Годинешното издание на доделувањето на филмските и телевизиските награди „Златен глобус“ се одржа два месеци подоцна и поради пандемијата на Ковид-19 во малку поинакви услови, со следење на протоколи и претежно во виртуелно издание. Ова се одрази и на црвениот килим, кој поради коронависурост се прилагоди на новата ситуација – мал дел од наградените и водителите се појавија на црвените килими посавени пред хотелот Беверли Хилс во Лос Анџелес и ...

После Инстаграм профилите кои го ловат вистинскиот стил на улиците на Рим, Париз и Лондон, ќе отпатуваме во Милано и ќе го разгледаме автентичниот уличен стил преку @milanesiamilano. Додека трае Миланската модна недела која поради пандемијата се случува во дигитална форма, со што ја нема уличната мода на познатите, уредниците, блогерите и модните ентузијасти што вообичаено се случува за време на дизајнерските модни ревии, автентична модна ...

Трикотажни парчиња, беж мантили и сакоа, тенки кратки кардигани, памучни фустани со набори, широки кошули во боја на лаванда и блузи со романтични јаки, ова се предлозите на Манго за претстојната пролет. Креациите се опуштени и во светли и пастелни тонови, идеални за пролетните денови. Инспирација за новата пролетна модна приказна, Манго најде далеку од градската врева, во убавината на пределот и живеотниот стил на Медитеранот. ...

Познатата актерка Ванеса Редгрејв, нејзината ќерка Џоели Ричарсдон и внуката Дејзи Беван снимија видео за новата колекција на дизајнерката Роксанда Илинчиќ. Наречено „Петок во февруари“, видеото е снимено со iPhone и ја доловува убавината на едноставните, споделени моменти и прекрасната нова колекција. Во видеото Ванеса го рецитира Шекспировиот сонет 73, амбиентот е преполн со сонлива, опуштена атмосфера, а трите генерации актрерки од ова ...

Преодниот период од зимска во пролетна мода значи баансирање помеѓу модните парчиња за студено време и облеката со која ја пречекуваме пролетта, за инспирација еве избор од неколку преодни стајлинзи за оние кои што преферираат минимализам и црна боја. Преовладуваат сакоа и потенки палта со едноставен крој, ролки и базични маици, кожени и панталони со широк крој, рамни чевли и патики. ...

Вода, пастелни бои и прочистена естетика. #МоментиЗаНас серијалот продолжува со ново расположение и поинаков изглед. Им ја отстапуваме сцената на Александра (@aaaesthete) и Борјана (@bor.jana), да ве одведат малку подлабоко во нивниот новосоздаден свет. Александра и Борјана: Втората фотосесија од серијалот #МоментиЗаНас е директно инспирирана од G-Shock. Овој пат, си играме со стаклени форми и вметнуваме вода како главен, но паралелно ...

Познатото домашно име Драган Христов – LUDUS, заедно со Марија Кулусиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, во текот на наредните шест месеци ќе ги претставуваат боите на балканскиот регион, под закрила на Моден Викенд Скопје. Во рамки на проектот „Обединета мода“, белгиските партнери MAD Home of Creators и Flanders DC ги обединија силите за да презентираат триесет европски дизајнери на интернационалните купувачи, организирајќи ...

Холивуд – Фантазија во десет чина Познатото списание Vanity Fair ја откри новата насловна за овогодишното холувудско издание, на првата страница се Шарлиз Терон, Саша Барон Коен, Зендаја и Мајкл Б. Џордан, но и други актери и режисерот Спајк Џонс. По 27-ми пат се снима холувудска трослојна насловна на VF, овој пат се слават најдобрите од филмскиот град, кои раскажуваат филмски приказни со надеж и хуманост за време на надреалната година. ...

Честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на најголемиот орган на нашето тело – кожата. Првата промена за која главен виновник е студеното време е сушење на кожата, како резултат на намалена работа на потните и лојните жлезди. Дополнително, често пати се јавува и лупење и црвенило на кожата. Покрај тоа што влијае директно врз кожата, влијае и врз крвнитесадови на кожата, при што ...

Ѕвездите на уличната мода нека ни бидат пример како можеме да ја разведриме зимската гардероба вообичаено во темна палета со помош на поведри бои, како на пример нијансата на лаванда. Во помала или поголема мера оваа нијанса ја носевме во минатото, оваа сезона ќе ја воведеме во нашето облекување на неколку начини (како доминанта боја или како акцент во вид на чанта), но и во комбинација со други бои. Еве кои колор споеви се релевантни. Бојата ...

