Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола пред стартот на новата сезона е активен во создавањето на ростерот. Во клубот последните денови пристигнаа неколку странски играчи (Американци) како и репрезентативецот Андреј Митревски, од клубот стигна информација дека клубот ги продолжил договорите со неколку домашни играчи. Продолжена е соработката со Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Дамјан Крстевски и со Дарко Најдовски. Стојановски е актуелен ...

По мечот, анализа на дуелот во Скопје направи тренерот Кирил Лазаров. „Честитки до Хановер, заслужија да победат. Јас сум разочаран, затоа што промашивме девет пенали во двата меча, а со такво нешто е невозможно да победиш тим кој долго беше лидер во Бундеслигата. Знаевме дека се подобри од нас, но да промашиш девет пенали е многу. И така е многу тешко да победиш ривал кој знаел да ги победи Магдебург, Фуксе Берлин, Рајн Некар и други клубови…“, ...

Македонската репрезентација до 21 година утре го игра својот втор натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027. Избраниците на селекторот Горан Станиќ на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат со селекција на Италија еден од топ фаворитите во нашата група. Станиќ очекува сосема поинаков натпревар од мечот со Полска. „Полска е зад нас, ги воочивме грешките и ќе се потрудиме да не се повторат утре против Италија. Имавме и ...

Македонската фудбалска репрезентација пред одигрувањето на последниот дуел од групата со Велс ќе одигра пријателски натпревар со Летонија. Натпреварот ќе се игра во Скопје, а терминот најверојатно ќе биде 13.ноември. Нашата репрезентација во ноемврискиот „прозорец“ има еден слободен термин, кој ќе биде пополнет со овој натпревар. Натпреварот ќе се игра на Националната Арена. Последниот натпревар од квалификациската група избраниците на ...

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот. Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере. „Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство. Мумбру ...

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати. Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината. Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0. Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 ...

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг. На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон. Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него ...

Даниел Леви човекот кој повеќе од две децении беше синоним за Тотенхем, повеќе не е на чело на клубот. По 23 години како претседател, тој е сменет од функцијата, со што се става крај на една од најдолготрајните и најконтроверзните ери во модерниот фудбал. Оваа одлука, донесена од сопствениците на клубот, семејството Луис, отвора ново поглавје за “спарси”, поглавје исполнето со големи ветувања, но и со многу прашалници. Новиот извршен директор, ...

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз. За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал. Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе. „Усман ја заслужува ...

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда. За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини. Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време. Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат ...

Најдобрите шпански фудбалери со стил ги започнаа квалификациите за Светското првенство во 2026 година. За само неколку дена, тие гостуваа двапати и остварија две победи со гол-разлика од 9:0. По гостувањето во Софија на 4 септември и убедливата победа од 3:0 над Бугарија, шпанската репрезентација гостуваше во Коња и ја победија Турција со 6:0 (3:0). Пред натпреварот, турските медиуми најавија спектакуларен дуел помеѓу двајца левоноги момци од ...

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД. Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6. Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек. Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на ...

Лука Станковски имаше деби од соништата во дресот на Македонија. Во својот прв официјален натпревар во репрезентативниот дрес Станковски постигна гол-првенец, откако во самиот финиш стави печат на победата над Лихтенштајн (5-0). По средбата не го криеше задоволството од деби-голот, но и од победата на Македонија. „Нормално дека ми е мило за погодокот, ова е сон на секој фудбалер, но најважно од сè е што Македонија победува и добро е што од ...

По елиминацијата на Италија од Евробаскетот селекторот Џанмарко Поцеко поднесе оставка. Тој на прес конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на Италија. – Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, не заради ...

По прекрасното скопско попладне задоволството не го криеше и македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов. „Она што го договаравме пред мечот, добро го реализираме, го пренесовме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки и лесен натпревар, никој не може да влезе со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме ...

Три натпревари беа одиграни вечерва од првото коло од машката ракометна Супер лига. Најважната победа ја остварија ракометарите на Пролет, кои пред своите навивачи го совладаа Тиквеш со 22:19. МРК Куманово пред своите навивачи со пресврт во последните минути го совлада Радовиш со 34:32, додека победа како гостин оствари Еурофарм Пелистер 2 со 32:29. Претходно беа одиграни дуелите: Бутел – Еурофарм Пелистер 20:29 и Струга – Вардар 25:38. Првото ...

Словенечката кошаркарска репрезентација предводена од Лука Дончиќ кој постигна 42 поена ја совлада Италија со 84:77 (29:11; 21:29; 22:16 и 12:21). Словенија од почетокот на дуелот го имаше расположениот Дончиќ, кој постигна половина од поените за својата репрезентација и беше вистински лидер на тимот. Италија по водството на ривалот од 78:65 направи серија од 12-0 и успеа да намали на еден негатива, но до крајот на дуелот не постигнаа ниту еден ...

Еден од најголемите тенисери во историјата, Роџер Федерер, го привлече вниманието на јавноста за време на осминафиналниот меч на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс де Минoр. Иако повеќе не е активен играч, Федерер и понатаму е чест гостин на престижните турнири, а неговото присуство во ложата на Централниот терен секогаш предизвикува интерес меѓу љубителите на тенисот. Сепак, овојпат вниманието не го предизвика само неговото доаѓање, туку и ...

