Трансферот на Тајрик Џонс од Партизан Белград во Олимпијакос е комплетиран. Грчкиот клуб се согласи да плати обештетување, а американскиот центар го напушта српскиот тим. По тешкиот период во Србија, каде што Џонс се соочи со критики од некои навивачи, неколку европски клубови, вклучувајќи го и Макаби Тел-Авив, изразија интерес за него. Сепак, Олимпијакос беше најподготвен да ги исполни финансиските барања на Партизан, што го запечати ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави напуштање на Професионалниот сојуз на тенисери (ПТПА), кој го основаше заедно со Канаѓанецот Васек Поспишил во 2019 година. Поранешниот светски рекет број еден изјави дека одлуката произлегува од загриженоста за транспарентноста, управувањето и начинот на кој е прикажан неговиот имиџ. – Горд сум на визијата што ја споделивме со Васек кога ја создадовме ПТПА – да им дадеме на играчите посилен и понезависен ...

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас откри дека минатата сезона сериозно размислувал да ја заврши тениската кариера поради силни болки во грбот, кои го мачеле скоро цела 2025 година. „Моја најголема грижа беше дали воопшто ќе можам да завршам меч“, изјави тој, додавајќи дека честопати се запрашувал дали може да одигра уште еден меч без болки. По поразот на УС Опен од Даниел Алтмајер, Циципас не можел да оди нормално два дена поради болката, што ...

Манчестер Сити официјално објави вечерва дека хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол претрпел сериозна повреда на десната нога и ќе мора да се оперира. Гвардиола се повреди на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Челзи, поради што мораше да го напушти теренот. „Манчестер Сити може да потврди дека Јошко Гвардиол претрпе фрактура на тибијата на десната нога“, соопшти Манчестер сити, додавајќи оти хрватскиот фудбалер ќе ...

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, поранешен стратег на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус, остро го критикуваше судењето во модерниот фудбал. Тој ја нарече организацијата на судиите „мафија“. Во едно големо интервју, тој предложи и решение за подобрување на ВАР технологијата – вклучување на поранешни фудбалери во процесот на донесување одлуки. Во интервју за шпанска „Марка“, каде што зборуваше за различни теми, вклучувајќи ги и ...

Плејмејкерот на Зенит, Ненад Димитријевиќ, потпиша договор со Баерн, објави новинарот Роберт Хусел на социјалните мрежи. – Според моите информации, трансферот на Ненад Димитријевиќ во Баерн е комплетиран. Договорот е со важност до крајот на сезоната, напиша Хусел. Дваесет и седумгодишниот македонски кошаркар играше за Зенит од јули 2025 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 10 натпревари во ВТБ лигата, со просек од 11,5 поени, 2,9 скока и ...

Фудбалската репрезентација на Египет се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва го победи Бенин со 3:1 по продолженија, во осминафиналниот дуел во Агадир. Египет поведе со голот на Марван Атија во 69. минута, а Зодел Доса израмни во 83. минута и го однесе натпреварот во продолженија. Египќаните ја вратија предноста со голот на Јасер Ибрахим во 97. минута, додека точка на победата стави Мохамед Салах во ...

Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија ги засили денеска своите редови со поранешниот младински репрезентативец на Косово, Дрилон Ислами. Дваесетипетгодишниот дефанзивен играч за врска доаѓа во Шкендија од редовите на романскиот прволигаш Клуж, откако претходно настапуваше за косовските екипи Феризај, Дрита и Приштина. Ислами е првото засилување во јануарскиот преоден рок во редовите на Шкендија, која денеска официјално ги стартуваше ...

Шкотскиот фудбалски гигант Селтик го отпушти денеска тренерот Вилфред Нанси, два дена по поразот од Глазгов Ренџерс (1-3). Четириесетиосумгодишниот Французин, кој го замени Мартин О’Нил минатиот месец, го предводеше Селтик до само две победи на осум натпревари. Селтик е второпласиран во шкотската Премиерлига со 38 бодови, шест помалку од лидерот Хартс. -Фудбалскиот клуб Селтик денеска објавува дека донесе одлука да го раскине договорот со ...

Премиерлигашот Астон Вила сака да го донесе во своите редови напаѓачот на Манчестер Сити, Омар Мармуш (26), кој постигна само еден гол на 15 настапи оваа сезона, јавија денеска британските медиуми. Мармуш само три пати се најде во почетниот состав на Сити од почетокот на сезоната, двапати во Премиер лигата и еднаш во Лигата на шампиони. Египетскиот напаѓач го привлече вниманието на Манчестер Сити со своите одлични настапи за Ајнтрахт ...