Рикардо Тиши новата машка колекција на „Барбери“ за есен-зима 2021/22 ја претстави преку видео и фотографии креирајќи визија за новата маженственост која вклучува и доза на женственост преку фустани, дебели хулахопки и многу реси. Ова е првата комплетно машка колекција на Тиши за позната британка модна куќа. Во неа дизајнерот прави омаж на британската ексцентричност. „Најиконичните британски џентлмени се оние кои играа со силата на ...

Работата во изолација и тоа во Бејрут кој не така одамна настрада од експлозија, го поттикна либанскиот дизајнер Ели Саб светот на соништата да го демонстрира во неговата најтеатарска колекција досега Шест меесеци по големата експлозија во Бејрут во која настрада и неговата работилница на висока мода, дизајнерот и неговиот тим останаа во изолација поради пандемијата, а неговите персонал од 400 вработени работеа во смени и со строги протоколи. Но ...

После 28 години француското електронско дуо стави крај на „Дафт Панк“, а веста ја огласија со помош на осум-минутното видео наречено „Епилог“ во кое еден од членовите ќе експлодира и другиот ќе чекори накај изгрејсонцето. Ги-Мануел де Омем-Кристо и Томас Бангалтер кои го формираа „Дафт Панк“ во 1993 година, се појавуваат во видеото со препознатливите роботски кациги на глава и симболично најавувааат дека дуото се распушта. Нејасно е дали ...

Препознатливиот џемпер со плетенки и потпунки на француската дизајнерка Изабел Марант стана тренд и доби бројни верзии. Не е новина модните брендови на достапна мода да превземаат трендови и стилови од дизајнерските колекции, па слична креација на џемперот на Марант можеме да најдеме кај „хајстрит“ брендот Манго, а која е скоро десет пати поевтина. ...

Една зимска стилска тенденција забележавме во стилот на ѕвездите на уличната мода, еден поинаков начин на комбинирање панталони и чизми. Идејата е спој на килот-панталони и високи чизми. Правилото за носење на оваа комбинација е панталоните да го преклопат врвот на чизмите, односно да не се гледа дел од голата нога. Ако сакате да ја издолжите силуетата изберете чизми во шпицест врв, за секојдневни комбинации носете панталони со џемпер или ...

Излезе првиот трејлер за Дизниевиот филм „Круела“, приказна за познатата негативка од филмовите „101 далматинец“, Круела де Вил, со Ема Стоун во главната улога. Оскаровката Стоун ја глуми младата Круела, а филмот е фокусиран на нејзиниот живот пред да почне да ги мрази кучиња. Се враќаме во Лондон во 70-тите години и го следиме животот на младата Естела де Вил, пред да стане лошата Круела, таа е амбициозна модна дизајнерка со панк-рок и ...

Крупни прстени, обетки, ѓердани и алки од проѕирни и шарени кристали, модни додатоци како корсет од кристали, ова се некои од парчињата накит од првата колекција на стилистката Џована Батаља Енгелберт како креативна директорка на компанијата Swarovski. Поставувањето на Џована на оваа позиција во Swarovski се поклопува со 125-годишнината од основањето на австриската компанија за накит, во чест на јубилејот куќата одлучи да ги обедини своите ...

Сметаме дека секоја фигура е убава и секој изглед може поволно да се претстави ако добро ги знаете своите карактеристики и пропорции. Ако сметате дека, на пример ниската фигура, ве органичува во облекувањето, грешите! Секоја градба може да се прилагоди на актуелните трендови. Сега ќе се фокусираме на девојките и жените со нисок раст, кои со неколку стилски трикови и едноставни правила, ќе изгедаат што е можно поимпресивно. КРЕИРАЊЕ НА V-ИЗРЕЗ ...

Baked Feta Pasta Најновиот вирален рецепт на ТикТок е оној на Cooking with Ayeh, кој веќе има преку 10 милиони прегледи и стана тренд меѓу оние што сакаат да готват. Во овој рецепт Аје ги спојува нејзините две омилени нешта – тестенините и белото, фета сирење, а тајната е во потпекувањето на сирењето. Рецептот е едноставен, подготовката лесна, а потребни се неколку состојки. Фета сирењето е главната работа, а според @cookingwithayeh, рецептот ...

