Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, реши да ги прекине сите шпекулации кои кружат околу неговата иднина и можен нов ангажман. Искусниот стратег јасно порача дека нема добиено понуда ниту од Јувентус, ниту од репрезентацијата на Бразил, и дека целосно е посветен на својата работа со „триколорите“. -Не сум добил никакви понуди од Бразил, ниту пак има нешто со Јувентус. Моето место е тука, со Франција, изјави Дешамп за француските медиуми. Во ...
Лоши вести за Реал Мадрид пред продолжението на сезоната. Белгискиот голман Тибо Куртоа повторно се повреди, само неколку недели по неговото враќање на теренот по тешката повреда на лигаментите што ја имаше минатата година. Според шпанските медиуми, Куртоа почувствувал болка на последниот тренинг и веднаш ги прекинал вежбите. Медицинскиот тим на Реал Мадрид извршил првични прегледи кои укажуваат на нов мускулен проблем, а деталната дијагноза ќе ...
Миле Свилар, голманот на Рома и официјално најдобриот голман во Серија А, во минатата сезона, повторно ја одби поканата на тренерот Вељко Пауновиќ да игра за српската репрезентација. Иако дебитираше за Србија кога селектор беше Драган Стојковиќ Пикси, Свилар повеќе не сака да брани за Србија. Голманот, роден во Белгија, во март минатата година одлучи дека нема да одговори на повиците на поранешниот селектор Стојковиќ, а истата одлука важи и ...
Фудбалската легенда Зинедин Зидан најави дека неговото враќање во фудбалот е многу блиску. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој по вторпат ја напушти „кралската“ клупа во 2021 година, сега откри дека повторно има желба да биде дел од играта која му донесе светска слава. -Ќе се вратам наскоро, фудбалот е мојот живот и никогаш не сум престанал да го сакам, изјави Зидан за француските медиуми. Според шпекулациите, легендарниот Французин би можел ...
Во тренинг-центарот на Манчестер јунајтед, Карингтон, се случи вистински хаос откако еден навивач успеал да се протне и да се претстави како нов играч на проба. Настанот предизвикал голема збунетост меѓу обезбедувањето и персоналот на клубот, а медиумите во Англија веднаш го нарекоа инцидентот „скандалозен пропуст“. Навивачот пристигнал на главниот влез во Карингтон и на обезбедувањето му рекол дека е на списокот за тестирање на нови таленти. Со ...
Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, смета дека во моментов нема смисла да се гледа табелата во англиската Премиер лига. – Нема смисла да се гледа табелата, тоа е сè. Мислам дека е едноставно бесмислено за нас. Ако губите толку натпревари колку што сме изгубиле ние, не мислам дека треба да ја гледаме табелата во моментов. Но, доволно долго сум во фудбалот за да знам дека сезоната не се решава во ноември или декември. Работите навистина ...
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, е загрижен дека променливите игри на Ливерпул во сезоната 2025/26 би можеле негативно да влијаат на формата на играчот од средниот ред Флоријан Вирц. – Да бидам искрен, целокупната ситуација не му ја олеснува работата. Целиот тим не е толку конзистентен оваа година како што беше минатата година. Сега е многу потешко да се интегрира во тимот. Ако го погледнете натпреварот со Сити, Ливерпул всушност беше ...
Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив. Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои активно се обложувале. Од вкупно суспендираните ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашање за неговото можно пензионирање. – Низ целиот мој живот и кариера, секогаш имав план за неколку години однапред, што сакам и како да стигнам до таму. Откако ги постигнав апсолутно сите можни цели, ги споменав Олимписките игри во 2028 година затоа што сакам да играм уште многу години. Ако можам да се пензионирам на Олимписките игри под српското знаме, тоа би било одлично. Дали ќе можам да го ...
Познатиот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина синоќа на 88-годишна возраст. Тој беше играч, тренер и член на „Куќата на славните“. За време на неговата 15-годишна играчка кариера, Вилкенс беше деветкратен НБА Ол-стар и двапати ја водеше лигата по број на асистенции. Беше играч-тренер четири сезони – три со Суперсоникс и една со Блејзерс – пред да се посвети на тренерската работа со полно работно време. Вилкенс ги предводеше Соникс до ...
Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб. Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига. Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството. „Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на ...
