
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Онлајн курсеви или настани, штедење и игра со децата, нега на телото и умот Зимата календарски можеби сѐ уште не започнала, но ние дефинитивно чувствуваме дека е на прагот. Не само што температурите се пониски и на повисоките места го имаме првиот снег, туку и пандемијата ни наметнува да останеме што повеќе дома, во друштво на најблиските, и безбедно и на топло да ја дочекаме зимата. Но, седењето дома се чини не секогаш интересно и често се ...
По повеќе од 135 години директна продажба преку претставници, козметичкиот гигант Avon ја отвори својата прва физичка продавница. Именувана Studio 1886 по годината кога е Авон основан, продавницата е сместена во Лос Анџелес на простор од околу 2.000 метри квадратни, модерно декориран простор во кој доминираат белата и магента боја. Оваа продавнизца е замислена како извонредно искуство за брендот и центар за љубителите на убавината, вклучувајќи ...
Ако сакaтe темно обоени нокти ова е нијансата за вас за овој период – лаковите за нокти во темноцрвена боја се сметаат за најочигледна опција за есенски и зимски маникир. Слично како и кај облеката, и во однос на боите за нокти, во студените месеци бираме потемни тонови. Темноцрвената е идеална за есенско-зимски маникир, моќна и класична исто како жар црвената, но и доволно впечатлива за да ги задоволи оние жени кои негуваат посмел изглед. ...
Актерката Марион Котијар се појавува во новата рекламна кампања на најпознатиот парфем Chanel N°5 облечена во луксузен фустан креиран во ателјето за висока мода на куќата Шанел. Таа како новото заштитно лице на парфемот се појавува и во промотивното видео во кое танцува на Месечината заедно со Жереми Белингард од Парискиот балет. Видеото режирано од Јохан Ренк (познат по сериите „Чернобил“ и ‘Breaking Bad”), е исполнето со атмосфера што асоцира ...
Козметичкиот бренд MAC има нова празничка колекција која експлодира со својата убавина и ги има најубавите подароци. Дома сте за празниците? Без оглед дали планирате да уживате со најблиските или сами – подарок може да си подарите сами на себе, зар не? Новата празнична колекција на MAC, Frosted Fireworks, инспирирана е од бајки, огномет и од магијата на празничната сезона. Содржи кармини, сјаеви за усни, сенки за очи, хајлајтери, моливи и ...
Зимските температури диктираат носење на топла облека, ролката е едно такво топло модно модно парче кое е неизоставен дел од есенско-зимската мода, кај жените, но секако и кај мажите. Се носи под сакоа, капути, кожени јакни, но за доза на елеганција за во канцеларија, дневно излегување, празнични забави или други пригоди, ја предлагаме комбинацијата на ролка со елегантно сако. Оваа комбинација со децении е класика во зимската гардероба, ...
Славниот дизајнер претставува нова ароматична колекција „Ќе патуваме низ светот преку мојот ум и ќе доживееме седум уникатни мириси каде што ги усогласив своите соништа, фантазија и имагинација. Без разлика дали станува збор за иконските чевли со црвен ѓон или производите за шминка со впечатливо пакување, она што го носи потписот на Кристијан Лубутан секогаш освојува место на списокот со желби на секоја жена. Истото важи и за новата колекција ...
Ноктите со нежен француски маникир во nude нијанса се класика, секoгаш проектираат слика за уредност и внимателна нега. Последниве сезони актуелен е таканаречениот млечен маникир, односно нокти обоени со лак во млечно бела или розова боја, кој обезбедува „кремаст“ финиш, а неретко лакот е нанесен во тенок слој кој допринесува за транспаренетен изглед. А за за повеќе впечатливост на млечната база се додаваат златни детали во вид на линии околу ...
Ставот на јавноста и поконкретно на модните вљубенички кон розовата боја отсекогаш бил поларизирачки – или ви се допаѓа и ја носите или воопшто не ви се допаѓа. Повремено станува тренд, некогаш се смета за премногу несериозна и доста детска, но често е предмет на модните колекции и избор на ѕвездите на уличната мода. Сега гледаме тенденција на розови тонови во дизајнерските колекции за есен-зима 2020/21 – драматична боја на циклама има во ...
