Прволигашот Пелистер официјално го назначи Марјан Секуловски за нов шеф на стручниот штаб, кој ќе го предводи тимот во финишот од сезоната, во обид да се надмине кризата и да се исполнат клупските цели. Од битолскиот клуб порачаа дека следниот период е клучен и повикаа на целосно обединување – сите структури во клубот, како и градот, да застанат зад тимот во последните девет натпревари од шампионатот. Раководството решението за излез од ...

Охрид вечерва славеше сигурна победа во македонското дерби против Тиквеш во рамки на 2. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), откако „рибарите“ со 2:0 го добија тимот од Кавадарци. Натпревар со многу шанси и чисти мрежи во првите 45 минути (0:0), па неизвесноста продолжи во вториот дел. Во 58. минута од мечот по една одлична нафрлена топка во шеснаесетникот со одличен удар со глава тимот на Охрид го отвори резултатот за водство од 1:0. Не ...

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува тежок предизвик во полуфиналниот бараж против Данска, кој в четврток ќе се одигра во Копенхаген, во амбиент каков што ретко се гледа – пред комплетно исполнет стадион. Од данската федерација потврдија дека сите билети за „Паркен“ се веќе продадени, што значи дека околу 37.000 навивачи ќе создадат силен домашен притисок врз избраниците на селекторот Гоце Седлсоки. И покрај тоа, Македонија ќе има ...

Од денес нов претседател на фудбалскиот клуб Брегалница е Ангел Бојаџиев, кој веќе ја презеде функцијата и на самиот старт веднаш се започнати неколку активности. Бојаџиев ја презема Брегалница во моменти кога клубот води борба за влез во Првата лига, а тој и во минатото ја извршуваше оваа функција, што за него ова ќе биде позната средина. Инаку, веднаш се преземаат инфраструктурни активности за подобрување на теренот и стадионот комплетно ...

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува сериозен европски предизвик во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, каде ќе се соочат со силниот состав на Олимпијакос. Двомечот со грчкиот претставник носи можност за историски успех, но и бара максимален ангажман во сите сегменти од играта. Во таборот на Охрид владее респект кон противникот, но и јасна свест за сопствените амбиции. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, за Спортска Мрежа го најави двомечот. ...

Башкими приреди вистинска драма во Куманово и со неверојатен пресврт го совлада Шкупи со 3-2, во меч од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Иако кумановчани беа фаворити, до бодовите стигнаа на далеку потежок начин од очекуваното. По мирното прво полувреме без погодоци, вториот дел донесе шок за домашниот тим. Шкупи за само две минути преку Зибери и Чајани обезбеди висока предност од 0-2 и најави сензација. Работите дополнително се ...

По неочекуваниот пораз од Работнички, фудбалерите на Башкими се целосно насочени кон следниот предизвик, со јасна цел – освојување на нови три бода и задржување на стабилната позиција во средината на табелата во Првата лига. Оптимизмот во редовите на кумановскиот тим се темели и на последниот меѓусебен дуел, во кој Башкими славеше убедлива победа од 2-0, со погодоци на Ор и Рибеиро. Напаѓачот Филип Алексовски е уверен дека тимот има квалитет ...

Шкупи и натаму ја бара својата прва победа во сезоната, а како што одминуваат колата во домашното првенство, задачата станува сè потешка. Конкуренцијата е силна, бидејќи секоја екипа се бори за своите цели – опстанок, место во Европа или врвот на табелата. И покрај тешката ситуација, во клубот од Чаир инсистираат на достоинствен настап на секој натпревар, свесни дека сè повеќе се наметнува реалноста за преселба во Втората лига следната ...

Екипата на Овче Поле од Свети Николе го презеде врвот на табелата во Трета лига – Исток со 31 бод на своето конто, два повеќе од непоразената Победа Валандово која сега е втора, но „калинкарите“ имаат два меча помалку од „овчарите“. Ударник е трет со 26 бодови, со тоа што има меч помалку од лидерот Овче Поле, а пак има меч повеќе од тимот од Валандово. Откажувањето на Рудар и Светлост од натпреварување направи доста „компликации“, по три ...

Натпреварот од 19. коло на Првата ракометна лига меѓу Младост од Богданци и Кичево кој беше закажан за денес во „Билјанини Извори“ во Охрид сепак не се одигра поради технички причини. По одлука на делегатот истиот воопшто и не започна, па сега се отвара работа за Натпреварувачката комисија на РФМ. Повеќе од јасно е дека бодовите службено ќе ги добие Младост, а домаќин на истиот беше Кичево. Инаку, првиот нивен меч наместо во Кичево се одигра ...

Ниту „Д“ од дербито меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино, откако во рамки на 19. коло на Првата ракометна лига, домаќинот со 33:24 славеше висока победа. Уште од самиот почеток Драчево Јуниор одлично отвори и имаше постојана предност, а гостинот само на момент намали на 12:10 и тоа беше се што можеше да направи. На полувреме резултатот беше 16:13, а во вториот дел разликата стигна до конечните 33:24. Димитар Петковски беше прво име кај ...

