Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Ракометната репрезентација на Македонија ќе се соочи со селекцијата на Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во Германија наредната година. Словаците до третата бараж-фаза стигнаа по драматичен двомеч против Украина. Иако во реваншот на домашен терен беа поразени со 32-31, победата од првиот натпревар (27-24) им беше доволна за пласман понатаму. Украина имаше одлична можност да направи пресврт, откако во текот на мечот ...
Само еден гол го реши мечот во Пржино меѓу Истатов и Речица, „истатовки“ славеа триумф од минимални 1:0, а стрелец на единствениот победнички гол беше Радица Чонева, која погоди во 47. минута од средбата. Во мечот од 19. коло на Првата женска фудбалска лига голот на Чонева се покажа сосема доволно за Истатов да ја оправда фаворитската улога, а притоа да ја продолжи победничката низа. Истатов сега е на третото место со 38 бодови, а пак Речица ...
Лото победа забележа тимот на Тиверија Брера откако на домашен терен во Струмица со фантастични 7:0 го декласираше дебитантот Вардар со што струмичанки го држат второто место во Првата женска фудбалска лига. Повеќе од очекуван беше триумфот за Тиверија Брера која важеше за апсолутен фаворит на мечот од 19. коло на Првата женска фудбалска лига. Резултатот го отвори Данче Карпузовска по две минути игра, а до крајот на првиот дел повратничката ...
Притисокот е огромен врз Пелистер во пресрет на денешниот натпревар во Битола. Битолчани се наоѓаат во зоната за директно испаѓање со 22 бодови и веќе пет кола се без победа, со три ремија и два порази, што дополнително ја усложнува нивната ситуација. Токму затоа, дуелот со Струга Трим Лум добива карактер на „да се биде или не“ за домашниот тим, кој едноставно мора да стигне до трите бодови за да остане во игра за опстанок. Дополнителен ...
Денес ќе биде комплетирано 21. коло на Втората македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Големо Коњари и Победа, меч во кој двете екипи ќе го бараат првото пролетно славје, а дуел од долниот дел на табелата на две екипи кои веќе се испаднати во Трета лига – Југ. Следете го во живо натпреварот меѓу Големо Коњари и Победа, пренос кој го овозможува Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ВО ЖИВО: ГОЛЕМО КОЊАРИ – ПОБЕДА: Денес ќе биде ...
Дербито на 19. коло во Првата женска фудбалска лига ќе се игра во Пржино меѓу лидерот Скопје и Ас Јунајтед. Лидерот е фаворит за трите бодови, во Пржино тешко се освојуваат бодови, а стружанки ќе биде под предизвик дали можат до бодови против Скопје кој ита кон шампионската титула. Следете го мечот во живо од 19. коло на ПЖФЛ, пренос овозможен од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). ВО ЖИВО: СКОПЈЕ – АС ЈУНАЈТЕД: Дербито на 19. коло ...
Со два натпревари вчера беше отворено 14. коло на Трета лига – Запад, кое ќе се комплетира денес со останатите мечеви. Екипата на Џепчишти стигна до лото победа откако на домашен терен со 7:0 славеше над Доброшти. Ментор Саљиу и Џевдет Идризи беа двојни стрелци, додека пак по еден гол постигнаа Адриан Беќири, Беким Садики и Еди Абдија. Речица исто така имаше убедлива победа пред домашната публика откако со 5:1 го декласираше тимот на ...
Струга Трим Лум по болната елиминација на пенали од Шкендија во четвртфиналето на Купот, се фокусира на првенството и се враќа во акција во 24. коло од домашната фудбалска елита, гостувајќи му на Пелистер во Битола. Стружани немаат пораз на гостување во Битола, а последниот натпревар заврши со реми 1-1, при што единствениот гол за Струга ТЛ го постигна Арби Воша. „Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе ...
Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот меч од 15. коло на Втората лига со 2:10 славеше над Партизан Југ во Брвеница. Каршиака е во фантастична форма, а тоа го потврди и вечерва преку четири погодоци на Енис Ибраими, како и двојните стрелци Седат Јакупи и Фејзула Шабани, а по еден гол постигнаа Бујамин Асани и Џезаир Рамадани. За ...
Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди изненадување против шампионот МЗТ Скопје, Феникс 2010 славеше во градскиот дуел со Чаир, а Гостивар запиша убедлива победа над Маџари. Најголемото изненадување се случи во Гевгелија, каде Кожув го совлада МЗТ Скопје со 88-80 и му го нанесе првиот пораз на терен оваа сезона. Домашните одиграа стабилно во текот на целиот натпревар, градејќи предност која ...
Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе големи возбудувања и промена на лидерската позиција. Бадел 1862 ја продлабочи кризата на бранителот на титулата Баскет Кам, додека Крива Паланка го искористи тоа и се искачи на врвот на табелата. Во дербито на колото, Бадел 1862 славеше над Баскет Кам со 54-48. И покрај отсуството на Марија Николов, „баделки“ одиграа цврсто, особено во одбраната, и во текот на целиот ...
Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во Првата футсал лига. Двете екипи мораа да се задоволат со бод во битката за потврда на опстанокот во елитата. Домашниот тим го отвори резултатот во 8. минута преку гол на Исмаил Абдуловски, а со кој гол Јувентус Серава замина на полувреме со 1:0. Во вториот дел домаќинот дојде и до двојна предност откако ...
Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми за Македонија (30-30) против Австрија во пријателскиот натпревар одигран во Брегенц. Македонската селекција имаше контрола врз резултатот во поголем дел од второто полувреме, кога стигна и до највисоки +4 (25-21), но домаќините во финишот се вратија и израмнија на 29-29. Австрија потоа и поведе, но Македонија избори пенал во последните секунди, кој Кузмановски ...
Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На Собранието присуствуваа 61 од вкупно 65 делегати, при што беа усвоени следните значајни одлуки: -Завршната сметка за 2025 година – Буџетот за 2025 година – Новиот Статут на ФФМ – Одлука за овластување на Управниот одбор на ФФМ за донесување на Стратегија за развој на ФФМ 2026-2030 УЕФА и ФИФА направија детална анализа на нашите статутарни одредби и ...
Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш над Детонит Плачковица во рамки на 21. коло на Втората македонска фудбалска лига. Натпревар кој понуди четири гола во првиот дел, многу шанси израмнувања и пресврт, а за комплетно уживање на гледачи на Градскиот стадион во Радовиш, каде беа и верните „Сејмени“ кои допатуваа од Кочани за да дадат силна поддршка на Осогово и на крај заедно да прослават уште една победа. ...
Трката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига доби нов заплет, откако Арсими го изненади Вардар, а Шкендија ја искористи шансата и се израмни на врвот на табелата. Во Гостивар, Арсими славеше минимална, но злато вредна победа од 1-0. По неколку почетни закани на двете страни, клучниот момент се случи пред самиот крај на првото полувреме, кога Гони ја искористи асистенцијата од Мустафа и ја затресе мрежата на Вардар. Во ...
Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари ќе ја одредат позицијата на водечките екипи пред почетокот на плеј-оф натпреварите, преку кои ќе се стигне до учество во следната сезона во Суперлигата. Во овој круг, сите четири дуели ќе се играат на гостински терен. Во сабота, од 14 часот, Вардар ќе ја пречека екипата на Бутел во Скопје, дуел во кој ...
Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување на едно место во Првата македонска лига за сезоната 2026/2027. Во битката за елитата ќе учествуваат четирите најдобри екипи од регуларниот дел – Гевгелија, ИБА баскет, Шар Планина и Винеам. Само една од нив ќе избори промоција во повисок ранг, по одигрувањето на полуфиналните серии и големото финале. Системот на натпреварување предвидува ...
Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на четвртфиналниот двомеч од ЕХФ Европскиот куп против грчкиот Олимпијакос, информирајќи за важна организациска одлука поврзана со натпреварите. Од клубот посочуваат дека одлуката е донесена по комуникација со противникот и на барање на Европската ракометна федерација, со цел да се избегнат несакани сценарија како оние од минатата сезона. „Имајќи ги во предвид ...
ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот бек Сара Богојеска го продолжи договорот со клубот до 2029 година. Богојеска, која е родена на 15 јуни 2005 година во Прилеп, зад себе има интересен развоен пат. Својата ракометна кариера ја започнува во ЖРК Деспина, по што настапува за Куманово и Вардар, каде дополнително го надградува својот квалитет. Нејзиниот потенцијал беше препознаен и на репрезентативно ...
Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на нови ракометни судии, со цел проширување и подмладување на судиските редови во македонскиот ракомет. Повикот е наменет за сите млади љубители на ракометот кои сакаат да останат дел од спортот, но во нова, одговорна улога – како судии на теренот. Ова е можност за оние кои имаат желба да го продолжат своето ракометно искуство и да придонесат во развојот на спортот од ...
Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп против грчкиот Олимпијакос, кој ќе се одигра во СРЦ „Билјанини извори“. Станува збор за еден од најважните натпревари за охридскиот тим оваа сезона, во кој ќе се решава патникот во полуфиналето, а клубот веќе ја мобилизира својата публика. Првиот натпревар ќе се одигра во Атина, додека реваншот е закажан за 4 април со ...
Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер лигата во женска конкуренција. „Лавиците“ воопшто не видоа мака и лесно триумфираа пред домашната публика, а гостинскиот тим парираше само во првите десет минути од средбата од 6:4 во 10. минута, Ѓорче Петров одлепи и на полувреме имаше 21:10. Во вториот дел расположените „лавици“ ја полнеа мрежата на тимот од ...
Екипата на Брегалница од Делчево интензивно се подготвува за неделното дерби со Овче Поле кое се игра на Градскиот стадион во Делчево. Ова ќе биде вистински тест за амбициите на Овче Поле, дали и колку е подготвен да го преживее тешкото гостување во Делчево, а пак Брегалница ќе оди по триумф и сезоната да ја заврши на петтата позиција бидејќи веќе има седум бодови негатива од четвртото место каде што е Хоризонт Турново. „Тренинзите се ...
Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац Бања Лука, ставајќи потпис на нов договор кој ќе го задржи во клубот до 2027 година. Чуварот на мрежата веќе две сезони е стандарден дел од тимот од Бања Лука, кој во моментов е лидер во босанското првенство. Со новиот договор, Шишковски ја потврди својата лојалност и континуитет во еден од најголемите клубови во БиХ. Од клубот посочуваат дека ...
В недела ќе се одиграат трите натпревари од 14. коло на Трета лига – Исток, а веќе се познати и официјалните лица за овие натпревари, односно судиите кои ќе делат правда. Во Делчево ќе се игра дерби меѓу Брегалница и Овче Поле, а каде за правдата ќе биде задолжен Иван Јанев, а ќе му помагаат Ристе Бојчев и Цане Давитков. Делегат на овој меч ќе биде Гоце Бојчев, а контролор Драганчо Димитровски. Во Берово ќе се одигра натпреварот меѓу Малеш и ...
Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер – како Вардар Неготино може до бараж за опстанок во Втора лига? Како што објави ексклузивно Спортска Мрежа во текот на вчерашниот дел – Горан Тодорчев е нов тренер на Вардар Неготино, човекот кој со успех го водеше тимот од Неготино во минатите сезони и важеше за стабилен второлигаш. Управата реши да менува на тренерското столче и да го донесе 42-годишниот Тодорчев, кој ќе треба да го „гаси ...
Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо Коњари и Победа. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) овозможи пренос од сите денешни седум натпревари. ОХРИД – ВАРДАР НЕГОТИНО ПРЕСПА – БРЕГАЛНИЦА БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС КАМЕНИЦА САСА – НОВАЦИ СКОПЈЕ – КОЖУФ СЛОГА ВИНИЦА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО Денес со седум натпревари ќе биде ...
Арсими го очекува уште една исклучително тешка пресметка, овој пат против актуелниот лидер Вардар, во натпревар од 24. коло на првата лига. Гостиварскиот состав се надева дека ќе ја продолжи добрата форма и дека може да стигне до позитивен резултат, иако задачата е многу комплексна. Еден од најискусните фудбалери на тимот, Башким Велија, верува дека Арсими се движи во вистинска насока и покрај минималниот пораз од Шкендија во претходното ...
После пласманот во полуфиналето на Купот со победата на пенали над Струга ТЛ, екипата на Шкендија ја очекува уште една гостинска задача и во Првата лига на Македонија, и дуел против Македонија ЃП. Шампионот влегува во пресметката со полн оптимизам, затоа што остана единствениот тим кој може на крајот да дојде до двата пехари, а дефанзивецот Мевљан Мурати очекува до крајот на сезоната екипата да го даде максимумот да дојде до двојната круна. ...