Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ќе потроши најмалку 50 милиони евра за зимски засилувања за да го убеди главниот тренер Антонио Конте да остане на својата функција, објави „Sportmediaset“. На 10 ноември, новинарот Матео Морето извести за состанокот помеѓу 56-годишниот Италијанец и раководството на клубот за да разговараат за евентуално неговото заминување. Минатата недела, Конте навести дека ќе го напушти клубот, предизвикувајќи ...
Бразилскиот фудбалер Оскар Ембоаба, некогашна ѕвезда на Челзи и бразилската репрезентација, мора принудно да ја заврши својата професионална кариера поради срцеви проблеми. Според информациите од Бразил, лекарите му препорачале на 34-годишниот офанзивен играч веднаш да прекине со играње фудбал, откако при рутински преглед биле откриени аномалии во срцевиот ритам кои можат да бидат опасни по живот. Оскар последните години настапуваше во Кина за ...
Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година. Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс. “Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна цел ...
Кошаркарите на Валенсија синоќа го победија тимот на Реал Мадрид во натпревар од 10. коло на Евролигата. Резултати на средбите од елитната кошаркарска лига одиграни вчеравечер: Валенсија – Реал Мадрид 89:76 Париз – Панатинаикос 95:101 Дубаи – Црвена ѕвезда 102:86 Хапоел – Басконија 114:89 Фенербахче – Макаби 84:75 Виртус – Ефес 99:89 Партизан – Монако 78:76. Пред комплетирање на 10.коло води Хапоел со 8-2 (победи-порази), пред Жалгирис со 7-2 и ...
Фудбалерите на репрезентацијата на Нигерија ги бојкотираа тренинзите два дена пред почетокот на плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Според „Blueprint.ng“, бојкотот е поради нерешени проблеми со исплатата на бонуси. -Целиот состав, вклучувајќи ги и службените лица, го бојкотираа денешниот тренинг во Мароко поради нерешени заостанати плаќања, се вели во соопштението на играчите. Нигерија треба да игра против Габон ...
Фудбалерот на Леон, Хамес Родригез, нема да го обнови договорот со мексиканскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „X“. Неговиот тековен договор е до 31 декември 2025 година. Триесет и четиригодишниот Колумбиец кој во минатото настапуваше за Реал Мадрид, сака да си најде нов клуб каде што ќе може да се докаже и да заработи место во составот на колумбиската репрезентација за Светското првенство во 2026 година. Колумбија ...
НБА објави промена во форматот на Ол-стар натпреварот, кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари 2026 година. Натпреварот ќе се игра во формат „САД против Свет“. Наместо традиционалниот натпревар меѓу двете конференции, сега ќе се натпреваруваат три екипи од по осум играчи: два американски тима и еден составен од играчи од други земји. Секој тим ќе започне со петте играчи кои добиле најмногу гласови од навивачите, новинарите и играчите. ...
Српскиот фудбалски стратег Дејан Станковиќ ја напушти клупата на Спартак Москва, објави денеска рускиот клуб. Станковиќ и Спартак меѓусебно ја прекинаа соработката, а поранешниот тренер на Црвена Звезда, Сампдорија и Ференцварош го водеше московскиот клуб од летото 2024 година. Минатата сезона, Станковиќ со Спартак го освои четвртото место во руското првенство. По 15 одиграни натпревари оваа сезона, Спартак е на шестото место во руското ...
Влезот за воведниот натпревар на македонската женска кошаркарска репрезентација против Данска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе биде бесплатен. Дуелот е закажан за утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје. „Ги повикуваме сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде ...
Светскиот број еден го „состави“ својот идеален тениски Франкенштајн – форхенд, бекхенд, волеј, менталитет… Суперталентираниот Шпанец, Карлос Алкараз, се етаблираше како член на водечкото дуо во белиот спорт, заедно со Јаник Синер. На Завршниот АТП мастерс во Торино, тој се бори со Италијанецот за место на тронот на крајот од сезоната, а слободно време, по победата над Де Минор во првото коло, го искористи за да создаде непобедлив тенисер. Ги ...
Младиот бразилски напаѓач Ендрик Фелипе Мореира де Соуса (19) би можел да го напушти Реал Мадрид оваа зима, пренесуваат денеска шпанските и бразилските медиуми. Бразилскиот фудбалер пристигна во Реал како голема засилување во трансфер вреден околу 60 милиони евра од Палмеирас, но минува низ многу тежок период во клубот за кој оваа сезона одигра само 11 минути. Гласините за можно заминување во претстојниот зимски преоден рок се сè погласни. ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1. Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк. Синер на следниот меч утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев. ...
Навивачите Лос Анџелес лејкерс добија охрабрувачки вести за здравствената состојба на Леброн Џејмс. Ѕвездата на тимот од Калифорнија оваа седмица ќе тренира со јуниорскиот тим на Лејкерс во развојната лига. Четириесетгодишниот Џејмс е се поблиску до своето деби во 23. НБА-сезона. Тој го пропушта почетокот на кампањата за прв пат во својата кариера поради ишијас на десната страна. Главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, претходно изрази надеж ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прогласи претстојниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед за „Меч на неделата“. Македонскиот и унгарскиот претставник во европската Лига на шампионите, силите ќе ги одмерат утревечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ каде спортската јавност освен домашните ѕвезди ќе ги гледа и познатите унгарски репрезентативци Фазекаш, Бодо, голманот Миклер и интернационалците Готфридсон од Шведска, Јелиниќ од ...
Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани нема да има потреба од операција откако доби фрактура на вилицата за време на саботниот натпревар на Тотенхем против Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми. Муани, кој се повреди во судир со дефанзивецот на Јунјатед, Хари Мегваер, беше заменет на полувремето и првично се стравуваше дека ќе мора да се подложи на операција, што ќе го оставеше надвор од теренот неколку месеци, но дополнителните ...
