Ржаничино забележа убедлива победа од 1:4 на гостување кај Лопате во меч од 17. коло на Трета лига – Север. За домаќинот единствен стрелец беше Биљали Хасан, а за гостинот стрелаа Халил Калач како двоен стрелец и по еднаш Петре Тасевски и Симеон Здравковски. Студеничани со 2:1 славеше домашна победа над Пчиња со головите на Хамит Абази и Хамза Кадриу, а за гостинот погоди Далибор Тодоровски во 84. минута. Конечно радост преку пресврт за ...

Денес се одиграа натпреварите од 11. коло на Трета лига – Југозапад или втора пролетна рунда. На теренот со вештачка трева во Охрид екипата на Света Троица ги одмери силите со Могила, каде исходот беше победа за гостинот од 1:3. Никола Угриноски погоди за домаќинот, а за гостинот Мики Талевски, Хакан Алимовски и Андреј Ристевски. Во Дебар се соочија Кораб и Славеј од Мешеишта, а таму домаќинот беше подобар со 4:2. За домашниот тим стрелци беа ...

Дербито на 15. коло во Трета лига – Исток се одигра во Свети Николе каде се соочија Овче Поле и Победа Валандово – дуел на две екипи кои водат борба за влез во Втора лига, а од нивното соочување како победник излезе Свети Николе, а мечот го реши Роберто Андонов за триумф од минимални 1:0. Струмичко дерби се играше на стадионот „Кукуш“ меѓу Хоризонт Турново и Тиверија, кое заврши со 1:0 за поранешниот прволигаш со голот на искусниот Дејан ...

Македонскиот ракометен претставник ГРК Охрид направи огромен чекор кон пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако славеше на гостувањето кај Олимпијакос со убедливи 31-26 во првиот четвртфинален натпревар. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ одиграа зрело и тактички одлично во Пиреја, контролирајќи го резултатот речиси во текот на целиот меч. Клучниот момент дојде во првото полувреме, кога охриѓани со серија од неколку погодоци ...

Последното коло ќе ги реши сите дилеми, каков ќе биде распоредот на екипите за доигрувањето во плеј-офот на Првата кошаркарска лига. Ниту седмото коло од Првата македонска лига не донесе сериозни промени во поглед на позициите на табелата, особено оние први четири кои водат кон доигрувањето за место во Супер лигата. Четирите водечки екипи забележаа уште по една победа, што значи дека не се случи никакво поместување во поредокот. Двете екипи ...

Втора лига доби нов лидер – Скопје сега е на врвот со 50 бодови откако Охрид загуби од Брегалница, а со тоа по 22-то коло имаме навистина голема израмнетост меѓу четворката која сака влез во Прва лига. Сега, на делба на второто место се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново со по 49 освоени бодови, со тоа продолжува борбата на овие екипи за влез во Прва лига. Во останатиот дел од табелата нема значително промени. Осогово направи прогрес до ...

По 22 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, фудбалерот на Скопје, Виктор Ангелов е осамен на врвот од листата на најдобри стрелци со постигнати 16 погодоци. Ако досега Ангелов беше во трка за најдобар стрелец со Иван Глигоров од Охрид, сега „пиратот“ доби нова конкуренција од редовите на „штофарите“. Азис Јамини со хет-трикот против Каменица Саса изби на второто место на листата на најдобри стрелци со 14 погодоци, два помалку од ...

Големото дерби од 22. коло во Втората лига донесе ново разочарување за Охрид, кој не успеа да ја прекине негативната традиција против Брегалница и по цели 17 години. „Рибарите“ загубија во Штип со 1:0, а мечот беше решен со вистински еврогол на Лука Ѓеоргиев. Иако најавите беа дека ова може да биде натпреварот во кој Охрид конечно ќе го скрши малерот против „сините“, тоа не се случи ниту овојпат. Брегалница повторно покажа дека знае како да ...

Дербито во ракометната Прва лига донесе убедлива победа на Мулти Есенс, кој во Автокоманда го совлада Младост Богданци со 39:27 и со тоа му го нанесе првиот пораз на ривалот оваа сезона. Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, со чести промени на резултатот и минимални разлики. Сепак, домаќините во финишот успеаја да направат мала предност и на пауза заминаа со водство од 19:17. Клучниот период дојде на стартот на второто полувреме, ...

Натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата во македонската ракометна Суперлига донесоа различни приказни – од драматични завршници до убедливи триумфи. Во плеј-аутот, Тинекс Пролет со многу мака стигна до победа на гостувањето кај Радовиш (17-19). Домашните беа блиску до сензација, особено по израмнетата игра во текот на целиот меч, но во самиот финиш гостите покажаа поголема смиреност и ги освоија бодовите. Давор Палевски беше лидер кај ...

Утре се играат натпреварите од 20. коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе делат правда. Каменица Саса на домашен терен ќе се соочи со Ас Јунајтед во дерби меч на колото каде правдата ќе ја дели Марјан Дејаноски, а негови асистенти ќе бидат Кирил Јованов и Мартин Дејаноски. Контролор на мечот кој се игра во Македонска Каменица со почеток од 14 часот ќе биде Сашко Ангелов. Во Битола со почеток од 15 часот ќе се ...

