Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Шпанката Кристина Букша со 6:0 и 6:1 во меч од второто коло на турнирот во Бризбејн. Дваесет и седумгодишната Сабаленка сервираше четири аса, не направи двојни грешки и реализираше пет од своите шест брејк топки. Нејзината 28-годишна противничка, рангирана број 50 во светот, не сервираше аса и направи една двојна грешка. Во третото коло, првиот светски рекет ќе се соочи со Сорана Кирстеа ...
Рома и Атлетико Мадрид се во преговори за трансфер на напаѓачот Џакомо Распадори. Според инсајдер Фабрицио Романо, клубот од Рим сака да го позајми напаѓачот за 1,5 милиони евра со опција за откуп за 20-23 милиони евра. Мадридскиот тим е подготвен да ги прифати условите. Дваесет и петгодишниот Италијанец одигра 15 натпревари во сезоната 2025/26, постигнувајќи два гола и три асистенции. Во својата кариера, Распадори има настапувано и за Наполи ...
Од наредната сезона нов член на ГРК Охрид предводен од Борис Ројевиќ, ќе биде хрватскиот репрезентативец Дино Славиќ. Голманот, кој многу веројатно ќе дебитира на големите натпреварувања со Хрватска со Охрид постигна договор до летото 2028 година. Искусниот 34-годишен голман во последните три сезони настапува во француски Лимож, а пред тоа имаше искуство играјќи во Лигата на шампионите во дресот на Загреб. Славиќ ја започна својата ...
Актуелниот договор на играчот од средниот ред Ленарт Карл со Баерн Минхен автоматски ќе стане професионален кога ќе наполни 18 години следниот месец. Неговиот тековен договор е до 2029 година. Според „Билд“, Баерн Минхен сака да го продолжи договорот на играчот до 2031 година, заедно со зголемување на платата. Неговата моментална плата од 1-2 милиони евра годишно ќе се зголеми на 5-7 милиони евра. Оваа сезона, 17-годишниот Германец одигра 22 ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска остварија победа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 111:103. Триумфот е позначаен бидејќи беше остварен со неверојатен пресврт во последниот период, кои „езерџиите“ го добија со 32:17. Претходно домаќинот имаше водство од средината на вториот период, до последната четвртина. Клучен играч во победата беше Лука Дончиќ, кој постигна тројка за 105:96, а дуелот го заврши со 30 поени и 10 асистенции. Ист ...
Луис Хамилтон започна ново поглавје во својата кариера во Ферари, но прашањата за неговата долгорочна иднина продолжуваат да се појавуваат. Седумкратниот светски шампион влегува во последните фази од својата кариера, а се повеќе се зборува за тоа што ќе се случи ако одлучи да ја заврши својата приказна во Ф1 на крајот од сезоната. Поранешниот шеф на Хаас, Гинтер Штајнер, верува дека Ферари веќе има подготвен одговор. Според него, Оливер ...
Фудбалерот Тијаго Силва го коментираше неговото враќање во Порто. Четириесет и едногодишниот Бразилец потпиша договор со португалскиот клуб до крајот на јуни 2026 година, со опција за продолжување на договорот за уште една година. – Поминаа повеќе од 20 години, но се чини како да беше вчера кога бев тука. Се вратив во овој прекрасен клуб и во градот каде што започна мојата европска авантура. Тоа е место кое можам да го наречам дом. Со ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Џереми Доку, е разочаран по нерешениот резултат 1:1 со Брајтон синоќа во 21. коло од англиската Премиер лига. – Нерешениот резултат дома никогаш не е добра работа. Не сме многу среќни и би претпочитале три бода денес. Друг ден, Сити ќе постигнеше гол. Треба да создадеме навистина јасни шанси. Да го правевме тоа, ќе беше сосема поинаква приказна. Ќе ги добиевме последните три натпревари. Трка за титулата? ...
Привремениот тренер на Челзи, Калум Мекфарлан, го коментираше поразот од 2:1 синоќа на гости кај Фулам во 21. коло од англиската Премиер лига. – Беше тежок натпревар. Црвениот картон беше голем фактор што го промени нашиот план. Ќе мора да откриеме што се случи. Игравме добро со исклучок на мал дел од мечот. Челзи имаше многу можности и шанси во второто полувреме. Многу сум среќен што Лиам Делап го постигна израмнувачкиот гол, но Хари Вилсон ...
