Леброн Џејмс кој наскоро ќе наполни 42 години и веројатно ќе ја игра последната сезона од неговата долга и блескава НБА кариера, уште ја држи целата НБА во неизвесност околу тоа каде ќе игра. Легендарниот кошаркар ќе продолжи да игра, а пред повеќе од две недели тој објави дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс. Неизвесноста влијае не само на навивачите и тимовите, туку и на раководството на лигата. Комесарот Адам Силвер не сака да ризикува да ...

Македонскиот репрезентативец Јован Манев е нов член на Шкендија. Централниот дефанзивец пристигнува од хрватска Риека и со тетовскиот клуб потпиша договор до летото 2028 година. Шкендија ја потврди соработката со 25-годишниот стопер, кој по успешно поминатите медицински прегледи стави потпис на двегодишен договор во присуство на спортскиот директор Ардијан Цуцули. Тетовци добиваат искусен дефанзивец со меѓународно искуство, кој веќе подолг ...

Познатиот канадски рапер Дрејк, често се обложува на големи суми и најчесто губи пари, а овојпат тој се обложи на победа на Аргентина против Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство. Дрејк уплатил 1,5 милиони долари на победа на Меси и другарите, и чека добивка од 5,1 милион ако Гаучосите го добијат мечот за титула во 90 минути игра. Во 2022 година, Дрејк истотака се обложи (уплати 1 милион долари) на Аргентина за победа во ...

Поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља, кој беше дел од славната генерација што ја освои светската титула во 2010 година, би можел да го пропушти финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина поради неочекувани административни проблеми. Некогашниот лев бек откри дека неговото барање за електронска патна авторизација за влез во САД било одбиено, поради што не може да отпатува во Њу Џерси, каде што утре ќе се одигра ...

Лионел Меси кој има рекордни осум „Златни топки“ на магазинот „Франс фудбал“ за играч на годината, ако ја одведе Аргентина до нова светска титула, би можел и по деветти пат да биде прогласен за најдобар на светот. Меси ќе биде кандидат, благодарение на промена на правилата во 2007 година. До таа 2007 година, правилото за избор на освојувачот на „Златната топка“ беше друго, дотогаш кандидати беа само фудбалери кои играат во Европа. Пред 19 ...

Специјалот на Sport Life е особено богат за мечот за трето место на СП, има еден куп нестандардни игри збогатени со игри кои ретко ги има. Уфрлени се опции кој играч ќе има асистенција, кој играч ќе добие жолт картон, кој играч колку шутеви во рамки на гол ќе има, итн. Тука се и бројните игри на офсајди, шутеви, корнери, фаули, стрелци, начин на одлука. Фаворити за прв стрелец се Мбапе и Кејн, може да одиграте и на пенал, автогол, дали некој ...

Поранешниот непоразен и легендарен ултимејт фајт шампион, Хабиб Нурмагомедов, објави политички наелектризирана слика на социјалните мрежи. Во пресрет на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, Русинот порача дека одлуката за кого да навива е инспирирана од ставовите на овие земји во врска со израелско-палестинскиот конфликт. „Финалето на Светското првенство ќе биде помеѓу Аргентина, која го сака Израел, и Шпанија, која ја ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека навивачите се најголемата мотивација за неговиот тим во обидот да ја одбрани титулата на Светското првенство. Аргентина ќе игра против Шпанија во финалето утревечер, а Скалони истакна дека токму поддршката од навивачите ги држи гладни за нови успеси, и покрај фактот дека неговиот тим е актуелен светски шампион. „Ги гледате вашите луѓе, начинот на кој слават и ...

Бонус квотите за финалето и натпреварот за трето место нудат одлични опции со огромни квоти. Ако верувате дека на мечевите за трето место и финалето на СП 2026 ќе има 2-3 гола и двата тима ќе постигнат гол, добивате бонус квота од 14.0. Бонус типови со уште поголеми двоцифрени квоти има и за игрите 2-3I&4+, GGI&3+, како и 0-1I&2-3 II. Не може сите да бидат добитни, но секоја одделно е привлечна и ако ја одберете вистинската ...

Десниот бек Валдис Калнинш, кој дебитираше за сениорската репрезентација на Летонија на 15-годишна возраст, е на добар пат да стане првиот во историјата кој постигнал 100 голови на младинско Европско првенство. Калнинш започна со по 8 гола против Шпанија и Австрија, а постигна по 14 против Исланд и Норвешка. Следуваа 17 голови на натпреварот против Македонија, кој нашата селекција го доби со 35-31. Потоа Калнинш им даде 12 гола на Чесите, а ...