Откако брендот The Frankie Shop ни ги предложи маиците со „потпунки“ кои станаа голем тренд, нудат уште една стилска идеја за оваа пролет – дуксер без ракави. Спортската и облеката за дома стана најбарана изминатава година, дуксерите и тренерките едни од најпродаванаите парчиња, во тој контекст еве еден дуксер како предлог за потоплите пролетни денови. Моделот на The Frankie Shop се вика Alex, нема долги ракави, но има нагласени раменици, го ...

Последнава година се сконцентиравме на удобноста во облеката и обувките што ги носиме, а високите потпетици скоро како да ги заборавивме – еден податок вели дека минатата година продажбата на чевли со високи потпетици опаднала за 70 проценти. Зимава обожававме да носиме рамни или чизми со мини потпетици, тренд беа гломазните војнички чизми со дебел ѓон, но и елегантните модели со ниски потпетици и високи над колена. Еве неколку комбинации кои ...

Копенхаген и Стокхолм беа домаќини на своите локални модни недели, иако овие модни настани се одржаа во дигитална форма, поглед на новата мода видовме и на улиците на овие два сканиндинавски града. Скандинавците во последниве сезони изненадуваат со својот стил и уличната мода, од улиците на Копенхаген и Стокхолм „крадеме“ неколку стилски идеи како се носат колоритни комбинации и како во комбинациите се вметнуваат модни додатоци во јаки бои. ...

Водичот за патувања на „Форбс“ (Forbes Travel Guide) ги откри своите награди за 2021 година кои се однесуваат на најдобрите хотели, ресторани, спа центри низ целиот свет. Наградите вклучуваат голем број специјални признанија за индивидуални работници и брендови во угостителската индустрија, како и новата категорија Hospitality Star за гостопримство и исклучителна работа за време на Ковид-19. Меѓу наградените интересна ни си виде категоријата ...

Модната куќа Bottega Veneta последниве сезони ги има најбараните и најпопуларните модни додатоци, еден пример е моделот на чанта наречен Cassette – правоаголна чанта со испреплетени ленти. Овој модел постојано го клонираат „хајстрит“ брендовите, еве верзии од пролетната колекција на Зара. ...

Во Стокхолм штотуку заврши модната недела и жителите на градот повторно демонстрираа дека и студената сезона може да има стилски израз и дека удобноста и модата можат да одат заедно. Познатиот фотограф на улична мода Адам Кац Синдинг за изданија на Vogue фотографираше мода од улиците на Стоккхолм, со својот објектив улови различни зимски стајлизни погодни за скандинавска зима – топли јакни и дебели капути, зимски додатоци, црни и комбинации во ...

Вежбајте дома со помош на програмата на Клое Тинг, позната фитнес јутјуберка која на својот канал постојано има повеќенеделни предизвици. Во моментов тоа предизвикот за постигнување на фигура на песочен часовник, со фокус на вежби за стомакот и задникот. ...

Зимските температури и повремено снежење секако дека се одразуваат на облеката што ја носиме периодов – толли јакни, дебели капути, плетени ролки, удобни зимски чизми и многу додатоци како капи и шалови. Еве неколку зимски стајлинзи за почеток на оваа работна седмица, а кои се фокусирани на стил за снежно време. ...

Во пресрет на пролетната модна сезона брендовите откриваат колекции со кои ги најавуваат идните разновидни трендови и стилови, една од колекциите што Манго ја подготви е насочена на облека во пастелни тонови. Во центарот на оваа Манго модна приказна се нежните нијанси на сина, розова, тиркизна, жолта, кои ќе донесат доза на оптимизам и ведрина во пролетната гардероба. На светлата палета се надополнуваат и креациите во беж, каки, камел боја, а ...

Модна пролет во знакот на боите Како наближува пролетта модните „хајстрит“ брендови ги претставуваат колекциите за претстојната сезона, прв поглед на новата колекција понуди Zara и во новата кампања фокусот го стави на боите и на колор-блок комбинациите. Предложени се класични комбинации на бои – црна и бела, беж и пастелна. Класиката никогаш нема да ве изневери, но ако сакате повозбудлив и повпечатлив изглед, ќе одберете парчиња во една ...

Брендот Parfois има капсулна колекција од чанти, марами, накит и разни други додатоци кои се идеални како подарок за Св. Валентин. Овие детали имаат романтични мотиви, елементи во црвена боја, срциња и натписи што ја изјавуваат љубовта. Во колекцијата ќе најдете и ранци, паричници, торби за патување и футроли за телефон. ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
28%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
43%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
10.8
53%
1014
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1013
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.08
46%
1012
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
4.63
47%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
37%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
29%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
37%
1013
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
10.29
75%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
64%
1013
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63