Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Обвинение против 6 лица за измами со брзи кредити. Ќариле над 3 милиони денари или околу 51.500 евра. Тие се гонат дека внесувале невистинити податоци во информатичкиот систем на финансиските друштва кои издаваат брзи кредити, а во тоа им помагал и вработен во ФЗОМ кој им обезбедувал здравствени броеви на осигуреници. На товар им се ставаат повеќе кривични дела фалсификување исправа, злоупотреба на лични податоци и компјутерска измама. ...
Речиси пет месеци откако беше избран за уставен судија Гоце Наумовски тивко се повлече. Толку тивко што ниту колегите не знаеле за оставката. „До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од ...
Предметот се работи. Ова е кусиот одговор на обвинителството за истрагата против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска. Од обвинителството не откриваат детали освен дека предметот бил испратен до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но вратен повторно во скопското бидејќи било оценето дека тоа е надлежно. Во меѓувреме свиркач до Телма достави иницијатива која ја испратил токму до ...
Осум држави членки на ЕУ бараат проширувањето да продолжи, но за разлика од нон-пејперот на Германија, Франција, Белгија, Луксембург и Холандија тие се за правење помала дистинкција меѓу старите и новите членки, пред се во воведување на нови правила за пристапување и контролни механизми за новите членки. Со нон-пејперот, до кој дојде Телма, а на кој се потпишани Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка и Грција, се ...
Десет дена од отворањето на понудите се уште нема одговор кои се фирмите кои доставиле понуди на новиот повик за набавка на автобуси. Иако, процесот бил јавен, за сега министерот за транспорт Николовски сподели само дека на повикот се пријавиле четири компании. Но, кои се фирмите кои се борат за милионскиот тендер и од каде се, не ги прашал во Комисијата која е составена од претставници од министерството и од машинскиот факултет, за да не се ...
Преполни контејнери, а околу нив расфрлан градежен шут, кабаст отпад, непријатна миризба и инсекти. Ваква слика затекна камерата на Телма на повеќе места во општина Ѓорче Петров. Слична е состојбата и во општина Карпош. Граѓаните велат дека проблемот е двоен – сметот не се собира редовно, но и дел од жителите оставаат кабаст отпад покрај контејнерите наместо на соодветни места. „Живеам во близина на контејнерите и сум приметил дека доаѓаат ...
Овчата сипаница се шири низ истокот, потврдени се нови случаи на сипаница кај овците и козите во одгледувалиште во селото Саса во Македонска Каменица. Инаку само за 15 дена оваа болест има зафатена бачила во четири општини во Источниот регион и тоа Свети Николе, Чешиново-Облешево, Делчево и Македонска Каменица. Од Агенцијата за храна и ветринарство велат дека досега се уништини повеќе од 1.400 животни, а депопулацијата ќе продолжи и во новите ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и денеска, како и вчера, немаше можност да гласа. По подолг период, два дена по ред доаѓа во Собранието, со намера да го даде својот глас против Законот за правична застапеност, но гласањето се одложи на неодредено време. Пратениците од опозициските партии на Албанците, се обидоа да ја сменат одлуката преку бројни процедурални забелешки, но не им успеа.Реагираа и на отсуството на претседателот Африм Гаши. „Зошто ...
Со две правосилни пресуди, скопскиот Апелационен суд ги потврди за веродостојни и законски прибавени докази, комуникациите меѓу припадниците на групата Грчец преку дигиталната апликација Скај. (SkyECC). Првата пресуда за Дритон Ибиши кого судот го нарекува и по прекарот „Тони Барселона“ е донесена на 18-ти мај, а се однесува на запленета дрога во Ротердам во 2020-тата година, на 105 килограми кокаин набавен во Перу и сокриен меѓу тегли со ...
Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци iи Компјутерска измама. Според обвинението, тие во информатички систем на повеќе оштетени финансиски друштва внесувале невистинити податоци – со што предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците од Агенцијата за вработување на РСМ. Во ова им помагало и службено ...
Како изгледа процесот кога еден спортист има потреба од трансформација на сопственото тело? Што вообичаено го прави најтежок тој процес? Кај кој тип на личности резултатите се неизбежни, а како изгледаат примерите каде нетрпеливоста и недисциплината се пречки на патот до посакуваните резултати? Интересен и едукативен разговор со Сања Дабевска – ракометарка, поранешна репрезентативка на Македонија и нутриционистот Ивица Јанев кои заеднички ...
Групацијата Триглав купува 49% удел во хрватската Arsano Medical Group Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, потпиша договор за купување на 49% удел во хрватската Arsano Medical Group, една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска. Продавач на уделот е ASEF Holdco SARL, инвестициско друштво на Adriatic Structured Equity Fund (ASEF SCSp), со кое управува Provectus Capital Partners. По завршувањето на ...
Обвинителството морало да го преквалификува делото за обвинетите во Тотал“ откако со ново супервештачење, направено по наредба на Кривичниот суд, износот на даночното затајување од „значителен“ бил намален во „поголем“. Образложението на Обвинителството следува откако Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека Обвинителството се повлекло од обвинението против Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување, Оттаму велат дека поради ваквите ...
