На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3. Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Позледната, фаза 3 се однесува на инсталирање и конфигурација на ...

Тонали беше продаден на Њукасл пред две години за 70 милиони евра. Во клубот сега сметаат дека тоа бил погрешен потег бидејќи Италијанецот беше вистински водач на екипата. Минатата сезона Тонали не ја играше поради суспензија, но оваа година одлично настапува во дресот на Њукасл и за италијанската репрезентација. Ако Њукасл не се квалификува за Лигата на шампиони, можеби ќе се определи да го продаде Тонали. Милан е подготвен да понуди 50 милиони ...

Екипите на Барселона и Фуксе Берлин ги добија ПИК Сегед и Алборг и си го отворија патот до завршниот турнир во Лигата на шампионите. Каталонците иако во последно време покажуваат слабости вечерва во Унгарија славеа со 27:24 и тоа во меч во кој клучно беше второто полувреме кое гостите го реализираа со 18:14. Најрасположен играч беше бекот Мем со десет погодоци. Фуксе Берлин пак експлодираше во вторите 30 минути и го разби Алборг со 37:29. ...

Старо-новите шампиони на Франција, фудбалерите на ПСЖ, во 31.коло го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Лига 1. „Светците“ во минатото коло ја одбранија титулата, па овој пораз на домашен терен и не е изненадување. Тимот од Азурниот Брег направи изненадување во 31. коло, победи во Париз со 3:1. Тренерот на ПСЖ Луис Енрике на „Паркот на принцовите“ го изведе најсилниот состав. Морган Сансон ја доведе Ница во водство во 34. минута, а пред ...

Финалето на Кралскиот Куп, во кое Реал Мадрид и Барселона ќе се борат за трофејот, е закажано за сабота во 22 часот, а во петокот доби многу „жесток“ вовед. Откако Рикардо де Бургос Бенгоечеа кој е делегиран за главен судија, и Пабло Гонзалез Фуертас, кој ќе биде судија во ВАР собата, им се обратија на медиумите на прес-конференцијата, пристигна реакцијата од Реал. Судиите се појавија пред медиумите по таргетирањето на телевизијата на Реал, а Де ...

Кошаркарите на Монако поведоа со 2:0 во плејоф серијата против Барселона. Во вториот натпревар, кошаркарите на Монако победија со 92:79. Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима, кој Монако го доби во своја корист и сега се само на една победа од пласман во новиот фајналфор од Евролигата. Ова беше натпревар на Мамаду Жаите, кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата. Без промашување постигна 20 поени. Алфа Диало имаше еден ...

Дресот на Коби Брајант во предсезоната и дебито во регуларната сезона со Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари на аукција во „Сотбис“ во Њујорк, објави аукциската куќа. Дресот се совпаѓаше со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996/1997, вклучувајќи го неговото деби во предсезоната на 16. октомври и дебито во регуларната сезона на 3. ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА. Со ...

Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, сè уште не може да ги контролира емоциите по поразот од Анадолу Ефес (76:79). Ефес направи брејк во „ОАКА“ и со 1:1 влегува во третиот натпревар на домашен терен во Истанбул. Јанакопулос, не го прими добро овој неуспех, на неговиот тим. Нескротливиот гнев на сопственикот на Панатинаикос беше насочен кон Дејан Бодирога, претседателот на Евролигата, како и кон судиите. Јанакопулос ...

Капитенот на Евертон, Џејмс Тарковски, нема да игра фудбал до крајот на сезоната. Тој ја повреди тетивата на натпреварот против Манчестер Сити (0:2) и ќе мора да биде опериран. Менаџерот на „Карамелите“, Дејвид Мојес, изјави дека закрепнувањето на Тарковски (32) би можело да влијае и на подготовките на Евертон за следната сезона. „Тарки имаше огромно влијание врз нашите добри игри оваа сезона“, рече Мојес. Откако пристигна во Евертон во јули ...

