Холандија никогаш не била светски фудбалски првак, но оваа селекција често се наоѓа на листата на фаворити за највисок пласман. Така е и сега, пред почетокот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Популарните Лалиња секогаш имале одлични индивидуалци, фудбалери кои со еден потег може да го решат мечот. Низ историјата на планетарните собири, Холандија трипати играше во финале на СП, но никогаш не стана светски владетел. Последен пат во ...

Проблемот со доцнењата во офсајдите што ги пријавуваат линиските судии треба да се реши со воведувањето на новата технологија што ќе се користи на Светското првенство. ФИФА ќе воведе подобрен полуавтоматизиран систем за офсајд за ВАР, што ќе овозможи побрзо донесување одлуки и ќе им овозможи на линиските судии да ги кренат своите знамиња многу побрзо, наместо да чекаат нападот да се развие и да заврши. Звучен сигнал во реално време ќе биде ...

По пауза од 52 години, репрезентацијата на Хаити повторно ќе игра на Светско фудбалско првенство. Самото учество на завршницата е голем успех за Хаити, селекција која сигурно е една од најголемите аутсајдери на планетарниот собир. Сепак, токму во составот на Хаити се крие една необична приказна. Голман Жосуе Дуверже се најде на списокот од 26-мина фудбалери кои треба да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико и тоа е потврда ...

Неколку дена остануваат до стартот на Светското првенство, а на повидок е нов скандал по објавата на ирскиот новинар Јуан Мекена. Тој открива дека ФИФА масовно резервирала хотелски соби во Соединетите Држави, создавајќи вештачко чувство на недостиг и придонесувајќи за повисоки цени за навивачите. Во објава на социјалната мрежа „X“, Мекена напиша дека фудбалската организација резервирала значителен број хотелски соби во градовите домаќини на ...

Кулминацијата на НБА-сезоната се сведува само на две екипи. Сан Антонио како најдобар тим во Западната конференција и Њујорк како број 1 на Истокот од вечерва ја започнуваат клучната „војна“ за шампионскиот пехар во најсилната кошаркарска лига во светот. Сан Антонио ја има предноста на домашниот терен и вечерва ќе игра пред своите навивачи. Сепак, Њујорк е тимот кој игра неверојатно во плејофот сезонава и нареди неверојатни 11 победи по ред. ...

Левиот бек на Баерн Минхен и најголема ѕвезда во составот на репрезентацијата на Канада, Алфонсо Дејвис, објави дека нема да биде подготвен за настап на првиот меч од Светското првенство кое ќе започне за само осум дена. Канада е една од земјите домаќини на Мундијалот заедно со САД и Мексико. „Нема шанса да бидат дел од првиот меч на турнирот“, рече саиот Дејвис. Играчот од кого многу зависи играта на Канада сè уште се опоравува од повредата ...

Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Гиљермо Очоа се четирите легенди кои играле на Светското првенство 2006 година, а ќе играат на Мундијалот и годинава. Од 736 играчи кои беа присутни на СП во Германија пред 20 години, само овој квартет ќе игра и летово. На Португалецот Роналдо, Аргентинецот Меси и мексиканскиот голман Очоа ова ќе им биде рекордно шесто светско првенство, ќе испишат историја, а на Модриќ ќе му биде петто, бидејќи ...

Вечерва почнува клучната борба за гласови за претседателските избори во Реал Мадрид кои ќе се одржат в недела, 7 јуни. Двајцата кандидати, актуелниот прв човек на клубот Флорентино Перес и предизвикувачот Енрике Рикелме, вечер и утре ќе ги објават имињата на ѕвездите со кои имаат договор да дојдат во Кралскиот клуб, но само ако тие бидат на чело на клубот. Рикелме за вечерва најави „бомба“. Тој веќе објави дека со него како претседател, ...

Европската фудбалска унија, УЕФА, реши да ја промени постапката за одигрување на натпревари од плејофот пред големите турнири. Досега домаќините во баражите се одредуваа со ждрепка, а во иднина домаќин ќе биде тимот од првиот шешир кој е со подобар рејтинг. Годинава, тимови како Италија, Данска и Турција ги играа своите одлучувачки натпревари од плејофот за Светското првенство во 2026 година на гостински терен. Со новото правило, тие би ...

На претстојното Светско првенство во фудбал ќе има речиси 300 играчи кои не се родени во државата која ќе ја претставуваат на Мундијалот. Селекцијата на Курасао е рекордер дури со 25-мина играчи родени надвор. Само еден е роден баш во најмалата држава која учествувала на СП, а останатите 25-мина се родени во Холандија, држава чија колонија е Курасао. Туниската селекција има 15-мина кои не се родени во Тунис, има по 16 неродени на Хаити и ...

Тетовска Шкендија доби забрана за учество во следната сезона во Купот на Македонија, а ќе треба да плати и вкупно 105.000 евра за повеќе престапи напраавени за времена финалето на Купот против Силекс. „Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. ...

На денешната прес-конференција во Битола која ја одржа фудбалскиот клуб Пелистер, тренерот Марјан Секуловски изрази надеж дека на административен начин можеби е можно тимот да не испадне од Првата лига. Битолчанни се разочарани и шокирани што го загубија баражот од Шкендија Арачиново и тоа значеше преселба во втората лига. „Сакам да им се извинам на сите што не успеавме да ги оствариме нашите цели, иако мислам дека јас сум тој што најмалку ...

Антонио Конте одлучи да се збогува со Наполи една година пред истекот на неговиот договор. Тој ги поздрави навивачите на Наполи преку социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, Конте сподели порака за збогум: „Две победнички години исполнети со силни емоции и голема страст! Едноставно… ВИ БЛАГОДАРАМ од дното на моето срце, НЕАПОЛ“. Антонио Конте го напушта Наполи со освоено Скудето минатата сезона, и италијански Суперкуп, освоен минатиот ...

Шампионот на Шпанија, Барселона, сè уште ја разгледува можноста да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, пишуваат шпанските медиуми. Каталонскиот клуб веќе стапил во контакт со луѓето од опкружувањето на англискиот голгетер, а првичните реакции околу евентуален трансфер биле позитивни. Сепак, Барселона ќе се насочи кон Кејн само доколку не успее да ја реализира својата главна трансферна цел – Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. ...

Откако остана без место во Лигата на шампионите, раководството на Милан реши да побара нов тренер за следната сезона. Соработката со Масимилијано Алегри заврши, а сè уште не е познато кој ќе го наследи на клупата на славниот италијански клуб. Медиумите претходно објавија дека поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, е најсериозен кандидат за функцијата и изгледаше дека потрагата на Милан е при крај. Сепак, од Италија денес пристигнуваат ...

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Коби Мејну, изрази целосна увереност дека Англија има сè што е потребно за да го освои Светското првенство ова лето. Младиот фудбалер го изјави тоа додека се подготвува да го оствари својот детски сон – настап на најголемата фудбалска сцена. Целта на „трите лава“ е конечно да стават крај на шестдецениското чекање за светската титула. Мејну, кој беше стартер во финалето на Европското првенство ...

Светското првенство во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, а додека клупската сезона е во мирување, многу клубови имаат причина за гордост. Според анализата која ги опфатила 1.248-мина повикани фудбалери, Манчестер сити е клубот со најмногу претставници на претстојниот Мундијал. Англискиот гигант ќе има дури 19-мина играчи во составите на 12 различни репрезентации, со што повторно го презеде рекордот. На Светското првенство во 2022 ...

Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста за ангажман на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен поради неизвесноста околу иднината на Хулијан Алварес, кој сè почесто се поврзува со трансфер во Барселона. Според шпанските медиуми, мадридскиот клуб внимателно ја следи ситуацијата околу Осимен, но конкуренцијата за неговиот потпис е огромна. Интерес за нигерискиот голгетер покажуваат и Манчестер јунајтед, Арсенал и ПСЖ. Осимен е член на ...

6852 Данска – ДР Конго (20:00) Данска и ДР Конго никогаш во историјата немаат одиграно меѓусебен натпревар, а вечерва ќе се сретнат во белгискиot Лиеж. Данците не успеаја да се пласираат на Светското првенство, па ќе спарингуваат со селекцијата од Африка. Сепак, и покрај тоа, Данска ја има фаворитската улога и се очекува да победи. Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.95) 6853 Албанија – Израел (20:00) Пријателскиот меч помеѓу Албанија и Израел ...

Новиот шампион на Македонија, Вардар, имаше најмногу репрезентативци на неодамнешниот собир и дуелите против Босна и Херцеговина и Турција, па раководството на „црвено-црните“ одлучи да им даде дополнително време за одмор. Вардарци со подготовките започнуваат на 8 јуни, а на 11-ти се патува за Италија, во местото Норчиа, каде ќе се одвива главниот дел од подготовките за настапот во фудбалска Европа, но и за новото првенство. Сепак, петмината ...

Фудбалската репрезентација на Турција доби спектакуларно испраќање пред заминувањето на Светското првенство откако кон аеродромот беше придружувана од импресивен конвој составен од возила на домашниот бренд Togg, главен спонзор на националниот тим. Голем број сопственици на овие возила се одзваа на повикот и учествуваа во емотивното испраќање на националниот тим. Турција на последниот подготвителен меч пред патот за САД славеше со убедливи ...

Пет пријателски меча се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.25, додека петте предлози заедно прават квота од 40.4. Данска е фаворит против ДР Конго, а квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако победат во меч на кој ќе има помеѓу два и четири гола. На мечот помеѓу Албанија и Израел се очекува да има победник, па квотата од 2.00 ќе биде добитна и ако нема повеќе од еден гол во првото полувреме. ...

Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Она што е интересно, и фудбалот и тенисот се застапени со по осум натпревари, а првиот започнува веќе во 11 часот. Понудата започнува со тенис, а првиот фудбалски натпревар започнува во 18 часот. Најголемо внимание привлекуваат пријателските натпревари во пресрет на Светското првенство, иако има интересни натпревари на кои играат селекции кои не ...

Фудбалската репрезентација на Гана ремизираше 1:1 против Велс во Кардиф во последниот пријателски натпревар пред заминувањето на Светското првенство. Африканската селекција поведе во 66. минута преку Кејлеб Јиренки, но домаќините успеаја да избегнат пораз со голот на Луис Кумас во третата минута од судиското продолжение. Со овој резултат Гана ја продолжи негативната серија на шест последователни натпревари без победа во подготвителниот ...

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, предизвика бурни реакции во шпанската јавност со своите остри изјави на сметка на најголемиот ривал Барселона. Младиот милијардер, кој ќе му биде противкандидат на Флорентино Перес на изборите за претседател на Реал, јавно изјави дека би сакал Барселона да биде исфрлена во понизок ранг на натпреварување, а дури и целосно да исчезне. „Сакам Барселона да биде исфрлена во понизок ранг. ...

Манчестер јунајтед го договори својот прв трансфер во летниот преоден рок, откако постигна договор за ангажман на Едерсон од Аталанта. Бразилскиот играч за врска ќе пристигне на „Олд Трафорд“ за обештетување од 45 милиони евра, а со англискиот гигант ќе потпише четиригодишен договор. Иако трансферот е договорен, Едерсон официјално ќе му се приклучи на тимот во јули. Според информациите, Манчестер Јунајтед првично ќе исплати 38 милиони фунти, ...

Кога се зборува за најдобрите фудбалери на денешницата, името на Килијан Мбапе речиси секогаш се наоѓа во самиот врв. Францускиот напаѓач со години ги воодушевува навивачите со своите настапи, освојува домашни трофеи и соборува бројни рекорди. Сепак, еден од најважните клупски трофеи и натаму недостасува во неговата колекција – Лигата на шампионите. Особено интересен е податокот дека Томас Тухел, Карло Анчелоти и Луис Енрике освоија пет од ...

Менаџерот на Фулам, Марко Силва, е на самиот раб да го напушти „Крејвен Котиџ“. Неговата следна дестинација е Лисабон, каде што треба да ја преземе палката во Бенфика како директен наследник на Жозе Мурињо. Португалскиот стратег е во завршни преговори со гигантот од својата татковина. Како што пренесува угледниот „Телеграф“, сè поизвесно е дека 48-годишниот Силва ќе стави точка на својот петгодишен мандат во Лондон. Бенфика веќе му понуди ...

Водечките италијански клубови Рома и Интер подготвуваат размена на четворица играчи, објави „Газета дело спорт“. Миланскиот клуб покажува сериозен интерес за 25-годишниот француски играч за врска на Рома, Ману Коне, како и за 26-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска, Еван Н’Дика. Во спротивна насока, од Милано кон Рим, како дел од оваа зделка би можеле да заминат 27-годишниот бразилски дефанзивец на Интер, Карлос Аугусто, и ...

Пелистер неочекувано донесе голем шок за Битола откако на пенали го загуби баражот против Шкендија Арачиново и во следната сезона ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција. Навивачката група Чкембари објави соопштение преку кое побара детали од многу договори кои биле направени во клубот, посебно околу засилувањата. „По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е вината за овај ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
4.6
71%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
4.79
26%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.22
52%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.6
80%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
68%
1014
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
46%
1017
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
49%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.48
40%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
49%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
4.47
51%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.05
83%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.0827

Currency

66.7407

Currency

7.96417

Currency

0.70436

Currency

0.33213

Currency

0.52564

Currency

1.14874

Currency

0.56616

Бакар

12.63

Рутениум

49029.89

Калај

52.82

Кобалт

56.29

Платина

52244.96

Алуминиум

3.15

Иридиум

245953.21

Злато

132441.79

Цинк

0.00

Паладиум

40509.94

Сребро

1924.70

Родиум

262028.58