За првпат по протестите од минатото лето во поддршка на украинските антикорупциски институции, Украинците повторно се мобилизираа преку социјалните мрежи, овојпат поради разрешување на министерот за одбрана, Михајло Федоров. Бранот објави на социјалните мрежи брзо прерасна во повици за собири во повеќе украински градови речиси веднаш откако претседателот Володимир Зеленски синоќа го разреши Федоров. Ова е првпат по протестите од минатото лето ...
Украинскиот парламент гласаше за новиот премиер Сергеј Корецки, поранешен директор на државната енергетска компанија „Нафтогас“, како дел од големата реконструкција на владата иницирана од претседателот Володимир Зеленски. Зеленски го предложи Корецки, истакнувајќи го неговото искуство во енергетскиот сектор и оценувајќи дека тој е најдобриот избор да ѝ помогне на Украина да се подготви за уште една воена зима. 289 пратеници гласаа за ...
Санацијата на патот од Тефериќ до Сопиште ја презема Министерството за транспорт и врски откако се утврдило дека општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности да го реализираат проектот. Патот е распукан и пропаднат повеќе од година и половина поради свлечиште – се работи за 70 метри асфалт кој треба да се санира. Од безбедносни причини, околу свлечиштето е направен земјен насип и забрането е минување, но и покрај тоа има возачи кои се ...
За првпат по протестите од минатото лето во поддршка на украинските антикорупциски институции, Украинците повторно се мобилизираа преку социјалните мрежи, овојпат поради разрешување на министерот за одбрана, Михајло Федоров. Бранот објави на социјалните мрежи брзо прерасна во повици за собири во повеќе украински градови речиси веднаш откако претседателот Володимир Зеленски синоќа го разреши Федоров. Ова е првпат по протестите од минатото лето ...
Новиот министер за култура и туризам Седат Сулејмани , излезот од спорот меѓу ресорното министерство и Синдикатот за култура околу Колективниот договор за култура го гледа во Законот за култура. На новинарско прашање, дали ќе оствари средба со СКРМ за надминување на проблемот, Сулејмани денеска од Тетово порача дека му е трет ден на функцијата, но почнал да ја анализира состојбата со Колективниот договор, не сака веднаш да открива детали, но ...
И по десет дена откако заврши јавното отворање на понудите од новиот тендер за набавка на нови автобуси се уште не се открива кои фирми и од каде доставиле понуди. Министерот за транспорт Николоски уверува дека денеска добил информација само дека аплицирале четири компании, но кои се и од каде се во понеделник ќе дал одговори. Тогаш ќе го добиел целосниот извештај од комисијата односно на 14 ден откако се отворени понудите. Ова е трет обид да ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на дебатата за проширување на Европската Унија организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на институциите, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општествоод земјите членки на ЕУ и од земјите кандидати. Дебатата организирана на највисоки ниво ја отворија претседателот на ЕЕСК ...
Рекордни нивоа на физичко насилство врз новинари, закани со смрт и кампањи за клевета преку интернет, вкоренета неказнивост и строга политичка контрола врз медиумскиот пејзаж – слободата на медиумите во Србија е во продлабочена криза, а прозорецот за работа на независното новинарство брзо се затвора. Европската федерација на новинари (EFJ), заедно со своите партнери од Брзиот одговор за слобода на медиумите (MFRR) и Платформата за безбедност ...
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе неотповиклива оставка, дознава Телма. Неофицијално, освката е испратена во Собранието. Гоце Наумовски беше избран за Уставен судија во февруари годинава по предлог на Собранието. Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски. Тој беше предложен за ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување што се одржа на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што соопштуваат од ДЗС, со постројувањето било утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен ...
Иран денеска предупреди дека ќе ја уништи регионалната инфраструктура доколку САД ја нападнат иранската инфраструктура, објави новинската агенција Фарс. Ебрахим Золфагари, портпарол на иранската Централна команда „Хатам ал-Анбија“, изјави: –Уништете ја инфраструктурата, ние ќе ја уништиме целата преостаната инфраструктура во регионот. Тој, исто така, предупреди дека Техеран „под никакви околности нема да им дозволи на САД, како странска и ...
Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик. ...
По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството, истакнуваат денеска од СДСМ. -Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, ...
Синоќа околу 22:00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Тој беше во бегство откако претходно на граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот ...
Во Македонија од почетокот на јули 2026 година се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Со новите случаи, вкупниот број на жаришта од почетокот на појавата на болеста достигна 17, со опфатени над 2.700 животни, информира АХВ. Од тами велат дека болеста е регистрирана во повеќе одгледувалишта во општините Македонска Каменица, Чешиново-Облешево, Делчево, Свети Николе и Куманово. Надлежните институции преземаат мерки за ...
Пропадна и случајот ,,Тотал” во кој беше обвинет Драган Павловиќ Латас, бидејќи обвинителот се откажал од обвинението. –Предметот оформен од поранешното Специјално јавно обвинителство, а преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, со К.бр. 1493/17, а познат како „Тотал“, ја информираме јавноста дека за истиот, на 27 мај 2026 – та година, е донесена пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот Јавен обвинител се откажа од ...
Охридскиот регион повторно е пред сериозна опомена од УНЕСКО, кое предлага да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност поради ограничениот напредок во решавањето на долгогодишните проблеми – загадувањето, отпадните води, дивоградбите и неконтролираната урбанизација. Иако Македонија минатата година доби дополнителен рок, УНЕСКО повторно оценува дека нема доволно резултати. Зошто ниту една власт не ги решава овие проблеми, туку ...