Една зимска стилска тенденција забележавме во стилот на ѕвездите на уличната мода, еден поинаков начин на комбинирање панталони и чизми. Идејата е спој на килот-панталони и високи чизми. Правилото за носење на оваа комбинација е панталоните да го преклопат врвот на чизмите, односно да не се гледа дел од голата нога. Ако сакате да ја издолжите силуетата изберете чизми во шпицест врв, за секојдневни комбинации носете панталони со џемпер или ...

Излезе првиот трејлер за Дизниевиот филм „Круела“, приказна за познатата негативка од филмовите „101 далматинец“, Круела де Вил, со Ема Стоун во главната улога. Оскаровката Стоун ја глуми младата Круела, а филмот е фокусиран на нејзиниот живот пред да почне да ги мрази кучиња. Се враќаме во Лондон во 70-тите години и го следиме животот на младата Естела де Вил, пред да стане лошата Круела, таа е амбициозна модна дизајнерка со панк-рок и ...

Крупни прстени, обетки, ѓердани и алки од проѕирни и шарени кристали, модни додатоци како корсет од кристали, ова се некои од парчињата накит од првата колекција на стилистката Џована Батаља Енгелберт како креативна директорка на компанијата Swarovski. Поставувањето на Џована на оваа позиција во Swarovski се поклопува со 125-годишнината од основањето на австриската компанија за накит, во чест на јубилејот куќата одлучи да ги обедини своите ...

Сметаме дека секоја фигура е убава и секој изглед може поволно да се претстави ако добро ги знаете своите карактеристики и пропорции. Ако сметате дека, на пример ниската фигура, ве органичува во облекувањето, грешите! Секоја градба може да се прилагоди на актуелните трендови. Сега ќе се фокусираме на девојките и жените со нисок раст, кои со неколку стилски трикови и едноставни правила, ќе изгедаат што е можно поимпресивно. КРЕИРАЊЕ НА ...

Baked Feta Pasta Најновиот вирален рецепт на ТикТок е оној на Cooking with Ayeh, кој веќе има преку 10 милиони прегледи и стана тренд меѓу оние што сакаат да готват. Во овој рецепт Аје ги спојува нејзините две омилени нешта – тестенините и белото, фета сирење, а тајната е во потпекувањето на сирењето. Рецептот е едноставен, подготовката лесна, а потребни се неколку состојки. Фета сирењето е главната работа, а според @cookingwithayeh, ...

Откако брендот The Frankie Shop ни ги предложи маиците со „потпунки“ кои станаа голем тренд, нудат уште една стилска идеја за оваа пролет – дуксер без ракави. Спортската и облеката за дома стана најбарана изминатава година, дуксерите и тренерките едни од најпродаванаите парчиња, во тој контекст еве еден дуксер како предлог за потоплите пролетни денови. Моделот на The Frankie Shop се вика Alex, нема долги ракави, но има нагласени раменици, го ...

Последнава година се сконцентиравме на удобноста во облеката и обувките што ги носиме, а високите потпетици скоро како да ги заборавивме – еден податок вели дека минатата година продажбата на чевли со високи потпетици опаднала за 70 проценти. Зимава обожававме да носиме рамни или чизми со мини потпетици, тренд беа гломазните војнички чизми со дебел ѓон, но и елегантните модели со ниски потпетици и високи над колена. Еве неколку комбинации ...

Копенхаген и Стокхолм беа домаќини на своите локални модни недели, иако овие модни настани се одржаа во дигитална форма, поглед на новата мода видовме и на улиците на овие два сканиндинавски града. Скандинавците во последниве сезони изненадуваат со својот стил и уличната мода, од улиците на Копенхаген и Стокхолм „крадеме“ неколку стилски идеи како се носат колоритни комбинации и како во комбинациите се вметнуваат модни додатоци во јаки бои. ...

Водичот за патувања на „Форбс“ (Forbes Travel Guide) ги откри своите награди за 2021 година кои се однесуваат на најдобрите хотели, ресторани, спа центри низ целиот свет. Наградите вклучуваат голем број специјални признанија за индивидуални работници и брендови во угостителската индустрија, како и новата категорија Hospitality Star за гостопримство и исклучителна работа за време на Ковид-19. Меѓу наградените интересна ни си виде категоријата ...

Модната куќа Bottega Veneta последниве сезони ги има најбараните и најпопуларните модни додатоци, еден пример е моделот на чанта наречен Cassette – правоаголна чанта со испреплетени ленти. Овој модел постојано го клонираат „хајстрит“ брендовите, еве верзии од пролетната колекција на Зара. Модната куќа Bottega Veneta последниве сезони ги има најбараните и најпопуларните модни додатоци, еден пример е моделот на чанта наречен Cassette – ...