Екипата на Атланта утрово го победи тимот на Лос Анџелес Клиперс со 105:102 на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Ниту трипл-дабл ефектот на Џејмс Харден (35 поени, 10 скока и 11 асистенции) не беше доволен Клиперси да го избегнат поразот. Во победничката екипа најефикасен беше Вит Крејчи со 28 поени. За Клиперс ова беше петти пораз во низа по кој с енајдоа на 1.позиција во Западната конференција. Атланта е деветта во Источната ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави денеска дека Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, а ќе продолжи да игра фудбал на професионално ниво уште година или две. Роналдо, кој постигна над 950 голови на клупско и репрезентативно ниво, дебитираше како тинејџер во лисабонски Спортинг во 2002 година и во интервјуто најави дека наскоро ќе се пензионира за да поминува повеќе време со своето семејство. На прашањето за ...
Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта го назначи денеска Рафаеле Паладино за нов тренер, ден откако клубот од Бергамо му врачи отказ на Хрватот Иван Јуриќ. „Рафаеле Паладино потпиша договор до 30 јуни 2027 година“, се наведува во соопштението на освојувачот на Лига Европа во 2024 година. Поранешниот италијански репрезентативец, 41-годишниот Паладино, ја почна својата тренерска кариера во Монца, првично работејќи во младинските категории, ...
Предводникот на француската репрезентација, Дидие Дешан, потврди дека имал разговори со претставници на саудиски фудбалски клуб за можна соработка откако ќе му истече селекторскиот договор. Дешамп, притоа, ги негираше гласините околу негово евентуално враќање на клупата на Јувентус или назначување во бразилската репрезентација. „Можеби имав некои контакти, но, не конкретно со Бразил. Нема да споменувам имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, ...
Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, дури четворица играчи се отстрането од првобитниот список на селекторот Лионел Скалони, за пријателската средба со Ангола на гости. Енцо Фернандез од Челзи има оток на десното колено и тој затоа нема да игра на овој меч, а тројца играчи на Атлетико Мадрид, и тоа Алварез, Молина и Симеоне, се надвор од списокот поради една бизарност. Имено ситре тројца не успеале навреме да добијат вакцина против жолта ...
Дерби дуелот од 11.коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11.та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз. Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та ...
Познатиот полски напаѓач Роберт Левандовски, кој настапува за Барселона, се наоѓа пред голема одлука во својата кариера. Според неофицијални извори, доколку клубот не му понуди нов договор, тој може да ја заврши кариерата пред истекот на сегашниот договор во летото 2026 година. Иако има 37 години и се соочува со повреди, поради што на теренот поминува помалку од предвиденото, искусниот Полјак е најдобар стрелец на Каталонците во Примера оваа ...
Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Матјаж Кек, јавно го критикува Манчестер Јунајтед поради недостаток на комуникација околу повредата на младата надеж Бенјамин Шешко. Минатиот викенд, Шешко се повреди на коленото за време на ремито 2:2 на Јунајтед против Тотенхем. Ова доаѓа пред важните квалификации за Светското првенство против Косово и Шведска, но репрезентацијата досега не добила официјален извештај од клубот за состојбата на ...
Хрватскиот стратег Дарио Ѓерѓа (50) е назначен денеска за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Босна и Херцеговина (БиХ). Ѓерѓа седнува на селекторската клупа пред клучните натпревари на БиХ во квалификациите за Светското првенство, против Турција на 27 ноември и против Србија три денови подоцна. -Мојата цел е да воспоставам препознатлив стил на игра, дисциплина и борбен дух за кратко време. Секој натпревар мора да има карактер ...
Шпанскиот напаѓач Ламин Јамал поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Грузија и Турција во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Медицинскиот персонал на шпанската репрезентација изразува изненадување и загриженост што на 10 ноември, денот на официјалниот почеток на тренинг кампот со репрезентацијата, фудбалерот Ламин Јамал беше подложен на инвазивна радиофреквентна процедура за лекување на непријатност во препоните. ...
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, одговори на извештаите за можна оставка на главниот тренер Антонио Конте. Вчера новинарот Матео Морето извести за состанокот помеѓу 56-годишниот Италијанец и раководството на клубот за да се разговара за неговото евентуално заминување. – Читам приказни на интернет за оставката на Конте. Ги сакам социјалните медиуми затоа што се модерен и брз начин за споделување мисли. Но, како што знаеме, мислите ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сподели своите впечатоци за сезоната 2025. – Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене. Гренд слем титула, првото место во светот втора година по ред и уште неколку трофеи за додавање во мојата колекција… Не можев да го направам тоа без Тим Тајгер – луѓето кои секогаш се покрај мене. Научив толку многу лекции оваа година, благодарение на подеми и падови на секој турнир и тренинзите помеѓу нив. ...
Поранешниот тренер на Фиорентина, Рафаеле Паладино, ќе ја преземе Аталанта, објави Фабрицио Романо. Четириесет и едногодишниот Италијанец ќе потпише договор до 2027 година. На 10 ноември, раководството на клубот од Бергамо го отпушти Иван Јуриќ, кој беше со тимот од 6 јуни. Аталанта е 13. на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 13 бода. Тимот е без победа во Серија А осум последователни натпревари. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1.390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми за натпреварувачи на возраст У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите впечатоци од победата на Големата награда на Бразил. Британецот стартуваше од пол-позицијата и заврши на првото место. За време на церемонијата на искачување на подиумот, публиката го исвирка. Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши втор, додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши трет. – Неверојатна трка! Ја посветувам оваа победа на еден од моите ментори, Жил де Феран. Викендот беше ...