
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси одговараше на прашања за својата кариера, а особено за евентуалното негово пензионирање. – Како што реков, фокусиран сум на сегашноста, но би излажал ако кажам дека не размислувам за Светското првенство. Да, мислам на него. Оваа година ќе биде клучна во однос на донесувањето одлуки за мојата иднина. Сакам да го најдам вистинскиот ритам, да најдам конзистентност, вели Меси. Аргентинецот ...
Сега е официјално – Ла Лига доби петти учесник во Лигата на шампионите. По резултатите од оваа недела, Шпанците ја потврдија својата доминација во сите натпреварувања и ќе имаат пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона. Во четвртокот, Атлетик Билбао во Лигата на Европа и Бетис во Конференциската лига се пласираа во полуфиналето, а претходно Барселона обезбеди борба за финалето во Лигата на шампионите. Како што стојат работите на ...
Според информациите од Италија фудбалскиот тим на Интер е во преговори со бразилскиот фудбалер, кое е цел на интерес и на Баерн Минхен. Интер преговара и со Марсеј, но постои финансиска разлика од околу 10 милиони евра, бидејќи францускиот клуб бара 35 милиони евра, а Италијанците се обидуваат да ја спуштат таа сума. Луис Енрике оваа сезона има одиграно 31 натпревар за Марсеј, со девет голови и осум асистенции, што го прави еден од ...
На седницата на Собранието на АБА лигата е донесена важна одлука, ќе се менува форматот на АБА лигата. Како што пренесува „Меридијан спорт“, потврдено е дека АБА лигата во иднина ќе може да брои најмногу 20 клубови, а усвоен е и предлог според кој најмногу 50 отсто од учесниците можат да доаѓаат од една земја. Ваквата одлука би можела да има директни последици врз структурата на лигата со оглед на тоа што во моментов учествуваат 16 екипи, а ...
Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот камбек против Лион. „Црвените ѓаволи“ водеа со 2:0, па губеа со 2:4 на само шест минути до крајот на продолжението, а потоа го направија еден од најголемите пресврти и стигнаа до 5:4. Многу работи беа чудесни во пресвртот на Јунајтед, но многу работи ќе треба да се поправат за повеќе да не се соочуваат со ситуација да примат два гола со играч повеќе на теренот. За ...
Некогаш најдобрата ракометарка на светот,миленичка на навивачите на Вардар, Андреа Лекиќ, реши да ја заврши професионалната сезона на крајот од оваа сезона. Една од најдобрите српски ракометарки на сите времиња, оваа одлука ја објави преку својот Инстаграм профил каде им се заблагодари на соиграчите, тренерите, навивачите и ракометот… Андреа во кариерата одигра преку 140 натпревари за српската репрезентација и учествуваше на Светско првенство во ...
Алкалоид в недел аќе го одигра првиот натпревар од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Противник на Алкалоид ќе биде Рунар Сандефјорд од Норвешка. Пред натпреварот, прес конференција одржаа тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров и капитенот Игор Ѓорѓиев. „Не очекува еден тежок меч против незгоден противник. Во изминатиот период имавме доста тешки натпревари, со квалитетни противници во лигата во рамки на плеј-офот. Доста го анализиравме Рунар, ...
Српскиот фудбалер Александар Митровиќ наводно е на мета на Бешикташ. Митровиќ наводно е главната желба на турскиот Бешикташ за следната сезона, објави сигурниот турски портал „Фотомач“. Наводно, Бешикташ веќе започнал преговори со Ал Хилал околу трансферот на капитенот на српската репрезентација. Ова е планот на црно-белите од Истанбул следната сезона сериозно да ги предизвикаат Галатасарај и Фенербахче, кои се единствените пред нив во ...
Алексис Санчез ја заокружи европската приказна во својата кариера со враќањето во Удинезе, а се чини дека неговата бајка ќе има уште еден убав момент, можеби и последен во кариерата. Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона го започна своето европско патување во Удинезе, каде што игра и денес. Сепак, тој би можел да го напушти тимот од северот на Италија по истекот на договорот со тимот од Удине и да се врати во Чиле. Договорот на Санчез со ...
Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао, Тотенхем и изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа. Три од четирите натпревари останаа во сенка на она што се случуваше на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Веројатно вечерва го видовме најдобриот натпревар оваа сезона во Европа. Неверојатен ролекостер, Јуннајтед до 71.минута имаше водство 2:0, Лион успеа да се врати во интервал од седум минути, во 89.минута Толисо го доби вториот жолт картон, но и со играч ...
