Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи 30-дневен притвор за брачниот пар осомничен за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски од Поликлиниката „Железара“. Според Обвинителството, 65-годишниот маж од Скопје е осомничен за извршување на кривичното дело убиство, додека неговата 59-годишна сопруга се товари за помагање при извршувањето на делото. Истрагата продолжува со цел целосно расчистување на ...

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година. Меѓу клучните забелешки се 86 милиони денари неуплатена комунална такса кон буџетот на Општина Центар и 20 милиони денари застарени побарувања. Ревизијата покажала слабости во финансиското управување, евиденцијата на опремата и објектите, благајничкото работење и постапките за јавни набавки. За финансиските извештаи ...

Европската Унија и Украина потпишаа договор за унапредување на заедничкото производство на оружје, со цел да се зајакне одбранбената индустрија на Украина во услови на продолжената руска инвазија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски го промовираа новото Партнерство за одбранбена индустрија меѓу ЕУ и Украина за време на одбележувањето на Денот на државноста на Украина. Во ...

Новиот дигитален граничен систем на ЕУ, не само што создава долги редици, туку и го збунуваат идентичните близнаци. Тоа е најновиот во низата проблеми за контроверзниот систем за влез/излез EES, за кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна овој месец дека има нерешени „технички проблеми“ и „сè уште треба да се направи многу работа“, објавува POLITICO. Британка, која работи за Politico, била испрашувана од ...

Власта и опозицијата не постигнаа договор за измените на Изборниот законик. Наместо компромис, политичките партии вчерашниот ден кој беше и последен од рокот зададен за донесување на овој реформски закон продолжија со меѓусебни обвинувања за одговорноста за застојот. Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини опозицијата за неодговорност и порача дека таа треба да постигне заеднички став, нагласувајќи дека Владата ќе го поддржи законското решение ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Грција на покраинскиот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики во која животот вчера го загубија маж, жена и едно од нивните две деца што се наоѓале во возилото, пишува грчкиот весник „Прототема“. Кобната несреќа се случила кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало семејството, се судрил со цистерна. Мајката и едното дете, за кое грчките медиуми пишуваат дека било бебе, ...

Големи шумски пожари во Канада, квалитетот на воздухот во Торонто меѓу најлошите во големите градови во светот, бидејќи чадот од шумските пожари во северозападен Онтарио кои започнаа од вчера го покри небото и се прошири на североисточниот дел на САД, предизвикувајќи здравствени предупредувања и повици до жителите да ги ограничат активностите на отворено. Канадската агенција за заштита на животната средина соопшти дека квалитетот на воздухот ...

Економско-социјалниот совет денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат повеќе прашања поврзани со неговата работа и економските политики. На дневен ред е годишната програма за работа, како и презентација на новиот закон за високо образование. Иако мерките за ублажување на растот на цените на храната и горивата не се официјално предвидени како точка, не е исклучено да бидат отворени како тема за разговор. Седницата доаѓа во период на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „наскоро ќе биде поразен“. Тој оцени дека Техеран сака да постигне договор, но предупреди дека САД ќе одлучат дали ќе продолжат со преговорите или ќе ја интензивираат воената операција. Трамп заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека ќе обезбеди околу 10 милијарди долари за инвестиции од американски компании од одбранбениот и технолошкиот сектор. Според него, овие вложувања ...

Аргентина ќе ја брани титулата во големото финале на Светското првенство во 2026 година, откако вечерва со драматичен пресврт ја елиминираше Англија со 2-1. „Гаучосите“ во недела ќе се соочат со Шпанија во битката за титулата на стадионот во Њу Џерси. По слабото прво полувреме, во кое немаше ниту една изгледна шанса и ниту еден удар во рамките на голот, вторите 45 минути донесоа далеку подобар фудбал. Ентони Гордон ја доведе Англија во ...