Во Стокхолм штотуку заврши модната недела и жителите на градот повторно демонстрираа дека и студената сезона може да има стилски израз и дека удобноста и модата можат да одат заедно. Познатиот фотограф на улична мода Адам Кац Синдинг за изданија на Vogue фотографираше мода од улиците на Стоккхолм, со својот објектив улови различни зимски стајлизни погодни за скандинавска зима – топли јакни и дебели капути, зимски додатоци, црни и комбинации ...

Вежбајте дома со помош на програмата на Клое Тинг, позната фитнес јутјуберка која на својот канал постојано има повеќенеделни предизвици. Во моментов тоа предизвикот за постигнување на фигура на песочен часовник, со фокус на вежби за стомакот и задникот. Вежбајте дома со помош на програмата на Клое Тинг, позната фитнес јутјуберка која на својот канал постојано има повеќенеделни предизвици. Во моментов тоа предизвикот за постигнување на ...

Зимските температури и повремено снежење секако дека се одразуваат на облеката што ја носиме периодов – толли јакни, дебели капути, плетени ролки, удобни зимски чизми и многу додатоци како капи и шалови. Еве неколку зимски стајлинзи за почеток на оваа работна седмица, а кои се фокусирани на стил за снежно време. Зимските температури и повремено снежење секако дека се одразуваат на облеката што ја носиме периодов – толли јакни, дебели ...

Во пресрет на пролетната модна сезона брендовите откриваат колекции со кои ги најавуваат идните разновидни трендови и стилови, една од колекциите што Манго ја подготви е насочена на облека во пастелни тонови. Во центарот на оваа Манго модна приказна се нежните нијанси на сина, розова, тиркизна, жолта, кои ќе донесат доза на оптимизам и ведрина во пролетната гардероба. На светлата палета се надополнуваат и креациите во беж, каки, камел боја, ...

Модна пролет во знакот на боите Како наближува пролетта модните „хајстрит“ брендови ги претставуваат колекциите за претстојната сезона, прв поглед на новата колекција понуди Zara и во новата кампања фокусот го стави на боите и на колор-блок комбинациите. Предложени се класични комбинации на бои – црна и бела, беж и пастелна. Класиката никогаш нема да ве изневери, но ако сакате повозбудлив и повпечатлив изглед, ќе одберете парчиња во една ...

Брендот Parfois има капсулна колекција од чанти, марами, накит и разни други додатоци кои се идеални како подарок за Св. Валентин. Овие детали имаат романтични мотиви, елементи во црвена боја, срциња и натписи што ја изјавуваат љубовта. Во колекцијата ќе најдете и ранци, паричници, торби за патување и футроли за телефон. Брендот Parfois има капсулна колекција од чанти, марами, накит и разни други додатоци кои се идеални како подарок за ...

Еден од главните стилови за претстојната сезона е широки и долги панталони, тренд кој беше актуелен и оваа есенско-зимска сезона. Широката силуета е во мода некое време, ќе ја примениме и во пролет 2021 – во прв ред тоа се широките, скоро вреќести панталони, кои изгледаат како да се позамјени од машкиот гардеробер, најчесто долги и насобрани околу зглобовите. За пролетва се предлагаат широки панталоно во беж боја, како во новите колекции на ...

Каде ја чувате козметиката? Во бањата каде што има влага?! На тоалетната масичка близу прозор и извори на топлина?! Погрешно! Козметиката за нега, шминката, парфемите треба да се чуваат на темно и ладно место, одредени производи дури и во фрижидер. Некои производи бараат одреден температурен режим за да ги зачуваат активните состојки и за им се продолжи векот на траење. Интересната страна е што во последниве години се појавија мали ладилници ...

Откако ги истраживме Инстаграм профилите кои се однесуваа на реалниот стил на парижаните и римјаните, заминуваме за Лондон за да го погледнеме модниот стил на лондончаните преку @londonersinlondon_. Ако во Париз и Рим преовладува посмирен стил базиран на квалитетна едноставна облека и добри дизајнерски модни додатоци, во Лондон модата се сведува на еклектизам, шаренило, бои, необични форми, микс на референци, славење на мултикултуралноста на ...

Шеснаесетгодишната Дева Касел е лицето од овонеделната насловна на Elle France, ќерката на Моника Белучи и Вансан Касел позира пред објективот на Стефано Галуци и на првата страница носи модна комбинација на Прада. Младата Дева ја наследила безвременската убавина на нејзината мајка Моника Белучи, познатата актерка која што кариерата ја почнала како манекенка. Дева е претставена како „новата муза на италијанската мода“, во фотосесијата во ...

