Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Поранешната НБА ѕвезда, Тони Паркер (43), е назначен денеска за селектор на француската кошаркарска репрезентација до 17 години. Француската кошаркарска федерација објави дека Паркер ќе ја предводи репрезентацијата до 17 години на Светското првенство, кое ќе се одржи во Турција од 27 јуни до 5 јули 2026 година. „За својата нова кариера разговарав со мојот татко и на обајцата ни се чинеше логично да се почне со репрезентацијата, односно со ...
Фудбалскиот свет беше потресен од трагичната смрт на португалскиот репрезентативец Диого Жота, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва. На погребот одржан во неговиот роден град Гондомар присуствуваа бројни соиграчи, пријатели и фанови, меѓу нив и многумина од неговата репрезентација — но не и легендарниот Кристијано Роналдо. Во интервју со Пирс Морган, Роналдо откри две главни причини зошто се одлучил да ...
Фудбалерот на Тотенхем, Ив Бисума, станал жртва на голема финансиска измама, во која изгубил речиси еден милион евра. Според информациите од англиските медиуми, измамник успеал да префрли околу 950.000 евра од неговата банкарска сметка без негова согласност. Полицијата веќе уапсила осомничен, 31-годишниот Морис Гомес, кој е обвинет за две кривични дела поврзани со лажно претставување и финансиска измама. Доколку биде прогласен за виновен, му се ...
Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше лош почеток во новата клупска средина, тимот на Панатинаикос. Член на идеалната петорка на Евролигата од минатата сезона и најкорисен играч (МВП) на Еврокупот (2024) и Лигата на шампионите (2023), тој се приклучи на грчкиот клуб ова лето и има просек од само 6,1 поен и 2,7 асистенции за 14,7 минути по натпревар во Евролигата. Гласините сугерираат дека Црвена ѕвезда веќе покажа интерес за Шортс ...
Познати се полуфиналните парови за Завршниот турнир на ВТА. Натпреварувањето се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Во полуфиналето, Белорусинката Арина Сабаленка ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, додека Казахстанката Елена Рибакина ќе се соочи со уште една Американка, Џесика Пегула. Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 7 ноември. Финалето е закажано за 8 ноември. Минатогодишната шампионка, Коко Гоф, го заврши својот настап во ...
Прв пат по две години, фудбалерите на Барселона денеска симболично се вратија на стадионот „Камп Ноу“, кој е во фаза на реконструкција, одржувајќи тренинг што беше отворен за јавноста. Тренингот се одржа претпладнето пред 22.000 гледачи. Цената на влезниците изнесуваше пет и десет евра, а целиот приход ќе биде наменет за проектот „Пулсерас Блаугранас“, кој собира пари за менталното здравје на хоспитализирани деца и адолесценти. Стадионот „Камп ...
Италијанските акции на фудбалскиот гигант Јувентус не се на продажба, но отворени сме за соработка со други инвеститори, изјави денеска семејниот потомок Џон Елкан, откако крипто групацијата Тетер стекна значителен удел во клубот. Елкан е извршен директор на Ексор, холдинг компанија на семејството Ањели чии врски со најтрофејниот италијански клуб датираат од 1923 година, кога Едоардо Ањели стана претседател. Ексор е мнозински акционер на клубот. ...
Англискиот селектор Томас Тухел го објави денеска списокот фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026. Во англиската репрезентација се враќа фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Фил Фоден од Манчестер Сити, додека играчот од средниот ред на Борнмут, Алекс Скот, доби дебитантски повика, објави попладнево Фудбалската асоцијација (ФА). Белингем нема настап за Англија од јуни оваа година, додека Фоден ...
Центарот на Јута џез, Вокер Кеслер, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на левото рамо за која ќе биде потребна операција, објави тимот од Солт Лејк Сити. Кеслер ќе биде подложен на операција во Лос Анџелес. Во текот на сезоната 2025/26, 24-годишниот кошаркар имаше просек од 14,4 поени по натпревар, 10,8 скока, 1,4 асистенции и 1,8 блокади. Во сезоната 2024/25, на 58 натпревари, Кеслер имаше просек од 11,1 поени, 12,2 ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе ги дознае ривалите во баражот за пласман на Светското првенство 2026 на 20 ноември, два дена по завршниот натпревар од мундијалските квалификации против Велс во Кардиф. Жрепката за европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, со почеток во 13 часот. Македонските фудбалери сè уште имаат шанса за освојување на второто место во квалификациската група Ј, а има опција да биде дел од ...