„Јавно и најостро ги демантирам изнесените наводи од страна на адвокат Зоран Зафировски од Кочани, бранител на обвинетиот Мазлум Рамаданов во постапката која се води против полициски службеници за предметот “Пулс” под КОК-15/26 на Основен кривичен суд Скопје, а кои наводи се изнесени во изјава дадена за медиумите на ден 15.07.2026 година веднаш по завршување на рочиштето по предметот. Имено, во изјавата се наведува дека одбраната целосно ме ...

Тројца млади, меѓу кои двајца 15-годишници, биле однесени од силниот воден тек на реката Треска, откако нивото на водата нагло се зголемило поради зголемен испуст од браната „Матка“ за производство на електрична енергија. Инцидентот бил пријавен денеска на Единствениот број за итни повици 112. Според Центарот за управување со кризи, тројцата се капеле во реката кога надојдената вода ги повлекла. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од ...

Најверојатно од понеделник повторно ќе се намалат акцизите за горивата. Новите тензии меѓу Иран и САД одново создадоа притисок врз светските пазари и цените. Коментирајќи ги ваквите случувања, премиерот Мицкоски смета дека веќе има услови од идната недела акцизата за бензините и дизелот повторно да се спушти, но пред да се одлучува ќе чека да види како ќе затворат берзите во петок, по што ќе се направи анализа за 15 дена. Со ова практично се ...

Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска објави дека поднел оставка од функцијата пратеник, откако прифатил понуда за меѓународна позиција во една од водечките светски компании, BYD. Сијарто рече дека е „исклучително почестен што му е понудена“ меѓународна позиција во BYD, еден од најголемите светски производители на автомобили и водечки производител на електрични возила. „Од денес, ќе продолжам да работам во групата ...

Најверојатно од понеделник повторно ќе се намалат акцизите за горивата. Новите тензии помеѓу Иран и САД одново создадоа притисок врз светските пазари и цените. Коментирајќи ги ваквите случувања премиерот Мицкоски смета дека веќе има услови од идната недела акцизата за бензините и дизелот повторно да се спушти, но пред да се одлучува ќе чека да види како ќе затворат берзите во петок, по што ќе се направи анализа за 15 дена. Со ова практично се ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на образованието, ...

Поранешната обвинителка Ленче Ристоска остро реагира по ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“, оценувајќи дека со ваквиот тек на постапката се отежнува можноста за конфискација на имотот. Таа тврди дека доказите останале исти како и при првата осудителна пресуда и изразува сомнеж дека предметот ѝ бил одземен за да се избегне посакуваниот исход. Ристоска очекува Обвинителството да поднесе жалба на пресудата. „Ваквата ...

Потврдени се доживотните затворски казни за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, додека ослободителната пресуда за таткото на девојчето е вратена на повторно судење. Ваква одлука донесе апелациониот суд кој му наложил на Кривичниот суд одново да ја спроведе постапката, да ги преоцени доказите и да си ја преиспита пресудата за Александар Ѓорчевски. Тој беше обвинет дека помогнал во ...

Две жени од Куманово, на возраст од 22 и 34 години, се уапсени под сомнение за измама и злоупотреба на лични податоци, соопшти СВР Куманово. Првоосомничената во периодот од јануари до јули 2026 година, со однапред подготвен план и со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за М.В., довела во заблуда 19 лица. Без нивна согласност и овластување, таа ги злоупотребила нивните лични податоци и во нивно име аплицирала за брзи ...

Општинската работна група за преименување улици во Тетово, која беше формирана во јануари годинава, определила 74 имиња на вчерашната втора седница, а најавија засилена динамика за реализација на овој процес. Претседателот на групата, а воедно и заменик градоначалник Алби Ќамили, објави дека Скендербег, Мајка Тереза и Браќата Фрашери, Исмаил Кадаре и Миѓени, ќе бидат новите називи на дел од улиците во Тетово. „Улиците каде што живеат нашите ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО по втор пат бара Охридскиот регион да се впише на Листата светско наследство во опасност. За оваа одлука ќе се решава на престојната 48. сесија на Комитетот, што ќе се одржи од 19 до 29 јули во Бусан- Јужна Кореја. Комитетот за светско наследство одлуката ја темели на, како што вели, ограничениот напредок во заштитата на Охридскиот регион, нотирајќи ги ризиците за кои реагираа реактивните мисии што го ...