Охрид не можи против традицијата – 17 години никако да ја победи Брегалница, вечерва евроголот на Лука Ѓеоргиев ги расплака „рибарите“ кои се враќаат во дома поразени со минимални 1:0, но го загубија и лидерското место. Поранешниот голман на Брегалница кој се врати во тимот на Охрид беше немоќен да реагира при еден таков силен и максимално прецизен удар Само еден гол го реши дербито под рефлектори во Штип, а 22-та рунда донесе и нов лидер ...

Без голови заврши дербито во Сингелиќ меѓу Шкендија Арачиново и Беласица (0:0) во рамки на 22. коло на Втора лига. Ваквиот резултат го искористи Скопје кој со 0:2 го доби Вардар Неготино и изби на врвот барем до 18 часот кога ќе се комплетира колото со дербито во Штип. Двата гола беа дела на Виктор Ангелов кој е најдобар стрелец во ВМФЛ. Хет-трик за Азис Јамини за победа на Тетекс од 3:0 со Каменица Саса. Со ист резултат славеше и Осогово над ...

Ракометарите на Прилеп стигнаа до важен триумф на гостински терен, совладувајќи ја Струга со 31-25 во рамки на 3. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата. Со оваа победа, прилепчани се зацврстија на врвот на табелата со 26 бодови, додека Струга останува во долниот дел со седум бодови и ќе мора да води тешка битка за опстанок во преостанатите седум кола. Гостите од Прилеп уште во првото полувреме го најавија триумфот, кога стекнаа предност од ...

Ракометната федерација на Македонија донесе строга дисциплинска одлука против РК Кичево, по серија прекршувања на правилата во тековната сезона. Согласно одлуката на Дисциплинската комисија, кичевскиот тим службено го губи натпреварот против Младост Богданци со 10-0, а дополнително му е одземен и еден бод од вкупниот биланс. Овој меч, кој требаше да се одигра на 22 март во СЦ „Билјанини извори“, не се реализираше поради технички причини. Со ...

Новиот шампион Проект продолжува да ги торпедира противниците откако и официјално на четири кола до крајот стана шампион во Првата футсал лига на Македонија. Во рамки на воведниот меч од 15. коло кој синоќа се одигра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, тимот на Проект буквално ги „искина мрежите“ откако славеше со 1:10 над Клими. По три погодоци постигнаа Димитар Јанев и Ѓорги Коцевски, двапати погоди Марио Благојевски, а по еден гол ...

Вечерва од 18 часот се игра големото дерби на 22. коло на Втора лига меѓу Брегалница и Охрид под рефлектори – прв меч од пролетниот дел кој се игра во вечерен термин во второлигашкиот шампионат. Дерби од капитално значење и без право на грешка – дуел на два конкуренти за Прва лига. Ние и претходно анализиравме потенцирајќи дека Охрид чека 17 години на триумф над „сините“, вечерва иако ќе биде „жешко“ во Штип, „рибарите“ ќе одат да го освојат ...

Утре се играат натпреварите од 15. коло на Трета лига – Исток, а веќе се делегирани и судиите кои ќе бидат задолжени да делат правда. Дербито на колото во Свети Николе меѓу Овче Поле и Победа Валандово ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Александар Гигов. Делегат ќе биде Столе Тошев, а контролор Тони Манчев. Струмичкото дерби меѓу Хоризонт Турново и Тиверија ќе го суди Арсов Спире, а ќе му асистираат Петар Михаилов ...

Во рамки на 3. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) Охрид се соочи со екипата на Локомотива Загреб, во меч кој понуди многу шанси и можности за погодоци, но конечниот исход беше реми без погодоци (0:0) и делба на бодовите. „Рибарите“ одиграа уште еден квалитетен натпревар и по три кола остануваат непоразени со две ремија и една победа имаат пет бодови на своето конто. Охрид оваа сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions) е застапуван од Иван ...

Овој викенд се играат мечевите од 15. коло на Трета лига – Запад, а веќе се познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите. Денес на програмата e еден натпревар. Доброшти ќе игра против Ренова, а ќе им суди Ивица Петровски, е ќе му помагаат Илчо Пауноски и Идрис Сали, делегат ќе биде Фатмир Салаи, а Музафер Исмаили е контролор. Останатите мечеви се играа утре. Љуботен ќе игра со Џепчишти, а ќе суди Бенарт Зеќири со Осман Зеќири и Вели ...

Вечерва од 18 часот, на Градскиот стадион во Штип, фудбалската сцена ќе понуди дерби со огромен влог – пресметка меѓу Брегалница и Охрид која може директно да влијае на врвот во Втората лига. Традицијата е на страната на штипјани, кои доминираат во меѓусебните дуели, додека Охрид веќе 17 години чека на триумф против овој ривал. Сепак, формата и квалитетот на двете екипи оваа сезона се речиси израмнети, што најавува неизвесен натпревар до ...