Бетис и Фиорентина први изборија пласман во полуфиналето во Конференциската лига. Бетис, по 2:0 во првиот меч одигра 1:1 во Полска против Јагиелонија. Единствениот гол за Јагиелонија во овој двомеч го постигна македонскиот реорезентативец Дарко Чурлинов. Фиорентина се мачеше со Целје, одигра 2:2 на „Артемио Франки“, понатаму мина благодарение на победата 2.1 во првиот натпревар. Јаггиелонија одигра добра натпревар против Бетис, екипа која се ...
Карло Анчелоти дојде до крајот на својот втор мандат во Реал Мадрид. „Скај Спортс“ ексклузивно објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по финалето од Купот на Кралот со Барселона на 26 април. Јасно е дека по елиминацијата од Лигата на шампионите од Арсенал, Флорентино Перез размислува за смена на тренерската функција. Првиот човек на клубот смета дека на Реал му е потребна „нова и свежа крв“ на клупата. Нејасно е дали Анчелоти сигурно ќе ...
Кошаркарите на Далас победија во Сакраменто со 120:106 и останаа во игра за пласман во плеј-офот. За осмата позиција на табелата во Западната конференција, Маверикс ќе играат против Мемфис. Победникот од тој натпревар ќе игра против Оклахома во првото коло од плеј-офот. Избраниците на Џејсон Кид го решија натпреварот во втората четвртина кога постигнаа 44 поени. Од друга страна, Кингс целосно потфрлија во нападот, постигнаа скромни 19 поени. Во ...
Максимално се подготвуваме за натпреварот против Баја Маре и се надевам на позитивен резултат и пласман во полуфиналето, изјави на денешната прес-конференција ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ пред реванш дуелот против романската екипа во четвртфиналето од Европскиот Куп на ЕХФ. -Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме, порача Стојковиќ. Дуелот се игра на 30 март во салата ...
Сонот за одбрана на титулата Реал Мадрид го заврши со поразот од Арсенал. „Топџиите“ првиот четвртфинален меч го добија со 3:0, а синоќа славеа и во реваншот во Мадрид со 2.1. Арсенал се пласира во првото полуфинале во елитното европско натпреварување од 2009 година. Синоќешниот меч на „Бернабеу“ веојатно беше последен за Лука Модриќ во Лигата на шампионите. Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година доби шанса да влезе во игра во 72. минута ...
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (340, ќе остане во клубот. На овој начин тој стави крај на шпекулациите дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига. Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година и се шпекулираше дека тој ќе замине во ФК Лос Анџелес во летниот преоден рок. Сепак, миленикот на тренерот Диего Симеоне, според шпанските медиуми, би требало да го продолжи договорот до јуни ...
Ракометниот клуб Алкалоид во недела на 30 март во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот ќе игра важен меч против Минаур Баја Маре (Романија), за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување. На прес-конференција пред натпреварот, тренерот на Алкалоид изјави дека овој ...
Реал загуби од Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Откако во првиот меч „топчиите“ на домашен терен победија со 3:0, во реваншот на „Бернабеу“ славеа со 2:1. Арсенал во полуфиналето ќе игра против ПСЖ. Втората полуфинална двојка е Барселона – Интер. Сите шпански медиуми истакнуваат дека вкупните 5:1 не се единствениот показател колку Реал бил инфериорен во однос на Арсенал. Во преден план ја ставаат и огромна разлика ...
Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, вербално се пресмета со навивачите на неговиот тим, по поразот од Монако (77:80), во 32.коло во Евролигата. https://x.com/Real_JimmyGreen/status/1905387814541308157?s=19 Олимпијакос го доживеа третиот последовен пораз, пртходно доживеа пораз дма од Црвена звезда (73:81) и Асвел (81:70). Сега првото место на тимот на грчкиот гигант е под закана бидејќи Фенербахче може да ги претекне доколку вечерва ја ...
Реал ја предаде круната во Лигата на шампионите. Се уште актуелниот шампион испадна од Арсенал во четвртфиналето. „Тобџиите“ победија најпрвион во Лондон (3:0), а потоа и синоќа во Мадрид (2:10. Поразот на домашен терен од Арсенал е трет пораз на Реал во последните пет натпревари. Освен гореспоменатите порази од лондонскиот клуб, тие загубија и на домашен терен во Ла Лига од Валенсија (1:2), која се бори за опстанок. Згора на тоа, во регуларниот ...
