
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Извештајот за вработеноста во САД кој денеска беше објавен предизвика дебата во американската јавност, а неповолните бројки во него за им дадоа ветер во грбот на демократите за жестоко да го нападнат претседателот Трамп. Економистите со месеци предупредуваа дека царините за земјите кои извезуваат производи во САД ќе се одразат токму врз американската економија. Претседателот ги воведе своите царини. Неговиот Голем убав закон и кратењата на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан со критики за склучениот трговскиот договор на Европската Унија со администрацијата на Трамп. „Унијата направи грешки во неколку точки. Кога американскиот претседател ја презеде функцијата, требаше да биде сфатен посериозно“, рече Орбан. Според него ова не е добра преговарачка тактика. „Се обидувам да кажам дека имало многу лош договор. Полошо е отколку што мислиме“, нагласи тој. © 2020 Телевизија Телма. Сите ...
По речиси една година одложувања поради проблемите со вселенското летало Старлајнер на „Боинг“, четворица астронаути конечно полетаа кон Меѓународната вселенска станица, користејќи го леталото на компанијата „Спејс Х“. Екипажот кој тргна на мисија е составен од четворица астронаути од САД, Јапонија и Русија. Предвидено е тие да останат најмалку шест месеци, со цел да ги заменат нивните колеги кои беа испратени во март како привремена замена за ...
Владата подготвува системски измени за превенција од пожари. За ова бил информиран Совет за безбедност на денешниот состанок, при што претседателката Гордана Сиљановска Давкова по седницата информираше дека меѓу мерките е предвидено и измени на Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување, но и за ангажирање на волонтери, како и измени на казнената политика за подметнување пожар. „Систем на превенција преку којшто со ...
Швајцарските производи како часовници, чоколадо и сирење наскоро би можеле да поскапат и до 50% на американскиот пазар, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп воведе нови царини од 39 отсто за увоз од Швајцарија. Одлуката стапува на сила на седми август ѝ е дел од поширока трговска офанзива насочена кон 66 земји, вклучително и Европската Унија, Тајван и Фолкландските Острови. Швајцарија, која во 2024 година ги укина сите царини за ...
Ниту премиерот не кажува зошто владата го поништи изборот на тројца кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Владата со кратка реченица „не ги исполнувале критериумите“ го поништи изборот на комисијата формирана од владата која како најсоодветни и најквалитетни ги избра адвокатот Јордан Апостолски, судијката Габриела Гајдова и обвинителката Ленче Ристовска. Бидејќи владата не била задоволна формира нова комисија за нов ...
Само 1, 63 вработени ги обезбедуваат примањата за еден пензионер. Ова се добива откако ќе се пресмета бројката за официјално вработените лица и онаа за корисници на пензија кои стојат во последниот извештај за работа на Фондот за пензиско за минатата година. Иако, во извештајот на Фондот пишува дека во 2024 година 1,70 вработени издржуваат еден пензионер, од бројките на вработени (556 294) и пензионери (339955) може да се забележи дека всушност ...
Архитектот и универзитетски професор Мишко Ралев, кој беше споменуван како можен кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, стана дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорѓиевски на социјалните мрежи изрази голема благодарност за приклучувањето на Ралев, истакнувајќи го неговото искуство, визија и интегритет како голема поддршка за „поубаво Скопје“. „Заедно ќе работиме Скопје повторно да го ...
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата планира да има свој кандидат за градоначалник на Кичево. Ова денеска го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Да, ВМРО-ДПМНЕ има план да кандидира свој кандидат за градоначалник на Кичево“, вели Мицкоски. Тој ги нарече шпекулации претходните информации кои се појавија во јавноста дека партијата нема да има свој кандидат во оваа општина. Мицкоски смета дека главен инспиратор на тие објави е, како ...
Возач на товарно возило кој бил речиси целосно слеп и без важечка возачка дозвола усмрти 64-годишна жена, а кавадаречкото обвинителство денеска поднесе обвинение против него. Тој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот. Тешката сообраќајна несреќа се случила во декември минатата година, кога обвинетиот управувал со возилот Ситроен Џампер со велешки регистарски таблички, на регионалниот пат Лакавица–Дреново, на ...
Задоволен сум како тече снимањето и овој пат имам врвни соработници, вели истакнатиот македонски режисер Милчо Манчевски. Телма беше на ноќното снимање во Даут пашиниот на една од првите сцени на неговиот нов филм „Збогум Копакабано“ со мото „Брат, сестра и шахта“. И во овој филм Манчевски ги истражува општествено релевантните теми: сестринската љубов, сиромаштијата, корупцијата и општество кое се заснова на привилегии на богатите. Виктор на ...
Патувањето на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф до местото за дистрибуција на помош во Газа беше дочекано со надеж, скептицизам и гнев од граѓаните, бидејќи гладот се шири низ целата територија. Жителите на Газа се надеваат оти посетата на Виткоф на Рафа ќе доведе до договор за прекин на огнот што „ќе стави крај на гладот“. Но, има и такви кои сметаат дека патувањето на Виткоф е „провокативно“, среде јасни слики дека хуманитарна ...