Поранешниот шеф на стручниот штаб на Торино, Паоло Ваноли (52), пристигна во Фиренца за да ја преземе функцијата тренер на Фиорентина, која е на дното на табелата во Серија А, јавија денеска италијанските медиуми. Ден претходно, Ваноли спогодбено го раскина договорот со Торино, кој важеше до јуни 2026 година. Ваноли во Фиорентина доаѓа на местото на Стефано Пиоли, кој беше отпуштен во вторникот поради катастрофален почеток на сезоната. ...
Американскиот фудбалски МЛС лигаш Атланта повторно го ангажираше Херардо „Тата“ Мартино како тренер, потпишувајќи договор со аргентинскиот стратег до 2027 година. Мартино се враќа во клубот што го водеше до шампионската титула во МЛС лигата во 2018 година, кога беше прогласен за тренер на годината. „Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да поставиме нов темел и да продолжиме да еволуираме во согласност со барањата кои ги носи ...
Две нови имиња се најдоа на списокот повикани фудбалери што селекторот на македонската репрезентација до 21 година Горан Станиќ го објави денеска за ноемвриските натпревари против Шведска и Полска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. „Повик добија двајца нови фудбалери кои со своите игри во клубовите го заслужија повикот, Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими. Добро е што сите останати ...
Откако минатата недела беше објавено дека голем број турски фудбалски судии се вмешани во обложување на фудбалски натпревари, Обвинителството во Истанбул побара притвор за 21 лице, вклучувајќи 17 судии, како и за претседател на прволигашки клуб, чиј идентитет, засега, не е познат. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул соопшти дека 17 судии се осомничени за манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од Првата ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон зборуваше за неговите проекти кои не се поврзани со трките. – Секој може да биде расеан на еден или друг начин. Прашање е како ја користиш својата енергија и ја балансираш. Мора да одржуваш рамнотежа, бидејќи не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен. Како да го пронајдеш она што те инспирира и ти помага да продолжиш напред? Мислам дека еден начин е да ја истражиш сопствената ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата „The Best“ за 2025 година. Гласањето ќе трае до 28 ноември. Во потесниот список се наоѓаат Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња (сите ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Педри, Рафиња, Ламине Јамал (сите Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул) и Хари Кејн (Баерн Минхен). Актуелен добитник на наградата е напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ...
Актуелниот македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва одигра нерешено 1:1 со Јагелонија во 3. коло од Конференциската лига. Шкендија поведе во 49. минута со голот на Лиридон Латифи. Гостите од Полска се спасија аод пораз во последните секунди. Се играше 90+10. минута кога Лозано ги постави конечните 1:1. Јагелонија последните четири минути играше со фудбалер помалку, но и тоа не беше доволно македонскиот тим да го сочува водството. По три ...
Беше тежок натпревар бидејќи немаше многу чисти шанси. Неколку дојдоа кон крајот на играта, вклучувајќи и опасен шут од противничкиот напаѓач кој морав да го одбранам. Кога голманот нема многу работа, мора да бидете уште пофокусирани, бидејќи еден момент може да го одлучи исходот, изјави голманот на полска Јагеилонија, Милош Пиекутовски, по синоќешниот натпреварот против Шкендија (1-1) во Скопје во рамки на третото коло од Конференциската лига. ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата за најдобар голман на годината. Во потесниот список се Алисон Бекер (Ливерпул), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Џанлуиџи Донарума (Манчестер сити), Емилијано Мартинез (Астон вила), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Давид Раја (Арсенал), Јан Сомер (Интер) и Војчех Шчесни (Барселона). Гласањето ќе продолжи до 28 ноември. Актуелен добитник на наградата е Емилијано Мартинез. Фото: ЕПА ...
