот кадешто сите транзитираат сите возила, сите жители. ...

Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во сабота во општините каде што ќе има втор круг за градоначалници вообичаено први ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа тековните каматни стапки, бидејќи инфлацијата во еврозоната се врати на околу проектираните два процента, а економијата изгледа отпорна, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Таа додаде дека се намалени дел од ризиците од економски пад во еврозоната со трговскиот договор помеѓу Европската Унија и САД, прекинот на огнот во Појасот Газа и трговското примирје меѓу САД и Кина. Каматната ...

Утрово 0 степени во Берово, 2 Струмица, 3 Битола, Тетово, 4 Скопје–Петровец, Куманово, Лазарополе, Демир Капија, Крива Паланка, 5 Прилеп, Велес, Гевгелија, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Скопје–Зајчев Рид, Претор, 7 Охрид, Крушево, Виница. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во ...

Излезноста во Битола за овие локални избори беше 45,76 проценти. Овој податок се наоѓа на интернет страницата на Државната изборна комисија, а се однесува за 168 од вкупно 170 избирачки места со последниот пресек кој таму стои од 18:30 часот. 53,59 проценти беше излезност на првиот круг на локалните избори во 2021 година, а на вториот круг беше уште повисока 57, 95 проценти. На овие локални избори во Битола втор круг нема, Тони Коњановски од ...

По пријава на граѓани за расфрлани отпадоци и несоодветно одлагање на смет во населбите Карпош и Кланица денеска нашата екипа излезе на терен во овој дел од градот. Граѓаните се жалат дека секое помалку или повеќе затскриено место се користи за фрлање на отпад од страна на несовесните граѓани. Токму таква слика затекнавме на терен. Стари душеци, пластични шишиња, искршени стакла и картони се фрлаат дури и под скалишните простори низ населбата. ...

Ноќта на вештерките денеска е широко раширена традиција низ целиот свет, која почнувајќи од западните земји полека но сигурно во последните години се одомаќини и на балканските простори, вклучувајќи ја и Македонија. Оваа традиција потекнува од западната христијанска традиција, а во модерното време се слави преку костимирани забави, кои се организираат и кај нас, и разни други активности најчесто мотивирани од познати хорор ликови и филмови. ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,59%. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна ...

Македонската филхармонија одржа концерт во Златната сала на прочуениот „Музикферајн“ во Виена, еден од најпознатите и најценети концертни простори во светот. Салата беше исполнета до последното место, а публиката ги награди музичарите со стоечки аплауз и ги врати на бис. Концертот, на кој покрај многубројните гости присуствуваше и државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова, претставува значаен културен момент и ...

Едно од изборните ветувања на Драганчо Саботковски кандидатот за градоначалник на Могила од ВМРО-ДПМНЕ кој и досега беше градоначалник на оваа општина е посветената работа за останување на младите родени во било кое од населените места во општината во своите родни места, во својата држава. Еден од сегментите кој досега бил занемарен, едно време и блокиран е изградбата на установа за предучилишно згрижување на деца. Жителите во изминатиот, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави моментален почеток на нови тестови за нуклеарно оружје, наведувајќи ги програмите за тестирање во други земји во објава на неговата платформа „Truth Social“. „Поради тестирањето на програмите во други земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа“, напиша Трамп денеска. „Тој процес ќе започне веднаш“. Тој не прецизираше кое ...

Утрово најстудено со -2 степени беше во Берово, -1 Струмица, 0 Битола, Тетово, Демир Капија, 1 Скопје–Петровец, Крива Паланка, 2 Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес, Гевгелија, 3 Штип, Кавадарци, Скопје–Зајчев Рид, Претор, 4 Маврови Анови, Попова Шапка, Охрид, 5 Виница, 6 Крушево. Денеска наутро по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од ...

Битола беше домаќин на одбележувањето на три децениското постоење на Заедницата на Срби. Јубилејот го одбележаа Србите кои живеат во Битола, но и нивни гости од земјата и од странство. Ова беше момент да се потсетат на почетоците, па до каде стигнале. Историските датуми кои се од големо значење за српската заедница во Македонија редовно се одбележуваат со што се чуваат културата и традицијата. Велат дека јубилејот е повод да се потсетат и на ...