Португалскиот стратег Рубен Аморим, кому денеска му беше врачен отказ на клупата на Манчестер јунајтед, го напушта „Олд Трафорд“ како статистички најнеуспешниот тренер во ерата по Алекс Фергусон. Јунјатед, под водство на 40-годишниот Аморим, ја имаше својата најлоша сезона за повеќе од половина век и не избори пласман во европските купови само втор пат за 35 години. Португалецот е шестиот тренер на Јунајтед со долгогодишен договор, откако ...

Селекторот на репрезентацијата на Тунис, Сами Трабелси, е отпуштен по поразот на тимот од Мали во осминафиналето на Африканскиот куп на нации, објави Фудбалската федерација на Тунис. Одлуката е донесена со заедничка согласност. 57-годишниот Тунижанец Трабелси ја напушти репрезентацијата заедно со други членови на тренерскиот штаб. По групната фаза на Африканскиот куп на нации, Тунис заврши втор во групата Ц со четири бода по три натпревари. ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го пофали напаѓачот Гонзало Гарсија. Гарсија постигна хет-трик вчеравечер во победата од 5:1 дома над Бетис во 18. коло од шпанската Ла Лига. – Гонзало одигра натпревар од соништата – постигна хет-трик на „Бернабеу“ во својата прва сезона. Навистина сакаше да постигне гол… Неверојатно сум среќен за него, за неговата секојдневна работа, за неговиот импресивен став, и кога игра и кога не игра. Тој е совршен ...

Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година. Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор. Конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство селекторот Кирил Лазаров ќе го соопшти во вторник во претпладневните часови. На ЕП 2026, македонската репрезентација е во група со кодомаќинот ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од текот на подготовките во пресрет на Европското првенство 2026. – Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, нема да брзаме со конечниот список за Европското првенство. Ќе почекаме да поминат последните тренинзи, па ќе се одлучи кои ракометари ќе патуваат на ЕП. Со федерацијата донесовме одлука за Данска да патуваат 19 ракометари. Задоволен сум ...

Португалскиот фудбалски тренер Рубен Аморим од денеска е без работа. Отказот доаѓа по последната јавна расправија и несогласувања со челниците на Манчестер Јунајтед по вчерашното реми со Лидс од 1:1 во Премиер лигата. Денешниот состанок во клубот свикан од Џек Вилкокс и Омар Берада бил со една цел: да се разгледа работата на Аморим и неговиот однос на синоќешната прес-конференција по завршувањето на натпреварот. Аморим вчеравечер јавно посочи ...

Рубен Аморим навести дека нема да остане во Манчестер Јунајтед по истекот на неговиот тековен договор. – Само сакам да кажам дека ќе бидам менаџер на овој тим, не само тренер, и тоа јасно го кажав. Ова ќе трае уште 18 месеци, а потоа сите ќе го оставиме ова зад нас. Тоа беше договорот, тоа беше мојата работа – да не бидам тренер, туку менаџер. Ако луѓето не можат да ги поднесат зборовите на Гари Невил и другите, не можат да се справат со ...

Лос Анџелес лејкерс рано утрово го победија Мемфис дома во натпревар од НБА-лигата со 120:114. Лука Дончиќ уфрли 36 поени, имаше девет скока и осум асистенции, додека Леброн Џејмс постигна 26 поени, седум скока и 10 асистенции. Кај гостите се истакна Џејлен Велс со 23 поени. Лејкерси го добија својот 22-ри натпревар во 33 натпревари и се трети во Западната конференција. Мемфис го претрпе четвртиот пораз по ред и, со 15 победи во 35 ...

НБА ги рангираше најдобрите играчи во лигата за 2025 година. Плејмејкерот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александер, го освои првото место. Тој ја освои својата прва НБА шампионска титула во 2025 година. Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го освои второто место, а крилниот центар на Минесота, Ентони Едвардс, го освои третото место. НБА ранг-листа на најдобрите 10 кошаркари во 2025 година: 1. Шаи Гилџус-Александар (Оклахома Сити) 2. Никола Јокиќ ...

Како што велат последните вести од Истанбул, Мауро Икарди и Галатасарај се договориле за продолжување на соработката.Аргентинскиот напаѓач кој во минатото играше и за Интер и за ПСЖ, ќе потпише нив договор, но за далеку помала плата од таа што ја имаше досега. Се пренесува дека Икарди се сложил да игра за 4,5 милиони евра годишно што е 40 насто помалку од сегашниот договор што го има со гигантот од Истанбул. Инаку неговиот договор истекува во ...

Фудбалерите на Интер ја совладаа Болоња со 3:1 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Фудбалерите на Кристијан Киву ја оправдаа фаворитската улога и ја вратија пол-позицијата на табелата во најсилното италијанско првенство. Првиот гол на мечот го постигна пољакот Зиелински во 39-тата минута. Домашниот тим ја „зголеми брзината“ во второто полувреме и со двата гола на Лаутаро во 48-та и Турам во 74-тата минута, Интер ја запечати ...

