Шпанија го чека ривалот во финалето на Светското првенство. Дали тоа ќе биде актуелниот светски првак Аргентина или селекцијата на Англија, одговорот ќе го добиеме вечерва. Лео Меси или Хари Кејн? Кој ќе блесне на полуфиналната пресметка во Атланта? „Меси е најдобар во историјата и заслужува максимален респект“, вели Хари Кејн. Од друга страна, Меси никогаш во кариерата нема одиграно натпревар против Англија. Понудата на Специјалниот сингл е ...

Победата на Вардар на гостувањето кај КуПС од 2-0 во регуларен дел и 3-2 по продолженија не беше доволна за пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но донесе поени за македонскиот фудбал на рангирањето на УЕФА. На табелата на едногодишен коефициент на УЕФА, Македонија е 13-та во Европа. Победите на Вардар, Силекс и Шкендија донесоа 1.000 поени и заедно со Азербејџан сме најуспешни летово. На петгодишната табела ...

Паузата помеѓу двете полувремиња на финалниот натпревар на Светското првенство, што ќе се игра в недела на стадионот „Метлајф“, треба да трае околу 25 минути поради музичката програма моделирана како на Суперболот. За време на паузата ќе се одржи спектакл, чии главни ѕвезди се Мадона, Шакира и јужнокорејската K-поп групата BTS. Правилата на играта, како што се донесени од Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), предвидуваат дека ...

Бет билдер понудата на Sport Life е составена од шест комбинации со двоцифрени квоти за полуфиналниот меч од Светското првенство Англија – Аргентина. Една од комбинациите е со квота од 13.0, а за добивка треба Кејн, Гордон, Меси и Алварес да упатат барем по еден до два шута во рамките на голот на противникот. Има комбинации кои ја фаворизираат едната или другата репрезентација, како и неутрални, каде што се бара придонес од два тима. ...

Шпанија на ова Светско првенство се покажа како уништувач на своите европски ривали. Во нокаут-фазата дома ги испрати Австрија, Португалија и Белгија, а ја надигра и ја совлада и фаворизираната Франција. Сега ѝ следува финале со Англија или Аргентина. Единствен тим кој остана непоразен против Црвената фурија на СП 2026 беа Зелено’ртски Острови, селекција која не е од Европа. А, и последниот тим кој ја елиминирал Шпанија на Мундијал е од ...

6786 У. Крајова – МЛ Витебск (19.30 часот) Кај овој пар од квалификациите во Лигата на шампионите нема дилеми кој е поквалитетен и кој ќе оди понатаму, Универзитатеа првиот меч против Белорусите го доби со 4-1, и тоа на гости, па веќе може да размислува на следното коло во кое ќе игра со Левски или Борац Бања Лука. Пред три дена тимот од Крајова го освои Суперкупот на Романија. Последните седум меча на МЛ Витебск беа ефикасни со „Гол-Гол и ...

Ако многумина се прашуваа зошто Фабијан Руис е стартер во шпанската селекција пред Педри, одговорот се доби на последните два меча од ова Светско првенство. Фудбалерот на ПСЖ со слични карактеристики како Родри, врвна техника комбинирана со физичка сила, го прави клучен елемент во машинеријата на Луис де ла Фуенте, иако можеби е во сенка на останатите. Работата која ја врши е беспрекорна. Шпанската репрезентација не загубила ниту еден ...

Дури 11 тениски натпревари се најдоа во Супер типот, каде што има зголемени квоти, многу од овие мечеви се „сигурици“ и фаворитите би требало да победат, но тука е и екстра понудата од осум различни игри за полуфиналето на фудбалското СП помеѓу Англија и Аргентина. Имате избор на зголемени квоти како џокери и за кец и за квота, како и уште за шест различни игри во кои се вклучени голови. Комбинацијата победник и 3+ голови само тука ви носи ...

Французинот Рајан Шерки, кој влезе од клупата во второто полувреме, ја призна супериорноста на Шпанија, иако не мисли дека Шпанија е подобар тим. „Не знам дали ни недостигаа решенија или желба, но тие полесно ја враќаа топката во посед отколку ние. Да им одземевме повеќе топки, ќе им наштетевме повеќе. На полувремето, тренерот ни кажа дека остануваат 50 минути и дека ќе имаме шанси. Знаевме дека нивната главна сила е играњето со бавно темпо. ...

