Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
ГРК Охрид е на чекор до историски успех во ЕХФ Европскиот куп, а пред реваншот против Олимпијакос, голманот на охриѓани- Бојан Блажески во изјава за Спортска Мрежа го најави клучниот натпревар и ги истакна очекувањата во таборот на „гладијаторите“. Блажески посочува дека Охрид има солидна предност по првиот натпревар, во кој тимот одиграл квалитетно и дисциплинирано. Тој нагласува дека и покрај позитивниот резултат, реваншот мора да се одигра ...
Тиверија Брера се чекираше во полуфиналето од Купот на Македонија кај дамите откако со 2:0 славеше над Скопје на домашен терен и пред својата публика. Натпреварот во Струмица беше решен рано откако тимот на Славе Велков преку Павлинка Николовска постигна гол во 13. минута за отварање на резултатот, а само една минута подоцна Билјана Панеска погоди за 2:0, а тоа беше и конечен исход. Каменица Саса со 0:4 славеше над Кочани и лесно стигна до ...
Младиот и перспективен фудбалер Матеј Атанасов од Струмица доби покана да учествува на престижниот меѓународен камп „International Top Talent“, кој ќе се одржи во Дортмунд, Германија, во периодот од 7 до 12 април 2026 година. Станува збор за значајно признание за неговиот талент, посветеност и континуирана работа, но и уште една потврда дека неговите квалитети веќе се препознаени надвор од границите. Интересно е што Атанасов втора година по ...
Вечерва од 21 часот ќе можете премиерно да го погледнете целиот натпревар од дербито во Свети Николе меѓу Овче Поле и Победа Валандово. Ќе има можност за коментари во живо, поставување на прашања, анализи… Кој ќе биде шампион во Трета лига – Исток? Кој ќе игра бараж за влез во Втора лига? Што понуди дербито во Свети Николе од 15. коло на Трета лига – Исток? Премиерно, вечерва од 21 часот само на Спортска Мрежа. Вечерва од 21 часот ќе можете ...
ГРК Охрид продолжува со сериозно засилување на ростерот за наредната сезона, откако официјално го претстави унгарскиот репрезентативец Доминик Мате како второ ново име во тимот. Станува збор за ракометар кој важи за едно од најзвучните засилувања во поновата историја на клубот. Мате денес го прославува својот 27-ми роденден, игра на позицијата десен бек, висок е 202 сантиметри и тежок 108 килограми, а во Охрид ќе го носи дресот со број 23. ...
ФК Крошу ја игра своја најдобра сезона досега – лидер во Четвртата лига во ОФЛ Битола со убедлива предност од плус осум бодови и голема победа во дербито против директниот конкурент ФК Баир. Но, зад резултатите стои нешто повеќе од форма – стои систем, карактер и јасна визија. Тренерот Христијан Станковски открива дека оваа екипа не се води од еуфорија, туку од дисциплина, болка од минатото и глад за успех кој се уште не е задоволен. Крошу е ...
На осум кола до крајот во Втората македонска фудбалска лига останува неизвесно само кој ќе биде шампион и ќе има директен влез во Прва лига за следната сезона. Скопје е лидер со 50 бодови, на делба на второто место со по 49 бодови се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново. Која од овие екипи има најповолен распоред до крајот од второлигашкиот шампионат? Скопје 23 коло Скопје – Брегалница 24 коло Новаци – Скопје 25 коло Скопје – Каменица Саса ...
Новиот шампион Проект вечерва лесно се чекираше во големото финале од футсал Купот на Македонија откако со неверојатни 11:0 буквално го „збриша“ тимот на Клими од Кавадарци. Тимот од Јосифово имаше лесна задача вечерва во Гевгелија, а гостинската екипа од Кавадарци немаше сили ниту на момент да го запре налетот на расположениот Проект кој сигурно оди кон освојување на двојната круна. Дури четири играчи беа двојни стрелци – Мартин Тодоровски, ...
Ракометниот клуб Прилеп прави важен чекор кон стабилност и континуитет, откако официјално ја продолжи соработката со тренерот Наум Танески и двајца од клучните ракометари – Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски. Стружанецот Танески и во наредната сезона ќе го предводи тимот од клупата, додека најдобриот стрелец Димитриоски останува да биде главна офанзивна опција на прилепчани. Во составот ќе продолжи и десниот бек Шипинкоски, кој се ...
По ексклузивната информација што ја објави Спортска Мрежа за назначувањето на Игор Џамбазов за претседател на ФК Дојранско Езеро, разговаравме со новиот прв човек на клубот, кој отворено зборуваше за емоциите, плановите и предизвиците што го очекуваат. Покрај Џамбазов, во новата управа се и Мишел Истатов (син на легендарниот Благој Истатов), Кирил Изов – поранешен селектор на женската А репрезентација на Македонија, сега селекторот на У-19 ...
