Капитенот на Манчестер сити, Бернардо Силва, изјави дека неговиот тим би бил подготвен да се откаже од шампионската титула доколку не успееше да го победат Ливерпул во 25. коло од Премиер лигата. Натпреварот се одигра на вчеравечер на „Енфилд“ и заврши 2:1 во корист на тимот на Сити. – Знаевме дека Ливерпул е најтешкото место за натпревар во Премиер лигата. Бев среќен кога постигнав гол, но ни требаше уште еден гол, а Ерлинг го направи тоа. ...

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ наскоро може да има статус на слободен играч во НБА лигата откако се најде на листата отпуштени во Детроит Пистонс. Во случај неговиот договор да не биде преземен во следните денови Шариќ (31 година) ќе биде слободен играч. Хрватот претходните сезони беше со многу мала минутажа, а за Сакраменто Кингс сезонава одигра пет натпревари. Претходната сезона тој одигра и 16 натпревари за Денвер ...

Кошаркарите на Чаир 2030 вечерва во последниот дуел од 15. коло од МТЕЛ Супер лигата остварија важна победа вкупно шеста во првенството откако на домашен терен го совладаа Тиквеш со 77:76 (22:22; 21:15; 15:19;19:20). Чаир 2030 со оваа победа се изедначи со ист скор на победи и порази (6-9) со екипите на Работнички, Тиквеш и Феникс. Во неизвесна завршница со кошот на Ибраими поведе со поен предност 77:76, но последниот напад гостите од ...

Даниел Карвахал би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната. Одбранбениот фудбалер е незадоволен од малата минутажа која ја добива сезонава. Вчера, 34-годишниот фудбалер го помина целиот натпревар против Валенсија на клупата за резерви во 23. коло од Ла Лига (2:0). Давид Хименез Коредор започна на позицијата десен бек, но беше заменет од Трент Александар-Арнолд во 76. минута. По последниот свиреж, Карвахал излезе на теренот за да ...

Евролигашот Хапоел Тел Авив му даде поддршка на тренерот Димитрис Итудис и нема да добие отказ, иако екипата е во серија на лоши резултати. Покрај Итудис и комплетниот стручен штаб доби доверба. Хапоел Тел Авив, претрпе пораз во израелската лига од Хапоел Ерусалим, а потоа бил одржан состанок меѓу тренерот, стручниот штаб и сопственикот на клубот. Според информациите од израелските медиуми Итудис добил целосна поддршка и дека од клубот ...

Македонската тениска репрезентација е поразена во дуелот со Кипар со 5:0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората Светска зона на Дејвис купот. Денешните три мечеви ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча. Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2:0 во сетови (7:6(8) и 6:1). Во првиот сет се водеше голема борба, ...

Поранешниот хрватски тенисер, а сега тениски тренер Иван Љубичиќ се осврна на штотуку освоената Гренд слем титула на Карлос Алкараз во Мелбурн на Австралија опен. Тој истакна дела порано беше потешко да се достигне бројката на титули отколку денеска. – Тоа што го направија Федерер, Надал, Ѓоковиќ со освојување на 20 и повеќе Гренд слем титули. Некогаш максимумот беше Пит Сампрас. Тој освои 14. За денешните тенисери целта е поинаква – ...

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот настап на Ол-стар натпреварот следниот викенд. Во меѓувреме, сè поизвесно е дека бекот на Голден Стејт вориорс Стеф Кари, ќе го пропушти овој спектакл, но и натпреварите што му претходат, поради повреда на коленото. Тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, изјави дека магнетната резонанца, направена ...

Македонската Дејвис куп репрезентацијата е во негатива од 0:2 по првиот ден од двата сингл меча во Втората Светска група од Дејвис купот против Кипар во Никозија. Домаќинот во првите два меча оствари сигурни победи што му донесе предност и водство. Според програмата за денес прво е предвиден мечот во двојки и за нашата репрезентација треба да настапат Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ, додека за ривалот на теренот треба да се појават Мелиос ...

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи. Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста. – Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. ...

Реал Мадрид запиша нова, многу важна победа во Ла Лига, откако вечерва ја совлада екипата на Валенсија со 0:2. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одигра целиот натпревар, но не успеа да ги одбие нападите на „кралскиот клуб“. Реал го започна натпреварот со неколку промени во почетниот состав. Отсуствуваа повредените Белингем и Родриго, како и Винисиус кој доби суспензија на предходниот натпревар. „Местаља“ како и секогаш ...

