Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Поранешниот фудбалер на Барселона, Кевин-Принс Боатенг, предизвика лавина реакции со анегдота од периодот кога го носеше дресот на каталонскиот гигант. Боатенг откри дека при неговото претставување во Барселона во 2019 година бил замолен да каже дека клубот му е омилен и дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот. „Кога потпишав за Барселона, ме замолија да кажам дека Барса е мојот омилен клуб и дека Меси е најдобар играч на светот. ...
Швајцарскиот напаѓач Брил Емболо ќе им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи на Светското првенство во САД откако беа решени проблемите со неговата виза. Швајцарската репрезентација отпатува за САД во вторникот без Емболо бидејќи американските власти ја ставија неговата ESTA-дозвола на дополнителна проверка. ESTA е автоматизиран систем кој утврдува дали одредено лице ги исполнува условите за влез во Соединетите Американски Држави. Во ...
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, го коментираше статусот на белгиските репрезентативци Кевин де Бројне и Ромелу Лукаку, кои наводно размислуваат за заминување од редовите на поранешниот италијански шампион. Триесет и четиригодишниот Де Бројне неодамна изјави дека не е задоволен од заминувањето на сега веќе поранешниот тренер Антонио Конте и дека сака разговор со раководството околу својата иднина. Исто така, се шпекулира дека и ...
Женската фудбалска репрезентација на Македонија веќе две години чека гостинска победа на официјален меч, а вечерва гостува кај аутсајдерот Андора во квалификациите за пласман на Светското првенство. Нашите фудбалерки последната гостинска победа ја забележаа на 4 јуни 2024 година, односно точно пред две години, кога славевме со 2-4 кај Молдавија во меч од квалификациите за Европското првенство. Македонија треба да победи и според квотите во ...
Во пресрет на почетокот на Светското првенство во фудбал една од главните теми беа влезниците за натпреварите. Многу навивачи реагираа дека ФИФА одлучила цените на влезниците да бидат прескапи за обичните навивачи, па неколкупати се правеа корекции. Сега ФИФА се соочува со еден непланиран проблем, а тоа е да најде начин како да наплати на симпатизери кои благодарение на некоја системска грешка, успеале да добијат бесплатни билети за мечевите ...
Фудбалската федерација на Македонија во средата ги изрече казните за инцидентите на финалето од Купот на Македонија, па Шкендија доби суспензија од една сезона за учество во ова натпреварување, четири меча без публика и парична казна од 105.000. Во таборот на тетовци сметаат дека казните се превисоки и побараа ФФМ да ја преиспита одлуката, а во спротивно најавија дека спонзорот ќе се повлече од клубот. Од Фудбалската федерација на Македонија ...
Наскоро во Турција ќе се отвори еден ултрамодерен стадион. Градежните работи на стадионот „19 Мај“ во Анкара се речиси завршени. Во проектот, кој е реализиран 95 отсто, се вложени 261 милион долари, а новиот стадион ќе има капацитет од 51.000 гледачи. Стадионот е изграден во рамките на подготовките за Европското првенество кое ќе се игра во 2032 година, а домаќини на овој врвен објект ќе бидат градските ривали Анкарагучу и Генчлербирлиги. ...
Легендарниот англиски фудбалер Џејми Варди нема намера да стави крај на кариерата иако неодамна наполи 39 години. Во сезоната што измина Варди го носеше дресот на италијанскиот калчолигаш Кремонезе. Легендарниот голгетер го прифати повикот од Кремонезе и сезоната ја заврши со седум погодоци и три асистенции, но тоа на крајот не беше доволно клубот да се спаси од испаѓање од Серија А. Тој предизвик со Кремонезе е завршен, а ветеранот сега се ...
6728 Сан Марино – Бангладеш (19 ч.) Селекцијата на Сан Марино е на последното 211-то место на ФИФА-рангирањето, но вечерва пред своите навивачи е мал фаворит за победа. Бангладеш е на 181-вото место на ФИФА-листата и ривал против кој домаќините може да се надеваат на позитивен резултат. Сан Марино последен пат дома победи во септември 2024 година со 1:0 против Лихтенштајн. Предлог тип: 1Х&0-2 (1.90) 6730 Словачка – Црна Гора (18:30 ч.) ...
Англискиот гигант Ливерпул од вчера и официјално има нов тренер, а тоа е Андони Ираола. Шпанскиот стратег ќе има задача да го врати Ливерпул на победнички патеки и повторно да се носат трофеи во витрините на „Енфилд роуд“. По назначувањето на Ираола за нов менаџер на Ливерпул, веднаш започнаа шпекулациите околу можните нови засилувања во екипата. Информациите од Англија и од Германија најавуваат дека Црвените се заинтересирани да го доведат ...