Наскоро, Швеѓаните ќе се забавуваат со авантурите на култниот македонски лик, Зоки Поки. Десетте епизоди од истоимената ТВ-серија ќе се емитуваат ексклузивно на Шведската национална телевизија „SVT”, односно на нивниот специјализиран канал за детска програма „SVT Barn”. „SVT”, шведскиот еквивалент на „МРТВ”, е најшироко распространетата телевизија во Шведска и истата има најголем опсег на програми од сите телевизии во земјата. „Зоки Поки” е ...

Во Копенхаген од 2 до 4 февруари се одржа модната недела која овој пат беше целосно во дигитален формат, па фотогафите на улична мода вниманието го свртеа кон локалните жители. Резултатот од хрониката на познатиот „стритстајл“ фотограф Адам Кац, е серија на оригинален и модно освестен стил. Скандинавците неретко се трендсетери, како во случајот со штепованите јакни, а деновиве носеа колоритни комбинации, широки панталони и сакоа, синџири ...

Страст, љубов, моќ, опасност, храброст, енергија, романтика се некои од нештата што ги поврзуваме со црвената боја, една од основните бои и со ефект на највпечатлива. Во февруари асоцира на Св. Валентин и нашиот Св. Трифун, па еве неколку комбинации во оваа боја кои одговараат на зимска мода, но и на преодот во пролетни стилови. Добрата страна е што оваа волшебна боја одовара скоро на секој тон на кожа, оносно секој може да ја носи, што ја ...

Со доаѓањето на дизајнерот Даниел Ли на позицијата креативен директор на модната куќа Ботега Венета, овој бренд успеа да се реивентира и да се вивне на врвот на најбарани и најпопуларни брендови. Неколку сезони наназад Ботега Венета ги има најпопуларните модели на чанти со кои го освоија модниот свет, а Даниел Ли ги креираше и најпосакуваните чизми на сезоната зима 2020/21 – моделот BV Lug. Всушност, овој модел на чизми во војнички стил и со ...

Модниот бренд Зара за Св. Валентин претстави капсулна колекција во која доминира црвената боја, но и секси парчињата. Преовладуваат сатенски фустани и панталони, капути и џемпери, сите во црвена боја. Но, има икреации што ја будат страста како сатенски градници и кратки панталони, долна облека од тантела. Во чест на љубовта претставени се и маици со принтови на тема пегратка. Модниот бренд Зара за Св. Валентин претстави капсулна ...

Местото и значењето што зимските јакни на Mont го имаат во регионов, во светски рамки тоа се днесува на пердувестите модели на The North Face. Овој бренд е веројатно најпозонат и најпрепознатлив во она што се нарекува „облека за на отворено“, а „монтките“ на The North Face се носат на планина, но и во урбани средини како избор на помодарките и на познатите личности. Овие јакни се удобни, топли и повторно тренди. Перидов актуелна е ...

Годинешната програма на Националната галерија на Република Северна Македонија започнува со меѓународна изложба, по една година одложување на меѓународните проекти заради состојбата со пандемијата на Ковид 19, со изложбата FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија. Организацијата е во соработка со Канадската Амбасада и невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија. ...

Македонската компанија за часовици и накит MY:TIME го претставува модниот едиторијал „Can’t Fake this Feeling“ со фокус на неколку производи на брендот Fossil, подготвен од Александра и Борјана. Овие две креативки конечно ја остварат долгозборуваната соработка, а резултатот е неверојатно посебен момент, кој останува да живее во искреираните дела, буквално „can’t fake this feeling“ на позитива и синергија. Уште од првиот разговор со ...

Почетокот на концептот за намалување на штети првично се појавува во 80-ите години на минатиот век. Од самите почетоци, па до сега овој концепт значително еволуирал. Во својата основа овој концепт може да се опише како стратегија насочена кон поединци или групи што има за цел да ги намали штетите поврзани со одредени однесувања. Во центарот на работењето на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал, при создавањето на својата иновативна ...

Многу често линијата помеѓу навиката и зависноста е тенка, па дури и некогаш нејасна. Навиката би можеле да ја објасниме како рутинско или редовно однесување, што станува сè потешко да се откаже колку подолго истото тоа однесување се практикува. Најдобар пример на навика може да се согледа во тоа како луѓето го започнуваат денот. Утринските ритуали во голема мера се состојат од најразлични навики, утринско туширање, пиење кафе/чај/какао, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 5ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
81%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.17
81%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.51
84%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
49%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1017
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
80%
1019
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.34
50%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
77%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Злато

151548.67

Паладиум

47550.95

Платина

64944.51

Кобалт

45.39

Калај

50.46

Алуминиум

3.60

Сребро

2439.04

Бакар

12.12