Точно 34 минути траеше враќањето на Нејмар на теренот и неговиот прв натпревар во новата сезона од бразилскиот шампионат. Толку издржа славниот Бразилец пред да биде заменет поради нова повреда. Тој во солзи го напушти теренот. Натпреварот меѓу Сантос и Атлетико Минеиро требаше да биде славенички за Нејмар. Покрај тоа што беше негов прв оваа сезона за клубот и прв по повредата поради која беше надвор од терените повеќе од еден месец, тоа беше и ...
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, по драматичното реми 2:2 со Баерн и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека „нероаѕурите“ покажале дека имаат и срце и глава за вакви натпревари. Баварците имаа три добри шанси по 90. минута до самиот крај, но не успеаја да изборат продолженија. „Ова беше дефинитивно епски натпревар, кој ќе го паметиме долго, бидејќи Интер има огромен м***ња“, изјави Лаутаро, стрелецот на првиот гол за ...
Дани Карвахал имаше „блиска средба“ со Букаја Сака на полувремето од реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал. „Марка“ пишува дека искусниот дефанзивец, кој поради повреда на лигаментите уште пред неколку месеци ја заврши сезоната „ја презеде капитенската улога веднаш по крајот на првото полувреме за да му приговори на англискиот играч за начинот на кој го изведе пеналот“. „Дани Карвахал беше првиот што ...
Кошаркарите на Индијана го совладаа Вашингтон со 162:109 и поставија рекорд на франшиза по бројот на постигнати поени во еден натпревар. Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрени поени, а лидери беа Тајрис Халибартон со 29, Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени. Пејсерси можеа и поубедливо да победат, но не ги искористија нападите на нешто повеќе од една минута до крајот, поради што беа исвиркани од навивачите во Вашингтон. ...
Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, се соочува со сериозни обвинувања во Шпанија. Италијанскиот стручњак следната недела ќе се појави пред суд за затајување данок, а јавниот обвинител тврди дека станува збор за сума поголема од еден милион евра. Анчелоти го негираше обвинението и ќе се брани на суд. Се очекува Анчелоти да оди на судење на 2 април, каде што ќе треба да ја објасни сумата од 1.062.079 евра, која наводно настанала поради ...
Роберт Левандовски, напаѓачот на Барселона, продолжува да постигнува голови и покрај тоа што има 36 години. Тој во четвртокот вечерта постигна еден од победничките голови против Осасуна (3:0) и со тоа остана на врвот на листата на стрелци во Ла Лига. Полјакот има постигнато 23 гола, додека зад него е ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, кој има постигнато 20 гола. Откако наполни 36 години, популарниот Лева постигна 21 гол во Ла Лига. Со тоа ...
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го критикуваше настапот на своите соиграчи откако актуелниот шампион во Лигата на шампионите заслужено беше исфрлен од Арсенал со вкупни 5:1. Куртоа во овие два натпревари беше еден од ретките играчи на реал кои беа на вистинското ниво. особено беше добар на натпреварот во Лондон и покрај тоа што прими три гола имаше четири брилијантни интервенции, а синоќа во 12.минута гоодбрани пеналот на Букајо Сака. Во ...
Тимот на Ред Бул го испрати возачот Лијам Лосон во својот втор тим Рејсинг Булс и на негово место го донесе Јапонецот Јуки Цунода, објавено е на официјалната веб-страница на Формула 1. Цунода дојде од другиот тим на Ред Бул, Расинг Булс. Јапонскиот возач ќе биде нов тимски колега на актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул. Лосон ќе вози за тимот на Рејсинг Булс со Исак Хаџар од Франција. Лосон го замени Мексиканецот Серхио ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен и маратонски меч успеа да го совлада шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина во второто коло на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски победи со 2-1 во сетови (7:6(3) 5:7 7:6(4)) за 3 часа и пет минути игра. Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен, а тенисерите го освојуваа гемот на сопствен сервис. Во 13-тиот гем во тај брејкот под 1:0 ...
Фантастични вести за навивачите на лондонски Арсенал. Еден од најдобрите играчи на „топчиите“, репреентативецот Букајо Сака по три месеци се врати на тренинзите со првиот тим. Арсенал на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од Сака на тренинг. Истото го направи англискиот фудбалер со пораката: „Повторно здраво“. Англиските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за натпреварите против Реал Мадрид во ...