Беж капутот како и беж мантилот е класика во есенско-зимската гардероба, покрај безбројните нови трендови секоја сезона, некако постојано му се враќаме на омилениот беж капут и често преферираме тој да со едноставен крој. Бежовите нијанси можат да бидат посветли или потемни, а за инспирација ловевме фотографии од уличната мода за видиме како трендсетерките го комбинираат ова модно парче. Па забележавме неколку тенденции – во монохроматска ...
Елена од Скопје и Љубица од Битола се двете Македонки кои погледнаа одблиску и ја открија иновацијата против стареење и тенка коса на Revalid®. Швајцарскиот бренд лансираше производ наменет да го забави процесот на стареење на косата и скалпот. - Горди сме што швајцарската иновативната формула DN-AgeTM ја промовираме во Македонија. Нашите Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид на жените ќе им помогне да го забават процесот на побелување ...
Спортски шик изглед… Елеганција со доза на удобност… Класика и лежернст споени за модерен уличен стил… Како и да ја дефинирате, непредвидливата комбинација од капут и дуксер со качулка е трендинг периодов во уличнaта мода. Стана стил кој го практикуваат оние што негуваат посебен личен стил и смело комбинираат неспоиви модни парчиња. ...
Ловиме модни идеи од профилите на стилските ѕвезди и од уличната мода, ова е изборот за оваа среда. Комплетно црна комбинација Тренди спој на дебела плетена ролка и тенко свиленкасто здолниште Идеја за во канцеларија – елегантен костумсо модерен крој и удобни мокасини Облекувањето во слоеви одлика на зимската мода И оваа сезона носиме блузи со нагласени раменици и широки панталони со висок струк Капут во пастелна боја за разведрување на ...
Блогерка со дипломза за политички и меѓународни односи, Теона Манго сега ја лансира еко-платформата Beyond Green Beyond Green е нова онлајн дестинација за одржлива мода, „зелена“ убавина и еко-лајфстајл, но и за некои други нешта. Ова е место каде што модата може да егзистира одговорно, така што ќе може да се ужива во дизајнот, уметничкиот миг и љубовта кон нештата кои ги носиме и користиме секојдневно. Тоа се однесува и на козметиката, на ...
Фотографиите со уличната мода потврдуваат дека плисираното здолниште и понатаму е актулено и популарно, за зимскиот период одлично се комбинира со чизми и со топла јакна. Предлагаме здолниште со миди должина, може да биде направено од лесна ткаенина како шифон, но и од подебела како кожа или волна. Во игра се темни или светли бои, металик финиш или асиметричен крој. Плисираното здолниште во зимска верзија се спојува со чизми по ваш избор ...
Зборувавме дека боите не треба да се гледаат низ призмата на модните сезони и се договоривме дека нема летни и зимски бои, но не можеме да го негираме фактот дека многумина црната ја сметаат за типично зимска боја. Црната во исто време е и најпопуларната боја во модата. Дизајнерите ја вметнуваат скоро во секоја своја колекција, бидејќи таа нуди разноликост, одговара на секого и на секаков тен, се комбинира буквално со сè и се вклопува во ...
Кога станува збор за облекувањето во студено зимско време, кое треба да понуди заштита и топлина, но во исто време да биде интересно и впечатливо, слоевитоста е клучен момент во стилизирањето. А најдобрата стилска инспирација доаѓа од уличната мода. Оттаму издвоивме неколку комбинации на познати модни уреднички кои додека ги извршуваат своите обврски не го жртвуваат стилот, дури и во студените месеци. Носете две јакни Облечете помала јакна под ...
Белата боја најчесто е резервирана за летната облека, но зимата не треба да биде причина да ја игнорираме. Во студените месеци некако инстинктивно се облекуваме во потемна облека, па гардеробата во светли и интензивни бои ја складираме во плакарите и не ја употребуваме сè до пролетните денови. Но, зошто да не носиме јаки бои и во зима, и конечно зошто да ја избегнуваме белата?! Веројатно треба да престанеме да ги гледаме боите низ призмата на ...
Уметноста на облекување во слоеви сите ја применуваме во зимските месеци, а редењето една облека врз друга ни стана зимска „униформа“. Умешноста на прекривањето на телото во повеќе модни парчиња е клучна за да се згрееме кога е многу ладно. Но, миксот на облеката не треба да биде неорганизиран и конечниот изглед не треба да е како да сте се пренатрупале со премногу облека, туку пожелно е да се почувствува стилска хармонија. Слоевите од облека ...
