Kилометарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Тетово-Скопје. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на влезот кон Скопје. Како што информираат од МВР за Телма, околу 19:30 часот на автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило “фолксваген кеди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. и патничко возило ...

Во полуфиналето од Светското првенство во 22 минута од натпреварот помеѓу Шпанија и Франција, шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Мајк Мањан и ја доведе шпанската репрезентација во водство. Ова водство на Шпанија само го зголеми влогот во натпревартот и притисокот врз Франција да брака изедначување. Заврши првото полувреме од натпреварот кој ќе го одреди првиот финалист на Светското првенство во фудбал. Во полуфиналето од ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека истрелала балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан. ИРГЦ го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја. – Вие добро знаете дека не чувствуваме никакво непријателство кон вашата земја. Всушност, ве сакаме благородни луѓе, бидејќи ја разбирате болката и страдањето на палестинскиот народ подобро од кој било друг, се наведува во ...

Kилометарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Тетово-Скопје. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на влезот кон Скопје. Како што пренесува „4news.mk“, сообраќајот се одвива под исклучително тешки услови и со големо задоцнување. Возило на Итната медицинска помош е притигнато на местото на несреќата. Повеќе детали и информации се очекуваат од МВР. ...

Претседателот Доналд Трамп денеска најави дека се откажува од својот план за воведување 20-процентна такса за товарните бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец, соопштувајќи дека приходите ќе бидат заменети со инвестиции во САД од страна на арапските земји од Персискиот Залив. Трамп во понеделникот најави дека таксата ќе служи за покривање на трошоците за безбедност што САД ја обезбедуваат во овој клучен коридор за транспорт на нафта. „Врз ...

Вардар славеше со 3-2 против КуПС на гостински терен, но не успеа да се пласира во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по продолженијата беа елиминирани со вкупни 4-3. Македонскиот првак одигра многу подобро отколку во Скопје, каде загуби со 2-0, и по 90 минути успеа да ја надомести негативата. Саволаинен си постигна автогол во 59. минута, а Горан Закариќ реализираше пенал во судиското надополнување за 0-2. ...

Порасна цената на нафтата откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе блокада на ирански бродови што минуваат низ Ормускиот теснец. Брент, глобалниот бенчмарк за нафта, скокна над 85 долари за барел, со раст од над 10 отсто само за оваа седмица. Американската WTI нафта исто така порасна, тргувајќи околу 79 до 80 долари за барел. -Врз основа на многу продуктивни разговори со блискоисточното раководство, одлучив да ја заменам ...

Советниците на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар го изгласаа ДУП-от за Барутана со кој се превидуваат големи градежни зафати на Водно. Од „Шанса за Центар“ критикуваат дека двете најголеми партии изгласале ДУП за Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба на уште 25 големи објекти од кои 24 се приватни куќи – хациенди. –Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Брисел треба да го напушти пристапот кон проширувањето што е сè повеќе базиран на заслуги, во кој Црна Гора и Албанија се водечки кандидати, и наместо тоа да го прими Западен Балкан заедно. –Што сакате да изградите? Посилни граници меѓу сите? Ако сите одиме заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други“, рече Вучиќ во интервју за „Фајненшл тајмс“. Претседателот на Србија кажа ...

Oпштина Центар го изгласа Нацрт-ДУПот за Барутана кој превидува големи градежни зафатни на Водно. Регираа од „Шанса за Центар“ од каде велат дека двете најголеми партии си го изгласале Нацрт-ДУПот за Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба на уште 25 големи објекти од кои 24 се приватни куќи – хациенди. –Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца ...

Светлана Грковиќ и нејзиниот сопруг Љубиша Каровиќ полетаа во петокот наутро од Солун кон Меминген со авион на Рајанер, не помислувајќи дека нивниот лет ќе се претвори во борба за живот. Додека тонеа во сон на своите седишта, изненадувачки пукна прозорец, а силната декомпресија што настана го повлече Љубиша кон надвор. Тој сè уште е во болница и поради здобиените повреди не може да говори. Неговата сопруга го раскажува пеколот што го ...

Европската Унија во вторникот повторно ја потврди својата поддршка за Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот државен секретар Марко Рубио најави кампања за изолирање на оваа институција. Портпаролот на Европската комисија, Ануар Ел Ануни, изјави дека ЕУ останува посветена на заштитата на „независноста на Судот и принципите на Римскиот статут“. Тој додаде дека Европската Унија останува „цврсто посветена на меѓународната ...

Европската Унија и Велика Британија потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли меѓу Шпанија и Гибралтар, територија под контрола на Лондон. Документот беше парафиран денеска во Брисел од еврокомесарот за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доети, пренесува агенцијата АФП. Договорот ги укинува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и содржи планови за ...

Младата македонска кошаркарска репрезентација до 20 години загуби убедливо од Шведска во третото коло од Европското првенство Б-дивизија, кое се одржува во Братислава. Шведска ја наметна својата игра уште во првата четвртина, која ја доби со 23-16. Во продолжението само ја зголемуваше предноста, а Македонија немаше соодветна противигра. На полувремето Швеѓаните водеа со 45-32. Во третиот период негативата драстично се зголеми. Шведска брзо ...

Откако премиерката на Украина Јулија Свириденко поднесе оставка, а Врховната рада ја одобри, уште 258 пратеници гласаа за нејзино разрешување, падна владата на Украина,пренесува Укринформ. Заедно со Свириденко, оставка поднесе и првиот вицепремиер и министер за енергетика Денис Шмигал, со кого украинскиот претседател Володимир Зеленски, според „Украинска правда“, веќе разговарал за можноста да ја преземе функцијата премиер, но тој одбил. ...