Бет билдерите на Sport Life се посветени на дуелот на Франција и Англија за трето место на Светското првенство, а квотите се од 15 до 20 и за да бидат добитни потребно е да се исполнат по четири услови. Имате варијанти кои ја фаворизираат Франција, има и неутрални, и оние кои се по вкус на тие што мислат дека Англија ќе триумфира. Бет билдерите на Sport Life се посветени на дуелот на Франција и Англија за трето место на Светското ...

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Крист Инао Улаи, кој играше на четири меча на СП 2026, ќе потпише за Фиорентина, објави познатиот новинар Фабрицио Романо. Но, трансферот од Трабзонспор во Фиорентина не оди како подмачкан, напротив, има иформации дека се случува драма и челниците на турскиот клуб се сомневаат дека станува збор за саботажа на договорениот договор. Играчот од средниот ред тврди дека буквално бил киднапиран на ...

2508 Викинг – Сандефјорд (18.00 часот) Викинг е најдобар тим во Норвешка, но во минатото коло претрпе пораз и сега треба да се врати на победничкиот пат. Викинзите имаат 9 победи и два порази во 11 кола, тешко дека првпат ќе одиграат нерешено, големи фаворити се за победа. Викинг дома има постигнато 21 гол на пет меча, па на Сандефјорд кој четири кола по ред нема победа, црно му се пишува. Последните пет нивни дуели кога Викинг бил домаќин, ...

Од 16 часот на легендарната патека Спа Франкошамп во Белгија ќе се возат квалификациите за да се одреди кој пилот од која позиција ќе тргне на утрешната трка од Формула 1 шампионатот. Спа е брза патека, има места за претекнување и пол-позицијата не значи сигурна победа, но борбата за првото место и денеска ќе биде интересна. Квотите во Sport Life покажуваат дека прв фаворит е Кими Антонели, а главни предизвикувачи ќе му бидат Макс Ферстапен, ...

Супер типот на Sport Life каде има зголемени квоти кои може да се искористат како џокери за поголема можна добивка на тикетите, за денеска нуди многу атрактивни тениси и фудбали. Особено привлечно делуваат огромните квоти за Франција – Англија. Само тука квотата за победа на Франција е над 2.00, а за победа на Англија е дури 4.00. Имате и неутрални игри голови како 3+, или на пример комбинација ГГ и 3+. Целосната Супер тип понуда може да ја ...

ФИФА го означува глобалното одбројување до финалето на Светското првенство во фудбал на терминалот Гранд Централ во Њујорк. Активирано е одбројувањето до почетокот на финалето. Иконските табли за заминување се репрограмирани за да ги прикажуваат времињата на почетокот во градовите во сите 48 земји учеснички низ целиот свет. Од Мадрид до Буенос Аирес, од Токио до Рабат, од Торонто до Порт-о-Пренс, од Окленд до Мексико Сити, финалето на ...

Sport Life за денеска нуди пет квоти на денот за кои вкупниот коефициент е 40.40. За средбата на Старт и Розенборг, предлогот е да одиграте двојна шанса дека гостите нема да загубат и дека на дуелот ќе паднат 2-4 гола. Квота од 2.30 е предлогот за Абердин – Квинс парк, а ќе биде добитна ако во првото полувреме има 1-2 гола, а 3+ голови на целиот натпревар. Опцијата двата тима да дадат гол и да има гол во двете полувремиња на мечот Молде – ...

За време на прес-конференцијата пред финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте беше запрашан дали планира да му додели посебен систем за чување на Лео Меси. Шпанскиот селектор ја искористи можноста да сподели анегдота за првиот пат кога се соочил со аргентинската ѕвезда: „Ќе ви кажам нешто многу смешно. Го запознав Лионел Меси кога ја тренирав ФК Севиља во Дивизион де Хонор (највисоката ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, вечерва од 23 часот на дуелот со Англија за трето место на Светското првенство ќе го има својот последен натпревар на чело на репрезентацијата. Откако ја презеде функцијата во 2012 година, 57-годишниот тренер собори бројни рекорди и, што е најважно, ги предводеше Триколорите до нивната втора титула на Мундијалите. Дешан вечерва по последен 290-ти пат ќе биде со националниот тим, има 103 меча како играч, а ...

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун е најзапаметената ситуација на Светското првенство 2026 година. Балогун доби црвен картон во натпреварот од осминафиналето против Босна и Херцеговина поради прекршок врз Тарик Мухаремовиќ. Американецот го удри противникот во задниот дел од ногата со своите копачки. Но, Дисциплинската комисија на ФИФА ја суспендираше суспензијата на Балогун. ...