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, има повреда на бутниот мускул и нема да биде во составот на Белгија за двата завршни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, објави денеска шпанскиот весник „Марка“. Белгискиот голман одигра 90 минути во неделниот натпревар против Рајо Ваљекано, но медицинските тестови по натпреварот покажаа повреда на мускулот на десниот бут. Куртоа ќе ги пропуши мундијалските квалификациски ...
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска отпатува за Португалија каде од среда до 18. ноември ќе настапи на турнир за пласман во елитна фаза во рамки на квалификациите за место на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Ерхан Селими ќе имаат силна конкуренција со репрезентациите на Португалија, Белгија, како и Естонија. „Групата е многу силна. Португалија и Белгија се фаворити за првите две места кои обезбедуваат ...
Италијанскиот фудбалски тим Аталанта му врачи денеска отказ на својот тренер Иван Јуриќ, прекинувајќи ја соработката со хрватскиот стратег по вчерашниот пораз на домашен терен од Сасуоло (0-3) во рамки на 11 коло во Серија А. .Јуриќ ја презеде Аталанта на почетокот од оваа сезона и седум пати ремизираше во првите девет кола, а во последните две не освои ниту бод и се наоѓа на 13 место на табелата со 13 бодови. „ФК Аталанта објавува дека Иван ...
Луис Хамилтон откри дека неговата прва сезона во Ферари се претворила од сон во „кошмар“. По новиот разочарувачки настап на Бразилското гран при, седумкратниот светски шампион откри дека фрустрацијата со тимот се наталожила веќе некое време. На трката во Сао Паоло, Хамилтон претрпе судир на првиот свиок, доби казна од пет секунди и сериозно го оштети својот болид, што на крајот доведе до предвремено повлекување од натпреварот. „Ова е кошмар, го ...
Англискиот 23-годишен фудбалер од средниот ред Морган Роџерс (23) го продолжи договорот со премиерлигашот Астон Вила до јуни 2031 година, јавија денеска британските медиуми. Роџерс се приклучи на клубот од Бирмингем од Мидлзбро во јануари лани во трансфер вреден 9,5 милиони евра и досега за Астон Вила одигра 86 натпревари на кои постигна 18 голови и додаде 20 асистенции. Минатата сезона, Морган беше прогласен за млад играч на годината во Премиер ...
Германскиот фудбалски селектор Јулијан Нагелсман изјави денеска дека не е време за експериментирање со репрезентацијата и оти најважно е да се победат преостанатите два квалификациски натпревари и да се обезбеди директен пласман на Светското првенство 2026. По четири одиграни кола, Германија е на врвот на табелата во својата квалификациска група со девет бодови, колку што има и второпласираната Словачка, но со послаба гол-разлика. Северна Ирска ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги стартуваше мини подготовките за двата ноемвриски натпревари, контролниот дуел со Летонија в четврток во Скопје и завршниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, меѓу кои го нема повредениот Езџан Алиоски, додека во репрезентативниот табор се вратија Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан ...
Со рутински победа на Шкендија против Македонија ЃП и на Силекс во дуелот со Шкупи попладнево се комплетираше 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Шкендија пред своите навивачи во Тетово ја совлада Македонија со 7-2, додека Силекс во Кратово триумфираше над последнопласираниот Шкупи со 5-1. Резултати – 13 коло: Шкендија – Македонија ЃП 7-2 Силекс – Шкупи 5-1 Пелистер – АП Брера 1-0 (недела) Вардар – Тиквеш 3-1 (недела) Башкими – ...
Шпанскиот фудбалски гигант Атлетико Мадрид објави дека американската инвестициона компанија Аполо Спортс Капитал (ASC), дел од групацијата Аполо Спортс Менаџмент (ASМ) ќе стане мнозински акционер во клубот. Според договорот, Аполо ќе добие удел од 51 до 55 %, а проценетата вредност на клубот е околу 2,5 милијарди евра. Сегашните раководители, Мигел Анхел Хил и претседателот Енрике Серезо, ќе останат на своите позиции и ќе продолжат да бидат ...