Македонските ракометари ги завршија подготовките и тренинзите во Скопје, до почетокот на Европското првенство ќе одиграат три натпревари на турнир во Швајцарија, а потоа патуваат за Данска. Во земјата домаќин на шампионатот се планира одигрување на уште еден контролен дуел, против екипа од данските лиги. – Турнирот во Швајцарија е најважен во овие подготовки. На овие три дуели треба да видиме и да имаме реална слика до каде сме и колку ќе ...
Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, ги сподели своите мисли за неговата нова работа по синоќешното реми 2:2 со Барнли во 21. коло од англиската Премиер лига Лига. – Фантастично искуство е. Разочаран сум што не победивме и не можам да го сокријам тоа, но во однос на управувањето со тимот, подготовките, навивачите, поддршката – беше задоволство, беше чест. Што е следно? Разговарав со одборот и ќе бидам менаџер против ...
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Макаби Тел-Авив во 21. коло од Евролигата ќе се игра без публика, објави прес-службата на мадридскиот клуб. Натпреварот е закажан за четврток, 8 јануари, во Мадрид. Одлуката е донесена откако Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот го оцени натпреварот како настан од висок ризик. Навивачите ќе добијат поврат на парите за билетите. Претходно, Барселона исто ...
Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за играта на неговиот тим на синоќешниот натпревар со Брајтон во 21-то коло од англиската Премиер лига. „Граѓаните“ на домашен терен одиграа 1:1, ова е трето реми по ред за Сити во домашниот шампионат. – Многу сум задоволен од тоа како игравме. Сити пропушти многу шанси. Постигнувањето голови е од суштинско значење, но ние не го направивме тоа. Не постигнавме втор гол. Тоа е ...
Швеѓанецот Матијас Екстром (Форд) во категоријата автомобили и младиот Шпанец Едгар Канет (КТМ) во категоријата мотоцикли победија на прологот на овогодинешното Рели Дакар во Јанбу, Саудиска Арабија. Екстром и неговиот совозач Емил Бергквист го престигнаа вториот екипаж на Форд, составен од Американецот Мич Гатри, а Белгиецот Гијом де Мевиус (Мини) беше трет. Двете екипи заостануваат осум секунди. Минатогодишниот победник Јазид Ал Раџи беше ...
Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот се одржа синоќа во Џеда, Саудиска Арабија. Рафиња постигна два гола (38. и 52. минута), додека Феран Торес (22.), Фермин Лопез (30.) и Руни Барги (34.) по еднаш се запишаа во листата на стрелци. Во второто полуфинале ќе играат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Натпреварот ќе се вечер од 20 часот исто така во Џеда. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да настапи на претстојниот АТП турнир во Аделаида бидејќи сè уште не е физички подготвен. „За жал, сè уште не сум физички подготвен да се натпреварувам во Аделаида следната недела. Разочарувачки е за мене, бидејќи имам убави спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев возбуден што ќе се вратам бидејќи таму се чувствувам како дома“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи. ...
Досегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубин Аморим е пред можен неверојатен трансфер. По отказот во Манчестер Јунајтед, можно е многу брзо повторно да седне на тренерската клупа. Имено, според британските медиуми Аморим е кандидат да биде тренер на Бенфика, доколку Жозе Мурињо биде отпуштен. Бенфика има заостанување од 10 бодови зад лидерот Порто. Потенцијалното седнување на клупата на Бенфика, не им се допаѓа на навивачите на Спортинг ...
Голот на Флоријан Вирц и Ливерпул за 1:1 на дуелот со Фулам и натаму привлекува внимание. Ова откако Фулам поднесе жалба за признавањето на голот, кој беше потврден и со ВАР технологијата. Екипата од Лондон смета дека претходно имало офсајд позиција. Фулам упати и официјален приговор до телото задолжено за судење во Англија барајќи објаснување. Овој случај повторно отвори дебата за примената на ВАР технологијата во Премиер лигата. Помошниот ...
Турскиот великан Галатасарај според медиумите од Турција почнал преговори со играч од редовите на премиерлигашот Манчестер Сити. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва. Искусниот фудбалер на крајот од сезоната му завршува договорот со „граѓаните“ што значи дека како слободен играч може да замине од клубот. Токму тој факт ги зголемува неговите шанси за трансфер во турскиот тим. Силва (31 година) имаше исклучително богата ...
Мајк Мењон ќе остане на голот на Милан и ќе потпише нов договор со екипата. Французинот е во последната година од актуелниот договор. И кога се очекуваше од први јануари да почне преговори со други екипи, се случи промена. Управата на Милан во последен момент успеа да го убеди Мењон да остане во клубот и според новиот договор ќе добива 7 милиони евра годишно и со Леао ќе биде најплатен играч во клубот. Според „Газета дело спорт“ клучната ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, доживеа нова повреда за време на тренингот на тимот. Веста беше потврдена од клубот. Тежината на повредата ќе биде оценета подоцна оваа недела. Таа би можела да влијае на евентуалното позајмување на Германецот во друг тим во јануари. Медиумите веќе објавија дека Тер Штеген бил блиску до трансфер во Џирона. Голманот нема да може да игра на натпреварите од шпанскиот Суперкуп и веќе се вратил во ...
Поранешниот англиски репрезентативец и играч на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен има решение за клупата на „црвените ѓаволи“ по отказот на Рубен Аморим. Тој смета дека екс играчот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик би бил опција за клубот до крајот на сезоната. Овен притоа се осврна и на отказот на Португалецот Аморим. – Тоа е резултат на тоа што се случувало надвор од теренот и слично со тоа што му се случи на Мареска. Клубот ...
Машката македонска ракометна репрезентација во раните утрински часови отпатува за Швајцарија, каде од утре до сабота ќе учествува на „52.то издание на Јелоу куп“ во Винтертур. Со ова почнува нова фаза од подготовките на македонските ракометари за настапот на претстојното Европско првенство. Турнирот ќе се игра во швајцарскиот град Винтертур, а покрај домаќинот Швајцарија ривали на нашите ракометари сè уште селекциите на Украина и на Бахреин. ...
По заминувањето од Челзи, италијанскиот тренер Енцо Марсека ја даде првата изјава по напуштањето на клубот. Тој напомена дека заминува мирен, а клубот го остава таму каде што му е местото. – Моето „патување“ во Челзи почна со натпревари во Конференциската лига, а воедно сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ми ја даваа поддршката во изминативе 18 месеци. Таа поддршка беше клучна за пласман во Лигата на шампионите, освојување на ...
Поранешниот играч на Реал Мадрид, сега член на Ал Наср, Кристијано Роналдо активно „работи“ на засилувања за својот клуб од европски екипи. Тој во своите планови го има Антонио Рудигер. Договорот на играчот од одбраната на „кралскиот клуб“ му истекува на лето и со тоа тој ќе стане слободен играч. Рудигер сè уште нема потпишано нов договор. Тоа воедно значи дека тој ќе може да преговара за нов трансфер во последните шест месеци од актуелниот ...
Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, соопштија денес од федерацијата. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов изрази задоволство од новиот договор со најдобриот македонски ракометар на сите времиња. – Официјално ...
Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Рубен Дијас, претрпе повреда на тетивата. Тренерот на „Граѓаните“, Хозеп Гвардиола, на прес-конференција објави дека Португалецот ќе отсуствува од четири до шест недели. Претходно беше објавено дека дефанзивецот на Сити, Јошко Гвардиол, ќе биде надвор од терените подолг период исто така поради повреда. Двајцата се повредија во неделата во ремито 1:1 со Челзи во 20. коло од Премиер лигата. Дваесет и ...
Репрезентациите на Брегот на Слоновата коска и на Алжир последни изборија пласман меѓу осумте најдобри на АФКОН (Африкански куп на Нациите). Брегот на Слоновата коска е последниот четвртфиналист на АФКОН, откако синоќа со 3:0 ја совладаа екипата на Буркина Фасо во последното осминафинале. Фаворитот стигна до сигурна победа, која ја навести во првиот дел со двата гола на Амад Диало во 20.минута и на Јан Диоманде во 32.минута. Конечните 3:0 ги ...
Тоње Џекири е нов кошаркар на Партизан, потврди клубот на социјалните мрежи. Спортскиот сектор на црно-белите брзо реагираше на заминувањето на Тајрик Џонс во Олимпијакос. Негова замена ќе биде 31-годишен Нигериец, кој го носеше дресот на ЦСКА Москва од 2023 година. Пред епизодата во Русија, тој играше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче во Евролигата. Одигра 106 натпревари во Евролигата, со просек од 6,8 поени и 5,5 скока по натпревар. ...
Познат е конечниот список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско ракометно првенство 2026. На списокот на селекторот Кирил Лазаров се: 1. Иван Галевски 2. Петар Атанасијевиќ 3. Никола Костески 4. Филип Кузмановски 5. Игор Ѓорѓиев 6. Жарко Пешевски 7. Михаил Аларов 8. Мартин Велковски 9. Самоил Ристевски 10. Никола Митревски 11. Мартин Томовски 12. Иван Џонов 13. Ненад Костески 14. Марко Митев 15. Павле ...