Родри е еден од највпечатливите фудбалери на актуелното Светско првенство. По долгата борба со повредите, шпанскиот репрезентативец повторно игра во препознатлива форма и уште еднаш се наметна како незаменлив дел од тимот на Луис де ла Фуенте. Токму неговите настапи повторно ја отворија дебатата во Реал Мадрид околу пропуштената можност за негов ангажман. Според „Дефенса Централ“, дел од челниците на клубот вршат притисок врз претседателот ...

Аталанта официјално потврди дека го продолжи договорот со својот играч за врска Едерсон. Бразилскиот репрезентативец стави потпис на нов договор со клубот од Бергамо, кој ќе важи до летото 2031 година. Со новиот договор, Едерсон ќе заработува околу четири милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси. Според претходниот договор, кој истекуваше следното лето, неговата плата изнесуваше 1,8 милиони евра по сезона. Интересно е што експресното ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, призна дека ниту неговите фудбалери, ниту репрезентативците на Англија не посакувале да играат натпревар за третото место на Светското првенство, но порача дека неговиот тим мора професионално да ја заврши својата работа. „Ова не е пријателски натпревар. Ова е меч за третото место. Имаме обврска да ја исполниме и таа последна цел“, изјави Дешан. Францускиот селектор најави неколку промени во почетниот ...

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ без влакна на јазикот ја коментираше елиминацијата на Англија од Светското првенство, порачувајќи дека Англичаните треба да престанат да се воздигнуваат и конечно да се соочат со реалноста. Англија повторно остана без светската титула, откако во полуфиналето беше поразена од својот голем ривал Аргентина со 2-1, па така чекањето за нов трофеј продолжува. Ибрахимовиќ смета дека англиската репрезентација сè уште ...

Младиот македонски напаѓач Георг Стојановски е главна тема во бугарските спортски медиуми, откако постигна спектакуларен погодок на отворањето на новата сезона во тамошното првенство. Спартак Варна на домашен терен одигра 2-2 против ЦСКА 1948, а токму Стојановски го постигна не само првиот гол за својот тим, туку и првиот погодок во новата сезона во бугарската Прва лига. Голот на Георг Стојановски можете да го погледнете на следниот линк. Во ...

Само две репрезентации во историјата на светските првенства успеале да ја одбранат титулата светски шампион, Италија во 1938 година и Бразил во 1962 година. Шанса да им се приклучи има и Аргентина, која во финалето в недела ќе се соочи со Шпанија. Италија ги освои двете последовни светски титули под водство на легендарниот стратег Виторио Поцо, непосредно пред почетокот на Втората светска војна. Поцо важеше за еден од најголемите тактичари ...

Столе Димитриевски зад себе има фантастична сезона во која беше еден од најважните во тимот на Валенсија, а сега во своето последно интервју зборуваше и за Мундијалот каде што искрено си го кажа својот фаворит. Димитриевски не крие дека од самиот почеток покрај балканските селекции навива за Шпанија и очекува таа да слави во неделното финале против Аргентина. „Без никакво сомневање ја гледам Шпанија како шампион. Од почетокот на Светското ...

ФИФА ги информира фудбалските федерации дека музичките изведби на полувремето од финалето на Светското првенство ќе траат само 11 минути, а остатокот од времето (околу седум минути) ќе биде искористен за поставување и симнување на сцената и полевање на тревата. Со ова се расветли една од најголемите мистерии околу финалето на СП меѓу Шпанија и Аргентина в недела, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА тврди дека паузата на полувремето нема ...

Џани Инфантино доби официјална поддршка од повеќе од 200 национални фудбалски федерации за нов претседателски мандат во ФИФА. Неговата позиција останува цврста и покрај критиките што се појавија по контроверзното помилување на Фоларин Балогун, објави „Гардијан“. Според информациите на британскиот медиум, само уште неколку од вкупно 211 членки на ФИФА треба да ги испратат своите писма за поддршка. Сè укажува дека Инфантино на Конгресот во ...

Финалето на Светското првенство ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, објект кој им буди лоши спомени на Аргентинците, особено на Лео Меси. Причината е што таму се играше финалето на Копа Америка во 2016 година, во кое Аргентина на пенали загуби од Чиле. Во пенал-серијата, Меси не погоди и ги остави Гаучосите без титулата. Меси многу тешко го поднесе поразот од Аргентина пред 10 години, а по загубеното финале со солзи во очите дури и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76