Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Напад со дрон врз два танкери за природен гас во египетското пристаниште Дамиета повторно ги отвори прашањата за безбедноста на Суецкиот Канал и нафтоводот „SUMED“ – клучни правци за извоз на саудиска нафта. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а аналитичарите предупредуваат дека секоја закана за овој регион би можела да влијае врз глобалното снабдување со енергенси. Иако пазарите засега не очекуваат прекин на пловидбата низ ...
Пожарникарите продолжуваат со борбата против големите шумски пожари низ Грција, каде силниот ветер предизвикува нови жаришта и го отежнува локализирањето на огнената стихија. Најкритична останува состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит, каде екипите цела ноќ се бореа со пожарот, а со првите утрински часови повторно беа вклучени и противпожарни авиони. Нови пожари избувнаа и во Ахаја на северозападниот дел од ...
Италијанскиот и светскиот фудбал останаа без една од своите најголеми легенди. Франко Барези, поранешен капитен на Милан и еден од најдобрите дефанзивци во историјата, почина на 66-годишна возраст по долга борба со болест. Веста ја потврди неговиот матичен клуб Милан, кој му оддаде почит на својот легендарен капитен. Барези целата своја играчка кариера ја помина во дресот на Милан, за кој настапи на 719 натпревари и освои шест титули во ...
Хамас се согласил со планот за целосно разоружување во Газа, потврди висок претставник на движењето за Би-Би-Си, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено и официјално соопштение. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот претставува важен чекор кон траен мир и предвидува постепено повлекување на израелските сили по завршувањето на процесот на разоружување. Според предложениот план, оружјето на Хамас ќе биде евидентирано и ...
Шпанија испрати воени сили за засилување на безбедноста во северноафриканската енклава Сеута, откако илјадници мигранти од Мароко се обидоа да влезат на шпанска територија, дел од нив препливувајќи ја морската граница. поред достапните информации, најмалку 15 лица загинале при обидот да стигнат до Сеута. Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека војската ќе ѝ помогне на Цивилната гарда во одржувањето на јавниот ред и ...
Американскиот Сенат ја отфрли најновата резолуција со која демократите се обидоа да ја ограничат можноста претседателот Доналд Трамп да презема воени дејствија против Иран без одобрение од Конгресот. Предлогот не доби доволно поддршка, а гласањето заврши со 49 гласа „за“ и 50 „против“. Авторката на резолуцијата, демократската сенаторка Кирстен Гилибранд, го обвини претседателот дека ја вовлекува земјата во конфликт без јасна стратегија. „Ни ...
Големиот шумски пожар во департманот Жиронда во југозападна Франција засега е ставен под контрола и не се проширил во текот на денот, соопштија локалните власти. И покрај тоа, тие предупредуваат дека ризикот од повторно активирање на огнот останува висок. Претседателот на Советот на департманот Жиронда, Жан-Лик Глез, изјави дека околу 3.300 пожарникари и понатаму се ангажирани на терен. Хеликоптери постојано ги гаснат преостанатите жаришта, ...
Сообраќајот на бродови низ Ормутскиот Теснец и натаму е речиси целосно запрен, бидејќи петмесечниот конфликт меѓу САД и Иран продолжува без знаци за брзо решение. Во текот на денот двете земји повторно разменија ракетни напади, дополнително намалувајќи ги надежите за деескалација. Затворањето на Ормутскиот Теснец, преку кој во мирновременски услови минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта и природен гас, предизвикува сериозни ...