Коло број 4 во делот „Оролоџо“ од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига во женска конкуренција. Четири натпревари од кои два предизвикуваат псоебен интерес, со оглед на тоа што претставуваат пресметки на тимовите од горниот дел на табелата. Лидерот, екипата на Крива Паланка е во улога на домаќин на средбата која ќе се игра во сабота, од 18.часот. Пред својата публика, во салата „Бранители 2001“ девојките од Крива Паланка ќе ги одмерат силите со екипата ...

Во Автокоманда се игра дербито на сезоната во Првата ракометна лига – Мулти Есенс против непоразениот лидер Младост од Богданци, а во рамки на 20. коло. Победата и бодовите се императив и силен притисок и за двете екипи, извесно ќе биде дека победникот од овој дуел ќе биде и шампион и ќе има директен влез во Супер лигата за следна сезона, а поразениот ќе мора да игра бараж за влез во ракометната елита. Следете го натпреварот во ЖИВО од ...

Денес стартуваат натпреварите од 22. коло на Втора лига со почеток од 14:30 часот. Во овој термин се играат седум натпревари, а пак дербито во Штип меѓу Брегалница и Охрид е од 18 часот. Преносите од сите натпревари се овозможени од Фудбалската федерација на Македонија. ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ ТЕТЕКС – КАМЕНИЦА САСА КОЖУФ – ГОЛЕМО КОЊАРИ ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – БЕЛАСИЦА ОСОГОВО – СЛОГА ВИНИЦА НОВАЦИ – ПРЕСПА ПОБЕДА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ...

Со дербито под рефлектори во Штип ќе се затвори 22. коло на Втората фудбалска лига, кое беше отворено попладнето со седумте мечеви. Влогот од овој меч е голем, бидејќи само првото место води директно кон Прва лига, а второтото и третото кон баражот за влез во елитата. Следете го мечот во ЖИВО преку директен пренос овозможен од ФФМ Со дербито под рефлектори во Штип ќе се затвори 22. коло на Втората фудбалска лига, кое беше отворено ...

Екипата на Младост Богданци утре го игра најважниот натпревар во сезоната против Мулти Есенс, дерби кое директно ќе реши кој ќе обезбеди пласман во Супер лигата. Младост влегува како непоразен лидер, додека Мулти Есенс има само еден пораз – токму од тимот од Богданци. Влогот е огромен: победникот оди директно во елитата, додека поразениот ќе мора преку бараж да го бара патот кон Супер лигата. Она што дополнително му дава тежина на дербито е ...

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 22. коло на Втора лига. Дербито на колото ќе се игра во Штип под рефлектори каде силите ќе ги одмерат Брегалница и Охрид, а правдата ќе ја дели Бењамин Ќерими. Негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Тоше Ицев, а четврт судија ќе биде Марјан Дејаноски. Делегат на овој меч кој стартува во 18:30 часот ќе биде Емин Кранли, а Горан Спиркоски ќе ...

Македонскиот репрезентативец- Давид Савревски е дел од амбициозниот проект на ГРК Охрид, каде и покрај младоста, остава сериозен впечаток со своите блескави настапи. Десниот бек, висок 195 сантиметри и на само 23 години, во Охрид пристигна по три сезони минати во РК Алкалоид, со настапи и на европска сцена, додека претходно беше дел и од РК Вардар 1961. Савревски стави потпис со „гладијаторите“ на најмалку две години, а со своите партии веќе ...

Младата репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од Германија со 2:1 на стартот од главната рунда во елитните квалификации за пласман на Европското првенство. Германската селекција одлично го отвори натпреварот и уште во третата минута дојде до водство преку Мирза. Домаќините продолжија со офанзивната игра, а во 25. минута Веит ја зголеми предноста на 2:0, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел, македонските ...

Младата репрезентација на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Италија, откако загуби со 4:0 во рамки на седмото коло од квалификациите за Европското првенство. Домаќините уште од самиот почеток го презедоа контролата врз играта и поведоа во третата минута преку Шер Ндур. До крајот на првото полувреме, македонската селекција успеа да се одбрани и да ја задржи минималната негатива. Сепак, во вториот дел следеше пад ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
78%
1024
weather icon

Загреб

17ᴼ / 11ᴼ
2.06
73%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1024
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.02
95%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
92%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
76%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1020
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
40%
1021
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
93%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
61%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
89%
1016
Currency

61.6238

Currency

53.0805

Currency

71.3451

Currency

37.9041

Currency

38.3922

Currency

67.5436

Currency

7.81404

Currency

0.74609

Currency

0.33339

Currency

0.52505

Currency

1.16253

Currency

0.5548

Калај

54.15

Алуминиум

3.65

Паладиум

42889.10

Родиум

310254.70

Платина

61729.43

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Злато

144887.41

Иридиум

253540.09

Сребро

2427.86

Кобалт

45.39

Бакар

12.82