Фудбалот се враќа како доминантен во понудата на Супер типот, а денеска има зголемени коефициенти и на мечеви од тенисот и кошарката. На тениската сцена во фокусот е завршницата на Ролан Гарос, a за денеска се закажани двете полуфинални пресметки во машка конкуренција. Зверев е огромен фаворит за победа над Менсик, додека Коболи да слави над Арналди во втората полуфинална пресметка има зголемена квота на 1.46. Ноќеска ќе се игра и вториот меч ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе претрпи пад на најновата ФИФА-листа која официјално ќе биде потврдена на 11 јуни. Според направените проекции, пред стартот на Светското првенство, Македонија ќе падне на 69-тото место во светот со 1369.16 бодови. Овој пад на Македонија не е неочекуван ако се знае дека во изминативе 10-тина дена нашата селекција одигра два контролни меча во кои одигра 0:0 против Босна и Херцеговина и убедливо со 4:0 ...
Поранешниот спортски директор на Милан и Лацио, Игли Таре, е под официјална истрага од страна на албанските судски власти поради сомнение за перење пари и корупција. Според угледниот „Ла Газета дело Спорт“, 52-годишниот Албанец се нашол во центарот на истрага во која е вклучена и поранешната вицепремиерка на Албанија, Белинда Балука. Според италијанскиот весник, предмет на истрагата е луксузна вила лоцирана на брегот на Јонското Море во едно ...
Репрезентативните дуели во машка и женска конкуренција доминираат во денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 44.36. Женската репрезентација Исланд гостува на Украина и се очекува да победи во меч на кој повеќе голови се очекуваат да бидат постигнати во второто полувреме. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.45. Словачка е домаќин на ...
Француската фудбалска репрезентација претрпе пораз во пријателски меч од Брегот на Слоновата Коска со 2:1, одигран во Нант. Поразот е посебно неочекиван, ако се знае дека Франција на полувреме имаше водство со 1:0 благодарение на голот на Рајан Черки во 45 минута. Брегот на Слоновата коска уште еднаш покажа дека е селекција за респект, па иако гостуваше кај една од најсилните репрезентации во светот, во второто полувреме направи пресврт. Дуе ...
Голманот Жоан Гарсија имаше одлична сезона во дресот на Барселона и на крајот се радуваше на титулата во шпанското првенство. Со многу блескави одбрани, Гарсија си обезбеди место во репрезентацијата на Шпанија и ќе биде дел од Светското првенство. Пред три месеци Гарсија дебитираше во шпанската репрезентација во ремито без голови против Египет. Синоќа, Шпанија во Ла Коруња играше против селекцијата на Ирак и повторно не победи. Неочекувано, ...
Фудбалската репрезентација на Мексико убедливо со 5:1 славеше над Србија во контролен меч кој се одигра во Толука. Со овој триумф, еден од домаќините на Светското првенство кое започнува за шест дена, покажа дека е подготвен за големиот предизвик. Од друга страна, Србија која нема да биде дел од Мундијалот, втор пат за само пет дена доживеа катастрофа. Најпрво Србите загубија со 3:0 од Зеленортски острови кои истотака ќе играат на ...
Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вечерва објави дека Реал Мадрид следната недела ќе испрати понуда вредна 150 милиони евра, но не го откри името на играчот. Првиот човек на Кралевите вечерва имаше уште едно интересно појавување во шпанските медиуми. Тој го најави доаѓањето на Жозе Мурињо, Ибрахим Конате и Дензел Дамфрис, што веќе беше познато, но најави и вистинска трансфер бомба. „Ги имам потпишано Конате, Мурињо и ...
Од Франција се очекува висок пласман на Светското првенство, можеби и борба за трофејот, но „триколорите“ имаа лошо загревање на Мундијалот. Избраниците на Дидие Дешан вечерва загубија пред своите гледачи со 1-2 од селекцијата на Брегот на Слоновата коска и тоа со пресврт. Рајан Шерки во 45-тата минута донесе очекувано водство за Франција и тоа беше резултатот по првиот дел. Сепак, во вториот дел следуваше комплете пресврт. Дуе во 53-тата ...
Репрезентацијата на Шпанија одигра само 1-1 против Ирак на првиот пријателски меч во пресрет на Светското првенство. Луис де ла Фуенте на мечот во Ла Коруња се одлучи да настапи без ѕвезди, па шпанските „резервисти“ не успеаја да слават против селекцијата која изненадувачки се пласираше на Мундијалот. Во составот на Шпанија ги немаше Ламин Јамал, Родри, Педри, Нико Вилијамс, Ојарзабал, Зубименди, Кукуреља … Голот за водство на „црвената ...