Предлог-законот за „Скопје 2028“, со кој требаше да се воспостави законска рамка за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, предизвика сериозни реакции во јавноста. Најголемите дилеми се однесуваат на предвиденото трошење на 21 милион евра и можноста да се заобиколат процедурите предвидени со Законот за јавни набавки. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата го оцени предлог-законот како ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека објектот што рано утринава паднал во поле во источна Полска „со голема веројатност“ е руска крстосувачка ракета од типот Kh-101. Проектилот оставил кратер широк околу 10 метри во близина на селото Тарнава Колонија, на околу 92 километри од украинската граница, за време на масовниот руски напад врз повеќе украински градови. Според Туск, анализата на пронајдените остатоци укажува дека станува збор за ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по завршувањето на финалните тестирања, во функција се пуштени безбедносните камери од системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Од МВР информираат дека наскоро камерите ќе започнат со работа и на сообраќајниците во Охрид и околниот регион, каде што опремата е веќе поставена, а во тек се последните технички проверки ...
Централната изборна комисија на Русија претстави дрон-брод кој, според најавите, би можел да се користи за достава на изборен материјал до тешко достапни подрачја за време на парламентарните избори закажани во септември. Претседателката на Комисијата, Ела Памфилова, изјави дека во Русија има 36 региони со оддалечени населени места, каде организирањето на гласањето чини од 400 до 500 пати повеќе од националниот просек. Таа нагласи дека ...
Тунелот од пругата кон Бугарија долг околу три километри повторно ги седна на маса Скопје и Софија. Кој да го изработи проектот и од каде да се најдат парите се прашањата на кои почнаа да се бараат одговори во Софија. Според информации до кој дојде Телма, денеска таму е присутна македонска делегација која со своите бугарски колеги разговараат за тоа која држава е најдобро да го изготви овој проект со кој би се тргнало во потрага по финансии. ...
На почетокот на август би можела да гори цела Европа, предупреди агенцијата на Европската Унија (ЕУ). Големи пожари се веќе активни во Франција, во Шпанија и во Португалија, а сè поголема е загриженоста за избувнување на нови во Италија, во Грција и во централна Европа. 🔥🇫🇷 #Viral | Inside the Front Lines of France’s Deadliest Wildfire First-person footage from the Gironde region captures the terrifying reality faced by firefighters as ...
Границата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, е преплавена со мигранти кои ја надвладеаја полицијата на брегот на градското пристаниште, откако препливаа од мароканска страна, соопшти шпанската Цивилна гарда. BREAKING: 🇪🇸 An “absolute migratory emergency” has been declared in Spain’s enclave of Ceuta after a massive surge of illegal migrants. Hundreds of Moroccan and Algerian migrants who flooded the Spanish enclave yesterday ...
Меѓусебни обвинувања за неспособност, корупција, лаги, сиромаштија и низок животен стандард си упатија претседателот на опозициската СДСМ и премиерот на денешната седница за пратенички прашања. Филипче укажа и дека владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода низ државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците по нивното здравје, додека никој не презема одговорност за труењето. Мицкоски, пак, презентираше извештаи ...
Европската унија денеска го означи стартот на нејзините планови за изградба на седум компјутерски центри за развој на модели на вештачка интелигенција во Европа. Вкупната вредност на проектот достигнува 30 милијарди евра а неговата цел е Европа да не заостане во трката за отклучување на вештачката интелигенција. Планот на Брисел е да се изградат 4 помали центри со големина од 25 до 75 илјади чипови и 3 огромни центри со моќност од 40.000 до ...
Соединетите Американски Држави извршија серија силни воздушни напади врз повеќе цели во Иран, како одговор на обидот за балистички напад врз американски воени бази во Јордан. Според американската Централна команда, биле погодени десетици воени објекти поврзани со Иранската револуционерна гарда. Иранските државни медиуми соопштија дека во нападите загинале три лица, меѓу кои и двегодишно дете на островот Кешм, додека штета е пријавена и во ...
Рекордно нискиот водостој на реката Дунав предизвикува сериозни проблеми во производството на електрична енергија во Австрија, Унгарија и Романија. Поради недостигот на вода, повеќе хидроелектрани, како и нуклеарни централи, беа принудени да го намалат производството или привремено да ја прекинат работата. Според унгарската служба за водостопанство, нивото на Дунав кај градот Пакс е за 121 сантиметар пониско од досега забележаниот рекорден ...
