Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во машката М16 лига, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. До ваква одлука дојде откако ниту еден од четирите клуба-финалисти не поднесе пријава на лицитацијата за организација на Ф4 турнирот од „Адастра“ младинските лиги. Познат е и распоредот на натпреварите. Во полуфиналето, кое е закажано за 30 мај, ќе се сретнат Вардар и Работнички ...
Женскиот кошаркарски клуб „Спорт тим“ ќе биде домаќин на завршниот турнир во кадетска конкуренција (М16), откако ја доби организацијата на лицитацијата спроведена од канцеларијата за младински лиги при Кошаркарската федерација на Македонија. Со овој турнир ќе биде заокружена сезоната 2025/2026 во кадетска женска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во салата „Младост“ во Неготино, во „Ф4“ формат, а четирите најдобри екипи ќе се борат за ...

