Дали е безбедно да се оди во теретана за време на пандемијата на коронавирусот? Ако ширењето на заразата е слабо контролирано во вашата средина, подобро е да се избегнува, велат експертите. Во подобри услови, ризикот може да се минимизира. „За да се обезбеди сите да вежбаат на растојание од два метра, теретаните би требало да ги поместат справите, да заградат одредени подрачја и да го намалат бројот на корисници“, вели д-р Мерибет Секстон, ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека 80 отсто од младите луѓе не водат здрав живот. „Секое движење се брои. Сите ние секојдневно мора да се движиме, на безбеден и креативен начин“, вели шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус. Нема дилема, вели СЗО, дека карантините и рестрикциите воведени поради пандемијата на ковид-19 го отежнаа здравиот начин на живот, но од друга страна, здравјето никогаш не било поважно. Децата и ...

Родена е во Македонија, живее во Австралија, но вели дека срцето и душата ѝ се во Африка. Билјана Јуруковски во изминатите девет години повеќепати била во Африка и тоа во оние најдивите и најзафрлени предели, каде што со својот фотоапарат прави извонредни фотографии на најизолирани африкански заедници – племиња, кои ги зачувале своите традиција и култура, но се на работ на исчезнување. Нејзините фотографии од овие патувања биле изложувани во ...

„Лонли планет“ ја објави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување за годината што следува. Австралискиот издавач специјализиран за водичи за патувања, кој оваа година слави пет децении постоење, избра по десет најдобри дестинации во пет категории, а за држава број еден ја прогласи Монголија. „Ова е најретко населената земја во светот и монголската влада е подготвена да почне малку да ја пополнува. 2023, 2024 и 2025 се ...

Од следната година, велосипедистите ќе можат да возат по нова, 2.000 километри долга маршрута, која поврзува осум балкански држави. Трансдинарската патека ќе ги носи велосипедистите низ регион со исклучителна природна разновидност: од бујните шуми на Словенија, преку планините на Црна Гора и Македонија и кристално чистите реки на Србија и БиХ, до прекрасното крајбрежје на Хрватска и Албанија и националните паркови на Косово. „Откако патеката ќе ...

Академијата за урбанизам во Лондон го прогласи малиот холандски град Амерсфорт за Европски град на годината. Оваа установа обединува научници, политичари и специјалисти од цел свет од областа на урбан и регионален развој. Жирито го пофали Амерсфорт за квалитетот на животот, прогресивното урбанистичко планирање и за иновативноста, додека истовремено ги зачува карактерот и наследството на градот. „Амерсфорт се фокусира на добросостојбата и среќата ...

Првпат досега, цел регион ќе биде Европска престолнина на културата. Покрај норвешкиот град Боде и Тарту во Естонија, на 1 јануари оваа титула ја презема и австрискиот регион Салцкамергут. Со повеќе од 200 проекти во текот на 2024 година ќе учествуваат 22 гратчиња од овој регион, од кои како главен ќе се води Бад Ишл, каде што ќе се одржи големото отворање на 20 јануари. Салцкамергут се карактеризира со неверојатни планински и езерски пејзажи и ...

На просторот голем колку девет фудбалски терени, на кој денес има над 3.000 тезги, наводно била поставена првата новогодишна елка во историјата. Така тврдат летонските научници, кои велат дека токму во Рига била накитена првата новогодишна елка. Традицијата наводно почнала на најголемиот пазар во Европа, каде што денес се наоѓаат над 3.000 тезги, што во еден викенд ги обиколуваат и до 100.000 луѓе. УНЕСКО го вклучи ова место во својата листа на ...

Џунгарија е огромно подрачје во северозападна Кина каде што се наоѓа точка која е запишана во Гинисова книга на рекорди. Таа забележа дека таму се наоѓа најоддалечената копнена позиција од отворено море – 2.648 километри. Најблиските мора се Арктички Океан на северот, Индиски Океан на југот и Жолто Море на истокот. Најголемиот град во тоа подрачје е Урумчи, чии жители живеат најдалеку во копнениот дел на Земјата, при што до најблискиот морски ...

Овој викенд, Мадона ја започна светската турнеја во Лондон, каде што испеа повеќе од 40 свои хитови. Сепак, речиси подобри од сет листата се новите облеки на кралицата на поп музиката. Во пресрет на турнејата, „Вог“ разговараше со креативните дизајнери Ејоб Јоханес и Рита Мелсен за одблизу да ги разгледаат креациите на Мадона, изработени по нарачка. Мадона ќе настапува 78 дена во 15 различни земји, па на Јоханес и Мелсен им беше потребна врвна ...

