Во возбудлива НБА ноќ, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс забележаа драматични победи кои донесоа нова возбуда во Западната конференција. Лејкерси во луд меч славеа над Сан Антонио Спарс со 118:116, и тоа без своите ѕвезди Леброн Џејмс и Остин Ривс. Тимот на Дарвин Хем губеше со 106:97 седум минути пред крајот, но со серија од 21:10 направи неверојатен пресврт и стигна до петтата последователна победа. Најефикасен кај Лејкерси беше ...

Македонската фудбалска репрезентацијата овој месец ќе одигра два натпревари, контролен со Летонија и последниот од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс. Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за двете средби. На списокот на Милевски се наоѓаат: голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски ...

Фудбалерите на Аталанта славеа со 1:0 на гостински терен против Марсеј во 4. коло од Лигата на шампионите. Голот за победа го постигна Лазар Самарџиќ во 90. минута од натпреварот, само пет минути откако Иван Јуриќ го крена од клупата и го испрати на теренот. Покрај моментот во 90.минута, дуелот го обележа и вербалниот судир меѓу тренерот Јуриќ и Адемола Лукман во 75.минута. Камерите го снимија моментот кога Лукман го напушти теренот. Во ...

Луис Суарез нема да игра во клучниот натпревар од плејофот за Интер Мајами поради суспензија од еден натпревар, објави МЛС. Суспензијата следува по инцидентот во 71. минута од натпреварот против Нешвил, кој заврши со пораз за Мајами (2:1). Во еден момент, Суарез удри со нога кон противнички играч кој не беше во акција со топката. Судиијата на теренот не досуди директна казна, но дисциплинскиот одбор на МЛС ја оцени постапката како „насилно ...

Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер коментираше за пропуштањето на завршницата на Дејвис купот. – Кога сезоната завршува, ви треба време да закрепнете од целиот потиснат притисок, искусните емоции и физичките и менталните ефекти од натпреварувањето. Дополнителна недела подготовка ви дава нова мотивација и енергија. Играм тенис речиси секој ден, а има моменти кога не сакам да го правам тоа. Не се сомневам дека донесов правилна ...

Реал Мадрид наводно постигнал договор со францускиот дефанзивец Дејот Упамекано од Баерн Минхен, објавуваат повеќе извори блиски до клубот. „Кралевите“ веќе подолго време бараат засилување во одбраната по честите повреди на Алаба и Милитао, а изборот паднал на Упамекано, кој е еден од најконзистентните стопери во Европа во последните години. Според информациите, Реал веќе има постигнат личен договор со играчот, а останува уште да се финализира ...

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона синоќа одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Бриж. Тренерот Ханси Флик недоволниот интензитет со кои настапија неговите избраници го посочи како причина за загубените два бода. – Беше тежок натпревар. Барселона создаде шанси, но нашиот ривал се бранеше добро и беше агресивен. Ние не притискавме доволно добро и загубивме многу дуели, особено на средината на теренот. Тешко е за дефанзивците да си ја вршат ...

Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија својата импресивна форма во Евролигата, совладувајќи го Панатинаикос со убедливи 86:68 во „Штарк арена“ во Белград. Ова беше седма последователна победа за тимот на Јанис Сфаиропулос, кој моментално изгледа како еден од најстабилните состави во Европа. Звезда ја започна средбата силно, контролирајќи го темпото уште од првата четвртина која ја доби со 20:12, а на полувремето веќе имаше сигурна предност ...

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, се осврна на нерешените 3:3 со Клуб Бриж синоќа на гостински терен во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Беше тежок натпревар. Барселона сакаше да освои три бода, но не можевме. Не размислував за мојата игра. Сакав тимот да победи. Мило ми е што добив повеќе време за играње – тоа е важно по моето закрепнување, изјави Јамал по натпреварот во Белгија. Барселона освои седум бода и се искачи на 11. место ...

Во фудбалската Лига на шампиони синоќе се комплетира четвртото коло по кое три екипи се со максимален ефект. Баерн Минхен, Арсенал и Интер имаат четири победи (12 бода), непоразен е уште и Манчестер сити (10 бода) со три победи и еден нерешен резултат. На табелата во горниот дел се и ПСЖ, Њукасл, Реал Мадрид, Ливерпул и Галатасарај со по девет освоени бодови. Без ниту еден освоен бод на последните две места (35. и 36. позиција) се Бенфика и ...