Одлична вкупна квота од 43.35 добивате ако на ист тикет во Sport Life ги уплатите петте Квоти на денот кои ги нуди најдобрата обложувалница во Македонија. За дуелот на Малишева и Влазнија, квотата на денот е 2.00, и тоа за комбинацијата дека домашните нема да загубат и притоа да има 2-4 гола. Квота од 2.05 е предлогот за Атерт Бисен – Клаксвик, и тоа за играта 0-1 гол во прво и 1-3 гола во второто полувреме. Каират да победи или да ремизира ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе смета дека биле целосно надиграни од Шпанија и дека играта што ја прикажале не личела на игра на тим кој е во полуфинале на Светското првенство. „Не го одигравме натпреварот онака како што сакавме – тактички, технички. Шпанија се држеше до својот план на игра и остана верна на себе, тие се тим кој сака да ги контролира топката и темпото. Нашата идеја беше да се соочиме со нив високо на теренот и да не им ...

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, по победата од 2-0 над Франција во полуфиналето на Светското првенство, рече дека неговата Црвена фурија е најдобрата репрезентација на светот. „Се натпреварувавме против еден од најдобрите тимови во светот. Но, тие се натпреваруваа против најдобриот тим во светот. Шпанскиот тим е најдобар на планетата во однос на конкурентноста“, рече Де ла Фуенте. Шпанија чека на Англија или Аргентина за неделното ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го изрази своето разочарување откако поразот од Шпанија ги уништи надежите за освојување на Светското првенство. Тој ја призна супериорноста на ривалот и ги посочи недостатокот на напаѓачка острина и техничките грешки како главни причини за поразот, а имаше замерки и за судијата. „Играчите се скршени бидејќи имавме високи амбиции, иако мора да признаеме дека бевме едно ниво под нашето вообичаено техничко ...

Познатиот шпански статистичар Мистер Чип, кој има 3,4 милиони следбеници на социјалната мрежа X, потсети на трите големи клетви во историјата на Светските првенства кои сугерираат дека Шпанија ќе го освои Светското првенство во 2026 година. „Трите главни проклетства на Светското првенство …“ 1. Актуелниот освојувач на Златната топка НИКОГАШ не го освоил Светското првенство. Збогум, Дембеле и Франција. 2. Национален тим предводен од странски ...

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и француската репрезентација, Клод Макелеле, откри дека лично му препорачал на претседателот на Kралскиот клуб, Флорентино Перес, да го ангажира крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Шпанските медиуми претходно објавија дека Реал Мадрид покажува сериозен интерес за 24-годишниот француски репрезентативец. „Мајкл Олисе во Реал Мадрид? Јас би го поддржал тоа. Имав можност да разговарам со ...

Астон вила нема намера да се раздели со голманот Емилијано Мартинес во актуелниот преоден рок. Тоа го потврди директорот на клубот, Дамијан Видагани, ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на аргентинскиот репрезентативец. Во изминатите недели интерес за 33-годишниот голман покажа Јувентус, а италијанскиот клуб наводно испратил и официјална понуда. Сепак, раководството на клубот од Бирмингам е категорично дека трансфер нема да има. ...

Европскиот првак Шпанија е првиот финалист на Мундијалот, откако во полуфиналниот дуел ја совлада Франција со 2-0. Селекцијата на Луис де ла Фуенте одигра речиси совршена тимска претстава, а стрелци на головите беа Микел Ојарзабал и Педро Поро. Шпанците го очекуваат својот ривал во финалето, по утрешната пресметка меѓу Англија и Аргентина, додека Франција ќе мора да се задоволи со битката за третото место. Црвената фурија ја наметна својата ...

Италијанскиот гигант Јувентус е заинтересиран за напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, објави „Газета дело Спорт“. Како што е познато, поништениот црвен картон на напаѓачот, кој му овозможи да настапи против Белгија, предизвика големи реакции на Светското првенство 2026. Покрај Балогун, Бјанконерите сакаат да ангажираат уште еден фудбалер кој настапи на Мундијалот. Станува збор за капитенот на Брегот на Слоновата Коска, ...

Европскиот првак Шпанија е чекор поблиску до пласман во финалето на Светското првенство, откако има водство од 1-0 по првото полувреме од полуфиналната пресметка со Франција. Клучен момент беше грешката на Лукас Дињ, кој направи прекршок над Јамал во шеснаесетникот, а успешен реализатор на најстрогата казна беше Микел Ојарзабал во 22-та минута. GOL | Fransa 0-1 İspanya ⚽️ 22' Oyarzabal (P) pic.twitter.com/tgvYGQMGiu — Goller Cebinde ...

Манчестер jунајтед официјално го потврди ангажманот на Јури Тилеманс, кој пристигнува од Астон Вила и потпиша петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. За трансферот на белгискиот играч за врска, Јунајтед издвои 41 милион евра, односно 35 милиони фунти, активирајќи ја откупната клаузула во неговиот договор со Астон Вила. ☎️ When Manchester United call, you don't think twice. pic.twitter.com/9MsGHelapj — Manchester United (@ManUtd) July ...

