Крајот на оваа сосема поразлична година помината во глобална пандемија ни дава на сите чувство на ново поглавје, ново „нормално“, а тоа секако се пресликува преку нашиот стил. Oваа година главни мотиви во модата и стилот беа удобно и лежерно, но тоа воопшто не значи дека плакарот ни станува здодевен, туку напротив – ни дава можност за експериментирање. Тимот на Fashion Group ги охрабрува сите да го обноват плакарот и да ја дочекаат новата година ...

Во годината во која пандемијата предизвика одредено стагнирање во светот на модата, некои од македонските креатори не престанаа да творат, креираа колекции и виртуелни претставувања, а некои пронаоѓаа нови креативни предизвици, во случајот на Олгица Ѓоргиева, тоа е дизајнирање на мини колекција на чанти. За да ги престави таа реализира неколку фотографии на кои самата позира, а фотосесијата ја потпишуваат Ани и Дими. Со Олгица зборувавме за ...

Во Битола свечено се отвори просторот во кој ќе работи Битола Старт-ап Центарот кој е првото локално партнерство за вработување кое се спроведува во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, со финансиска поддршка од Европска унија. Општина Битола е единствена општина, избрана помеѓу 12 апликации од различни општини, која го имплементира овој пилот проект во нашата земја. - Битола старт-ап ...

Дизајнерот Мите Занов ја претставува својата нова колекција наречена FEMME и наменета за есен-зима 2020/21, во која тој создава симбиоза на јавето и сонот, фантазијата и реалноста, суреализмот и реализмот. Колекцијата е инспирирана од совршеноста и строгоста на кројот на машкиот костум, прикажан на женска силуета и во форма на женска облека. FEMME е деветта колекција по ред на неговиот бренд ZANOV и затоа симболично соддржи 9 изгледи составени ...

Слип-здолништето карактеристично за стилот на 90-тите години, доживеа враќање минатите сезони и возобновена популарност кај вљубеничките во модата. Особено барани беа оние свиленкастите со точки, леопардова шара или во некоја неутрална нијанса. Навидум тенки и соодветни за пролетно-летните месеци, брендовите и трендсетерките најдоа начин како да го носат и кога е судено – со дебел плетен џемпер и зимски чизми. View this post on Instagram ...

Од утре, 17 декември во 12 часот, па се до 28 февруари 2021 година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“. Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а во недела музејот работи до 13 часот. Поставката ќе се одвива според ...

Зимските модни додатоци како шалот, плетената капа, ракавиците и шубарите се неопходни доколку сакаме да се загрееме во студените месеци, но најелегантниот детаљ секако е шапката. Можеби не грее толку многу како плетената капа, ама ја возвишува секоја модна комбинација. Без разлика на трендовите, шапката како моден евергрин се вклопува скоро во секој стил. Иако е разнолик моден детаљ, поради впечатливоста и екстравагантноста, повеќето жени не ...

Како поддршка на иницијативата на „Златен глобус“ да се носи црна боја на доделувањето на овие филмски награди, и во спој со актуелните намаление, избравме пет црни фустани од модниот бренд „Манго“ кои сега може да ги купите на попуст. Од моделот со широки ракави кој чини 790 денари до креациите од кожа и тантела кои се пригодни за вечерни излегувања, овие фустани можете да ги носите во следниве месеци и во идните пролетни денови. 1.390 денари ...

Навидум строг и деловен костимот со ситно каро на сива основа претстојната сезона ќе биде дел од гардеробата на девојките и жените што ја следат модата. Неколку сезони модните брендови си играат со овој изглед, a сивиот кариран костим ќе биде тренд и за есен 2017. Сакото може одделно да се носи во разни комбнации, но целата слика се создава кога е во комплет со панталони. И двете парчиња треба да се совршено скроени, а може да се комбинираат на ...

Класика во гардеробата секоја есен-зима сезона, капутот во беж боја со едноставен крој е едно од оние задолжителни модни парчиња во женскиот, но и во машкиот стил. Ќе го сретенете и под називот camel coat, бидејќи е во бојата на влакната на камила, а скоро секоја година е дел од модната понуда во продавниците на high street брендовите. Mango Zara Stradivarius Zara ...