Оклахома Сити утрово на гостински терен забележа победа над Лос Анџелес клиперс со 126:107. За Тандер ова беше осма последователна победа од почетокот на сезоната поставувајќи нов клупски рекорд. Пред натпреварот, актуелниот НБА-шампион го изедначи својот најдобар старт (7-0) од минатата сезона, приклучувајќи се кон кратка листа на тимови (Хјустон во 1990-тите, Бостон во 1960-тите) кои го постигнаа овој подвиг двапати по ред. Оклахома Сити е ...

Лоши вести за Пари Сен Жермен и за репрезентацијата на Мароко — Ашраф Хакими ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда. Десниот бек на ПСЖ се повреди по грубиот старт на Луис Дијаз, кој веднаш доби црвен картон. Хакими со тешкотии го напушти теренот, а подоцна беше виден на патерици, што ги потврди стравувањата дека повредата е сериозна. Француските медиуми објавија дека мароканскиот репрезентативец ќе мора да паузира ...

Неочекувана вечер во Лигата на шампионите — фаворитите Челзи и Виљареал не успеаја да запишат победи против далеку послаби противници. Челзи одигра само 2:2 на гостувањето кај Карабах во Азербејџан. Лондонскиот клуб поведе преку Естевaо Комбе во 16. минута, но потоа направи серија грешки кои скапо го чинеа. Лeандро Андраде изедначи во 29. минута, а десет минути подоцна Јанковиќ беше прецизен од белата точка за пресврт на Карабах. „Сините“ се ...

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа во АБА 2 лигата. Со „тројката“ на Војдан Стојановски со звукот на сирената македонскиот првак стигна до победа од 85:82 на гостувањето кај екипата на Студент Бања Лука. На полувреме МЗТ Скопје А. имаше десет поени предност 47:37, но домашниот тим успеа завршницата да ја направи неизвесна и со трите поени на Фарахан дојдоа до изедначување на пет секунди до крајот. Но, ...

Фудбалерите на Вардар се вратија на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако вечерва го совладаа Пелистер на гостувањето во Битола со 2-1 во завршниот натпревар од 12 коло. Вардар на дербито на стадионот „Петар Милошевски“ дојде во водство со голот на Мато во 54 минута, а победата на „црвено – црните“ им ја донесе Закариќ од пенал во 82 минута, откако претходно Петковски донесе израмнување на резултатот во 60 минута. ...

Новак Ѓоковиќ изјави дека сè уште не одлучил дали ќе игра на завршниот турнир во Торино, и покрај тврдењата на организаторите дека неговото учество е сигурно. По победата над Алехандро Табило со 7:6, 6:1 на турнирот во Атина, Ѓоковиќ изјави дека сè уште не одлучил дали ќе игра во Италија, иако тенискиот функционер Анџело Бинаџи претходно тврдел дека неговото учество е сигурно. „Не знам од каде ја добил таа информација. По завршувањето на овој ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека воведува ново признание, насловено „Награда за мир“, која премиерно ќе биде доделена на 5 декември во Вашингтон за време на жрепката за Светското првенство 2026. Како што е соопштение, наградата ќе „препознава исклучителни достигнувања и дела во служба на мирот“. – Во свет кој е сè понестабилен и поделен, важно е да се истакнат оние кои придонесуваат за прекинување на конфликтите и ...

Во Ријад се случи интересна и несекојдневна средба — фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кој веќе подолг период игра за клубот Ал Наср, се сретна со тениската легенда Новак Ѓоковиќ, кој минатата недела беше присутен во саудискиот главен град по повод егзибицискиот турнир „Шест кралеви“. Иако официјални детали за разговорот сеуште нема, медиумите го нотираат ова како потенцијален маркетиншки или бизнис момент — бидејќи Ѓоковиќ веќе ...

Во натпревар со шест голови, АП Брера и Силекс одиграа попладнево нерешено 3-3 во рамки на 12 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Стрелци за домашниот тим беа Михаилов (44 минута), Луковиќ (62) и Стојанов (69), додека головите за гостинскиот тим од Кратово ги постигнаа Мирчевски (19, пенал), Донов (49), Мигуел Пирес (50). Силекс остана на четвртото место на табелата со 22 босови, додека АП Брера е шестопласирана со 16 бодови. ...