Легендарниот тренер Фабио Капело, верува дека Милан има добра основа за следната сезона и дека со две или три здрави засилувања, тимот може да се надева на врвни резултати. Росонерите неодамна стигнаа до финалето на Купот елиминирајќи го Интер во големото дерби со 3:0, но моментално се на скроното деветто место во Серија А. Во колумна за весникот „Ла Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Милан го оцени квалитетот на сегашниот тим. „Клучот за ...

Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Алехандро Балде, ќе го пропуштат финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид поради повреди, објави каталонскиот клуб. Барселона, потврди и дека Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште не се опоравиле од повредите, исто така нема да бидат во тимот. Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум месеци поради повреда, се враќа во тимот. Финалето на Купот на Кралот ќе се ...

Дарвин Мачис (32) е познато име на Пиринејскиот полустров, зад себе има респектабилна клупска и репрезентативна кариера. Крилниот напаѓач на Ваљадолид има 52 настапи за репрезентација на Венецуела, додека по пристигнувањето во Европа играше за бројни клубови во Италија, Португалија и Шпанија. Сепак, Мачис ќе биде запаметен е бројот на клубови со кои испадна од елитните рангови на шпанскиот фудбал во последователни сезони. Откако вчера Бетис го ...

Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз од ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западот. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серија која се игра на четири победи, Клиперсите водат со 2:1. Кај гостите, Никола Јокиќ беше најдобар. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (9/14 шут од игра) со по 13 скока и асистенции. Јокиќ беше најдобар играч на натпреварот во сите три најважни категории, но ...

Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген заработи сериозна повреда. Искусниот голман реши за прв пат да проговори на оваа тема. „Дали Барселона ме контактираше кога Тер Штеген се повреди? Да, тие го контактираа мојот менаџер кој ме информираше дека има интерес да ме доведат. Тоа беше голем комплимент за мене, но и комплицирана ситуација“, вели Навас и ...

Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона. На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де Бургос Бенгоечеа. Во видеото се анаизираат ситуацијии од минатото кога ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека неговиот играч Душан Влаховиќ се здобил со повреда на бутот. „Душан Влаховиќ денеска беше подложен на дијагностички прегледи, кои открија преоптоварување на мускулот на десната нога. Неговата состојба ќе се следи секојдневно“, се вели во соопштението на Јувентус. Српскиот напаѓач е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона со 14 голови на 38 натпревари. Јувентус е петти на табелата ...

Фудбалерите на Болоња го потврдија пласманот во финалето во Купот на Италија. Откако во првиот натпревар победија со 3:0 и вечерва на домашен терен го совладаа Емполи со резултат 2:1. За пехарот ќе се борат против Милан. Домашните поведоа во 7. минута со голот на Џовани Фабијано. Виктор Коваленко израмни во 33. минута, а Тијс Далинга и донесе победа на Болоња со гол во 86. минута. Болоња двапати го освои Купот на Италија, последен пат во 1974 ...

Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивец во американската професионална кошаркарска лига (НБА) за сезоната 2024/2025. 23-годишникот беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари. Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скока и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади, 0,9 украдени топки и седум дефанзивни скока по натпревар. Тој ја ...

Денвер доживеа дебакл во Лос Анџелес, Оклахома со нестварен пресврт победи во Мемфис, а Њујорк го врати брејкот во Детроит, во третите натпревари од четвртфиналните серии во НБА лигата. Лос Анџелес Клиперс го прегазија Денвер со 117:83 и поведоа во серијата со 2:1. Залуден беше трипл-даблот на Никола Јокиќ со 23 поени и по 13 скока и асистенции. Покрај Јокиќ само двајца кај Денвер беа двоцифрени: Џамал Мареј постигна 23 поени, а Арон Гордон ...

Некогаш големиот талент на српскиот фудбал, Немања Радоњиќ според медиумите побарал да си замине од Црвена Звезда на лето. Напаѓачот кој пристигна како големо засилување, многу веројатно година дена пред истекот на договорот ќе го напушти својот матичен клуб и ќе си замине на некое друго место. Радоњиќ има во моментов 29. години и важеше своевремено за мега талент. Замина во Академија Хаџи, па во Рома, за да се врати потоа во Звезда. Играше и за ...

