Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Законското усогласување на минималната плата од 1.600 денари излезе во Службен весник. Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ со една минимална плата оди само за храна и пијалаци. ССМ пооследно на состанокот на еконосмко социјалниот совет ја напушти седницата и не даде согласност за ова усогласување, ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), преку соопштение, посочува дека носителите на јавните функции во комуникацијата со медиумите треба да демонстрираат високо ниво на политичка култура и почитување на професионалните стандарди. Реакцијата на АВМУ е во врска со реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за ...
Американската компанија-сопственик на „Фејсбук“, „Мета“, и видеоплатформата во сопственост на „Гугл“ – „Јутјуб“ добија неповолна пресуда во судскиот процес во врска со потенцијалот за зависност од интернет-услугите. Поротниците во Судот во Лос Анџелес дојдоа до заклучок дека платформите биле небрежни и не ги информирале соодветно корисниците за ризиците и опасностите, пренесуваат западни медиуми. Судот ѝ досуди на 20-годишната тужителка ...
Халкбанка АД Скопје ќе биде главен годишен партнер на Македонскиот народен театар. Договорот за годишно покровителство, со мото „Важна е културата”, денеска во МНТ го потпишаа Фатих Шахбаз, главен извршен диектор на Халкбанка АД Скопје, и Никола Кимовски, генерален директор на Македонскиот народен театар. Покрај директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, соработката предвидува и реализација на низа заеднички иницијативи, преку кои ...
Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „Рек Битола“ поради сомневања за труење со храна. Велат така ќе остане се до добивање на конечни резултатите. Од центарот за јавно здравје ги анализираат мострите од површините, а направена е и епидемиолошка анкета. Телма информираше дека повеќе од 80 вработени во Рек Битола побарале лекарска помош во клиничката болница во Битола поради стомачни ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Копенхаген, на „Паркен“, против Данска, во полуфиналето, бараж за пласман на Светското првенство во САД 2026. Данците фаворити? Можеби, но и пред четири години никој не веруваше, но ја победивме Италија и го изненадивме фудбалскиот свет. Селекторот Гоце Седлоски и капитенот Енис Барди порачаа: „Дојдовме да победиме“. АНКЕТА: Данска – Македонија? а) Победуваме б) Нерешено, па пенали в) Ќе ...
Војната на САД и Израел против Иран може да ја предизвика „најтешката индустриска криза во поновата историја“, предупредува генералниот секретар на Меѓународната трговска комора Џон Дентон. – Светот се соочува со енергетска криза посериозна од нафтените шокови во 1970-тите – рече Дентон. – Од деловна перспектива, веруваме дека ова дополнително може да стане најлошата индустриска криза во поновата историја – не само поради наглото зголемување ...
Четврт ден гори депонијата кај селото Босилово. Мештаните се гушат, пожарникарите и вработените во комунланото претпријатие „Огражден“ ја гасат, но пожарот не успеваат да го ликвидираат. Граѓаните велат дека најстрашно е кога има ветер, што често се случува во попладневните часови. Тогаш невозможно е да работат на околните ниви. „Сигурно се пали, ама многу е ептен е загадено, не се ни дише. Вие тука работите во околината. Да, прегеска беше и ...
Администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да понуди безбедносни гаранции на високо ниво, но само ако Украина се повлече од своите источни територии, односно од Донбас. Ова го објави во интервју за Ројтерс претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека предлозите за повлекување на украинските сили од Донбас претставуваат сериозни ризици и за земјата и за Европа. Според него, такво сценарио се промовира во дијалогот меѓу САД и Русија како ...
Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави БНТ.бг Шесте волови ја преминале границата и на тој начин се нашле во ситуација да се одлучува за нив дали да бидат убиени, дали да им бидат вратени на своите сопственици во Македонија или да останат во Бугарија и да бидат пратени во банка за храна. Животните биле ...
Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS). Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа отворено да го признаат. – Тие преговараат и толку ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја опиша војната во Иран како економска „катастрофа“ и рече дека Германија не сака да биде „вовлечена во“ конфликтот. Тој изјави дека Германија е подготвена да помогне во обезбедувањето на каков било мир и апелираше за прекин на огнот што е можно поскоро. –Да биде кристално јасно, оваа војна е катастрофа за светските економии. Влијанието е апсолутно очигледно. Веќе сега, по малку повеќе од две ...
Данскиот крал Фредерик побара од премиерката во оставка, Мете Фредериксен, која е лидерка на Социјалдемократите, во својство на „кралски истражувач“ да ги води преговорите за формирање нова владејачка коалиција со две левичарски партии, соопшти кралската палата. Мете Фредериксен претходно денеска поднесе оставка од функцијата премиерка за време на состанокот со данскиот крал Фредерик, откако претходно беа објавени резултатите од ...
Владата на Бугарија соопшти дека привремено се укинати дел од санкции кон Русија за да се овозможи набавка на резервни делови за нуклеарната централа „Козлодуј“. Советот на министри ја овласти нуклеарната централа „Козлодуј“ да ги увезе потребните резервни делови од Русија и да прими техничка помош во рамките на експлицитно наведените договори, пренесе бугарското национално радио. Бугарската влада соопшти дека главен приоритет во работата на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред Централниот одбор (ЦО) на партијата ја претставил новата предлог програма изработена од партиските стручни комисии. Централниот одбор, исто така, се прошири со нови членови, а партијата избра нов организациски секретар, секретар за меѓународна соработка и претседател на Градската организација Скопје. На доработка на предлог програмата во наредниот период треба да работи целата партија, а процесот ...