Италијанските фудбалски прволигаши Интер и Милан официјално станаа косопственици на стадионот „Сан Сиро“, кој досега беше во рацете на градот Милано, што е клучен чекор во плановите на градските ривали за изградба на нов стадион. -Милан и Интер Милан објавуваат дека денеска потпишаа договор за купопродажба со градот Милано за стекнување сопственост на урбаната област Сан Сиро, која го вклучува стадионот Меаца и околното земјиште, објавија двата ...

Тинејџерот во редовите на лондонски Арсенал, Макс Даумен, испиша историја во Лигата на шампиони, станувајќи најмладиот фудбалер кој настапил во елитното европско клупско натпреварување. Петнаесетгодишниот Даумен влезе на теренот на вчерашниот натпревар против Славија Прага во 72 минута, со што младиот талент стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампиони. Со 15 години и 308 дена, Даумен ги надмина претходните рекордери, Јусуф ...

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми. „Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А. Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела. Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да ...

По првиот ден од натпреварите од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони, само Баерн и Арсенал имаат максимален учинок, а од другите учесници во реформираното натпреварување, само Интер може да ги следи. Најпривлечниот натпревар вечерва ќе се одигра во Манчестер. Тимот на Пеп Гвардиола за противник ја има Борусија Дортмунд. Во првите три рунди двата тима имаа по две победи и едно реми. „Колку е важна оваа серија од два домашни натпревари ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година. Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година. Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година. Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот и ...

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е задоволен од играта на неговиот тим на натпреварот со Спортинг. Јувентус вчеравечер ремизира 1:1 со португалскиот тим во меч од четвртото коло од Лигата на шампионите. -Задоволен сум од играта на тимот. Покажавме дека имаме карактер, а момците покажаа желба да го добијат натпреварот. Ако продолжиме да играме вака, ќе победиме на многу натпревари. Играњето против Спортинг не е лесно. Тие имаат брзи и вешти ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, има намера да го напушти клубот на крајот од сезоната 2025/26, објави шпанскиот портал „ABC“ (abc.es). Шеесетгодишниот Германец го информирал својот тренерски штаб дека сака да си замине поради замор, ставот на некои играчи и недостаток на поддршка од раководството. Флик е во Барселона од летото 2024 година. Под негово водство, „блауграна“ одигра 74 натпревари: 54 победи, осум нерешени и 12 порази. Оваа сезона, ...

Шкотскиот великан, фудбалскиот клуб Селтик сè уште нема менаџер. Тој го има в.д. менаџерот Мартин О’Нил, но раководството на шкотскиот шампион не може да најде постојан тренер, бидејќи досега тројца стручњаци ја одбиле нивната понуда. Се очекуваше дека Ангелос Постекоглу ќе се врати на клупата откако беше отпуштен од Нотингем Форест, но Австралијанецот го одби поранешниот клуб со оправдување дека сакаат да одмори до крајот на сезоната. Понудата ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (прв носител) успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Атина. Тој направи подвиг откако дури во третиот меѓусебен меч го совлада Чилеанецот Алехандер Табило со 2:0 во сетови. Првиот Ѓоковиќ го доби по голема борба и тајбрејк со 7:3 на поени, а во вториот сет беше убедливи сетот го заврши со 6:1 во сетови. Во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Нуно Боржес и Елиот Спицири. Фото: ...

Возачот на Хендрик Моторспортс, Кајл Ларсон, ја освои титулата во НАСКАР сезона 2025 година. На патеката „Феникс“ викендот четири возачи се бореа за шампионската титула во последното коло од плејофот: Кајл Ларсон (Шевролет), Дени Хамлин (Тојота), Чејс Бриско (Тојота) и Вилијам Бајрон (Шевролет). Хамлин одржуваше убедливо водство во последните кругови. Сепак, само неколку круга пред финишот, трката беше прекината со жолто знаме поради инцидент ...

Холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен го претрча целиот терен и постигна гол што ја воодушеви Европа. Кога ќе ве споредат со Лионел Меси, знаете дека сте постигнале нешто посебно, а доколку си дефанзивец тогаш сето тоа звучи нереално. Мики ван де Вен постигна гол во победата на Тотенхем од 4-0 над Копенхаген во Лигата на шампионите, додека неговиот тим беше под притисок. Холандскиот дефанзивец ја собра топката на работ од својот шеснаесетник и ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
83%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
94%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Бакар

11.07

Иридиум

145787.60

Родиум

258813.51

Калај

43.93

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95

Платина

64479.52

Сребро

2159.01

Кобалт

58.42