
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



И покрај најавите, и покрај инсајдерските приказни дека Винисиус Жуниор ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија вредна една милијарда евра, сепак ништо од тоа, барем засега. Утринава “Марка“ а и сите релевантни медиуми во Шпанија пренесуваат дека Бразилецот и Реал Мадрид се договориле да ја продолжат соработката и тој да стави потпис на договорот кој ќе важи до 2030. Познато е дека на Вини постоечкиот договор му истекува во 2027 година, ама ...
Ракометниот клуб Алкалоид на домашен терен го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ. На тој начин избраниците на Кирил Лазаров со солидна предност од пет гола ќе патуваат во Норвешка во обид да изборат место во финалето на ова европско натпреварување. Најдобар стрелец кај Алкалоид на овој дуел беше Мартин Серафимов со десет гола, а го следеше Иван Џонов со седум гола. Реваншот меѓу РК Рунар ...
Фенербахче и Панатинаикос со победи го отворија плеј-офот во Евролигата. Во драматични натпревари, Фенербахче го победи Париз со 83:78, а ПАО славеше победа над Ефес 87:73. Избраниците на Тиаго Сплитер, Истанбул беа во мечот до последните секунди, но не успеаја да се одбраната од Вејд Болдвин. Тајсон Вард со 19 поени (7/11 од поле, 3/7 за тројки) и пет скока го предводеше Париз, Надир Хифи постигна 21 поен,, Ти Џеј Шортс забележа 17 поени и ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека во текот на оваа седмица ќе бидат подмирени долговите кон судиите кои протестираа во изминатиот период, што доведе до прекин на натпреварувањата во машка и женска конкуренција. Клубовите од Првата лига (мажи) заклучно со денес, 22 април, ѝ должат на Федерацијата 2.721.000,00 денари по основ казни по издаден билтен и лиценци за странски играчи. За потсетување, раководството на КФСМ ...
Во меч од 33.коло во Ла Лига, вечерва на “Местаља“, домашната Валенсија одигра без победник, 1:1 против составот на Еспањол. Ништо ново кога станува збор за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој и натаму е во сенка на Грузиециот Гиорги Мамардашвили, па така и на овој меч нашиот Столе преседе на клупата. Интересно, гостите од Барселона први дојдоа во водство со голот на Пуадо во 40.минута. Во продолжение од средбата домашните беа подобри, ...
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (27) веројатно ќе го напушти Милано по само една сезона. Димитријевиќ пристигна во Милано претходното лето, зад себе има солидна сезона (7,6 п, 2,9 ас) и неколку забележителни натпревари (на Реал му даде 22 поени, на Панатинаикос 15, на Фенербахче 15…), но тренерот Еторе Месина во моментов не смета на него. Последниот меч за Милано Димитријевиќ го одигра на почетокот на април, против Реџана во ...
РК Алкалоид го чека европското полуфинале против Рунар Сандефјорд во Европската ракометна лига на ЕХФ, а судии на мечот ќе му бидат од Кипар.. На првиот дуел во „Автокоманда“ ќе суди кипарска двојка. Тоа се Георгиос Панајидес и Мариос Андреу. Делегат на натпреварот ќе биде Владимир Сокол од Хрватска. Во реваншот во Сандерфјорд, Алкалоид ќе има италијански судии. Таму е назначена двојката Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир ...
Тренерот на Борусија (Дортмунд), Нико Ковач, има добри шанси да остане на својата позиција и следната сезона. Раководството на клубот е задоволно од работата на хрватскиот стратег, сметајќи дека тимот повторно игра поатрактивен фудбал, па дури има и некои „спектакуларни натпревари“. Според газдите на клибот, развојот на тимот треба да продолжи во слична насока, а плановите се Ковач да остане на кормилото. Во последниот натпревар викендов, ...
Репрезентативецот на Гана, и најдобар играч во моментов на тимот на Вест Хем, Мохамед Кудус, летово сигурно ќе ги промени клупските бои. Офанзивниот играч за врска ќе биде достапен за околу 60 милиони фунти, сума која што воопшто не е проблем за водечките екипи во Премиер лигата. Па така, според информациите од Англија, три екипи ќе тргнат сериозно по него, а тоа се Ливерпул, Челзи и Арсенал. Од друга страна пак, саудискиот Ал Наср, исто така ...
Првотимецот на Реал, Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот против Хетафе поради повреда на скочниот зглоб на десната нога и е неизвесен за саботното финале од Купот на Кралот против Барселона. „Се уште чувствува болка и нема да може да му помогне на тимот. Тој се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и оттогаш прима терапија. Прави се за да биде на располагање во сабота”, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на ...