Институтот Pantone се смета за авторитет за бои и повеќе од две децении ги креира светските колористични трендови кои се одразуваат во модата, но и во сите други сегменти на нашето живеење, во својот традиционален избор за 2021 година прогласи две бои – Pantone 17-5104 Ultimate Grey, смирувачки тон на сива и Pantone 13-0647 Illuminating, интензивно жолта боја. Овие две непоспоиви нијанси се именувани како колективна боја за 2021 и се одговор на ...
Овој црн миди фустан со срцевидно деколте се чини дека многу им се допаѓа на вљубеничките во модата и стилските ѕвезди на Инстаграм. Може да се носи во различни пригоди, се вклопува и во празничен стајлинг (на пример, добра идеја е за домашна новогодишна забава), но во исто време поради растегливиот материјал, нуди голема доза на удобност. Дека е удобен, можеме да видиме од објавата на данската инфлуенсерка Пернил Тејсбек, која овој фустан го ...
Институтот Pantone како најголем авторитет во областа на боите, пред неколку дена го објави изборот за боја на годината. Поточно, за 2021 година избра две бои, како колективна боја, тоа се Pantone 17-5104 Ultimate Grey, смирувачки тон на сива и Pantone 13-0647 Illuminating, интензивно жолта боја. Изборот на боја на Pantone се рефлектира во разни делови од нашиот живот – декор, уметност, продукт дизајн, шминка, тема на венчавки, мебел, дизајн ...
The Holiday Issue е новата кампања на модниот бренд Страдивариус фокусирана на новогодишниот изглед и на облеката која во овие празнични денови ќе биде во знакот на удобност и лежерност. Годинава ќе празнуваме дома и во кругот на најблиските, веројатно облечени во пижами, но и во светкава облека за забава ако сме расположени за дотерување. Празничните модни варијации на Страдивариус се движат од пижами, карирани или со новогодишни мотиви, во ...
Јакни, кошули, дуксери, тренерки, панталони и широки фустани се само едни од најпопуларните парчиња за оваа зима, а сите тие неодоливо асоцираат на удобност, топлина и вистинско уживање, особено за оние кои работат од дома. Во согласност со глобалната ситуација предизвикана од пандемијата, се чини, годинава што минува им се вративме на сите оние супер удобни парчиња што секогаш ги заобиколувавме во плакарот. Уживаме и го следиме овој тренд и ...
На модната сцена се врати еден стил од минатото кој понекогаш нè потсетува на детството, но и на изгледот на дедовците – плетен елек со плетенки, со линии во разни бои и ромбви, со скандинавска шара во плетката или сосема клот. Но, новата интерпретација и начините на кои сега се носи плетениот елек е далеку од старински и дедовски изглед, варијациите на кои периодов го носиме елекот се доста модно напредни. И крајно трендовски. Нема ресрикции ...
Кадифето е ткаенина што изгледа луксузно, иако има далеку поскапи материјали, нè потсетува на декаденција и вечерно славење, во исто време нуди нежност и топлина, но секако е безвременски материјал и добра опција за празничен изглед. Фустанот од кадифе со својата впечатливост лесно се вклопува во новогодишна атмосфера, а за празничната сезона ваквите модели ќе ги комбинираме со високи чизми, елегантни чевли или војнички модел на обувки, со ...
Модниот бренд Angie M. на Ангела Младеноска ја претставува новата колекција наречена 2020 going 80’s, преку која во ова неизвесно што го донесе 2020-та, годината во која се обидуваме да останеме позитивни, нè навраќа на 80-тите години, како своевиден поглед во минатото за да собереме инспирација и оптимизам за иднината и подобро утро. -Новата колекција 2020 going 80’s настана со цел да се навратиме кон 80-тите години, во едни поедноставни ...
Препознатливи по својот робусен изглед, масивниот ѓон и шавот од жолт конец, чизмите со потпис Dr Martens имаат богата историја и значење во супкултурата на скинхедските во 70-тите години од минатиот век, потоа како симбол на панк културата, а и денес важат за посакувани обувки. Сезонава со трендот на носење чизми со војнички и груб изглед, „Мартинсот“ се повторно актуелни. Првиот најпознат модел „1460“ настанал на 1.4.60 односно на 1 април ...