Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,43%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ...

По виртуелниот состанок на „Коалицијата на подготвените“, имаше повеќе изјави од европските лидери кои учествуваа во разговорите насочени кон заштита на мировниот договор за Украина. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на европските лидери им порача во случај да нема прекин на огнот во Украина, Европската Унија и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија. Финскиот претседател Александар Стуб рече дека „постои силен консензус ...

Преку новата песна на Чкембарите, „Битолска Крв (Ко вчера да беше)” повторно оживува силната врска меѓу музиката, градот и навивачкиот дух . Песната ја опишува приказната на Чкембарите, од нивното формирање во 1985 година, па се до денес. Во неа се сплетени спомени, случки и емоции кои остануваат засекогаш впишани во душата на Битола. Текстот е на Коки и Дакун, музика и аранжман: Горан Мицевски Кус, вокал: Марјан Ѓакoвски. „Битолска Крв” не е ...

Младиот македонски пејач , Филип Стојковски ја препеа безвременската „Зајди, зајди“. Иако се смета за една од најтешките песни отпеани на македонски јазик и не секој пејач може соодветно да ја отпее, сепак, со својот автентичен глас и силна интерпретација Филип ја донесе во вистинско светло. – Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја ...

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола со уште еден апел до сите корисници на рационално користење на водата за пиење. „Водата е драгоцен ресурс особено во услови на зголемена потрошувачка и високи температури. Апелираме да се избегнува непотребно трошење (наводнување, полнење базени, миење тротоари и возила со питка вода). Секое прекумерно и нерегуларно користење ќе биде предмет на строги санкции согласно законските прописи. Да ја чуваме водата ...

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска утрово соопшти дека влегува во трката за градоначалник на Битола, како независен кандидат и со тоа како што вели, ги расчистува сите шпекулации. „Поубава, почиста, непартиска, независна Битола. Да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот. Или сите заедно против партиското уништување на Битола ...

Недела навечер во 19:00 започна 129 седница на Државната изборна комисија на која се најде и правилникот за собирање на потписи за учество на независните на локалните избори. Членот на комисијата Александар Даштевски предложи да се донесе Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, со кој независните кандидати за градоначалници ...

Вторник на 19 август започнуваат уписите за нови студенти на битолскиот универзитет и ќе траат до 27 август. Во меѓувреме кандидатите имаа можност да се пријавите електронски, преку интернет врската upisi.uklo.edu.mk, односно преку регистрација на iKnow системот. За додипломските студии, на УКЛО има места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Заинтересираните ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по телефонски разговор со Трамп. Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска. „Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и ...

Српската жандармерија синоќа употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград, јави агенцијата МИА. Пиротехнички средства беа употребени од страна на поддржувачи на СНС и на демонстрантите по што реагираше жандармеријата. Дел од протестите во Белград се одржува на улицата пред ГШ и Владата на Србија. Бројни полициски сили спречија спојување на големи групи од Нов Белград и од центарот на српскиот главен ...

Собранието денеска не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но не и по гласањето по Бадентер, каде 18 пратеници беа против предлогот. Наместо ...

Во Битола во 14:00 часот беа измерени 31 стспен. Попладнево облачно и ветровите време. До крајот на денот променливо облачно со услови за изолирана појава на умерена нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина. Трамп на прес конференција по средбата со рускиот шеф на државата Путин нагласи дека имале многу продуктивен состанок. „Верувам дека имавме многу продуктивен состанок. Имаше многу, многу точки за кои се согласивме… ...

Денес и во текот на утрешниот ден две екипи на ЈКП „Водовод“ Битола работат на крајната фаза од проектот Битола-Логоварди-Поешево. Како што велат од јавното претпријатие со овој проект граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа од 6 км полиетилен со нови приклучоци и дека овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници. Од „Водовод“ се надеваат за разбирање и ...

За утре во 11:00 часот е закажана седница на Собранието е единствена точка на дневен ред Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка. Предлагачи се група пратеници, а едната од измените се електронските медиуми при што во членот 2 став 1 по точка 26 се додава нова точка 26-а која гласи: „Електронски медиуми (интернет портали)“ се онлајн медиуми – интернет портали кои се регистрирани во Регистарот на ...

„Долго време науката беше маргинализирана во Македонија. Инаку факултетите се наставно-научни установи и Универзитетот со тоа. Значи колку што има настава има и наука. И фондот на часови кај наставниците, соработници или професори ги распределил помеѓу настава и наука и тоа оптоварувањето е нешто приближно. Така што научната компонента исто толку е значајна колку и наставната“ вели проф. д-р Игор Неделковски ректор на битолскиот универзитет ...