Лидерот Железарец оствари лесна и убедлива победа над битолски Конзули откако во Автокоманда со 12:5 поранешниот шампион на Македонија беше подобар во меч од 15. коло на Втората футсал лига. Ланскиот прволигаш продолжува да го трасира патот кон експресно враќање во елитата. Мирко Богески имаше хет-трик вечерва, а по два погодоци постигнаа Дарко Насевски и Петре Даиловски. По еден гол за Железарец постигнаа Дејан Кајсторовски, Мартин Калчев, ...

Натпреварот во Штип меѓу Мал Ајакс и Клими заврши без победник откако дете екипи одиграа 3:3 и ги поделија бодовите. Овој бод за штипјани не им значи многу бидејќи се во многу тешка ситуација за опстанок. Иса Дурмишов постигна два гола за Мал Ајакс, а еднаш погоди Теодор Наков, додека пак за тимот од Кавадарци двоен стрелец беше Давид Крстевски, а еден гол беше дело на Кирче Крстевски. Драматичен меч одиграа Балкан и Шкупи во борбата за ...

Веќе станува јасно оти само две екипи ќе ја водат трката за првата позиција во Трета лига – Запад. Лидер е Камјани кој има 36 бодови на своето конто со плус седум повеќе во однос на кичевски Влазерими кој е втор со 29 бодови. Станува јасно дека само Влазерими ќе биде најголемиот конкурент на Камјани за првото место. Вардар од Брвеница е трет со 25 бодови и веќе има 11 бодови кои се недостижни од рвот, додека пак останатите екипи се далеку зад ...

Со мечевите од 10. коло стартуваше пролетната полусезона во Трета лига – Јузапад, а првата пролетна рунда донесе промени во врвот со тоа што сега Влазними е осамен на врвот, а пак Караорман заврши од прво на трето место, тоа го искористи Славеј од Мешеишта кој е втор. Но, разликата не е многу голема, бидејќи само три бодови е разликата од прво до трето место. Влазними од Струга е со отворени амбиции за бараж за Втора лига и сака влез во ...

Во Трета лига – Југ нема многу промени на табелата од претходното коло, Борец е на врвот со 43 бодови, има шест бодови повеќе од Превалец кој е втор, но со тоа што тимот на Превалец има меч помалку во однос на поранешниот прволигаш. Всушност само Превалец е во ситуација да го напаѓа првото место на Борец, со оглед на тоа што другите екипи имаат сериозна бодовна разлика. Росоман е во резултатска криза и сега има поголема бодовна разлика во ...

Шампионската титула во Првата женска фудбалска лига е решена и истата оди во Пржино, лидерот Скопје е на врвот со 54 бодови, дури 15 повеќе од второпласираната Тиверија Брера која има 54 бодови. Во фудбалската елита во женска конкуренција борбата ќе биде меѓу екипите за втората позиција, а ќе има борба во долниот дел меѓу Топ Гол и Кочани за да се избегне последното место. Последната позиција води кон директно испаѓање во Втората женска ...

Екипата на Проект од валандовско Јосифово е нов шампион во Првата футсал лига на Македонија, откако вечерва со 2:6 славеше над Кеги Моби во рамки на 14. коло. Тимот од Јосифово на четири кола до крајот и официјално е нов шампионат и по неколку години се враќа шампионската титула во витрините на Проект. Повеќе од заслужено е овој голем успех – тимот има 14 од 14 и сега фокусот нормално останува до крај да се добијат сите натпревари за ...

Лидерот Камјани стигна до уште една убедлива победа откако со 7:0 славеше над Љуботен, во рамки на 14. коло кое се комплетираше денес. Берзати беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Нуредини, Лимани, Асани, Азиз и Бафтиари. Со погодоците на Агон Хајредини и Албулен Имери екипата на Влазерими од Кичево славеше во Брвеница со 0:2 над Вардар. Поранешниот прволигаш Ренова ја доби голедата со Дрита на домашен терен славејќи со 4:3. Ријад ...

Екипата на Скопје однесе уште една убедлива победа и го подготвува шампањот за прослава на титулата, откако денес тимот од Пржино со 8:0 го декласираше струшки Ас Јунајтед, во рамки на 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Сара Коларовска во 13. минута постигна гол за отварање на резулатот, потоа двојни стрелци беа Рабија Дервиши и Јована Каралиоска, а пак Ана Боризоска постигна хет-трик. Скопје е на врвот со 54 бодови и има плус 15 во ...

Актуелниот шампион Љуботен кој остана без можноста да ја одбрани титулата по одземените девет бодови од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ, денес со неверојатни 16:0 го декласираше Кочани, кој доживеа голем пораз, кој ќе биде запишан во неславната страна на тимот. Меланија Грозданова и Елена Симјанова постигнаа по четири гола, хет-трик забележа Лори-Ен Моисет. По еден гол за тимот од Тетово постигнаа капитенот Александра Марковска, ...