Првиот светски рекет Арина Сабаленка, ги сподели своите очекувања за „Битката на половите“ со Ник Кирјос. – Само сакам да го играм мојот најдобар тенис и да го ставам во многу незгодна позиција, бидејќи тој секогаш ќе биде во губитничка ситуација. Ако тој победи девојка, сите ќе речат: Да, честитки, одлично. Ако изгуби, сите ќе бидат изненадени: О, Ник! И ќе имам корист од тоа во секој случај. Ако можам да победам, тогаш ќе има за што да се ...
Фудбалскиот клуб Ајакс од Амстердам и официјално остана без тренер, откако клубот денес ја потврди разделбата со стратегот Френк де Бур. Одлуката доаѓа по серијата слаби резултати во домашното првенство и разочарувачките настапи во европските натпреварувања. -Раководството на клубот и тренерот постигнаа заемна согласност за прекин на соработката. Му благодариме за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период, стои во соопштението на ...
Тренерот на Борусија, Нико Ковач, го коментираше поразот од 4:1 од Манчестер сити синоќа во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Не можете да правите грешки против толку квалитетен ривал. Мора да се подобриме, но овој пораз ќе биде вредно искуство за нас. Знаевме дека Манчестер сити е врвен тим, многу е тешко да им дадете гол. Кога ви се пружаат шанси, мора да бидете многу ефикасни. Така се создава разликата. Домаќините си ги искористија ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер открива дека едно име постојано му е во главата – неговиот ривал Карлос Алкарас. Според изјавите на Синер и анализа на тениските експерти, фокусот на Синер кон Алкарас го мотивира да се подобрува и да ги надмине границите на својата игра. „Се будам и размислувам како да го победам Алкарас“, изјави Синер по последниот дуел со Шпанецот. Според неговите зборови, Алкарас е „најсевкупен играч“ и секогаш бара ...
Жозе Мурињо останува оптимист и покрај катастрофалниот старт на Бенфика во Лигата на шампионите. По поразот од Баер Леверкузен со 1:0 во четвртото коло, португалскиот тим остана без ниту еден освоен бод и со гол-разлика 2:8, но „Специјалниот“ не ја губи верата во пласман понатаму. – Јас сум многу поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е јасна – има уште 12 бода во игра, а нам ни требаат околу девет. ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, смета дека неговиот тим е блиску до освојување на едно од првите осум места во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ синоќа ја совладаа Борусиај Дортмунд со 4:1 во четвртото коло од елитното фудбалско натпреварување. – Голема почит кон моите играчи. Во добра позиција сме пред нашиот следен натпревар против Баер. Ако можеме да постигнеме уште една или две победи, Сити ќе биде многу блиску до завршување ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика. Прилепчани ќе треба да платат и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на ...
Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, му подари на напаѓачот на Интер, Лионел Меси, симболичен клуч од градот. – Сакав да ви го дадам овој клуч за сè што направивте за нашиот град, нашата земја и светот на фудбалот. Ви благодарам, рече Суарез за време на церемонијата. Триесет и осумгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во 2025 година, тој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2028. – Ова е голема чест за мене. ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Летонија и со Велс. – Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик. Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ќе ...
Капитенот на Панатинаикос, Костас Слукас, отворено го критикуваше својот тим по убедливиот пораз од Црвена Звезда со 86:68 во Белград. „Бевме лоши. Навистина се срамам како одигравме“, изјави Слукас, истакнувајќи дека особено третата четвртина била катастрофална за неговиот тим. Тој додаде дека проблемите со високи играчи се очигледни: „Не е лесно во модерната кошарка да се игра без висок играч против вакви противници.“ Иако Слукас беше ...
Легендарниот германски тенисер Борис Бекер повторно јасно го изрази своето мислење во вечното прашање кој е најголемиот тенисер на сите времиња (GOAT). Според него, одговорот е повеќе од очигледен — Новак Ѓоковиќ. – Очигледно е кој е најдобриот во историјата. Новак Ѓоковиќ е GOAT, без никакво сомневање. Тој ги има сите рекорди, ја има конзистентноста и посветеноста што никој друг ја нема. Заслужува целосна почит, изјави Бекер. Германецот, кој во ...