Од Конгрес на Конгрес. Го бара ли СДСМ сè уште моделот за консолидација, додека ја губи шансата да се оживее како реална политичка сила? Апсолутна власт наспроти маргинализирана опозиција. Oпстојува ли Македонија во најлошиот политички пејсаж? Недопирлива од екстерни кризни шокови или потоната во ПР приказни и статистички калкулации? – Чија перцепција е одраз на реалноста, онаа на власта или на опозицијата? Во „Топ тема“ вечерва интервју ...
Полициски службеници во координација со Основното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден извршиле претреси во дом на Н.С. од Скопје и во детска градинка во која работел по претходна пријава за „фалсификување на службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, кривични дела по членовите 361, односно 380 од Кривичниот законик, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). Детали за акцијата не се откриваат, како ...
Иако тврди дека воопшто не се водат никакви преговори за крај на војната, Иран го отфрли американскиот мировен план од 15 точки, и како одговор објави свој со само 5, но сите дијаметрално спротивни од американската понуда, дополнително продлабочувајќи ја збунетоста на светската јавност дали има или не преговори. Белата куќа инсистира преговори има, не се блокирани и продолжуваат. Нема потреба од повеќе смрт и уништување. Но, ако Иран не успеа ...
Нема да дозволам втор ЗНАМ, нема да дозволам повторно отцепување, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме, разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат, не гледам дека некој дава сугестија или алтернатива, алтернативна опозициска реторика. Нека излезат, нека се кажат тие луѓе кои се, ...
Сè повеќе излегува на виделина дека премиерот Христијан Мицкоски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „На тоа укажа еврокомесарката за проширување кога кажа дека нема да примаат тројански коњи во Европа. А сега гледавме во изминатите денови и во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто бил тој кој што ги ...
Иницијативите за моја смена се кафански муабети, тие иницијативи засега се сведуваат на некакви непотпишани писма до медиумите во кои што никој не кажува кој се проблемите, кои се причините што повикуваат на моја смена, повикуваат на одговорност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Јас сум подготвен да дебатирам на секоја тема. Меѓутоа оваа партија и во минатото видела поделби. Видовме како отцепи ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), преку соопштение, посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи. Ваквата реакцијата на АВМУ е во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска. „Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба ...
Конгресот на СДСМ на 7 јуни ќе биде чисто програмски, најави лидерот на партијата, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Пред тој состанок на 7 јуни, ќе има меѓународен состанок на 6 јуни со сестринските партии од регионот на кој ќе потпишеме заедничка Декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими. Практично предизвици со кои сите сестрински партии, социјалистички ...
Над 80 вработени во РЕК Битола ноќеска и во текот на денешниот ден побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, а инспекциите веќе проверуваат дали се затруле со храна по вечерата во работничката менза. „Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна, лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола. ...
Соединетите Американски Држави потврдија дека испраќаат копнени сили на Блискиот Исток, откако Иран го отфрли мировниот план на претседателот Доналд Трамп, пишува „Индепендент“. Пентагон потврди дека во регионот ќе бидат упатени делови од 82-та елитна воздушно-десантна дивизија, логистички и сили за поддршка, како и 1-та борбена бригада. Потврдата доаѓа, откако иранските официјални претставници објавија дека го добиле предлогот на САД за крај ...
Судскиот совет изгласа – претседателката на Апелациониот суд во Скопје, Мери Дика Георгиевска да биде кандидат за иден судија на Уставниот суд. Ваквата одлука ја донесе со 10 гласови „за“ и еден против. Наспроти неа, кандидатката Елизабета Дуковска ја елиминираше со 11 гласови против. За Дика Горгиевска најголемиот дел од оние кои гласаа за рекоа дека има поголемо работно искуство како адвокат, судија во основен суд, во апелационен суд, ...
Педесет и деветгодишен маж после расправија целосно изгубил контрола врз себе во семеен дом во Куманово. Почнал да ја удира сопругата со тупаници и клоци. Жената завршила со три скршени ребра и веднаш побарала лекарска помош. Обвинителството брзо реагирало и покренало постапка за тешка телесна повреда, а судот одлучил да го стави осомничениот во притвор додека трае истрагата. „На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална ...
Намалување на акцизите за гориво наместо ДДВ-то, субвенции за фирмите за транспорт чие работење директно ја диктира цената на производите и обезбедување на доволни количини нафта како гаранција за предвидливост се дел од барањата на бизнис секторот за справување со последиците од поскапувањата предизвикани од судирот меѓу на Блискиот Исток. Граѓаните тврдат дека забележале поскапување на неопходните производи и бараат од Владата конкретни ...
Објектот во коj била сместена дискотеката „Пулс“ каде во пожар згаснаа 63 животи, а над 200 беа повредени бил за лесна и незагадувачка индистрија и не била направена пренамена на објектот потврди сведокот Драги Илијевски раководител на одделние за уредување на градежно земјиште во општина Кочани. Тој кажа дека на барањето на Дејан Јованов и фирмата „Класик ДМ“ во октомври 2012 општината првично им одговорила дека тоа паркирашлиште е за лесна ...
Владините коалициски партнери не разговарале кој ќе ја напушти министерската фотелја и каде ќе се ротираат кадрите, тврди премиерот Мицкоски. Темата не била отворена поради внатрешните промени во структурата на дел од партиите од власта. Премиерот пред два дена изјави дека најдоцна до јуни ќе се реализира реконструкцијата на Владата. Сега вели дека одлуките ќе се носат откако ќе се создадат услови за посуштинска анализа. „Не сме разговарале ...