Дојде на власт со ветување за искоренување на корупцијата, со акцент на високата, во општеството. Шест години подоцна, украинскиот претседател Володомир Зеленски повлече потег кој се косеше со неговиот предизборен завет. Ја одзеде независноста на двете агенции за борба против корупција. Националната антикорупциска канцеларија и Посебното антикорупциско обвинителство ги стави под надзор на државниот обвинител што лично тој го постави на ...
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 18,5°С во Лазарополе до 28,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната температура беше натпросечна за ...
Љупчо Пецов Ѓаволот осомничен во случајот „Синџир“, кој е во бегство, слободно се шета низ земјава. Иако МВР го бара со меѓународна и национална потерница, според сознанијата на Телма, осомничениот бил на нотар, на државната клиника и по приватни болници. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информацијата дека Пецов Ѓаволот е во државава и во главниот град ја утврдило минатата недела откако неговиот адвокат до Кривичниот ...
Обвинителн акт поднесе ОЈО за лицето кое 64-годишната Ангелина Ангелова од Неготино ја удри и усмрти со товарно возило за кое немал важечка дозвола и бил речиси целосно слеп. Лицето ќе се гони за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинението, несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Р1103, на ...
Грчката полиција, по видеата од безбедносните камери и неколкудневната истрага, утрово уапси жена, која е осомничена за смртта на неидентификуваното девојче на возраст околу три години што во неделата беше пронајдено на атинска плажа. Неофицијално станува збор за жена од Алжир, а во изминатите денови, грчките медиуми објавија видеа од безбедносни камери од населбата каде што беше пронајдено безживотното тело на девојчето, а на кои се гледа ...
Од Илинденското востание и Крушевската Република во 1903, до историските одлуки на АСНОМ во 1944 година – Илинден нè поврзува со најсветлите страници од нашата историја. Но, како денес навистина го чествуваме Илинден? Прославите сè почесто паѓаат во сенка на политички поделби, а младите сè помалку ја разбираат вистинската вредност на празникот. Што можеме да направиме за да го вратиме вистинскиот дух на овој празник? Нашите предци се бореле за ...
„Бистро-матно“ е најновиот месечен извештај на „Транспаренси Интернешнл“ за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата во Македонија. Па, така, во „матните“ е поранешната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска за која е нотирано дека направила упад во системот за класифицирани информации. Против неа беше поднесено обвинение за оддавање на службени тајни во предметот „Адитив“, во петокот ...
Израелската офанзива во Газа продолжи со напади на територијата. Облаци од чад се издигаа зад зградите во близина на градот Газа, додека хуманитарната криза продолжува во појасот разурнат од војна. Најмалку 91 Палестинец беа убиени, а повеќе од 600 повредени при обид да добијат помош во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа во четврток. Војната започна кога Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври 2023 година, ...
Стив Виткоф, се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обид да ги спаси разговорите за прекин на огнот во Газа и да разговара за хуманитарната криза во енклавата, каде што набљудувачите велат дека се заканува глад. –Најбрзиот начин да се стави крај на хуманитарната криза во Газа е Хамас да се предаде и да ги ослободи заложниците!, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Truth social, кратко по пристигнувањето на Виткоф. ...
Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26, вклучувајќи три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Бројот на жртви е ревидиран откако „спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм. Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз ...
Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија е 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со ...
Серија нови царини што ќе ја зголемат просечната американска царина за стоки увезени од сите трговски партнери на САД откри Доналд Трамп кои ќе бидат помеѓу 10 и 50 проценти, објавија светските агенции. Новите американски царини, вклучувајќи 15 проценти за увоз од ЕУ, ќе стапат на сила на 7 август, а не на 1 август, потврди американски владин претставник за ДПА вчера. Подоцнежниот датум на почеток има за цел да обезбеди повеќе време за ...
Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери да преземат построги мерки против продажбата на забранети електронски компоненти за борбени дронови и ракети на Русија, објави ДПА, повикувајќи се на неговото вечерно видео обраќање. Зеленски рече дека разговарал со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Киев, покажувајќи им делови од соборени руски борбени дронови и ракети. -Ниедна од овие ракети или дронови Шахед не ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Поради изведување на градежни активности ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи утре, 1 август 2025 година, петок, со почеток во 12:00 часот. Една од темите ќе бидат и пожарите во Македонија. Поради тоа, покрај редовните членови на национаниот Совет на безбедност, претседателката упатила покана за присуство и до директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, како и до првите луѓе на тајните ...
„Макпетрол“ АД Скопје успева да го зачува водечкото место на енергетскиот пазар во земјава во текот на првата половина од 2025 година и продолжува со својата посветеност на сигурното снабдување со висококвалитетни нафтени деривати и природен гас, паралелно продолжувајќи со значајни инвестиции и континуирана поддршка на своите вработени, информираат од „Макпетрол“. Во првата половина на 2025 година, компанијата оствари приход од 14,48 милијарди ...