Со објавувањето на серијата „Бекам“ на „Нетфликс“, стилот на Викторија и Дејвид Бекам повторно е во центарот на вниманието, објави „Вог“. Викторија има околу 15 скапоцени прстени со кои може да се пофали за време на 24-годишниот брак со Бекам. Бившиот англиски фудбалер ја побара поранешната членка на групата „Спајс грлс“ за жена со рачно изработен дијамант, направен по нарачка. Набргу по свадбата во Ирска на 4 јули 1999, Викторија почна да носи ...

Сара Дојчиноска од Охрид ја освои титулата втора придружничка, а Белисима Лукарова од Скопје е четврта придружничка на изборот за Мис топ модел на Земјата (Miss Top Model Earth), кој се одржа во Тбилиси, Грузија. Победничката на изборот е претставничката на Украина, а првата придружничка доаѓа од Казахстан. „Ова е нов избор за убавина, се одржа за првпат во организација на продукцијата ‘Аја‘ од Бејрут, со намера да стане традиционален“, изјави ...

Една работа е карактеристична за приватниот живот Тејлор Свифт, таа секогаш има време за своите пријателки. Дури и среде нејзините најголеми романси, пејачката секогаш одвојува време за излегување со друграките. Свифт им се придружи на Селена Гомез, Зои Кравиц и Кели Спери на суши вечера во Западен Холивуд, со изглед со кој докажа дека ја задржува во чекор со трендовите, а сепак останува доследна на нејзиниот личен стил. Свифт носеше бела ...

Моника Белучи беше придружувана од партнерот Тим Бартон на црвениот тепих за премиерата на филмот за Мариа Калас, на Филмскиот фестивал во Рим во петокот. Италијанската актерка (59) ја игра суперѕвездата на операта Марија Калас во филмот, пред Анџелина Џоли да ја преземе улогата во нејзиниот ривалски филм. Многу фанови сега се поделени во мислењата кога станува збор за изгледот на италијанската дива. Имено, Белучи прошетала во многу високи ...

Повеќе од десет црни манекени и манекенки ја бојкотираат Модната недела во Мелбурн, надевајќи се дека ќе го привлечат вниманието кон малтретирањето за кое велат дека го трпат во модната индустрија во Австралија. Тие рекоа дека биле сведоци кога персоналот користел расни навреди пред нив, фризерите кажувале погрдни коментари за нивната коса и биле недоволно платени во споредба со белите модели. Портпаролот на Мелбурн рече дека Модната недела се ...

Серена Вилијамс е првата спортистка која беше прогласена за модна икона од страна на Советот на американските модни дизајнери (ЦФДА). Наградата за придонес кон американската мода ѝ беше доделена на свечена церемонија на ЦФДА во Менхетн, која често се нарекува „модни оскари“. „Уште како мала знаев дека сум поинаква, па затоа ги истражував модата и стилот како начин да се истакнам. На многу начини, тенискиот терен стана моја модна писта, а ...

Седумнаесетгодишната Мелани Трајковска од Делчево ја освои титулата кралица на модата (Queen of fashion) на изборот за убавина „Кралица на Евроазиja“, кој се одржа во Анталија, Турција. Севкупната победничка беше претставничката на Украина. „Ова е уште една во низата титули кои девојките од модното студио ‘Црнокрак’ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина низ светот, потврдувајќи дека се вистински амбасадорки на ...

Уникатни креации со мотиви од делата на уметникот Пабло Пикасо како инспирација изработија студентите од Институт за текстилно инженерство при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во соработка со професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Креациите беа прикажани сношти на модна ревија во Музејот на Град Скопје, на настанот „носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE“, кој го организираше Амбасадата на Шпанија во Скопје. Како омаж на шпанската ...

2023 беше и година на успешни концерти и турнеи. „Вог“ се наврати на некои од најдобро облечените поп-ѕвезди на концертите во 2023. На врвот на листата се Бијонсе и Тејлор Свифт, кои имаа турнеи на високо ниво. На турнејата „Ренесанса“, Бијонсе носеше футуристички и авангардни креации од повеќе светски модни куќи. Тејлор Свифт на нејзината мегатурнеја „Ери“ носеше приспособени дизајни од Версаче, Роберто Кавали и Оскар де ла Рента со блескави ...

Амбасадата на Јапонија објави конкурс за дизајн на лого за прославата на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија. Од амбасадата појаснуваат дека концептуалното решение треба графички и симболично да ги покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности што ги споделуваат. „Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде ...

Групацијата „Рено“ лансираше потполно нова автомобилска марка „Ампер“, под која ќе се развиваат и произведуваат исклучиво електрични автомобили. Целта е електричните возила да се направат подостапни за европските купувачи, а првиот модел ќе биде претставен оваа недела. Извори од компанијата кажаа дека овој автомобил ќе се произведува во словенечката фабрика на „Рено“ во Ново Место. „Ампер“, кој и официјално ќе се оддели од „Рено“ напролет, ...