Италијанските медиуми објавија дека тренерот Иван Јуриќ е на чекор до отказот од клупата на Аталанта, а за негов наследник веќе се споменува Рафаеле Паладино. Според извештаите, Јуриќ ја презеде Аталанта ова лето, по заминувањето на легендарниот тренер Џанпјеро Гасперини. Неколку месеци подоцна, неговиот биланс е прилично слаб: само 4 победи во 15 натпревари, со 8 нерешени и 3 порази. Медиумите наведуваат дека клупата ја чека договор со Паладино ...
Познатиот фудбалски стратег Жозе Мурињо официјално го напушти Истанбул, но зад себе остави значителен финансиски проблем. Според извори блиски до клубот, Мурињо оставил долг од 750.000 евра во хотелот каде престојувал за време на неговиот ангажман. Оваа ситуација предизвика реакции меѓу навивачите и управата на клубот, кои сега треба да најдат начин да го надоместат долгот. Мурињо, кој е познат по својата експанзивна стратегија и барањата за ...
Поранешната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам доби витешка титула од британскиот монарх, кралот Чарлс Трети, на свечена церемонија во замокот Виндзор. Бекам, кој има 50 години, беше вклучен на списокот на роденденски почести и лично ја прими титулата од кралот. -Ова е огромна чест – горд сум што ја претставував Англија и што денес ја добив оваа привилегија, изјави тој по церемонијата. Легендарниот фудбалер остави силен белег во Манчестер ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, може да го напушти клубот. Според новинарот Матео Морето, 56-годишниот Италијанец ќе се сретне со раководството на клубот во текот на денешниот ден. На состанокот, страните ќе разговараат дали да ја продолжат соработката. Конте е на чело на Наполи од летото 2024 година. Минатата сезона, тимот го освои трофејот во италијанското фудбалско првенство под негово водство. Наполи вчера загуби со 2:0 од Болоња во 11. ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посети реновираниот стадион во Барселона. – Синоќа се вратив на место кое ми недостига со сето срце. Место каде што бев неизмерно среќен, каде што вие ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен од најсреќниот човек на земјата. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам да се збогувам како играч, што никогаш не го направив, напиша Меси на социјалните мрежи. Триесет и осумгодишниот Меси ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на својот тим на домашниот натпревар против Ливерпул во 11. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот заврши 3:0 во корист на „Граѓани“. Ерлинг Халанд, Нико и Жереми Доку ги постигнаа головите за Манчестер сити. – Многу добро прво полувреме, но противникот го засили интензитетот во второто. Малку заборавивме на нашата игра, особено во првите пет до десет минути по паузата. ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали својот тим за победата (2:0) над Лацио синоќа во домашниот натпревар од 11. коло од италијанското фудбалско првенство. – Ми се допадна нивниот пристап и желба да ја контролираат играта. Ја разбравме задачата и добро се справивме со неа. Не е лесно да се одржи тој менталитет играјќи на секои три дена. Но, сите придонесуваат, а ротацијата ни дава одмор, што ни овозможува да играме така. Ова беше седми ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз Мастерсот во Торино го почна со победа. Тој во првиот меч од групата го совлада Алекс де Минаур со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:2). Двата сета беа сосема различни. Во првиот Алкараз поведе со 4:1 во гемови, а испушти и три брејк топки за 5:1. Но, тогаш неговиот ривал „влезе“ во мечот и успеа сетот да го однесе во тајбрејк. Австралискиот тенисер поведе во тај-брејкот со 5:3 на поени и беше на чекор од изненадување, ...
Интер ја продолжи одличната форма во италијанската Серија А и со победата од 2:0 над Лацио се израмни со Рома на врвот на табелата. Тимот на Симоне Инѕаги одигра сигурен натпревар на „Џузепе Меаца“ и без поголеми проблеми ги освои трите бода. „Нероаѕурите“ поведоа уште во третата минута со погодок на капитенот Лаутаро Мартинес, кој одлично реагираше по нафрлањето од левата страна. Во второто полувреме, во 62. минута, Бони го зголеми водството и ...
По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино. Причина е повреда. На местото на Ѓоковиќ во една од групите ќе биде токму неговиот ривал од вчерашното финале во Атина, Италијанецот Лоренцо Мусети. Турнирот во Торино почнува денеска. – Се радував на настапот во Торино, но по финалето во Атина мора да истакнам дека поради повреда нема да можам да играм на завршниот ...