Ѕвездите на уличната мода потврдија дека најпопуларните чизми оваа сезона се моделите во војничките стил со цврст изглед и дебел гумен ѓон, во верзии со врзување или со ластик. Овие модели на чизми ги има во дизајнерските колекции, но и во понудата на хајстрит брендовите. Еве еден предлог – модел на кожни чизми, со гумена платформа од 5 сантиметри, во бордокафена боја, високи над глужд и со ластик, од колекцијата на нашиот омилен бренд Mango. ...

Враќањето на работното место е неизбежно, после летниот одмор или карантинскиот период, следат есенски денови во канцеларија. Идеи како да ја организирате деловната облека за претстојната сезона ловиме од фотографиите на улична мода – тие се извор на изграден стил, елеганција и мода со карактер. Следејќи ги трендовите есенва ќе бидат актуелни предимензионирани парчиња, за деловниот код тоа нека бидат пошироки сакоа, панталони или кошули. За ...

На 25-ти и 26-ти ноември, по трет пат традиционално, ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, која оваа година, согласно препораките за заштита на здравјето на учесниците, ќе се организира комплетно онлајн, под мотото: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“. И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат ...

Зимската гардероба за во канцеларија треба да биде топла, но и елегантна и модерна истовремено, а една стилска идеја што ги задовлува овие сегмети и Ви ја предламе е комбинацијата со карирано миди здолниште. Со миди должината и ситниот кариран дезен содејствува со кодовите за деловен изглед, со асиметричниот крој нуди трендовски момент, а добро се комбинира со ролка, високи чизми и чанта со структурален облик. Комбинацијата може да се носи на ...

Модните парчиња со светкави пулејки и со металик ефект често ги поврзуваме со новогодишни забави и свечен стајлинг, шпанскиот бренд „Манго“ во својата акуелна колекција нуди збир на креации токму за вакви пригоди. Ако ви треба помош при шопингот овој викенд, избравме седум светкави идеи од „Манго“. Фустан со светкави пулејки и гол грб, 7.990 ден Фустан од брокат со цветен дезен, 6.490 ден Асиметричен горен дел, 2.490 ден Металик плисиран ...

Дружењето и музиката си го направија своето, споија уметници кои створија едно музичко дело – Sarah Mace и Eye Cue ви ги претставуваат песната и видеото „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента. Песната е на Сара и е настаната пред неколку години, кога на Макфест е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на Skopje ...

Периодов популарни се блузите со пуф-ракави и со впечатливи детали на ракавите, тренд кој се повикува на модата од 80-тите, а ќе го носиме и во претстојната есенска сезона. Овие блузи се добри и за денски и за вечерни пригоди, и можеме да ги носиме и со фармерки и во погламузорни комбинации. За да ви го олесниме шопингот еве неколку идеи од „Манго“ – едноставен тенок џемпер со широки ракави, црна блуза со транспарентен дел, како и романтична ...

Препознатлив по модни парчиња кои ја истакнуваат женственоста и елегантната едноставност, шпанскиот моден бренд Massimo Dutti игра на таа карта и во тековната колекција за пролет-лето 2020. Еден клучен сегмент од колекцијата се фустаните, кои во моментов се на попуст и во скопската продавница на брендот. Еве еден избор на фустани кои задоволуваат неколку стилови –миди или макси должина, еднобојни или со принт, на преклоп или со прерамка околу ...

На 25 ноември во Младинскиот културен центар ќе биде отворена „Архиметрии“, прва самостојна изложба на фотографии на архитектот и архитектонски фотограф Андријана Тилиќ. Проектот има уметничко-истражувачки карактер и ја афирмира естетиката на архитектнската фотографија. Проектот има за цел да го истражи архитектонскиот јазик на модерната, но и на современта архитектура воопшто, да ја предочи заемната длабока врска на фотографијата како медиум и ...

Според трендовите на модните брендови и од улиците на големите градови костимот со панталони е главен моден стил оваа сезона. Костимот е и главен моден избор на секоја деловна жена. Во својата летна и деловна верзија тој треба да биде од лесна ткаенина и не толку формален. Во однос на палетата фаворит се комплетите во посветли тонови како бела, беж или сива боја. ПРОЧИТАЈТЕ: Ленениот костим класика на летниот деловен изглед ...