Средбата меѓу фудбалските тимови на Воска Спорт и Вардар во рамките на 28. коло на Првата македонска фудбалска лига не го доживеа својот крај. Домашните фудбалери од револтирани од неколку судиски одлуки реагираа импулсивно напуштајќи го натпреварот. За ова Вардар ќе добие службена победа, а можна е и бодовна казна за Воска. Судиската организација направи анализа на спорните моменти од викенд рундата во мак-фудбалот. Според анализите, Воска не е ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) подели 233 милиони евра на адреси на 901 клуб преку бенефит програмата. Парите се исплатени на клубовите од сите 55 европски сојузи кои се членки на Европската фудбалска унија. На овој начин УЕФА им додели на клубовите кои во периодот од 2020 до 2024 година им дозволија на своите играчи да настапуваат за нивните репрезентации во натпревари под покровителство на УЕФА. Станува збор за два циклуса од Лигата на ...
Детроит Пистонс ја забележаа првата победа во НБА плејофот од мај 2008 година. Пистонс го совладаа Њујорк Никс со 100:94 во „Медисон Сквер Гарден“ и израмнија на 1:1 во првото коло од Источната конференција. Како и на првиот меч, Пистонс во последниот период од натпреварот влегоа со осум поени предност, но младиот тим од Детроит повторно им дозволи на Никс да врати во натпреварот со своите грешки и на нешто повеќе од минута до крајот домаќините ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е решен да направи одредени промени во нападот на својот тим, се очекува да си замине Дарвин Нуњез, а како негова замена се споменува Брајан Мбуемо од Брентфорд. Ливерпул ќе освои титулата во Премиер лигата, веројатно во наредното коло таа и матаметички ќе биде обезбедена Најавено е заминувањето на Нуњез, а како негова замена се споменува 25-годишниот Мбуемо, пишува „Дејли мирор“. Камерунецот е голема желба на ...
Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, во летниот преоден рок ќе водат голема борба за потписот на десното крило на Монако, Магнус Аклиуш, пишува „Лекип“. Пеп Гвардиола минатата недела зборуваше во суперлативи за суперталентираниот Французин со алжирско потекло. Покрај Манчестер јунајтед и Манчестер сити, се претпоставува дека и Њукасл се сериозно заинтересирани за Аклиуш уште следниот ден. Интересот на богатите клубови веднаш влијаеше ...
Лос Анџелес Клиперс направија брејк во Колорадо, ги совладаа Денвер Нагетс со 105:102 и израмни на 1-1 во серијата во првото коло од НБА плеј-офот. На Нагетс не им помогна ниту новиот трипл-дабл на Никола Јокиќ со 26 поени (8/16 од поле, 4/8 тројки), 12 скока и 10 асистенции, а забележа и три украдени топки со седум загубени топки. Јокиќ во последните секунди од мечот се избори за тројка со офанзивен скок за продолжение, но од многу тешка ...
Сергеј Палкин, генералниот директор на Шахтјор Доњецк, ја најави продажбата на младиот фудбалер Георгиј Судаков. Овој млад фудбалер би можел да се пресели во Наполи, а Палкин истакна дека двете страни ги започнале преговорите. „Да, во преговори сме. Не можам да зборувам за бројки, но верувам дека ќе ја завршиме работата. Ако не ја завршиме работата со клубот со кој преговараме, можеме да го направиме тоа со некој друг клуб. Не сум загрижен за ...
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска потврди дека негова била одлуката напаѓачот Кристофер Нкунку да не биде во протоколот за последниот натпревар против Фулам. Челзи славеше во 33. коло од Премиер лигата против соседите по голем пресврт во финишот од мечот. Мареска на новинарите им потврди дека Французинот не е повреден. „Тоа беше само моја техничка одлука“, изјави Италијанецот. Енкунку дојде во Лондон од Лајпциг за 52 милиони фунти, а крајниот ...
Се погласни се гласините дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и дека е потенцијална замена за Карло Анчелоти. Кон крајот на минатата сезона Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул, но ниту еден момент не сакаше да се вмеша во никакви шпекулации. Имаше мисија, да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер без пораз стана германски шампион. Алонсо и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим и ...
По Лидс и Барнли, на две кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип обезбеди пласман во Премиер лигата. Неизвесно е само кој ќе биде шампион во Чемпионшип, бидејќи двата клуба сега имаат по 94 бода на првите две места. Во битката за титулата во Чемпионшип, Лидс ќе го пречека Бристол Сити, а во последното коло ќе му гостува на Плимут. До крајот на сезоната Барнли има гостување кај Квинс Парк Ренџерс и дуел со Милвол на домашен терен. Во 44. коло ...
