Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека следната недела ќе ги нападне мостовите и електраните во Иран доколку земјата не се врати на преговори. Овие изјави беа дадени во интервју за неговиот омилен ТВ канал, „Фокс њуз“, емитувано додека двете земји четврти ден по ред разменуваа напади. Претходно, Трамп ја повлече заканата за воведување такса од 20% за целиот товар што поминува низ Ормутскиот Теснец, но повторно воведе блокада ...
Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавениот во подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членови од неговото семејство. На 11 јули 2026 година, тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички ...
Шеесет и петгодишен маж од Скопје е осомничен за убиство на матичниот доктор Ацо Трповски од Поликлиниката „Железара“, а неговата шест години помлада сопруга за помагање во извршување на кривичното дело, соопшти Јавното обвинителство. Убиството се случи во март во 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда по што двајцата осомничени го одвезле телото на убиениот во дворот на Поликлиниката во неговото возило. „Осомничената се договорила ...
(ФОТО Pixabay) МВР објави дека жена во Прилеп пријавила дека и измамена од лице кое преку социјална мрежа и барало хуманитарна помош за болно дете. Измамата почнала во февруари и оттогаш, прилепчанката на измамникот му дала 11 и пол илјади евра. На крај, пријавила во полициска станица дека е измамена, а полицијата отвори истрага. Во продолжение извадокот од билтенот на МВР за пријавената измама: На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавениот во подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членови од неговото семејство. На 11 јули 2026 година, тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички ...
Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка ...
На денешното рочиште против 13 полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеа две малолетнички кои биле присутни кобната вечер. Двете пред судот изјавија дека виделе полициски службеници во дискотеката за време на пожарот. Една од сведоците посочи дека по спасувањето побарала помош од полициски службеник, кој ѝ е втор братучед, но, како што рече, не добила. На денешното рочиште против 13 полициски ...
Припадниците на 427-та украинска посебна бригада на беспилотни системи „Рарог“ соборија руски хеликоптер Ми-28 во регионот Белгород, објави командантот на украинските сили на беспилотни системи, Роберт Бровди. -Ми-28 Ноќен ловец на руските црви се заби со носот во земјата, напиша тој и сподели видео од нападот. 🚁🔥 Magyar: Minus Russian Mi-28 “Night Hunter” in Belgorod region, Viazove village! pic.twitter.com/YwswcQTCPh — MAKS 26 🇺🇦👀 ...
Фудбалски класик со огромен историски товар вечерва ќе го даде вториот финалист на Светското првенство во 2026 година. Во Атланта, од 21 часот, Англија ќе го предизвика актуелниот светски шампион Аргентина, а победникот во недела ќе игра против Шпанија. Ова ќе биде првата пресметка меѓу двете селекции по пауза од 21 година. Нивното големо ривалство го одбележаа „Божјата рака“ и антологискиот погодок на Диего Марадона во четвртфиналето во 1986 ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно предлага природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Во нацрт-одлуката се наведува дека напредокот во заштитата е недоволен, а заканите за регионот и понатаму се сериозни. Како главни проблеми се посочуваат урбанизацијата, нелегалната градба, недоволната прекугранична координација, инфраструктурните проекти и бавното ...
Ослободителната пресуда на Груевски е последица на законските измени во Кривичниот законик (КЗ) донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ и како резултат на тие законски измени имаше и ќе следат многу политички амнестии, рече премиерот Христијан Мицкоски кој ја коментираше пресудата за „Талир 2“, предмет во кој првообвинет беше експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за незаконска изградба на „Белата палата“. „За другиот дел од ...
Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик, за што рокот истекува денеска, но, сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не е дел од реформската агенда и дека тоа е така потврдила и еврокомесарката Марта Кос при неодамнешната посета на земјава. Вели дека ...
Го користел владиниот лирџет за лични цели, тој и сопругата си возеле рент а кар платени со државни пари за транспорт на бегалците од Авганистан, не го отпуштил пилотот кој не можел да го вози владиниот авион. Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреба на службена положба против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески и му пресмета дека предизвикал штета од околу 8 милиони денари односно околу 130 илјади евра. Обвинителството ...
Вишиот кривичен суд во Истанбул издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со случајот поврзан со израелската интервенција против хуманитарната флотила „Сумуд“, која превезувала помош за Газа. Судот, според турските медиуми, покренал и постапка за издавање црвена потерница за Нетанјаху и други обвинети. Во обвинението се наведуваат тешки кривични дела, меѓу кои злосторства против човештвото и геноцид, како и ...
Претставничкиот дом на САД гласаше за воспоставување трајно летно сметање на времето, усвојувајќи закон наречен Закон за заштита од сончева светлина. Законот беше усвоен со 308 гласови „за“ и 117 „против“. Пратениците од двете партии го поддржаа законот, со кој ќе сe елиминира потребата Американците да ги менуваат часовниците двапати годишно и наместо тоа ќе се одржи сегашното време преку целата година. РЕПУБЛИКАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК СКОТ ...
Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО. Груевски не е ослободен затоа што е невин. Тој е ослободен затоа што Христијан Мицкоски го заштити својот ментор, ова во соопштение денеска го пишува опозициската СДСМ. Сè што се случува во правосудството во ...
Лето, сонце, одмор… а наместо релаксација – нервози. Купишта ѓубре, гласна музика, бучни и поднапиени соседи, скара, а чадот ве гуши. Без разлика дали сте на плажа, на планина или на излетничко место, летото треба да биде време за релаксација и уживање. Но, се чини дека со порастот на температурите, честопати опаѓа и нивото на општа култура. Секојдневно сме сведоци на оставено ѓубре во парковите, гласна музика што не дозволува мирен одмор, па ...
За пресона нон грата со трајна забрана за влез и излез, Косово ја прогласи српската министерка за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ. Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа ќе го исчистеше етнички Косово во 1998 година“, објави Коха. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељал Свекла, рече дека јазикот на Пауновиќ е продолжение на државната ...
Вонредна состојба со ограничени резерви на гориво прогласиле девет авиони над Лондон а 14 летови биле пренасочени откако авион на „Бритиш ервејс“ поради технички дефект ја блокирал единствената активна писта на аеродромот Гетвик. Проблемот настанал откако авионот на летот БА2673 безбедно слетал, но останал на пистата по пријавен технички проблем. Авиокомпанијата соопшти дека патниците се симнале од леталото без проблеми. Поради блокадата, ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. -Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на ...
По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа, велат од СДСМ денеска. Оваа промена повторно го отвора прашањето: Што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата ...
Демократите го блокираа годишниот предлог-закон за финансирање на одбраната во вредност од 1,15 трилиони долари, изразувајќи незадоволство поради војната со Иран и одлуката на претседателот Доналд Трамп да испрати американски сили без консултација со Конгресот. –Трамп ја започна оваа војна без одобрение, без стратегија и без план за повлекување, изјави лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер. При процедурното гласање, ...
Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен,“ потврдија од МВР за Телма. Според информациите, Лазаров бил лоциран и уапсен во Скопје. Тој беше уапсен во петокот во Кочани, но успеа да избега преку прозорецот на полициската станица, а два дена по неговото бегство, Основниот суд во Кочани распиша меѓународна потреница по него. –На 10.07.2026 во ...
507 болнички кревети на 100 000 луѓе имало во ЕУ , покажуваат податоците на Евростат. Ова е мало намалување во споредба со 2023 кога биле 511, а се започнало во 2009 година кога имало 582 болнички кревети на 100 000 луѓе, ова се смета дека е како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со амбулантски или дневен третман. Податоците ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна денеска во Киев, од каде најави нови иницијативи за продлабочување на соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија. „Ќе објавам нови иницијативи за интеграција на нашите одбранбени индустрии, со цел да имаме поголемо и побрзо производство“, напиша фон дер Лајен на платформата „Икс“, објавувајќи фотографии и снимки од нејзиното пристигнување во ...
Денеска истекува дополнителниот рок за постигнување консензус и донесување на изборниот законик но партиите без некакви изгледи дека и воопшто може да ги приближат ставовите и да го донесат. Изборниот законик е дел од Реформската агенда но сепак партиите и натаму се на дијаметрално спротивставени страни. Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека тие ќе го прифатат оној закон со кој ќе се подобри начинот на гласањето, но не прифаќаат ...
Јуни беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од април 2022 година, соопштија Обединетите нации нагласувајќи ги разорните последици од засилените напади на Русија врз градовите далеку од фронтовските линии. Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина соопшти дека најмалку 293 украински цивили биле убиени во јуни, а 1.990 повредени, со што бројот на цивилни жртви за годината досега, достигна речиси 1.400. Ова е ...
Шпанија се пласираше во финалето на Светското првенство во 2026 година, откако во полуфиналето ја совлада Франција со 2-0 во Арлингтон, Тексас. Микел Ојаразабал го отвори резултатот од пенал во 22. минута, откако Лукас Дињ го фаулираше Ламин Јамал во шеснаесетникот. Конечните 2-0 ги постави Педро Поро во 58. минута, по одлична комбинација со Дани Олмо. За Шпанија ова е трета последователна победа над Франција во полуфинален дуел. „Црвената ...
Изборната комисија на Висконсин гласаше со 5:1 утврдувајќи дека Илон Маск го прекршил законот за поткуп, на изборите за Врховен суд во Висконсин во 2025 година кога со објава на социјалните мрежи им нудел 1 милион долари на граѓаните со цел да ги натера да гласаат. Законот забранува на граѓаните да им се дава или да им се нуди нешто со вредност поголема од еден долар за да гласаат или да се воздржат од гласање. Маск беше силно вклучен во ...