Многу погодоци донесе 16. коло во Трета лига – Север, на три меча имаше победници со по шест постигнати погодоци. БВК Коњаре со 6:1 славеше над Отља на домашен терен во натпревар каде Бејтула Авдали постигна хет-трик, двапати стрелаше Руфат Чалафи, а еднаш Онур Емини, за гостинот погоди Сеид Саљији. Куманово со 6:0 го доби тимот на Студеничани, каде Кристијан Златковски постигна три гола, а по еден Андреј Јовановски, Амар Имери и Екрем ...

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф дуел против Данска во борбата за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим го одработи првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Поради отсуство на неколкумина фудбалери, кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први впечатоци ги сподели Себастијан Херера од Борац ...

Есенскиот шампион во Трета лига – Југозапад пролетниот дел го отвори со катастрофален пораз од 4:0 губејќи на гостувањето во Дебар од Кораб. Во дуел на два поранешни второлигаш домаќинот беше убедлив во рамки на 10. коло со кое беше отворен пролетната полусезона. Амар Иса го отвори мечот по две минута игра, а во 38. минута погоди за двојна предност, а пак Фатјон Леши во 40. минута погоди за три гола предност на полувреме. Во вториот дел Ујкан ...

По денешниот пораз од Струга Трим Лум со 0:2, тренерот на ФК Пелистер, Милан Стојановски, си поднесе оставка од функцијата. Клубот ја прифати неговата одлука, со што Пелистер останува без шеф на стручниот штаб во клучен дел од сезоната. „Како шеф на стручниот штаб, ја преземам одговорноста за резултатите во пролетниот дел од сезоната и одлучив да си поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да им се заблагодарам на клубот за укажаната ...

Превалец со голот на Ристо Станковски го доби мечот со Младост во Кривогаштани откако славеше со 0:1 во рамки на 17. коло на Трета лига – Југ. Дебакл на Росоман кој загуби од Башкими од Јаболчиште со 0:4 – Лавдрим Лазами го отвори мечот во 3. минута, а потоа хет-трик постигна Емре Исмаил со три гола о вториот дел. Влазними Јуниор и Ултрас ги поделија бодовите откако одиграа 1:1, за гостинот погоди Стојески во 78. минута, а за домаќинот ...

Трета лига – Исток има нов лидер, откако Овче Поле со минимални 0:1 славеше над Брегалница во Делчево и го презеде челното место на табелата. Дарко Нацев беше единствениот стрелец во Делчево кој го реши мечот, со што трите бодови заминаа во Свети Николе. Тимот на Овче Поле е лидер на табелата со два меча повеќе во однос на непоразената Победа од Валандово, која во рамки на 14. коло беше слободна. Тиверија одамна немала ваква висока победа ...

Струга Трим Лум продолжува да чекори сигурно во шампионатот, откако славеше на гостувањето кај Пелистер со 0-2 во рамки на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дуелот во Битола започна со мала иницијатива на домашниот тим, кој се обиде да се закани преку прекини, но без посериозна опасност по голот на стружани. Со текот на времето, гостите ја презедоа контролата и почнаа да го диктираат темпото на игра. Таквата игра резултираше со ...

Големо Коњари стигна до втората сезонска радост откако денес пред верната публика славеше над Победа со 2:0, меч со кој се комплетираше 21. коло на Втора лига. Ова беше дерби на две екипи кои веќе се испаднати во Трета лига – Југ, а воедно и локално дерби за прв позитивен пролетен резултат. Херој на мечот беше Беким Алимоски кој со два гола ги обезбеди трите бодови за Големо Коњари. Првиот пат погоди во 37. минута и погодокот го прослави со ...

Екипата на Каменица Саса веднаш се врати на победи после поразот од лидерот Скопје во претходното коло, откако денес буквално го „разнесе“ со 7:0 „жилавиот“ Топ Гол од Битола, во рамки на 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Повеќе од јасно беше дека „рударките“ ќе прокнижат три бодови, ќе стигнат до 12-тиот сезонски триумф, а прашање беше само со колкава разлика. Битолскиот тим беше инфериорен противник и немаше капацитет да се носи со ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
78%
1024
weather icon

Загреб

17ᴼ / 11ᴼ
2.06
73%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1024
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.02
95%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
92%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
76%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1020
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
40%
1021
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
93%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
61%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
89%
1016
Currency

61.6238

Currency

53.0805

Currency

71.3451

Currency

37.9041

Currency

38.3922

Currency

67.5436

Currency

7.81404

Currency

0.74609

Currency

0.33339

Currency

0.52505

Currency

1.16253

Currency

0.5548

Иридиум

253540.09

Паладиум

42889.10

Алуминиум

3.65

Цинк

0.00

Злато

144887.41

Родиум

310254.70

Рутениум

51376.89

Бакар

12.82

Калај

54.15

Платина

61729.43

Сребро

2427.86

Кобалт

45.39