Со натпреварот меѓу Охрид и Прилеп одигран вечерва во СЦ „Билјанини извори“ продолжи вториот дел од шампионатот во ракометната Супер лига. Дуелот меѓу Охрид и Прилеп е првиот од 19.коло, а победа оствари фаворитот и домаќин Охрид со 28:17. Почетокот на натпреварот беше во знак на гостите кои поведоа со 3:1, но на полувреме охриѓани имаа водство од 14:11. Во вториот дел Охрид стигна и до двоцифрена предност во финишот на дуелот. ...

Фудбалерите на Јувентус и Лацио одиграа супер интересен дуел кој заврши со резултат 2:2 во рамките на италијанската Серија А. Гостите од Рим беа многу поконкретни, но не успеаја да го издржат големиот притисок и во последните секунди од натпреварот примија гол за нерешен исход. Копмајнерс го отвори резултатот во 26-тата минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Во 47-та минута искусниот Педро донесе водство за гостите и со тој резултат ...

Во 24-то коло од италијанската Серија А, Интер го декласираше Сасуоло како гостин со 5:0 и не дозволи никакви изненадувања во битката за врвот на табелата. Бисек постигна гол во 11-тата минута од натпреварот за водство, а за 0:2 Турам беше стрелец во 28-мата минута. Во 50-тата минута, Лаутаро Мартинез постигна гол за 0:3, а Аканџи постигна гол за 0:4 во 54-тата минута од натпреварот. Конечниот резултат го постави Луис Енрике во 89-тата минута ...

Шампионот Баерн (М) ја запре неверојатната серија на Хофенхајм од пет последователни победи со триумф на денешниот меч во Бундеслигата од 5:1. Баерн поведе со голот на Кејн од пенал, но Хофенхајм дури и со десет играчи поради еден црвен картон, успеа да израмни благодарение на најдобриот стрелец Андреј Крамариќ. Сепак, на крајот од полувремето, нов пенал за Баерн и нов гол на Хари Кејн. Гостите беа прегазени од Дијаз, кој постигна три гола до ...

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот со Чикаго и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:120. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот. Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот Јокиќ. Тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го Оскар Робертсон. Прв на ...

Австралиецот Џек Духан ќе биде резервен возач за тимот Хаас оваа сезона, објави денеска американскиот тим во Формула 1. Минатата сезона, 23-годишниот Духан настапи на шест трки од Формула 1 за тимот Алпин во кои не освои бод, а беше заменет од Аргентинецот Франко Колапинто. Австралијанецот до крајот на сезоната ја имаше улогата на резервен возач во Алпин. „Тимот Хаас е идеално место за да ја продолжам мојата кариера во Формула 1“, изјави Џек ...

Кристал Палас го победи Брајтон на гостински терен со резултат од 1:0 во 25-то коло од Премиер лигата. Единствениот стрелец на натпреварот беше Исмаила Сар во 61-та минута. Тој беше стрелец и во последното коло против Нотингем Форест, па продолжи со добри игри. По првите 45 минути немаше голови, иако Брајтон доминираше и имаше повеќе шанси. Најдобрата ја пропушти Де Кајпер во 31-та минута кога неговиот одличен удар беше блокиран од одбраната ...

Манчестер сити вечерва го победи Ливерпул со 2:1 на гостински терен во натпревар од 25.коло на Премиер лигата. Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Доминик Собослај, го отвори резултатот во 74. минута. „Граѓаните“ израмнија со голот на Бернардо Силва во 84. минута. Ерлинг Халанд постигна пенал во 90+3 минута за да ја обезбеди победата на гостите. Ливерпул остана со 10 фудбалери во самиот финиш, откако Собослај беше исклучен во 90+13 ...

Реал Мадрид и тоа како го зголеми интересот за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, и е подготвен да направи сериозни потези за да го потпише, тврди TEAMtalk. „Кралевите“ беа загрижени поради недостатокот на силно лидерство во тимот во последните сезони. Реал го гледа 29-годишниот Шпанец како идеален кандидат за оваа улога – играч способен да го води тимот на теренот и да го зајакне во одбраната. Ситуацијата ја комплицира фактот ...

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид, верува во иднината на офанзивниот играч од средниот ред Франко Мастантуоно. Осимнаесетгодишниот Аргентинец заработи повреда на препоните во ноември, пропушти четири натпревари, а потоа играше помалку под водство на Чаби Алонсо. Алваро Арбелоа, кој го замени Алонсо на тренерската позиција, го врати Франко во стартната постава. „As“ известува дека клубот ја цени зрелоста на Мастантуоно и продолжува да ...