Авионот со американскиот претседател Доналд Трамп слета во воена база во Алјаска на долгоочекуваниот самит со рускиот колега Владимир Путин, на кој се очекува да изврши притисок за прекин на војната на Москва во Украина. Руските државни медиуми јавија дека рускиот претседател Владимир Путин пристигнал на Алјаска на средба со неговиот американски колега Доналд Трамп. Претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, се ракуваа ...

Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Москва тргнува од претпоставката дека лидерите прво ќе имаат приватен разговор. Пред средбата американскиот претседаел Трамп изјави дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но, според него, тоа му штети. На средбата ќе се ...

Општина Битола продолжува да инвестира во подобрување на условите во општинските училишта, велат во денешната информација од Општина Битола. Денес секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, заедно со директорката на СОЕУ „Јане Сандански“, Билјана Јанкуловска, извршија увид во реализираните проекти со финансиски средства издвоени од буџетот на Општина Битола, а тоа вклучува реконструкција на училници во подрумскиот простор, опремување на ...

Струмица по четврти пат ќе стане центар на регионалната музичка сцена, кога оваа година на 7 септември ќе се одржи големата Get EXITed забава која редовно собира илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер во која на иста бина ќе се одвиваат настапите на светската диџејска суперѕвезда Џекс Џонс и регионалните ѕвезди меѓу кои се Бејби Лазања, еден од најбараните изведувачи на нашите простори, како и ...

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во текот на следните дена 16.08. 2025 (сабота) и 17.08. 2025 (недела), поради работни активности околу новата водоводна мрежа на потегот с.Логоварди – с.Поешево (поставување на нови приклучоци) во прекин ќе биди водоснабдувањето за корисниците од овие населени места. Поради овие активности ќе биди во прекин патниот правец во овие населени места. Прекинот ќе трае од 08:00 часот до ...

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Од Владата велат дека имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 ...

Министерството за локална самоуправа објави дека на вториот јавен повик за поддршка на општините за 2025 година средства добија 828 проекти од 80 општини во вкупна вредност од од 13.868.138.877 денари, одобрени од страна на 6 ресорни министерства. Во информацијата се вели дека сите општини имаа еднаква шанса и третман за аплицирање и сите аплицираа согласно своите потреби и подготвена документација. Општина со најмногу одобрени проекти е Битола ...

Според информациите од Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие до утрово до 6:30 часот на територијата на Македонија има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола 1, а изгаснати 26. Активен е пожарот во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума) и во Општина Јегуновце помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта). Од овој регион изгаснат е пожарот во Општина Демир Хисар ...

На синоќешните протести низ Србија се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, 7 во Ваљево, 9 во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор ден по ред, јавува МИА. Во повеќе од 30 градови во Србија синоќа се одржува протести под слоганот ...

Од денеска, 14 август започнува Богородичниот пост. Древните мудреци пишуваат дека „постот во август (Богородичниот) е востановен во чест на Мајката на Словото божјо“, се нарекува и „ Успенски пост“, а востановен е на Константинополскиот Собор во 1166 год. Богородичниот пост започнува еден месец после Петровденскиот пост, пред големите празници на Преображението Господово и Успението на Мајката Божја и трае две недели од 14 до 28 август ( 1 – 15 ...

Изборот на професија е еден од најзначајните предизвици во животот на луѓето, а општо познатата вистина е дека задоволството од решенијата на предизвиците е малку поголемо доколку си ја сакате работата. Затоа и изборот на факултет и каде ќе се студира најдобро се прави со поголем број на информации. Матурантите и сите други заинтересирани сеуште имаат време да побараат детаљни информации за сите факултети на УКЛО – електронското пријавување се ...

Со 700 литри во секунда, битолчани повторно се вратија на летното користење на водата, што ги поттикна екипите на ЈКП „Водовод“ да посочат дека чистата вода за пиење којашто ја има градот е јавно добро што треба да се чува. А за да не заборавиме под напливот на сончевите зраци и сувиот и топол воздух што го зема здивот, информираат дека „Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на ...

Поддршката на кампањата „Македонско најдобро” е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија, вели министерот за земјоделие Цветан Трипуновски. Кампањата има јасна мисија – да им се даде препознатливост на македонските земјоделци и нивните квалитетни производи. „Целта е да му се даде епитет на македонскиот земјоделец за производство на високо квалитетни македонски ...

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на интернет страницата на министерството, на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. Аплицирањето се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
50%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
0.3
41%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.68
64%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.34
84%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
3.13
70%
1021
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1020
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
76%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
74%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829