Македонскиот првак Вардар одигра одличен натпревар против КуПС во Финска, славеше со 0-2 по 90 минути и се избори за продолженија, но победата од 2-3 по дополнителните 30 минути не беше доволна за пласман во следната рунда. По натпреварот, тренерот на Црвено-црните, Кристијан Фабијани, не го криеше разочарувањето од елиминацијата, но им оддаде признание на своите фудбалери за прикажаната игра и борбеноста во текот на сите 120 минути. ...

Искусниот белгиски фудбалер Леандро Тросар веќе не е играч на Арсенал, откако англискиот шампион официјално го потврди неговиот трансфер во Бешикташ. Веста која се најавуваше во текот на летото доби официјална потврда, а белгискиот репрезентативец, доколку успешно ги мине лекарските прегледи во Истанбул, ќе го облече црно-белиот дрес на турскиот гигант. Со оглед на тоа што поранешниот фудбалер на Брајтон имаше договор со Арсенал и за следната ...

Македонскиот шампион Вардар доживеа елиминација од КуПС откако по продолженија загуби со вкупен резултат 4-3 во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Беше драматично во Куопио, каде Вардар одигра одличен меч, славеше со 0-2 во регуларниот тек и се избори за продолженија, но таму КуПС беше за еден гол подобар. Во регуларниот дел, Вардар направи подвиг, го совлада КуПС со 0-2 и целосно ја анулира негативата од првиот натпревар во ...

Фудбалерите на Барселона во понеделникот се вратија во тренинг-центарот на клубот на задолжителни лекарски прегледи пред почетокот на претсезонските подготовки. Меѓу нив беа повредените Роналд Араухо и Френки де Јонг, на кои им беше дадена дозвола за подолга пауза по учеството на Светското првенство, но решија порано да се вратат дома. Сепак, радоста од нивното враќање брзо беше засенета од непријатните вести од медицинскиот персонал. Според ...

Македонскиот првак Вардар го победи КуПС со 0-2 на гости во Финска и возврати со иста мера за поразот во Скопје. Сега ќе следат продолженија, во кои Црвено-црните имаат реални шанси за пласман во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите. По првото полувреме немаше голови во Куопио, но Вардар заигра многу подобро кога беше најпотребно. Во 59-та минута македонскиот првак поведе со автоголот на Саволаинен, а по воздушниот дуел со ...

Натпреварите Шпанија – Франција веќе се класика, двете репрезентации повторно се вкрстуваат за да напишат ново поглавје во соперништвото кое сега достигна 38 средби, со 18 победи на Шпанија наспроти 13 на Франција. Тоа е натпревар со висок влог каде што останувањето смирен, особено ако противникот го преземе водството, ќе биде од клучно значење. Ова се два тима кои досега не се соочија со вистински притисок. Ниту Франција ниту Шпанија не ...

Македонскиот првак Вардар има водство од 0-1 во Куопио против КуПС и сега се враќа во ритам за пласман во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. На Црвено-црните сега им недостига уште еден гол за да ја анулираат негативата (0-2) од Скопје. Вардарци поведоа во 59-тата минута со автоголот на Саволаинен. Најголемата работа ја завршија Бобан Николов, кој центрираше и Азер Омерагиќ, кој во воздушен дуел го принуди дефанзивецот ...

Македонскиот првак Вардар и по првото полувреме на реваншот во Куопио има два гола негатива во двомечот со КуПС, кои финскиот шампион ги обезбеди на првиот дуел во Скопје. На денешната пресметка Вардар одигра добри 45 минути во првиот дел, но резултатот и понатаму е почетниот (0-0). Бобан Николов имаше убава можност во четвртата минута, откако одзеде топка во критичната зона, но потоа шутираше за малку непрецизно од работ на шеснаесетникот. ...

Група од неколку навивачи на Вардар се наоѓаат на трибините на стадионот во Куопио, Финска, каде Црвено-црните играат меч од квалификациите во фудбалската Лига на шампиони. Иако мала, оваа поддршка сигурно е значајна и мотив за играчите. Не е мала работа што овие фанови пропатуваа над 3.000 километри за да ја покажат љубовта и верноста кон клубот. Група од неколку навивачи на Вардар се наоѓаат на трибините на стадионот во Куопио, Финска, ...

Белгискиот фудбалер Леандро Тросар е на пат кон Истанбул и пред полетувањето веќе го облече дресот на неговиот нов клуб Бешикташ. Трансферот на Тросар од Арсенал во Бешикташ е вреден 20 милиони евра. Тросар ќе го носи дресот со број 19 во Бешикташ. Во минатата сезона, 31-годишниот Белгиец одигра 50 натпревари за Топчиите, постигнувајќи осум гола и запишувајќи 11 асистенции. Договорот со Орлите од Истанбул му е на 3+1 години, со годишна ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32