Ракометарите на ГРК Охрид се на чекор до ново историско поглавје на европска сцена, откако во првиот четвртфинален дуел во Атина го совладаа Олимпијакос со 31-26. Пред „гладијаторите“ остануваат уште 60 минути во салата „Билјанини извори“ за да го заверaт пласманот меѓу најдобрите четири во ЕХФ Европскиот куп. Охрид одигра зрело и сигурно во Грција, контролирајќи го натпреварот од самиот почеток. Предноста постојано беше на страната на ...
Фудбалскиот клуб ФК Дојранско Езеро добива нова енергија и сериозна организациска структура, откако беше формирана нова управа составена од луѓе кои искрено го сакаат фудбалот и веќе имаат дадено значаен придонес во спортот. На чело на клубот како претседател застанува легендарниот Игор Џамбазов – актер, музичар, ТВ-водител и еден од најпрепознатливите јавни личности во Македонија, кој сега ја започнува својата нова спортска приказна, ...
ГРК Охрид го потврди првото засилување за наредната сезона, откако редовите на клубот ќе ги засили искусниот хрватски репрезентативен голман Дино Славиќ. Станува збор за 33-годишен чувар на мрежата, висок 185 сантиметри, кој во Охрид доаѓа по три сезони поминати во француски Лимуж. Претходно во кариерата Славиќ настапуваше и за екипите на Загреб и Адемар Леон, а зад себе има и значајни настапи во дресот на хрватската репрезентација. Според ...
На три кола до крајот на Првата футсал лига на Македонија многу работи се јасни – па ќе се игра за престиж и висок пласман. Проект уште пред едно коло потврди дека е новиот шампион, а сега фоксот е кој да биде втор на табелата, а во таа борба за Кеги Моби и ланскиот шампион Форца. Борба ќе има и за петтата позиција, а конкурираат неколку екипи, додека веќе стана јасно оти Балкан и Мал Ајакс експресно ќе се вратат во Втора лига. ПРЕГЛЕД НА ...
Утре се играат натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, а со тоа се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите. Во Струмица ќе се игра дербито меѓу Тиверија Брера и Скопје, каде Ангелчо Ристов ќе биде главен судија, а ќе му асистираат Зоран Ангелов и Ване Дупкаров, а контролор ќе биде Ѓорги Карајанов. Мечот започнува во 14 часот. Во Тетово ќе се соочат ривалите Љуботен и Ас Јунајтед, Ненад ...
Веќе сè е јасно во Првата футсал лига откако комплетирањето на 15. коло донесе резултати со што се става печат и на екипите кои ќе испаднат во Втора лига. Во натпреварот кој живот значеше за Балкан, дебитантот загуби во Крива Паланка од Осогово со резултат од 12:8 – дури дваесет погодоци го решаваат натпреварот за опстанок. Како победник излезе Осогово, но не само тоа, туку ланскиот финалист од Купот го потврдува опстанокот и за следната ...
Ракометната федерација на Македонија донесе дисциплински одлуки за натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид, кој заврши без победник (27-27), а по кој следеше бурна реакција од скопскиот клуб. Дисциплинската комисија, по разгледување на сите извештаи и материјали, одлучи да ја суспендира судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Тие добија забрана за вршење на судиска функција во времетраење од 30 дена, што е директен резултат на ...
Во 16 коло на Втората футсал лига беа постигнати 60 погодоци на пет меча што носи просек од дури 12 погодоци по меч. Најголемата победа ја имаше Каршиака која со 20:5 славеше над Карадаку на домашен терен. Победа за очекувања, но просекот на погодоци е голем. Сеад Јакупи постигна пет погодоци, четири имаше Џезаир Рамадани со Фуркан Ќани, три гола беа дело на Бујамин Асани, двапати погоди Енис Мемеди, а по еднаш Мираџ Шази и Садам Куртеши. За ...
Екипата на Шкупи која зад себе имаше лоша есенска полусезона, во пролетниот дел од Првата футсал лига не само што го обезбеди опстанокот, туку и се бори за висок пласман на прволигашката табела. Во рамки на 15. коло тимот на Шкупи на домашен терен со 8:3 го декласираше Мал Ајакс, пораз со кој штипјани пополека се „пакуваат“ за преселба на Втора лига, а тоа за Мал Ајакс значи експресно испаѓање во второлигашкото друштво, откако не успеаја да ...
Кошаркарките на Гевгелија се нов член на Првата лига-жени, откако во решавачкиот трет натпревар од плеј-оф финалето ја совладаа Струга 2009 со убедливи 68:44 и со вкупни 2-1 во серијата го обезбедија пласманот во елитата. Тимот од Гевгелија доминираше од самиот почеток на средбата, поставувајќи висок ритам и цврста одбрана. Веќе по првата четвртина направија значајна разлика (24:11), која дополнително ја зголемија до полувремето, кога на ...
По второто пролетно коло во Трета лига – Југозапад станува јасно дека борбата за првото место и за баражот за Втора лига ќе биде исклучително неизвесно, бидејќи неколку екипи конкурираат за првото место. Во продолжение целата официјална табела за Трета лига – Југозапад. 1 ФК ВЛАЗНИМИ ➖ 10 7 1 2 25 15 +10 22 2 ФК КАРАОРМАН 🔼 11 7 1 3 24 15 +9 22 3 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 🔽 11 6 2 3 25 17 +8 20 4 ФК Могила 2023 🔼 10 5 4 1 27 11 +16 19 5 ФК ...