Иако Ландо Норис ја освои шампионската титула во Формула 1 за 2025 година, Макс Верстапен беше прогласен за возач на годината. Ова признание, кое доаѓа од самите возачи и шефови на тимови, ја потврдува доминацијата на холанѓанецот и неговата способност да извлече максимум дури и без најбрзиот болид. Во невообичаен развој на настаните за сезоната 2025, Макс Верстапен ја доби престижната титула „Возач на годината“ во изборот организиран од ...

Репрезентацијата на Камерун е четвртиот патник во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Вечерва на мечот со Јужна Африка, Камерун дојде до победа од 2:1 и со тоа му се приклучи на Мароко во второто четвртфинале. Камерунците поведоа со голот на фудбалерот на англиски Стоук, Чамадеу во 34. минута, за на стартот на второто полувреме голгетерот на германски Баер (Л), Кофане да го постигне вториот гол со кој Камерун го направи главниот ...

Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 дома со Челзи во 20. коло од Премиер лигата. Фудбалерот од средниот ред на Тијани Рејндерс постигна гол во 42. Минута за водство на „граѓаните“, додека гостинскиот играч од средниот ред, Енцо Фернандез, израмни во 90+4. минута. Манчестер Сити со 42 бода е втор на табелата во англиската Премиер лига. Разлика во однос на лидерот Арсенал се зголеми на шест бода. Челзи е шести со 31 бод. Натпреварот против ...

Бостон ги победи Лос Анџелес клиперс со 146:115 на гостински терен рано утрово во натпревар од НБА-лигата. Најдобар кошаркар беше бекот на Селтикс, Џејлен Браун, кој постигна 50 поени. Клиперси ја прекинаа серијата од шест победи. Тие се на 12. место на табелата во Западната конференција (12-22). Бостон го доби својот трет натпревар по ред и е трет во Источната конференција (22-12). На другите натпревари играни ноќта сабота кон недела ...

Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс доби специјална покана од организаторот за настап на претстојниот Грен слем турнир. Поранешната најдобра тенисерка на светот со ова ќе стане највозрасната тенисерка учесничка на турнирот во Мелбурн. Венус на 17.јуни наполни 45 години. Рекордерка досега беше Кимико Дате која во 2015 година настапи на истиот турнир со 44 години и три месеци. Се радувам на враќање на турнирот во Мелбурн. Имам многу ...

Шест натпревари од Евролигата беа одиграни вчеравечер, а впечатлива е победата на Реал над Дубаи на свој терен. Шпанскиот великан иако на полувреме губеше со 14 разлика, сепак на крајот се радуваше. Резултати: Анадолу Ефес – Црвена ѕвезда 65:87 Басконија – Фенербахче 93:108 Панатинаикос – Олимпијакос 82:87 Виртус – Милано 97:85 Реал Мадрид – Дубаи 107:93 Баерн – Макаби 95:71. Водат Валенсија и Хапоел Тел-Авив со 13 победи и шест порази. Фото: ...

Реал Мадрид вечерва го победи Бетис со 5:1 на свој терен во натпревар од 18. коло на шпанската Ла Лига. Фудбалерот на домаќините, Гонзало Гарсија, постигна хет-трик, додека Раул Асенсио и Фран Гарсија постигнаа по еден гол за мадридскиот тим. Кучо го постигна единствениот гол за гостите. Реал Мадрид е втор на табелата во шпанското првенство за сезоната 2025/26 со 45 бода од 19 натпревари. Бетис е шести со 28 бода од 18 натпревари. Бетис ќе го ...

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав ги одработува подготовките за настап на престојното Европско првенство. Последен во стројот се приклучи Мартин Томовски. Репрезентативниот голман имаше обврски со својот клуб Битигхајм, каде блеска цела сезона. Посакува истата форма да ја пренесе и во националниот дрес. „Се чувствувам одлично, бранев во добра форма на клупски план. Искрено се надевам дека таа форма ќе ја пренесам и во ...

Поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, одби надомест од 14 милиони фунти за предвремено раскинување на договорот поради несогласувања со раководството, објавува „The Sun“. Италијанецот бил толку лут на раководството на Челзи за поткопување на неговиот авторитет што одбил да разговара со нив за условите за раскинување. Мареска бил исто така огорчен од обвинувањата дека го ризикувал здравјето на играчите со тоа што ги ставал во составот и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
49%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.62
80%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
66%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
34%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
60%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.79
39%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

45911.27

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Рутениум

56199.51

Калај

43.90

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14