Бенфика официјално потврди дека Жозе Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид доколку Флорентино Перес победи на претседателските избори во шпанскиот гигант. Португалскиот клуб ги објави и финансиските детали за евентуалната разделба со искусниот стратег, а обештетувањето би изнесувало 15 милиони евра. Сумата е двојно повисока од првичната откупна клаузула од 7,5 милиони евра, која важела до 26 мај. Реал Мадрид, сепак, немал можност да ја ...
Поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, би можел многу брзо да се врати во Премиер лигата само неколку дена по разделбата со клубот од „Енфилд“. Холандскиот стратег доби отказ на 30 мај по разочарувачката втора сезона на клупата на Ливерпул. Црвените ја завршија сезоната на петтото место и останаа без освоен трофеј, што беше главната причина за прекинот на соработката. Се очекува негов наследник да биде поранешниот тренер на Борнмут, ...
Ливерпул официјално го потврди назначувањето на Андони Ираола за нов менаџер на клубот. Баскискиот стратег пристигнува на „Енфилд“ како наследник на Арне Слот, кој доби отказ по разочарувачката сезона во која „црвените“ не успеаја да ја одбранат титулата и завршија на петтото место во Премиер лигата. Од клубот не ја открија должината на договорот, но според информациите, Ираола најверојатно потпишал до летото 2028 година. 43-годишниот тренер ...
Настапот на истакнатиот сомалиски фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан на Светското првенство е доведен во прашање поради проблеми со добивањето виза за влез во САД. Иако Мундијалот е пред самиот почеток, Артан сè уште не отпатувал во САД и не им се приклучил на останатите судии избрани од ФИФА за најголемото фудбалско натпреварување. Артан е дел од елитната група арбитри избрани од ФИФА за Светското првенство, што претставува еден од ...
Кошаркарите на Дубаи направија важен чекор кон титулата во АБА лигата откако во првиот натпревар од финалната серија го победија Партизан со 99:93 и поведоа со 1:0 во серијата која се игра до три победи. Натпреварот започна со минута молк во чест на босанскиот спортски новинар Един Авдиќ, кој вчера почина на 47-годишна возраст. Дубаи беше подобар во првото полувреме и на паузата замина со предност од девет поени (53:44). Партизан успеа да се ...
Ханси Флик останува на клупата на Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план кој ќе го наследи. Тоа е Сеск Фабрегас. Ангажманот на Ханси Флик се покажа како полн погодок за Барселона. Германскиот стратег пристигна во 2024 година, го наметна својот систем на игра и освои две титули во Ла Лига во последните две сезони. Барселона му го продолжи договорот до јуни 2028 година и има целосна доверба во него. Покрај водењето на ...
Баер Леверкузен и официјално го назначи Карлес Мартинес Новел за нов шеф на стручниот штаб. По бројните шпекулации околу можните наследници на клупата на Фармацевтите, меѓу кои се споменуваа Филипе Луис, Оливер Гласнер, Андони Ираола и Алваро Арбелоа, германскиот клуб се одлучи за шпанскиот стратег, кој последен пат го водеше Тулуз. Мартинес Новел бил желба и на Жирона, Рајо Ваљекано и Осасуна, но ја прифатил понудата на Баер Леверкузен и ...
Еден од најпознатите германски клубови, Минхен 1860, се соочува со тежок удар откако не доби лиценца за настап во Третата германска лига за следната сезона. Минхен 1860 заврши на сигурното деветто место во сезоната што измина, но откако не успеа да ги обезбеди потребните 2,7 милиони евра за настап во тоа натпреварување и да ја затвори финансиската конструкција, клубот административно беше префрлен во четвртата Регионална лига. Der Worst Case ...
Претседателот на Манчестер сити, Халдун Ал Мубарак, изјави дека Пеп Гвардиола го променил англискиот фудбал за време на својата десетгодишна ера на клупата на клубот. Во интервју за официјалната страница на Манчестер сити, тој откри и зошто не се обидел да го убеди шпанскиот стратег да остане. Пеп Гвардиола стави крај на десетгодишниот престој во Манчестер сити, период во кој освои 20 трофеи, меѓу кои шест шампионски титули во Премиер лигата ...
Столе Димитриевски и официјално ќе биде дел од Валенсија и во следните две сезони, откако клубот од Ла Лига одлучи да ја активира клаузулата и да му го продолжи договорот. Нашиот голман преку видео порака им се обрати на навивачите на „лилјаците“. „Пресреќен сум што го продолжив договорот со Валенсија. Немав никакви дилеми околу новата соработка, бидејќи отсекогаш бев целосно фокусиран на својата работа. Горд сум што сум дел од овој клуб. ...