По 17 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Север нема промени во врвот од табелата. Еуромилк ГЛ е на врвот осо 49 бодови, а „лисиците“ кои во минатото беа дел од елитата имаат пет повеќе од БВК Коњаре кој е втор со 44 бодови. Останатите екипи се далеку од можноста да го стигнат тимот од Горно Лисиче на врвот од табелата. ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР: 1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД ➖ 17 16 1 0 71 18 +53 49 2 ФК БВК КОЊАРЕ ➖ 17 14 2 1 ...
Борец го држи врвот во Трета лига – Југ со 46 бодови на своето конто со шест повеќе од Превалец кој е втор, но треба да се напомене дека велешани имаат меч повеќе. Останатите екипи во овој регион се далеку од конкурентни да го стигнат некогашниот прволигаш од Велес во трката за бараж позицијата за Втора лига. ЦЕЛА ТАБЕЛА ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: 1 ФК БОРЕЦ 1919 АД ➖ 17 15 1 1 58 9 +49 46 2 ФК ПРЕВАЛЕЦ ➖ 16 13 1 2 59 11 +48 40 3 ФК УЛТРАС 🔼 17 11 2 ...
Во Трета лига – Запад и натаму лидер е Камјани со 36 бодови, втор е тимот на Влазерими од Кичево со 32 бодови, но лидерот има меч помалку. Во однос на останатите екипи веќе истите не се конкурентни за да може да го стигнат врвот. ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД: 1 ФК КАМЈАНИ ➖ 13 12 0 1 44 10 +34 36 2 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 ➖ 14 10 2 2 38 19 +19 32 3 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 🔼 14 8 2 4 41 21 +20 26 4 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево ➖ 13 8 1 4 30 19 +11 25 ...
Сериозно се „разгорува“ борбата за врвот во Трета лига – Исток, бидејќи само челната позиција води кон баражот за влез во Втора лига. Овче Поле е лидер со 34 бодови, а тимот од Свети Николе има пет бода повеќе во однос на Победа Валандово која е втора со 29 бодови. Но, „овчарите“ имаат два меча повеќе од „калинкарите“, кои доколку го добие Победа тогаш тимот од Валандово може да се врати на врвот со бод повеќе. Многу комбинации има, а од ...
Со мечевите од осмото коло започна пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, а на самиот старт еден натпревар не се одигра. Во Охрид требаше да се одигра мечот меѓу Билјанини Извори и Порече, но тимот од Македонски Брод не допатува во Охрид, бидејќи по чекање од 30 минути не пристигна ниту еден нивен претставник, а тоа значи службена победа од 3:0 за екипата на Билјанини Извори. Непоразениот лидер Конзули од Битола славеше ...
Македонските фудбалски судии добија ново значајно признание на меѓународната сцена, откако ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Португалија и Шкотска до 21 година, во рамки на квалификациите за Европското првенство. Главен судија на овој натпревар ќе биде Игор Стојчевски, а ќе му асистираат Гоце Петрески и Дарко Јовчевски. Улогата на четврти судија ќе ја има Бењамин Ќерими. Станува збор за исклучително важен натпревар во групата Б, каде ...
Сосема очекувана висока и убедлива победа славеше Истатов на гостувањето кај Кочани од 0:9, а во рамки на 20. коло на Првата женска фудбалска лига. Радица Чоневa постигна дури пет гола, практично сама го победи Кочани, а по еден гол постигнаа Андреа Коловска, Ана Нешковска, Уна Јосевска и Севим Илјаз. Тиверија Брера со “петарда” славеше над Речица (0:5), играч на мечот беше Ане Бошеска со хет-трик, а по еден гол постигнаа Билјана Панеска и ...
Некогашниот прволигаш Ренова на домашен терен загуби од Добришти со резултат од 3:2, во рамки на 15. коло на Трета лига – Запад. За домаќинот погодија Агон Хашими, Артон Аземи и Сутки Муслија, а за гостинот двоен стрелец беше Ерзен Ходаи. Љуботен играше со Џепчишти, а гостинот имаше лото победа од 1:7. Халими беше единствен стелец за Љуботен, за гостинот погоди Зубери, Садики имаше хет-трик, Абдија погоди двапати, а еден гол даде Саљиу. Дрита ...
Денес се одиграа мечевите од 18. коло на Трета лига – Југ, а во рамки на истото екипата на Питу Гули на домашен терен славеше сигурна победа над Младост од Кривогаштани со резултат од 3:1. За тимот од Крушево двоен стрелец беше Бубаќоски, а еднаш погоди Велевски. За гостинот единствен стеелец беше Чавкоски. Башкими од Јаболчиште дома играше со Влазними Јуниор, а исходот беше победа за домаќинот од 3:2. За домашните стелеци беа Зеќиров, Тахири ...