Иако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заинтересиран да го ангажира Јирген Клоп, Германецот сепак нема да биде новиот тренер на кралскиот клуб. Тој е задоволен од својата улога како шеф на фудбалскиот сектор во Ред Бул и нема намера да се врати на клупата. „Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам во моментов. Сè друго е само шпекулација“, се зборовите на Клоп. Затоа, Клоп е речиси ...

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ја презема вината за лошите резултати. Њукасл, во Премиер лигата е во серија од три порази. Вчера, во судиското надополнување на времето, Њукасл загуби дома од Брентфорд со 2:3. „Ова е мојата сурова реалност. Мислам дека морам сериозно да размислам… Не за мојата посветеност, бидејќи немам причина да се сомневам во мојот труд, но мислам дека морам подобро да си ја работам работата“, рече Хау, кој – ако не добие ...

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0. Стефан Мицов загуби од Фотос Фотиадес со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Во првиот сет Мицов прв дојде до брејк и водство од 2:1 во гемови, но потоа следуваше пресврт и противникот поведе со 5:2, а сетот заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот беше убедлив и сетот го доби без загубен гем. Претходно во првиот ...

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, е незадоволен од ситуацијата во клубот и постави ултиматум до раководството на Јавниот инвестициски фонд (PIF) на Саудиска Арабија. Според „MBC“, Португалецот е разочаран од трансфер политиката на клубот. Тој верува дека службените лица намерно не успеваат да го зајакнат Ал-Наср, концентрирајќи ги своите ресурси на поддршка на Ал-Хилал со цел да го обезбедат трофејот. Роналдо јасно стави до знаење ...

Раководството на ПСЖ започна преговори за продолжување на договорот со главниот тренер Луис Енрике, според „Л’Екип“. Тековниот договор на 55-годишниот шпански тренер важи до крајот на сезоната 2026/27. Според францускиот весник, страните разговараат за нов договор што ќе важи до летото 2030 година. Деталите за идниот договор, вклучувајќи ги и финансиските услови, сè уште не се откриваат. Енрике го презеде парискиот клуб во летото 2023 година. ...

Пелистер вечерва во скопската населба Маџари постигна убедлива победа против екипата на Феникс со 95:80. Ова беше четврта победа на исто толку средби за битолчани во календарската 2026 година кога станува збор за натпреварите во „МТЕЛ“ Супер лигата. По нерешените (20:20), во првата четвртина, многу работи се сменија на теренот, во корист на гостите од Битола, затоа што втората четвртина ја одиграа скоро до перфекција избраниците на тренерот ...

Неверојатен, фантастичен меч од 25.коло во Премиерлигата на “Ст.Џејмс Парк“ на кој Брентфорд како гостин го победи Њукасл со 2:3. Динамика, голови, пенали, и овој меч го имаше се она што го носи таа магија на најсилната лига во светот. Едноставно, вистинска лудница, класичен премиерлигашки меч. А се започна со 24.минута кога Ботман му донесе водство на “страшките“ за еуфорија на трибините. Сепак Џанелт во 37.минута израмнува на 1:1, за да во ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорџеска го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет при водство на противничката од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во гемови во вториот сет. Ѓорческа многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но ривалката успеа да стигне до изедначување од 4:4, а потоа и 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби сетот ...

Кошаркарите на Монако се во тежок период од сезоната, како за нив така и за клубот. Се бара нов сопственик на клубот, а Кнежевството го презема раководењето на клубот. Сето тоа се одразува и на резултатите на екипата на Василис Спанулис, која има серија од пет порази во Евролигата и пад на табелата. Пред неколку кола Монако беше лидер што можеби беше и разбирливо бидејќи клубот е составен од низа кошаркарски ѕвезди, а во сегашните околности ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
37%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
7.72
43%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
49%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.61
49%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
54%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.71
77%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.04
86%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
9.26
49%
1021
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
31%
1021
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.77
79%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Алуминиум

3.36

Злато

166450.52

Иридиум

258288.78

Паладиум

50058.71

Родиум

366518.51

Рутениум

56199.51

Цинк

3.19

Платина

66937.85

Сребро

2840.84

Калај

47.03

Кобалт

66.14

Бакар

11.49