По првите 45 минути во бараж натпреварите за влез во Втората лига, шампонот на Трета лига – Запад, Камјани има највисока предност од 0:2 над Победа Валандово, во меч кој се игра во Штип. Шампионот на Истокот, прими два погодоци за осум минути, а со тоа „калинкарите“ од Валандово во вториот дел ќе имаат многу тешка задача да надополнат два гола негатива против Камјани. Кожуф има предност 2:0 во бараж дуелот против Борец, тимот од Гевгелија е ...

Екипата на Кожуф и следната сезона ќе игра во Втора лига откако избори опстанок славејќи убедливи 4:0 над Борец со погодоците на Лембовски, Тодоровски, Гугуљанов и Стојанов. Борец кој беше шампион на Трета лига – Југ и следната сезона ќе биде во истиот ранг на натпреварување. Каменица Саса испадна од Втора лига, откако во Кратово загуби со 1:2 од Еуромилк ГЛ, со што тимот од Горно Лисиче се врати во Втора лига. Стојановски донесе водство за ...

Шампионот на Трета лига – Запад, екипата на Камјани е нов второлигаш откако денес со 0:2 славеше во бараж дуелот против Победа Валандово, кој се одигра на Градскиот стадион во Штип. По само осум минути игра тимот на Камјани дојде до два гола предност, а која потоа ја одржуваше во текот на целиот меч. Победа Валандово која стана шампион во Трета лига – Исток и следната сезона ќе игра во третолигашкото друштво, откако не успеа да го помине ...

Камјани е нов второлигаш откако во бараж-натпреварот на Градскиот стадион во Штип славеше со 2:0 против Победа Валандово и обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига. Шампионот на Трета лига – Запад со овој триумф ја круниса успешната сезона со промоција во второлигашкото друштво, додека шампионот на Трета лига – Исток, Победа Валандово, и следната сезона ќе настапува во третолигашка конкуренција. Еден од заслужните за големиот ...