Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Претреси се вршат денеска на неколку локации поврзани со истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија, дознава Телма. Се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата. Претреси имало и вчера, а се проверуваат објекти на фирми кои одгледувале марихуана за медицински цели. Во една од фирмите, според ...
Сите полетување на Аеродромот во Берлин утрово се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град. -Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин Бранденбург поради временските услови, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш замрзнал. Прекинот влијае само на полетувањата, а авионите што пристигнуваат сè уште ...
Во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во судница денеска ќе бидат сослушани сведоци предложени од Обвинителството. Адвокатите на дел од обвинетите побараа преиспитување на обвинителниот акт, наведувајќи економичност и противречности во одлуките на обвинителството, додека обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон ...
Несогласувањата меѓу ССМ и Владата продолжуваат. Разликата во пристапите кон минималната плата ја покажува длабоката разлика кон функционерските плати и заштитата на работничките права. ССМ – 600 евра сега или Владата – 40% покачување до 2028 година? Кој формула е вистинската за работниците? АНКЕТА: Дали е оправдано да се користи минималната плата како основица за пресметка на платите на функционерите? Да/Не Несогласувањата меѓу ССМ и ...
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос ...
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска се одржува Седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Хрватска. Состанокот ќе го ко-претседаваат заменик-министерот Зоран Димитровски и државниот секретар Звонко Милас. Комисијата е формирана според Спогодбата од 2007 година за заштита на правата на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство ...
Далмација е погодена од силен циклон со урагански ветрови, кој предизвика една од најголемите плими во последните децении. Морето се излеа на брегот и продре во куќи и деловни простории во Трогир, Каштела, Сплит, Хвар, Водице и Корчула, а ветровите достигнаа над 130 километри на час, со ниво на морето до 70 сантиметри над нормалното. Жителите се обидуваат да го заштитат својот имот поставувајќи барикади и помагајќи си едни на други, но ...
Сто и една санкција била изречена за непрописно вградени фолии во автомобили, во првиот месец од годинава, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 1 до 31 јануари, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на ...
Утре САД и Иран треба да имаат средба во Оман , иако спорат околу инсистирањето на Вашингтон во разговорите да биде вклучен и арсеналот проектили на Иран. Техеран бара да се разговара само за неговата нуклеарна програма. Деликатните дипломатски напори следуваат во услови на зголемени тензии, бидејќи САД акумулираат сили на Блиски Исток, а регионалните земји се обидуваат да избегнат воена конфронтација, за која многумина стравуваат дека би ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, презема мерки и активности на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзани со опојна дрога. Од МВР информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата. Според информации објавени од дел од медиумите, синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и ...
Tриесет и седмата седница денеска ќе ја одржи Советот на јавните обвинители на Македонија на која, како што е наведено во донесената одлука, на дневен ред предвидени се повеќе точки, меѓу кои и записникот на Комисијата по постапката за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, поднесена од јавниот обвинител Ленче Ристовска. Советот ќе одлучува и по два дисциплински предмети, а се очекува да се донесат и одлуки за ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Кина треба да биде дел од сите идни разговори за воведување ограничувања на нуклеарното оружје, истакнувајќи го „огромниот и брзорастечки арсенал“ на земјата. –Мислам дека претседателот ќе се изјасни за тоа подоцна. Очигледно, знаете, претседателот во минатото беше јасен дека за да има вистинска контрола на оружјето во 21 век, невозможно е да се направи нешто што не ја вклучува Кина ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преговарачките тимови се согласиле за уште една размена на затвореници во блиска иднина. –Ќе има значаен чекор: Очекуваме размена на воени заробеници во блиска иднина. Заробениците мора да бидат вратени дома. Генерално, ставот на Украина е многу јасен: војната мора навистина да заврши. Русија мора да биде подготвена за ова, изјави Зеленски. Ова доаѓа во време кога претставниците од Москва ...
Синдикатот на н УПОЗ денеска на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Средбата доаѓа откако премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации. Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски. Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и ...
Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На минатото рочиште ...
Зошто Собранието ги поткопува независните и контролни тела? Ќе предложат ли пратениците намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати? Граѓаните пред се или на последно место во агендата на народните избраници? Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт. Топ Тема со Боби ...
Вечерва во 19:50 часот регистриран е земјотрес со епицентар во соседна Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје, информираат од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Потресот е измерен на сеизмолошките станици кои ги инсталира и одржува оваа институција, при што е утврдена локална Рихтерова магнитуда од 3.7 степени. „Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според ...