Андре Онана досегашниот голман на Манчестер Јунајтед ќе има нов клуб. Тој договори премин во Трабзонспор, а во клубот од Турција ќе настапува како позајмен играч. Клубовите се договорија во текот на вчерашниот ден, а голманот потоа прифати трансфер. Позајмицата ќе трае до крајот на јуни 2026 – односно едногодишна позајмица. Онана во Манчестер Јунајтед стигна летото во 2023 од Интер и беше наследник на Давид Де Геа, а претходно беше голман на ...

Победникот на Купот екипата на Вардар има ново име на голманската позиција. Едногодишен договор со „црвено-црните“ потпиша досегашниот голман на Струга Трим Лум, Ведран Ќосевски. Тој пред неколку дена го напушти тимот од Струга, а со доаѓањето ќе преставува засилување за „црвено-црните“ од причина што тимот сега има поголема конкуренција за оваа позиција. Ќосевски е поранешен голман на Железничар Сараево и Вележ Мостар од БиХ, а бранеше и во ...

По натпреварот на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски. Тој не го криеше задоволството за сигурниот триумф и ги пофали своите фудбалери. „Да му честитам на противникот за сè она што проба да го направи вечерва. Честитки за нашите фудбалери и имам само да кажам – секоја чест, за секој од нив. Секоја чест за сериозноста, пристапот и се останато. Не изгледавме така како што изгледавме случајно, имавме максимален респект кон ...

Со победата во полуфиналето на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори ново вкупно четврто финлео 2025 година. Таа ја совлада романската тенисерка Марија Попа со 2-0 во сетови (6-1, 6-4) за 86 минути игра. По 1-1 во гемови Ѓорческа направи серија од пет гема и го доби првиот сет со убедливи 6-1 за 30 минути игра. Во вториот сет нерешено беше до 2-2 во гемови, кога македонската тенисерка успеа да освои два ...

Кошаркарите на Грузија ја победија Франција со 80:70 во натпреварот од осминафиналето на Евробаскетот, во следната рунда ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија. Селекцијата на Фредерик Фоту во најголемиот тек од натпреварот ја бркаше негативата, крајот подлегна на притисокот. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ приредија првокласна сензација совладувајќи ги олимписките вицешампиони со 80:70. Торнике ...

Мануел Аканџи (30) одигра важна улога во тимот на Пеп Гвардиола минатата сезона, сепак во финишот на преодниот рок тој замина на позајмица во Интер. Минатата сезона имаше 40 настапи во сите натпреварувања за Манчестер Сити. Иако немаше статус на играч кој секогаш е во почетниот состав, тој остана важен дел од системот на „Граѓаните“. Ова лето се соочи со ситуација што не ја очекуваше. Пеп Гвардиола нему и на останатите дефанзивци отворено им ги ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026. Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел. На почетокот на ...

Македонскиот фудбалски тим вечерва успеа да оствари убедлива победа од 5:0 против Лихтенштајн. Со новите три бодови нашиот тим сега е на чело на табелата. На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи. – Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, ...

Кармело Ентони (41) и Двајт Хауард (39) стнаа жители на Куќата на славните во Спронгфилд. Ентони, кој играше 19 сезони во НБА, ја заработи оваа чест врз основа на неговите лични достигнувања и како член на американскиот тим кој освои злато на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Американците особено го паметат златото од Пекинг затоа што четири години претходно во Атина беа само бронзени. Ентони има уште два златни медали од Олимписките ...

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 2:0, но остана без двајца играчи. Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ. Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели. Слична пауза го очекува и ...

Макс Ферстапен, актуелниот шампион на Формула 1 и возач на Ред Бул, беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Италија, која се вози на култната стаза во Монца. Холанѓанецот ја освои пол-позицијата со време од 1.18.792. Зад него беа двајца возачи на Мекларен, Ландо Норис на второто место и Оскар Пјастри на третото место. Четвртата и петтата позиција ги зазедоа адутите на домашната публика, односно дуото на Ферари, Шарл Леклер ...

Кошаркарите на Полска ја победија Босна и Херцеговина со резултат од 80:72 во осминафиналето на Евробаскетот. Избраниците на Игор Миличиќ ќе играат во четвртфиналето против Турција, која во саботата беше подобра од Шведска. Најефикасен играч во победничкиот тим беше неверојатниот Џордан Лојд со 28 поени, по него Понитка со 19 и Соколовски со 10. За Босна и Херцеговина, Нуркиќ се истакна со 20 поени и седум скока, а Роберсон имаше 19 пред ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1006
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
58%
1001
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
74%
994
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
58%
1007
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.6
63%
1005
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
95%
992
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
85%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
72%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1006
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
88%
1011
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5636

Currency

37.941

Currency

66.5532

Currency

7.45065

Currency

0.65307

Currency

0.34785

Currency

0.52534

Currency

1.26468

Currency

0.60441