Какви перспективи има текстилната индустрија, особено кога ќе се земе во предвид со какви предизвици се соочува овој сектор. Ова е едно од клучните прашања на кои се фокусирани текстилните работници. Сепак, велат дека време е да се надминат предрасудите дека текстилот е најниската гранка. Напротив, велат дека и покрај конкуренцијата со која се соочуваат на светско ниво од една страна и ниските цени од друга страна, македонскиот текстил се ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна – да обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што се преземаат ...

Oпштина Mогила е општина со 22 населени места, жители кои се занимаваат со земјоделие и млади генерации кои се трудат да останат овде. Инфрастурктурните проекти коишто се реализираа во текот на претходните 4 години и проектите што се во тек, за градоначалникот Драганчо Саботковски се важен дел од обидот на сите да се задржат младите семејства овде, во родната земја. На улицата Гоце Делчев, блиску до спорткиот комплекс „Димче Могилчето“ во ...

Битолска „Галина“ се закити со признанието Бизнис Лидер. Се работи за битолска компанија која се занимава со лон произвидство на текстилни производи. Сопственичката Роза Василевска деновиве го прими признанието за бонитетна успешност. „Наградата е од Бизнис лидер, проект чиј главен фокус е да им оддаде признание и да ги мотивира, но и да ги поврзе бизнис лидерите, претприемачите и инвеститорите. Критериумите се строги со цел да се препознаат ...

Големо дрво откорнато од корен и паднато на една од патеките во градскиот парк во Битола сведочи за тоа што се случувало за време на синоќешното невреме во градот. Под налет на силниот ветер со кој ноќеска беше зафатена Битола ова дрво не успеало да издржи по што е откорнато вуквално од корен. При падот со својата голема тежина дрвото ја приснало и блиската канта за отпадоци која денеска можеше да се види дека е смачкана. За среќа се се ...

На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...

На автопатот Скопје – Велес, по патарина Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се. АМСМ информира дека во меѓу време на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На терен е испратена служба од ПС за БПС Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...

Дали сте подготвени за уште една епизода што ќе ве натера да размислувате, да се насмеете и да посакате да сте на местото на Дијана и Игор од Скопје и Драгољуб од Тетово? Со Дејан Лилиќ и Виктор Петров – Викса, кои гарантираат вистинско шоу, и натпреварувачи што секогаш изненадуваат – квизот „Седмо небо“ е вистинското место за забава, знаење и добри вибрации! Во ова возбудливо финале некој ќе ја освои главната награда, а сите ќе понесат ...

Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија изнесувала 45.310 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец е 68.180 денари. Оттаму додаваат дека во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, објави дека се повлекува од изборната трка. „По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и ...

Според најавите кутија цигари во земјите од Европската унија наскоро ќе чини 7 евра. Новиот предлог на ЕУ за поскапување на цигарите веќе предизвика силни реакции, а европските земји различно реагираат на одлуката на Унијата. Имено, Европската комисија предложи драстично зголемување на даноците на цигарите и производите од никотин. Иницијативата се однесува на ревизија на Директивата за оданочување на тутунот и истовремено воведување на нов ...

Државната изборна комисија ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека решенијата за одлуките на ДИК во однос на приговорите ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок и по приемот подносителите имаат право на ...

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел ...

Здружението на пензионери Битола ги повикува заинтересираните производители и дистрибутери на свинско месо да достават понуди( во затворен плик ) за свежи свински половинки, драни со половина глава со тежина од 25-35 килограми. Свинското месо да биде од домашно производство, да се одгледувани во една фарма со што ке се обезбеди ист квалитет. Добавувачите да имаат продавница за месо ( за која треба да достават доказ) преку која ќе се врши ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
84%
1029
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1029
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
3.09
70%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.85
68%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
0.89
68%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
58%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
57%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
89%
1024
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
94%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
1023
Currency

61.55

Currency

52.3892

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Бакар

10.77

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Злато

138244.13

Паладиум

4758.31

Алуминиум

2.89

Калај

42.10

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Никел

463613.77

Сребро

1991.62

Платина

56365.91