Плисираните здолништа на модната куќа „Гучи“ станаа хит кај познатите и твездите на уличната мода, од златни до модели со пруги како што носат Бијонсе и Џована Батаља. Стилистката Батаља ја забележавме во различни верзии на „Гучи“ здолништето, еден модел со металик финиш и линии со виолетово-сини тонови има своја слична хајстрит-верзија во понудата на „Зара“, но во поразличен тоналитет. Моделот на „Гули“ чини околу 1.500 евра, додека веријата ...

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, вчеравечер и вечерва, некои објекти и обележјата во Скопје се осветлени во сина боја, како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата. На покана од Уницеф, Музејот на современата уметност – Скопје се вклучи кон одбележувањето во време на еден од најголемите предизвици во нашата понова историја. Пандемијата на коронавирусот ги разоткри длабоките нееднаквости во ...

Пред неколку години Ан Самстронг, маркетинг консултантка од Сан Франциско и како вели за себе мотивирана деловна жена, одлучи да го документира својот деловен изглед на блогот 9to5chic – како еден вид стилски дневник и дестинација на која постира стилски совети за изглед во канцеларија од 9 до 5 часот. Ан е една од првите блогерки фокусирана на деловната мода и сè уште е активна на социјалните мрежи. Објавува инспирација за деловен излед кој се ...

Претстојната есенска модна сезона значи навраќање на модата од 70-тите години и позајмување на референци од бохо-стилот, трендот го следат и популарните хајстрит-брендови како шпанскиот „Манго“. Од новата понуда на брендот спакувана во приказната за Boho Traveller издвоивме неколку предлози во боемски стил – лелеави фустан со принт, романтична бела блуза, моделисо нагласени ракави, палто со реси и плисирано здолниште. ...

Балетанките се класика во женската гардероба, модниот бренд Манго за есен 2020 понуди модел кој е најблиску до обувките што ги носат балерините – ја следи формата и има врвки исто како кај балетанките на балерините. Направени се од мека кожа во nude нијанса, доста се удобни, а поради неутралната боја лесно ќе се вклопат со различна облека. Одлични се за овој преоден период од лето во есен и чинат 2.990 денари. ...

11.издание на фестивалот прераснува во регионален, со оглед на тоа дека благодарение на VoD платформата Cinesquare.net, филмовите ќе бидат достапни во 13 земји во регионот Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе бидат дел од програмата на Мобил филм фестивал, што ќе се реализира по 11-ти пат. Филмовите поделени во три програми ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net. Поради ковид-ситуацијата, годинава ...

Според повеќе експерти прочистениот работен простор овозможува повеќе концентрација, поради тоа дизајнерите на ентериер често предлагаат домашни канцеларии во минималистички стил. Лошата организираност и хаосот од премногу работи натрупани на бирото е првата грешка при работа, затоа е подобар чистиот и поедоставен простор, редот и уредноста, односно употреба на минималистички стил кој допринесува за максимум фокусираност на работата. ...

Модниот бренд Зара постојано нуди модни парчиња кои одговараат на деловниот код на облекување, за првите есенски денови во канцеларија, можете да одберете некоја стилска идеја од новата колекција. По летниот одмор и карантинските денови поминати дома, вратете се на работа и изгледајте професионално во предлозите на Зара – класичен капут во смела боја, различни сакоа кои задоволуваат различни стилови, елегантен комплет од сако и панталони. ...

Предизвиците, можностите и ефектите од Kовид кризата кон бизнисите ќе бидат во фокусот на Третата годишна конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи онлајн, на 25-ти и 26-ти ноември и е насловена: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“. Традиционално, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, конференцијата ќе биде место каде мноштво истакнати странски и домашни говорници од различни сектори ...

Осумнаесетгодишната Лајла Грејс Мос Хек, ќерката на Кејт Мос и Џеферсон Хек, е на насловната страница на декемврискиот број на италијански Vogue. Фотографијата е на Дејвид Симс, а Лајла позира во креација на Долче и Габана. Ова не е прв пат да се најде на насловната на Vogue Italia, во 2016 година позираше заедно со својата мајка, славната манекенка Кејт Мос. Лајла пораснала покрај родители кои се вклучени во модната индустрија, нејзината ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
57%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
6.17
68%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
68%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.3
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
63%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
62%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
47%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
47%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
80%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
77%
1014
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63