Братучетка сведочеше против обвинетиот полициски службеник Мазлум Рамаданов. Не ѝ помогнал откако едвај се спасила кога избил пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Малолетничката Мелиса Прошева со изгореници на главата и на раката била заглавена во толпата на излезот на дискотеката, а откако ја извлекол еден од обезбедувачите, неможејќи да застане на нозе го забележала нејзиниот втор братучед и му побарала да ѝ даде вода од пакетот со ...

Од обвинителството објавија детали за кривичните сомнежи за Александар Лазаров викан Цуната откако тој вчера беше фатен во Скопје по бегството од полициска станица во Кочани пред 5 дена. -Основното јавно обвинителство Кочани на 10.07.2026 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...

Дебатата замре, консензусот останува далечен. Власта и опозицијата не успеаја да се договорат за измени на изборното законодавство. Денеска истекува последниот ден од грејс-периодот за Изборниот законик. Но, партиите наместо да градат заеднички став, продолжија со меѓусебните обвинувања околу тоа кој е виновен за блокадата на законот. Од власта прстот го вперуваат во опозицијата. „Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и ...

Пресуда За Талир 2 со која од конфискација куртули партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ според премиерот Мицкоски е задоволување на правдата, а за ослободителната пресуда за Никола Груевски посочи кон измените на КЗ „ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од страна на претходната Влада, измислија случаи кој не постојат, како што е Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот што се однесува до ...

Стевче Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од 6 и пол месеци, објави политичкото движење ГРОМ, кое го предводи поранешниот градоначалник на Карпош. Од Партијата велат дека Јакимовски доброволно заминал на отслужувањето на затворската казна во затворот Скопје, во Шутка. Тие обвинија дека Кривичниот суд донел одлука за казна поради две времени бараки и дека зад целиот случај против Јакимовски стои политичка нарачка. Од ...

Опозициската СДСМ ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ дека преку државни компании испумпува пари за приватни фирми чии сопственици блиски до партијата. Станува збор за компанијата „Маратон груп“ која има добиено околу 1,5 милиони евра на тендери, а клиенти се Државната Лотарија и Државната видеолотарија кои се рекламираат на и во автобусите на ЈСП. „Нема нови еколошки автобуси за скопјани ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до ...

Неопходна е ревизија на пензискиот систем, но никако не смее да се носат избрзани решенија, советуваат експертите откако владините претставници повеќе пати најавија реформи, а не ја исклучуваат ниту можноста за укинување на вториот задолжителен пензиски фонд. „Проблемот на некои луѓе кои што се задолжени за оваа работа им беше познат одамна, меѓутоа се ставаше под тепих, бидејќи не дојде акутна ситуација. Е сега веќе дојде акутна ситуација, ...

Природното и културното наследство на Охридскиот регион да се впишат на Листата- Светско наследство во опасност. Вака гласи одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во пресрет на неговата 48 сесија што ќе се одржи во Бусан- Јужна Кореја од 19 до 29 јули. Во одлуката за Охридскиот регион, за која што ќе се гласа на 48 сесија, се вели дека има ограничен напредок во справување со идентификуваните и со заканите што се повторуваат и ...

Во Водовод жалат за несреќата и упатуваат на градежната фирма Жикол, од таму сè уште нема одговор, а Синдикатот за градежништво реагира дека градилиштата станаа минско поле, откако во петокот загина работник при пад од скеле на објект од Пречистителната станица во Скопје. Трудовиот инспекторат утврдил низа неправилности со заштитните мерки – на градилиштето немало ниту колективна, ниту лична заштита. Скелето немало заштитни мрежи или други ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07