Папата Франциск почина во 7 часот и 35 минути во понеделникот на на 89-годишна возраст во резиденцијата на Ватикан, Каса Санта Марта. Од средбата со легендарниот сонародник Диего Марадона до неговата страст за неговиот сакан клуб од Буенос Аирес, Сан Лоренцо, папата Франциск беше голем фан на фудбалот и промотор на спортот. Страста на Франциско за фудбалот стана позната речиси веднаш откако беше избран за папа во 2013 година, кога Сан Лоренцо ...
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Џонатан Та изјави дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Леверкузен, пренесува германски „Кикер“. Та го потврди пишувањето на одредени германски медиуми дека нема да ја продолжи соработката со клубот од Леверкузен. Тој има договор со Баер до 30 јуни годинава. „Се беше јасно од самиот почеток. Во еден момент донесов одлука да не го продолжам договорот и да не останам во Леверкузен“, изјави фудбалерот на ...
Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер остро го критикуваше напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд. Екипата на Манчестер јунајтед не успеа да го победи Вулверхемптон во Премиер лигата, по епскиот пресврт против Лион во Лигата на Европа, со резултат 5:4. Избраниците на Рубен Аморим не блескаа на овој меч, а доказ за тоа е фактот што во текот на целиот меч упатија само два удари кон голот, па гостите немаа проблем да ја зачуваат ...
Српскиот репрезентативец, Василије Мициќ, според медиумите во Шпанија е на пат да се врати во Евролигата. Според порталот „encestando.es“, репрезентативецот ангажирал нов менаџер и решил да се врати во најсилното европско клупско натпреварување. Тимот за кој ќе настапува е Хапоел од Тел Авив, кој како победник на Еврокупот за оваа сезона избори пласман во Евролигата. Двекратниот освојувач на Евролигата со Ефес, пред две сезони замина во НБА ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е избран за најкорисен играч на Евролигата во сезоната 2024/2025. Американецот ги предводеше атинските „зелени“ до третото место во регуларниот дел (22-12). Покрај МВП наградата тој ја доби наградата „Алфонсо Форд“, која му ја доделува на најдобриот стрелец на елитното европско натпреварување. Поранешниот играч на Мајами имаше просек од 21,1 поен по натпревар, заедно со 3,6 скока и 4,3 асистенции, со ...
Епизодата на Душан Тадиќ и Един Џеко во Фенербахче очигледно е завршена. Тандемот ветерани на Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на трансфер шпекулациите, откако по ремито со Кајзериспор (3:3), Фенер речиси ги загуби шансите за титулата. На шест кола до крајот тимот на Муруњо заостанува пет бода зад лидерот Галатасарај. Турскиот новинар Бариш Јурдувесен тврди дека знае каде ќе бидат наредната сезона двајцата ветерани. Според неговите ...
Фудбалерите на Бетис убедливо ја победија Џирона на гости со резултат 3:1 (3:0) во последниот натпревар од 32.коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви. Полуфиналистот од Конференциската лига ја продолжи добрата форма на стадионот „Монтилви“ и до крајот на сезоната ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите. . Веќе во шестата минута Џони Кардосо на ...
Фудбалерите на Нотингем Форест славеа над Тотенхем во Лондон (2:1), во последниот натпревар од 33. коло на Премиер лигата. Тимот на Нуно Еспирито Санто се врати на третото место кое го држи со 60 бодови и е во добра позиција во борбата за Лигата на шампионите. „Шумарите имаат бод повеќе од Њукасл, два од Манчестер сити и три од Челси и Астон Вила. Тотенхем продолжи ужасните резултати оваа сезона, го забележа 18.пораз и се наоѓа на на 16. место ...
Фудбалерите на Го Ахед Иглс вечерва го освоија својот прв трофеј во 122-годишната историја на клубот. Во финалето на Купот на Холандија, Иглс го победија АЗ Алкмар. Финалето одиграно на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам аутсајдерот победи по подоброто изведување пенали. Пред речиси 43.000 гледачи резултатот по 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од белата точка. Трој Перо го доведе АЗ Алкмар во водство во 54. минута, а израмни Матс ...
Бразилската суперѕвезда Нејмар е блиску до крајот на кариерата, тврдат бразилските, но и европските и светските медиуми. Фудбалерот на Сантос пред неколку дена заработи нова повреда, само 34 минути откако се врати во стартниот состав на својот тим против Атлетико Минеиро во бразилската Серија А. Нејмар го напушти теренот во солзи, поради болки во бутниот мускул на левата нога, истата онаа поради која претходно го паузираше шест недели. Тој во ...