Укинување на вториот пензиски столб и префрлање на средствата во првиот не е невозможно, но тоа нема воопшто да го реши проблемот со пензискиот систем. Најмногу што може да се постигне со национализација на вториот пензиски фонд е делумно да се покрие дефицитот и тоа за најмногу три години, велат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ). Потоа, одново ќе се јави дисбалансот меѓу помалите уплати од страна на ...
Пратениците заминуваат на летување со блокирани неколку закони и неодговорени пратенички прашања. Партиите на Албанците во опозиција ја блокираа работата и на денешната, последна седница пред колективниот одмор. Исто како и на последните неколку седници, пратеничката Илире Даути од Албанска лига постојано имаше процедурални забелешки и бараше премиерот да ѝ одговори на прашање за Законот за правична застапеност поставено писмено уште пред ...
Одиме со предлогот на судија Ивица Николовски, колешке Антоанета? Против, јас веќе имав образложение, судија Џенета? Да, предлогот за Зоран Герасимовски ЗА. Вака Мнозинството членови на судски совет го избраа поранешниот нивен колега Зоран Герасимовски за ве де претседател на Апелациониот суд, откако довчерашната претседателка Мери Дика собранието ја избра за уставен судија. Изборот се одвиваше со онлајн вклучување на три членки на Судскиот ...
Точно десет години се гради новата болница во Штип. Досега се потрошени 30% од средствата, а за нејзино ставање во функција, потребни се уште 109 милион евра. По ставањето на камен темелникот во март 2016 година досега е до фаза на затворен карабин, со делумно ставена фасада и поставени се поголем дел од инсталации, покажаа најновите анализи на Министерството за здравство. Неколку години во објектов ниту една шајка не е закована. Првите луѓе ...
Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште кај тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од ...
Пол ван Дајк и Пол Окенфолд, едни од најголемите диџеи на денешницата, на 16 август ќе настапат во Струмица. Се очекува на настанот да дојдат 15 000 посетители од земјава, кажа Бобан Милошески од Авалон продукција на денешната прес конференција. Според портпаролката на Владата, Марија Митева, овој настап е дел од програмата за прославата на 35 години независност на Македонија. Таа ќе започне на 2. Август со голем концерт во Битола, а ќе ...
Од вицепремиер кој со месеци не доаѓаше на работа, до специјален претставник на државата во ЕУ. Арбен Фетаи кој во владата до 1 јуни беше вицепремиер за добро владеење, од каде самиот си поднесе оставка објавувајќи ја на фејсбук откако се дозна дека тој неколку месеци не се појавувал на работа, додека споделуваше фотографии од Тајланд, вчера, исто така на фејсбук, обелодени дека од владата е назначен за специјален претставник во ЕУ. -По долга ...
Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски се наоѓа во Србија, но не е во бегство, туку имал бизнис обврски, тврди неговиот адвокат. Марковски ја напушти државата на граничниот премин Табановце, откако струшкиот суд му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост. Марковски и уште седум други лица се осомничени за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски ...
Државни институции му должат десетици милиони евра на Фондот за здравство, па Фондот не им плаќа навремено на болниците за лекови и здравствени услуги, покажува ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување за 2024 година. Потоа, здравствените установи немаат пари да си ги платат нивните трошоци, па постојано се на листата на најголеми државни должници. Податоците од Министерството за финансии од првиот квартал ...
Вчера попладне во СВР Скопје, А.К.(38) пријавил дека претходниот ден во вечерните часови во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Според пријавата, нападот се случил по претходно недоразбирање при игра – соопшти денеска полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се додава во денешниот полициски билтен. Врсничко насилство во скопски Аеродром, се случи ...
Според податоци што ги објави Евростат Македонија минатата година имала најнизок животен стандард меѓу европските земји. Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100. Тоа значи дека реалната потрошувачка по жител во земјата е на околу половина од просекот на ЕУ, што го позиционира македонскиот животен стандард на последното место во споредбата. Податоците покажуваат дека пред Македонија се ...