Вардар по пауза од три години успеа да го победи Пелистер во Битола и да направи голем чекор кон освојување на шампионската титула. Во дербито црвено-врните славеа со 35.34 со голот на Хориха во последната секунда. Дуелот во Битола го обележаа и 26. изведени седмерци (15 Пелистер, 11 Вардар). Вардар подобро влезе во натпреварот, поведе со 3:0, а потоа успеа да ги контролира работите на теренот. Дека Вардар апсолутно ја заслужи победата говори и ...

Ракометниот клуб на Е.Пелистер во рамките на петтото коло на плеј-офот од Суперлигата го дочекува Вардар 1961 во натпревар кој може да биде клучен за понатамошниот тек на сезоната. Досега двата ривали во плеј-офот беа сигурни, забележаа по четири победи и го победија третиот претендент Алкалоид оставајќи го без реални шанси во борбата за титулата. Сега доаѓа за нив она најважното, а тоа е првиот од двата меѓусебни дуели кои се очекува да ја ...

Реал Сосиедад во четвртокот објави дека ќе се раздели со тренерот Иманол Алгуасил на крајот од сезоната. Всушност, одлуката за заминување беше негова. „Иманол Алгуасил го извести клубот за неговата одлука да не го води тимот следната сезона. По шест и пол години на чело на стручниот штаб, тој одлучи дека е време да се повлече кога ќе заврши оваа сезона. Но, пред да дојде тој момент, имаме уште многу работи за кои вреди да се бориме. Билет за ...

Ефес успеа да направи брејк во Атина, на теренот на европскиот шампион Панатинаикос, додека Фенербахче со убедливата победа над Париз дојде на чекор до пласман на завршниот турнир. Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос во вториот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата со резултат 79:76 и го изедначи резултатот во серијата на 1:1. Панатинаикос, водеше 39 поени, во текот на натпреварот два пати имае 15 поени предност, ...

Ти Џеј Шортс (27), еден од најдобрите кошаркари во Европа, наводно ја одбил понудата од Барселона од 2,5 милиони евра. Шортс, годинава „ведри и облачи“ од европската кошарка, а заедно со неговиот Париз е најубавата приказна сезонава во Евролигата. Американецот со македонски пасош статистички доминираше, па регуларниот дел од сезоната во Евролигата го заврши со 18,8 поени и 7,5 асистенции,а со Париз избори место во плеј-офот. Со оглед на тоа што ...

НБА го објави името на добитникот на наградата „Џери Вест“ која се доделува во последните три години. Лауреат е Џејлен Брансон од Њујорк Никс, која доби најмногу гласови, веднаш пред второпласираниот Никола Јокиќ. Станува збор за награда наречена „NBA Clutch Player of the Year“, односно за најдобриот играч во одлучувачките моменти од натпреварот. Брансон навистина се истакна оваа сезона во неизвесните завршници и беше фаворит за освојување на ...

Бостон и Кливленд го одбранија домашниот терен, поведоа со 2:0 во сериите против Орландо односно Мајами, додека Хјустн изедначи на 1.1 против Голден стејт. Актуелниот шампион Бостон Селтикс го победи Орландо со 109:100 и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум. Натпреварот беше решен во третиот период во кој тимот од Масачусетс стекна предност од 15 поени. До крајот не дозволија ривалот да се спушти на помалку од осум поени. Џејлен Браун ...

Македонската кадетска репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое наредната година се игра во Србија. Македонија беше во првиот шешир, а ждрепката не однесе во групата Д каде ќе ги одмериме силите со селекциите на Грција, Финска и Луксембург. Натпреварите ќе се играат од 31 октомври до 2 ноември, домаќинот на турнирот дополнително ќе биде одреден или поточно Финците први добиваат шанси за тоа, ...

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“. „Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо ...

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси. Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами. Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.7
85%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
53%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
34%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
60%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
73%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75