Новoгодишните и божиќните празнични денови се повод за собирање околу домашната трпеза, кога во весела атмосфера и вкусни оброци се дружиме со семејството, пријателите, најблиските… Не заборавајте да го декорирате и овој дел од просторот и изберете стил кој најмногу ви се допаѓа и е во координација со остатокот од домот. Еве неколку идеи како да декорирате…
Сребрена или златна боја
Спој на класичен и модерен стил, потсетува на традиционалното новогодишно блештавило, но и на современите металик трендови. Да не изгледа премногу нападно комбинирајте со еднобоен чаршаф, модернистички бели чинии, минималистички прибор за јадење едноставни кристални чаши.
Природата на маса
Тенденција е да се пренесе природата во декорот, па и за новогодишните празници внесете ја природата на маса – мали зимзелени дрвца, шишарки, венчиња во спој со едноставна, но рафинирана декорација на масата.
Класика во црвена боја
Ако ја претпочитате класиката, како главна тема изберете ја црвената, најтрадиционалната новогодишна боја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари