Ламин Јамал и Педро Поро денеска не тренираа со остатокот од шпанските репрезентативци и тоа предизвика загриженост кај јавноста во Шпанија, а ни на селекторот Луис Де ла Фуенте не му беше сеедно да ги гледа стартерите кои ја држат десната страна од теренот како седат на страна и гледаат, наместо да тренираат. Јамал имаше бандаж на бутината на левата нога, додека кај Поро станува збор за замор, тој беше заменет и против Франција во финишот ...

ФИФА нема да воведе санкции врз репрезентацијата на Аргентина поради политичкото знаме пред завршувањето на Светското првенство, според радиостаницата „Коуп“. Според изворот, ФИФА ќе отвори дисциплинска постапка, но ќе донесе одлука дури по финалето на СП, во кое Аргентина ќе игра против Шпанија. По победата над Англија со 2-1 во полуфиналето, аргентинските фудбалери го прославија својот успех со транспарент на којшто пишуваше „Малвините се ...

Лионел Меси ако одигра макар една секунда во финалето на СП 2026 против Шпанија, ќе испише историја и ќе стане само вториот фудбалер кој влегол во игра на три различни мундијалски финалиња. Досега такво нешто му успеало само на Бразилецот Кафу, кој играше во 1994 (влезе како резерва), 1998 и 2002. Меси играше и во 2014 и 2022, а ќе игра и во 2026, па и тој како и Кафу ќе се бори за својата втора светска титула. Со учество во три финалиња на ...

Шкотскиот голман Крег Гордон со 43 години беше најстариот фудбалер на Светското првенство кое повеќе од еден месец е актуелно во САД, Канада и Мексико. Токму ангажманот да биде дел од Мундијалот е последен за Гордон во неговата речиси 25-годишна кариера. Гордон од денеска и официјално е во фудбалска пензија. Кариерата на Гордон започна во 2001 година, и тоа во тимот на Хартс во родниот Единбург. За девет милиони фунти во 2007 година направи ...

Поранешниот десен бек на Англија и на Манчестер јунајтед, Гери Невил, доби жесток одговор од аргентинските стопери Кристијан Ромеро и Лисандро Мартинес откако ги нарече „најдобриот лош стоперски тандем во светот“. Неколку дена пред полуфиналето меѓу Аргентина и Англија на Светското првенство, поранешниот англиски репрезентативец ги коментираше двајцата дефанзивци на актуелниот светски шампион. „Изгледа како да подаруваат по еден гол на секој ...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а, секако, и докажан тренер, Зинедин Зидан, е на чекор од официјално преземање на селекторската функција во француската репрезентација. Според информациите на реномираното РМЦ радио, Зидан ќе биде промовиран за нов селектор на Галските петли следната недела во четврток или во петок. Иако договорот формално уште не е потпишан, се знаат речиси сите клучни детали. Се очекува Зидан да има основна ...

Англискиот шампион Арсенал го направи своето прво големо засилување во летниот преоден рок, откако денес го договори трансферот на 24-годишниот Христос Цолис. Се работи за грчки фудбалер кој првенство игра како лево крило, но е добар и на десната страна и во нападот, а во последните две години одигра одлично во тимот на Бриж. Цолис каде што беше еден од најдобрите играчи на белгискиот тим. Во 108 настапи за Бриж постигна 43 гола, а имаше и 45 ...

Англија не успеа по 60 години чекање повторно да игра финале на Светско првенство откако синоќа со 2:1 загуби од Аргентина. Англија водеше со 1:0 до 85-тата минута, но на крајот загуби со 1:2. Многумина како главен виновник за овој пораз на Гордиот Албион го посочија селекторот Томас Тухел. Германскиот стратег на чело на Англија реши неговата селекција да се брани во последните 30-тина минути, а тоа го искористи Аргентина и со два погодока ...

Во Челзи беа принудени да ја избришат објавата на социјалните мрежи со која го прославија голот на својот фудбалер Енцо Фернандес откако предизвикаа голем гнев кај навивачите. Фернандес го постигна израмнувачкиот погодок за Аргентина во полуфиналето на Светското првенство против Англија, по што актуелниот светски шампион направи пресврт и победи со 2:1, обезбедувајќи пласман во финалето. Веднаш по голот на Фернандес, на официјалниот профил ...

Фудбалскиот клуб Илинден продолжи да ги засилува своите редови како на теренот, така и меѓу стручниот штаб. Денеска беа промовирани двајца фудбалери, плус еден тренер. Младиот 19-годишен Марио Маркулев е шестото засилување за екипата на Илинден. Маркулев е офанзивен играч за врска кој доаѓа од младинскиот тим на Вардар. Од младинската школа на Вардар пристигна и Иван Ташовски. Тој е млад и талентиран играч кој за неколку дена ќе наполни 18 ...

Капитенот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, е задоволен од исходот на ждрепката за вториот круг од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. „Црвено-жолтите“ во новоформираната група „Ф“ за противници ги добија селекциите на Австрија и Кипар, а за пласман во квалификациите ќе одиграат четири натпревари во борба за првото место. Иако ждрепката донесе противници со кои Македонија има позитивни искуства, ...

Дуелот меѓу Аргентина и Шпанија во финалето на Светското првенство не само што ќе донесе борба за најпрестижниот трофеј во фудбалот, туку и неверојатен, речиси филмски крај на приказна што започна пред точно 19 години. Социјалните мрежи буквално експлодираа откако светските медиуми се потсетија на легендарната фотографија од 2007 година на која 20-годишниот Лионел Меси го бања четиримесечното бебе – Ламине Јамал. Она што во тоа време ...

Голманот на Англија, Џордан Пикфорд, изјави дека е горд на сè што репрезентацијата постигна на Светското првенство, но призна дека нема објаснување за пресвртот во полуфиналето против Аргентина, кое го загубија со 2:1. Иако Англичаните поведоа во раната фаза од второто полувреме, нивниот сон за светската титула заврши со пораз од актуелниот шампион. „Би сакал да го знаев одговорот. Очигледно сум многу, многу горд на тоа што го направивме на ...

Англија водеше со 1:0 до 85-тата минута против Аргентина, но на крајот загуби со 1:2 во полуфиналето на Светско првенство. По мечот, една од најголемите ѕвезди на Англија, Џуд Белингам, физички го нападна дефанзивецот на Аргентина, Валентин Барко. Белингам стоеше сам и тажен додека неколку играчи на Аргентина недалеку од него се радуваа. Тогаш Белингам тргна кон Барко и го удри по главата. Потоа настана голем метеж, но, за среќа, не се случи ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар се најде во незавидна ситуација откако челниците на Фудбалската федерација на Македонија го одбија нивното барање за одложување на натпреварот од првото коло во новата сезона на Првата лига против Брегалница Штип. Вардарци сакаа да добијат повеќе време за да се подготват и да се фокусираат за двомечот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, но од ФФМ добија негативен одоговор на ...

Аргентина се пласира во финалето на Светското првенство откако синоќа во полуфиналето ја совлада Англија со 2:1. Во големото финале Гаучосите ќе се соочат со Шпанија, а по натпреварот капитенот Лионел Меси победата им ја посвети на граѓаните на Аргентина, кои, како што рече, минуваат низ тешки времиња. „Горди сме и среќни што можеме да им донесеме радост на луѓето. Знаеме дека Светските првенства за нас се нешто посебно и дека во тие моменти ...

Македонските претставници во натпреварувањата на УЕФА оваа сезона имаат три победи и само еден пораз, а тоа плус од еден бод на рејтинг-листата на УЕФА. Ова лето имаме само еден претставник, но благодарение на успехот на Шкендија од минатата сезона, од следната година Македонија ќе има по четири претставника во европските купови. И тука барем сме сигурни, но одличниот старт на европското лето и гостинските победи на Силекс и Шкендија во ...

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, по елиминацијата од Купс во Лигата на шампионите, својот европски настап го продолжува во Конференциската лига, а таму за противник ќе ја има летонска Рига. Првиот меч помеѓу шампионите на Македонија и Летонија ќе се одигра во среда од 20 часот во Скопје, а вардарци во сабота ги очекува и меч од првото коло на Првата лига против штипска Брегалница. Вардар од Фудбалската федерација на Македонија побара ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија во втората фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 ќе разигрува со селекции на Кипар и Австрија. Ждрепката може да се оцени како поволна за нашите кошаркари, но и како голема шанса уште преку вториот филтер да се обезбеди пласман во главните квалификации за Европското првенство. Таму ќе се најдат најдобрите селекции од секоја од групите, а останатите, заедно со оние кои беа ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје по пауза од 26 години се враќаат во натпреварувањата под капата на ФИБА, па сезонава како актуелен шампион на Македонија ќе настапат во Европскиот куп, односно второто по ранг натпреварување. Актуелниот шампион на Македонија за противници ги доби АЕК Ларнака од Кипар, Вурцбург од Германија, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и полската Варшава. Посебно привлечен е мечот против екипата од Солун, кој нема сомнеж дека ќе ...

Голманот на Аргентина, Емилијано „Дибу“ Мартинес, не го криеше задоволството по победата од 2:1 над Англија во полуфиналето на Светското првенство. Ексцентричниот чувар на мрежата ги пофали своите соиграчи за големата борба против ѕвездите на Англија, додавајќи дека сега останува само уште „еден мал чекор“ до нова светска титула. „Многу се зборуваше за противниците што ги имавме на патот до финалето. Токму во вакви моменти сфаќаш колку е ...

Англискиот премиерлигаш Челзи направи конкретен чекор во обидот да го ангажира левиот бек на Реал Мадрид, Алваро Карерас. Тој е голема желба на менаџерот Чаби Алонсо, кој имаше можност да работи со него на „Сантијаго Бернабеу“. Лондонскиот клуб веќе испратил почетна понуда од 25 милиони евра за шпанскиот дефанзивец, со што ги започна преговорите за негов трансфер. Сепак, Реал Мадрид значително повеќе го цени својот фудбалер и за евентуална ...

Лионел Меси испиша уште една златна страница во историјата на светскиот фудбал за време на полуфиналниот дуел меѓу Аргентина и Англија на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Капитенот на Аргентина беше стартер во спектакуларниот натпревар во Атланта и со тоа официјално стана највозрасниот фудбалер во поле кој настапил во полуфинале на Светско првенство. Меси до ова историско достигнување стигна на возраст од 39 години и 21 ден, уште ...

6798 Интер Турку – Сараево (17 часот) На првиот натпревар Сараево едвај се спаси од пораз, а предноста на Интер Турку е што се наоѓа во првенствен ритам. Типуваме дека финскиот тим нема да загуби и дека на мечот ќе има од еден до три гола. Предлог тип: 1X & 1-3 (2.03) 6799 Астана – Динамо сити (17 часот) Астана е поквалитетен тим и тоа ќе го докаже и на домашен терен со триумф и најмалку два гола во мрежата на Динамо сити. Предлог тип: 1 ...

Освојувачот на Купот, тимот на Силекс, и вицепрвакот Шкендија вечерва (20 часот) ги играат реванш-натпреварите од воведното квалификациско коло во Конференциската лига. Кратовци победија на првиот меч со 0-1 против Динамо Минск, но и натаму белорускиот тим е фаворит, иако натпреварот ќе се игра на комплексот на ФФМ. „Добро знаеме што нè очекува на реваншот. Против себе имаме навистина незгоден и квалитетен ривал, но на првиот натпревар ...

Денешниот Супер тип е максимално фудбалски, сите 16 понудени мечеви се од најважната споредна работа на светот. Тоа значи и комплетен фокус, а се разбира дека коефициентите се максимално зголемени. Понудата стартува од 17 часот и се протега во вечерните часови. Зголемени се квотите на Астана, Интер Турку, Нефчи, РФС, Хапоел Бер Шева, Динамо Тбилиси, Жалгирис, Волеренга, Лех Познањ, ЦСКА Софија, Динамо Киев, Шериф Тираспол, Динамо Минск, ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, порача дека неговата репрезентација повторно покажала зошто е една од најсилните селекции во светот, откако со драматичен пресврт ја совлада Англија (2-1) и обезбеди пласман во финалето на Светското првенство. „Искрено, мислам дека овој тим го игра својот најдобар фудбал токму кога е под најголем притисок. Кога ќе западнеме во тешка ситуација, а противникот ќе покаже и најмал знак на слабост, веднаш ...

Денешните Квоти на денот носат европски предизвик, изборот доаѓа од квалификациите за Лига Европа и за Конференциската лига. Петте предлози носат вкупен коефициент 40,67. Сент Џозеф игра со Бохемијанс и квотата на денот е 2.05 ако двете екипи постигнат гол и има најмалку по еден гол во двете полувремиња. Валеренга се среќава со Алесунд и ако домаќинот не загуби, а во првото полувреме биде постигнат најмногу еден гол, квотата на денот е 2.10. ...

Капитенот на Англија, Хари Кејн, не го криеше огромното разочарување по поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Според искусниот напаѓач, „трите лава“ одиграле квалитетен натпревар во поголемиот дел од мечот, но по водството од 1-0 го загубиле ритамот и ѝ дозволиле на Аргентина да ја преземе контролата. Тој нагласи дека планот во ниту еден момент не бил Англија да се повлече во одбрана. „Скршени сме – поради тимот, ...

Аргентина со неверојатен пресврт ја совлада Англија со 2-1 и обезбеди место во финалето на Светското првенство, каде што против Шпанија ќе ја брани светската титула. Сепак, славјето по полуфиналниот триумф отвори нова контроверзија, откако дел од аргентинските репрезентативци испратија политичка порака на теренот. Џовани Ло Селсо по натпреварот се појави со транспарент на кој пишуваше: „Фокландските Острови (Малвини) се Аргентина“. Набрзо му ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35