Последниот договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија истекува утре, зголемувајќи ги стравувањето од нова трка во вооружување на двете држави. Договорот за намалување на стратешкото оружје, познат како „нов СТАРТ“ беше потпишан во 2010-та година и беше еден од неколкуте договори чија цел беше да се спречи можноста од катастрофална нуклеарна војна. Овој договор го ограничи бројот на распоредени нуклеарни боеви глави на двете ...
Пратениците со спротивставени ставовои околу иницијативата на сидникатот и зголемувањето на минималната плата. Во вечерашната Топ Тема, пратениците од СДСМ и коалциајта на ДУИ со став дека функционсрките плати треба да се замрзнат како и изминатите две години и да се зголеми минамалната плата. Додека колегите од владејачктото мнозинство го подржуваат ставот на владата за функционерските плати, а за минималецот велат дека е популзиам на ...
Скандалот со видеокамери инсталирани во салони за ласерско отстранување влакна во Бургас и голи клиенти кои се снимаат за време на процедурите ја бранива јавноста. На некои од снимките се појавуваат и малолетни девојки, објавува nova.bg. Досега, до Регионалната дирекција за внатрешни работи на Бургас, обвинителството и окружните канцеларии жалби поднеле повеќе од 80 жени, а се очекува нивниот број да продолжи да расте. Снимките од едно ...
Администрацијата на Трамп ќе повлече 700-тини агенти од Минесота кои беа дел од операцијата против имигрантите во градот Минеаполис, која доведе до смртта на двајца американски граѓани и предизвика протести во целата држава. Том Хоман, граничниот цар на Трамп, изјави дека повлекувањето на агентите ќе започне веднаш и ќе вклучува агенти од агенцијата за спроведување на имиграција и царини и на граничната патрола. Хоман изјави дека 2000 агенти ...
Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт. На прашањето дали пратениците ќе предложат намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати, Сали Мурати од Коалицијата Европски Фронт, истакна дека неговата пратеничка група сме за преиспитување на коефициентите на функционерските ...
Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт. Ќе предложат ли пратениците намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати? Според пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, најпрво треба да се исполнат барањата на работниците. Пред некој ден читав изјава на министерот ...
Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт. Ќе предложат ли пратениците намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати? Бране Петрушевски од ВМРО- ДПМНЕ рече дека секогаш во собранието се гласало за поголеми плати за работниците, за поголеми пензии. Во услови на финансиска ...
Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани пишува МИА. Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата низ целиот северозападен дел на земјата се ...
И денеска продолжија протестите на ромското население во Битола, со блокада на улицата пред општинската зграда, а попладнево повторно е блокиран магистралниот пат од Ресен кон Прилеп. Нивниот револт ескалираше откако полицијата им ги одзеде возилата што ги управувале без возачка дозвола. Тие бараат да се најде начин да можат да возат без дозвола или да им се овозможи полагање под посебни услови. „Само да се смени законот, ние што знаеме да ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио смета дека Кина треба да биде дел од сите идни разговори за наметнување ограничувања на нуклеарното оружје, истакнувајќи го „огромниот и брзорастечки арсенал“ на земјата. Последниот договор за нуклеарно оружје меѓу Русија и САД треба да истече во четврток. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да се држи до ограничувањата на договорот уште една година ако Вашингтон го следи ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио смета дека Кина треба да биде дел од сите идни разговори за наметнување ограничувања на нуклеарното оружје, истакнувајќи го „огромниот и брзорастечки арсенал“ на земјата. Последниот договор за нуклеарно оружје меѓу Русија и САД треба да истече во четврток. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да се држи до ограничувањата на договорот уште една година ако Вашингтон го следи ...
И денеска продолжија протестите на ромското население во Битола, овој пат со блокада на улицата пред општинската зграда. Нивниот револт ескалираше, откако полицијата им ги одзеде возилата што ги управувале без возачка дозвола. Тие бараат да се најде начин да можат да возат без дозвола или да им се овозможи полагање под посебни услови. „Само да се смени законот, ние што знаеме да возиме да нè проверат колку знаеме. Ако немам школо, ама возач ...
Околу 10 милиони денари или речиси 169.000 евра бил проектот за кој поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој (АФПЗРР), Илија Стоилев се гони за примање на мито, дознава Телма. Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски, како директор на фирмата „Сигнас-Арго“ од струшко Велешта им дал 5.000 евра на тројца луѓе да влијаат на Стоилев кој ...