Организаторите на Европското фудбалско првенство во Германија ја претставија новата топка со која ќе се играат натпреварите следната година и таа содржи вградена технологија што ќе им помага на судиите во ВАР-собата при спорни ситуации. Топката произведена од „Адидас“ се вика Fussballliebe (љубов кон фудбалот), а нејзиниот шарен дизајн ја одразува енергијата на настанот. Првенството ќе се игра во десет германски градови, почнува на 14 јуни 2024, ...

Легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов доби мурал во Скопје. На иницијатива на Општина Центар, муралот го изработија уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и се наоѓа на зграда на улицата Орце Николов во Дебар Маало, близу кафеаната „Наџак“. Покрај маестро Џамбазов, со муралот му се оддава почит и на детскиот фестивал Златно славејче, што тој го покрена во 1970 година. Градоначалникот на Општина Центар, Горан ...

Ледениот хотел „365“ во Шведска и официјално е отворен за сезоната 2023/24. Исполнет со неверојатни ледени скулптури, хотелот се гради и реконструира секоја година од 1989 во селото Јукасјерви во Лапонија, 200 километри северно од Арктичкиот Круг. Во изработката на 34. издание на хотелот учествуваа 32 уметници од 14 држави од цел свет, кои го трансформираа во уникатна галерија, во која секоја соба е ремек-дело за себе. Тие работеле со 500 тони ...

Со концерт на „Ју-Ту“, во Лас Вегас се отвори спектакуларна сала со облик на сфера, чија изградба чинела 2,3 милијарди долари. Висок 111 и широк 157 метри, ова е најголемиот сферичен објект на светот, а може да прими над 18.000 луѓе. Просторот е опремен со ЛЕД-екрани со висока резолуција и со илјадници звучници, кои даваат кристално чисто, повеќеслојно искуство. Меѓу технолошките атракции се и петте интерактивни хуманоидни роботи наречени Аура. ...

Во Западна Австралија ќе се гради највисоката дрвена зграда на светот, со револуционерен хибриден дизајн, чија височина ќе биде 191,2 метра. Зградата „Ц6“ во Перт ќе има 50 ката и 200 станови, а дрвената граѓа ќе сочинува 42% од материјалот. Дизајнерите велат дека зградата ќе биде јаглеродно негативна, односно ќе складира повеќе јаглерод отколку што користи. Ќе комбинира лесно, издржливо и обновливо залепено ламинирано дрво и вкрстено ламинирано ...

По почетокот на новата учебна година, пребарувањата за училишни згради забележаа зголемување од 60 отсто на Пинтерест. Материјали како челик, тули и бетон се користени за градење на овие училишта, кои архитектонските студија ги дизајнираа со покреативен изглед, со цел да го поттикнат учењето кај децата. Основно училиште во Вресовице во Чешка е направено откако тим архитекти ги трансформираа старите црковни згради. Тие додадоа сини и жолти ...

Една од најпознатите светски градби на 20 век, Операта во Сиднеј важи за симбол на модерна Австралија. Нејзините драматични бели едра отворија нова почва за архитектурата и инженерството на глобално ниво. И самата конструкција беше најавена од историчарите како визионерска вежба во градењето нација која сака да се дефинира себеси. Операта беше домаќин на Боб Дилан, Ела Фицџералд и Нелсон Мандела. Изградена е по меѓународен натпревар во 1956 ...

Архитектонското студио „Јукава дизајн лаб“ создаде детска библиотека со поглед на парк во јапонскиот град Сакаи. Споена со мост со соседниот парк, зградата има дрвена рамка со големи прозорци за да ја поврзе со зелениот простор. На приземјето, зградата од 192 квадратни метри има зона за бебиња и седишта на отворено. Големите разиграни дрвени скали, кои обезбедуваат простор за одмор на децата, водат до простор за читање на горниот кат, кој гледа ...

Седумкрака метална ѕвезда која лебди на површината на езерото или вселенски брод дојден од длабочините на вселената, новиот музеј во кинескиот град Ченгду изгледа како нешто од научната фантастика. И тој е токму тоа: Музеј на научната фантастика. Од една страна, динамичниот покрив ги имитира косините на планините во далечината, од друга, настрешницата има изглед на облак. „Музејот изгледа различно од секој агол. Секогаш ќе изгледа необично и ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
76%
1025
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1025
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.84
74%
1027
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
77%
1025
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
75%
1024
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
58%
1024
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
74%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1025
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Калај

43.15

Рутениум

29192.88

Паладиум

53788.20

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Бакар

10.93

Злато

139298.91

Платина

62683.26

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.92

Цинк

3.04