Воената парада дефилираше денеска низ улиците на Париз, додека небото беше обоено во чад со црвена, бела и сина боја, што ги оставија авионите, како дел од прославата на францускиот национален празник, Денот на Бастилја. На прославата, францускиот претседател Емануел Макрон беше придружуван од европски лидери, меѓу кои британскиот премиер Сер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека низ парадата продефилираа и ...

Кинескиот извоз на автомобили во јуни за првпат надмина милион возила што претставува нов рекорд. Вкупниот меѓугодишен извоз на земјата, пак, порасна за 27 отсто и дополнително го зголеми трговскиот суфицит на Кина со остатокот на светот, покажуваат објавените податоци на Царинската управа на Кина. Растот на извозот на електрични и хибридни возила дополнително го зголемува притисокот врз европската автомобилска индустрија, пренесува ...

Еден час гори пожарот во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС – најави Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот изби во 16:30 часот а го гаснат струмичките пожарникари и доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на ...

Македонските ракометни клубови денеска ги добија своите ривали во Европската лига во женска конкуренција, како и во првото коло од ЕХФ Европскиот куп кај мажите и жените. Ракометарките на Ѓорче Петров во второто квалификациско коло од Европската лига ќе играат против чешкиот Бањик Мост. Македонскиот шампион ќе биде домаќин на првиот натпревар, кој е закажан за 3 или 4 октомври, а реваншот во Чешка ќе се игра седум дена подоцна. Победникот од ...

Македонската машка ракометна репрезентација до 20 години ја запиша првата победа на Европското првенство во Романија. Во разигрувањето за пласман, нашите младинци ја совладаа Летонија со 35-31. Мики Лазов беше најефикасен во македонскиот состав со девет гола од исто толку удари. Лука Ѓорѓиевски постигна осум погодоци, а голманот Ѓорѓи Николовски запиша десет одбрани. Кај Летонија се истакна Валдис Калнинш, кој одигра одличен натпревар и ...

Обвинение против 58 годишен државјанин на Македонија поднесе Општинското кривично државно обвинителство во Загреб кој е обвинет дека лажно претставувајќи се како лекар, измамил шест лица за вкупен износ од 41.400 евра. Ова е продолжение на случајот што го објави државното обвинителство на 24 април оваа година, пренесува Индекс.хр. Според обвинението, лицето ги извршил кривичните дела во текот на јуни и јули 2025 година во Загреб, дејствувајќи ...

Неколку лица се стравува дека загинале во пожар во зграда во изградба во Брисел денеска , додека шест лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал во кулата Окси, која се наоѓа во центарот на градот, а причината за неговото избувнување сè уште не е позната. Иако пожарот бил брзо изгаснат, кога пожарникарите влегле во зградата, откриле дека огнот се проширил кон шахтите на лифтовите, каде што два лифта биле ...

Нема контаминација во трагите на ДНК на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра и соѕидани во куќа на неговите родители во Неготино. Ова на денешното рочиште го сведочеше вештакот од МВР кој ги пронашол отпечатоците на Ристов на дадените алуминиумски фолии за вештачење. „Немаме контаминација во трагите, туку добиениот ДНК профил потекнува од лицето кое ни е доставено за ...

Откако денеска поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски доби ослободителна пресуда за предметот Талир 2, а судијката Даниела Алексовска Стојановска ја одби и конфискацијата на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Од опозициската СДСМ со реакција дека пресудата е резулатат на судството под контрола на Мицкоски и дека актуелниот премиер го спасува Груевски. –Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го ...

На месец и пол пред да застари предметот екс премиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда за предметот Талир 2. Судијката Даниела Алексовска Стојановска ја одби и конфискацијата на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Повеке од еден час објаснуваше зошто во 2022 пресудила 6 години затвор за екс премиерот а сега ослободителна. Како главна причина ги наведе измените на КЗ од 2023 поради кои обвинителството и го преквалификуваше делото. ...

Од денеска официјално почнуваат да важат измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Според новите законски решенија, електричен тротинет ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, додека на ...

На некои места контејнерите се празни, а на други преполни, ваква е состојбата на терен. Дел од граѓаните велат дека комуналците си ја вршат работата, а други тврдат дека сметот не се собира редовно. „Не е проблем само сметот туку и улиците не се чистат. Во Козле се е прашина и ѓубре. Ние имаме канти и порано се знаеше ќе се собере ѓубрето два пати неделно, а сега доаѓаат по еднаш неделно на овие жештини. Кај што има само еден човек дома и не ...

Не само извинување во празна сала туку менување на начинот на однесување и санкција за навредите. Ова го побараа од СДСМ денеска и оценија дека вчерашните случувања во Собранието се срам за власта и за премиерот. Опозициски пратеници на седницата за реконструкција на Владата реагираа дека на една од паузите биле навредувани од новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. За инцидентот се дозна од прес-конференцијата на ...

Многу работи се прават зад радарот за да се најде решени и Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ова го изјави евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, како коментар на изјавата на премиерот Хрстијан Мицкоски дека владата е подготвена на решенија и на конструктивен дијалог, за да се надмине блокадата во евроинтеграциите, но оти безусловни отстапки нема да се правата и македонскиот идентитет мора да биде заштитен. „Јас навистина се ...

Европската унија денеска го прави, самонаречениот, најголем исчекор изминативе две децении за прием на нови членки, со дури четири кандидатки кои во Брисел одржуваат посебни конференции за формално одбележување на постигнатите одредници во своите процеси. Украина и Молдавија ги отвораат вторите кластери во своите процеси на пристапување, кои се однесуваат на трговија, надворешна политика и безбедност, додека пак Албанија и Црна Гора затвораат ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53